ДИК: „За подобра Македонија” со 479.219, „Сонце” со 231.978 гласови
понеделник, 02 јуни 2008
По преброените 98,49 отсто гласови и излезноста од 57,45 отсто, владачката коалиција има двојно повеќе гласови од опозициската, додека меѓу ДУИ и ДПА речиси да нема разлика
Според првичните податоци на ДИК, по преброените 98,49 отсто гласови, коалицијата „За подобра Македонија” освои 479.219 гласови, а „Коалицијата за Европа – Сонце” доби 231.978 гласови.
Трета, според бројот на освоените гласови, е ДУИ со 109.940, а четврта е ДПА со 101.123 гласа. ПЕИ доби 14.489 гласа.
Обработените податоци укажуваат дека излезноста на ниво на државата е 57,45 отсто.
Во првата изборна единица, коалицијата „За подобра Македонија” доби 86.127, „Сонце” – 41.792, ДУИ – 19.025 и ДПА – 17.276 гласа.
Во втората изборна единица „За подобра Македонија” има 75.772, „Сонце” – 27.252, ДУИ – 25.140, ДПА – 12.250.
Во третата изборна единица „За подобра Македонија” има 112.155, „Сонце” – 51.418, ДУИ – 2.710, ДПА – 554.
Во четвртата изборна единица „За подобра Македонија” има 106.660, „Сонце” – 61.981.
Во петата изборна единица, владеачката коалиција доби 77.366, „Сонце” – 39.109, ДУИ – 15.361, ДПА – 9.888.
Во шестата изборна единица „За подобра Македонија” има 21.139, „Сонце” – 10.426, ДУИ – 47.704, ДПА – 61.155.
Прослава на триумфот на коалицијата „За подобра Македонија“
понеделник, 02 јуни 2008
Симпатизерите и поддржувачите на владејачката партија и нејзините коалициони партнери масовно доаѓаат на плоштадот „Македонијa" каде со Груевски ја слават изборната победа
Знамиња, партиски скандирања, ора и патриотски песни. Коалицијата „За подобра Македонија“ ја слави својата апсолутна изборна победа на скопскиот плоштад.
Симпатизерите и поддржувачите на владејачката партија и нејзините коалициони партнери масовно доаѓаат за да му честитаат на Никола Груевски и останатите петорица носители на кандидатските листи.
Качен на импровизирана бина Груевски им се обрати на граѓаните, ветувајќи продолжување на преродбата. Тој им потврди дека големата победа нема да го вознесе и дека веќе од утре ќе почне со работа.
Многубројните граѓани го одобруваа сето тоа со долги скандирања на неговото име.
Коалицијата „За подобра Македонија“ според неофицијалните податоци освои 64 пратеници и апсолутно мнозинство во новиот парламентарен состав.