Еве јас ќе те демантирам, не се бара од нас невозможно, тестот не беше тежок, со исклучок на Болен дојчин. Јас имав само четири грешки од кои сите четири ми беа таму, а ете имам петка. И четири саати се сосема доволно за да се реши тестот, дури и многу. Јас напишав и едно време седев се досадував така и на крај излегов у 15 до еден, значи пола саат порано, зашто почна во 9 и 15. Единствено можам да кажам дека англиски тестот беше малку по тежок, во што верувам дека многу ќе се сложат со мене, ама не беше нерешлив, кога има толку петки, и критериумите на оценување воопшто не се строги, како што велеа сите, дури и мислам дека биле попустливи во оценувањето (мислам на делот пишување, зашто прашањата на заокружување одат на оптички читач)