Редовна војска повторно?

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Јас би отишол ама да има и женски нема да биде интересно инаку.......................:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Баш би сакал да има повторно редовна војска..искрено јас сакам да одам во војска па за 4-5 год кога ќе имам 20 ништо чудно да отидам во војска
 
M

Moon Child

Гостин
Везилке, не знам како е сега, ама во мое време си порачувавме храна од Снупи и ни ја доставуваа на трета капија. Благодарение на нив ги преживував вечерите кога имаше лоша храна. Исто така ја користевме паузата од 16 до 17 часот за да купиме храна од кантина. А кога сме кај гравот, јас сум фан на грав. Првите 2 недели за ручек секогаш имаше грав, и одам дома на викенд после заклетва и мајка ми вика синкооо ти направив грав, и јас неееее, дај еурокрем :)))) И јадевме грав за ручек се додека не го изедовме целиот грав, потоа не префрлија на компир.
Јас отидов на 6ти јуни летово, не ни беше дозволено да излегуваме воопшто, само на посетата ако ни донесеше некој по нешто па скришно го прешверцувавме во соба и го криевме по слободните касети :) Ако имаше грозна вечера вадевме слатки, кока коли и вечерта се правеше гозба.
Кога сме кај касетите имав една интересна случка. Дојде старешина да провери дали се подредени како што треба, а ние бидејќи бевме 6 девојчиња имавме многу слободни касети и си користевме по две. Кога виде човеков збесна, во касетите имаше 300 чудесии, до преса за коса и фен:D По неколку парфеми и креми за тело, косата му се крена, па ни нареди за 5 минути се да биде средено.
А имавме една случка каде 4 пати целиот павиљон го метевме и џогиравме во денот, вечерта кога дојдоа ни рекоа - Ова вас на чисто ли ви личи? :) Ама тоа е, намерно провоцираат за да видат дали ќе се осудиш да преречеш нешто:)
Најгрдо јадење ми беше варено јајце, путер и чај. Е неможев, вареното јајце многу гадно ми мириса и по дома не го сакам, а лебот па од пред 3 дена донесен, повеќе ќе се изрони од што ќе каснеш :pos: Така, интересно ми беше, сепак е доживљај али мислам дека не се исплати:)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.265

лебот намерно се остава да преседи еден ден од чисто практични причини. ако сте биле цел ден на терен или вежба или гладни( а во војска што ве најадва) , ако ви дадат топол леб ке немате мера колку ке изедите и остај што може да има проблеми со здравјето ,ке потрошат тродупло повеке леб.
за храната тоа е и идејата да се навикниш се да јадиш, затоа што некогаш и ке немаш што да бираш.нема нејкам или неможам. сега што прогледуваја низ прсти тоа е друго.
за џогирањето и рибањето и местењето на повечерје и општо тие работи и провоцирањето и давањето нелогични наредби и непотребен остав ,онака колку да се нареди се стекнува навика да следиш наредби без многу да се бунтуваш. во цивилен живот ви личи крајно нелогично и рака на срце и е , но во други услови тоа е крајно неопходно. замислете си ситуација опасна по живот за сите а војникот одбие наредба или размислува за истата дали е исправна или не е. свршија работа сите ако секој си прави она што сака а башка има и оружје во рака. каков хаос ке настани.
од иста причина снајперистот прво го ликвидира старешината на водот, за после војската да трча како мува без глава. истото ке се случи ако ги немате тие навики кои сте ги стекнале на обука. ке трчате како муви безглава , а кога се пука тоа е многу лоша појава.за се си има причина иако ви моментот ви личи на крајно глупо.
 
Е незнам за пукањето, не стигнав до таму, ден пред заклетвата си отидов дома :( вкупно 10 дена бев таму, им одев потоа во посета дека живеам ептен блиску до касарната, на 2 минути оддалеченост, па ми се жалеа како им било кога ги носеле по ридиштата, па ползење итн:) Колку ми беа благодарни кога ќе стигнев во посета со полни кеси, кока коли, слатки, еднаш леб и кечап им однесов :pos:дека само јас бев од девојките од Велес, сите други беа од други градови и редовно ме викаа кога им требаше нешто.
Не даваа мобилни да се внесуваат внатре после заклетвата, па викендот после заклетвата кога се враќаа назад ми се јавија да ги земам телефоните и утредента во посета да отидам и да ги внесам, секако нема да ме претресуваат:pos: Што ќе правиш, се за војничките другари:) Вака кога ќе се сетам криво ми е оти не останав до крај, ама ете, ако останев преголема одговорност ќе им бев не дај Боже ако ми се случеше нешто тие ќе ја сносеа одговорноста.
Него, да ја преименуваме темава во "Ееее, јас кога бев во војска" :pos:
 
првите две недели и мене ми беа најзаебани , после се навикнуваш. за скапи работи ( мобилни накит ) не се носи во војска пошто рокот на траење им е многукраток, обично старата војска ке си се послужи со нив, па вие ке надоканадите од следните и така.
за храната има и друга заебанција а тоа е тровање. знаеш дека кога си идиш од викенд или си имала посета ти носат храна и сите од водот јадат од истата онака другарски. проблемот е што ако некој добие тровање, во случајот сите што јаделе 30 души. само ради тоа тоа и да ради шверцување алкохол. алкохол, многу луѓе на мало место и оружје не се мешаат:)
 
M

Moon Child

Гостин
Везилке, 10 дена си била во војска? :)
Да, само 10 :oops:

А мкд Владе, ти сигурно си вработен во АРМ гледам бајаги си упатен:) Јас додека бев тие 10 дена никој немаше шверцувано алкохол, ама и не ги ни пуштаа на пауза војниците, чудна работа, само посета смееја да примаат од 16 до 17 часот. А јас си мислев кога отидов, па еј јас сум блиску секој ден можам дома да си идам:pos: Буквално преку ограда живеам:)
Ама од се, чизмите нема да ги преболам :pos: Тоа беше страшна работа колку беа неугодни за носење, од оние црните, може од времето на ЈНА да останале, им фалеа желевца на ремчињата за закопчување, рамни беа одвнатре ужас, и тоа имаа некои шајки кои редовно ми ги кинеа војничките чарапи :pos: Па мајка ми ме спаси, ми донесе влошки меки е тогаш веќе можев комотно и да трчам со чизмите. :)
 
не не сум вработен во војска, само бев во позадина или логистика кога служев , а пошто таму се од кувари до лекари обично знаеш повеќе од пешадијата.
за каква пауза да ги пуштаат??
не се на училиште , па после часови да си одат дома. тоа дезертерство се вика. а и до пред заклетва мислам дека немаат ни излез в град.
после заклетвата малце е подруго, веќе се имаш снајдено, имаш нови другари, се навикнуваш дека не си дома и дека ги немаш видено своите еден месец, имаш викенди и излези в град. не е толку страшно .
друга работа што ги памтам овие работи после толку време ете веќе поминаја 13 години дека од касарна како ѓорче петров во скопје во која да ти е кеф да служиш војска , добив прекоманда во најозогласената касарна кичевската. е таму беше буквално како во јна или затвор( само што овде не занеш за што служиш , што си згрешилo_O), под команда на бошевски. кој слушнал за него знае. истиот тој бошевски кој мислам дека не загуби ни еден војник за време на конфликтот, што само кажува колку бил способен старешина( во моментот тогаш неизмерно го мразевме и ние и другите старешини)и бил во право во врска со дисциплината и обуката. затоа сметам дека е потребно воена обука.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Ова со гинењето на војници ме потсети на Алчев. Кога почнавме со ползење, трчање по ровови ни кажа: Момци, ако се движите правилно, се криете брзо, немате гајле. Единствениот мој војник што загина беше затоа што не ги почитуваше упатствата.

Воглавно колку повеќе време поминуваш во војска, толку повеќе се вклопуваш во сето тоа. Кај мене блиску живее еден другар кој беше десетар во друга чета и заедно патувавме, и еднаш на одење кон Велес ми вика „ајде да си идеме дома“. Јас целиот збун, „молам?“ Ама после и мене ми дојде природно тоа :)

Сепак, кога завршив со војска месец и пол не се бричев а не се шишав наредните 6 години :)
 
Waffen ss

[Finest Сasual Dating Authentic Damsels]
Член од
29 ноември 2009
Мислења
32
Поени од реакции
9
Значи колку толку дојдовме сите до заклучок дека војската во глобала е корисна работа, пред се на воспитувањето и дисциплината.Таа го зацврстува карактерот на личноста и те насочува во една насока во животот, и те тера да размислиш кој е правилниот пат да продолжиш понатаму во животот, оти пред да одиш војска уште мислиш како викаат старите све што лета се јаде.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Значи дојдовме до заклучок дека сме поделени 50-50 по ова прашање.
 
K

kalimer0

Гостин
Значи заклучивме дека нас никој не не прашува и доколку им одговара на тие во парламент редовната војска ќе се врати.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.265
за враќање тешко веројатно, ги продадоја касарните.
ама како што тргнала работата со светот да не ја бараме сами???
 
Pep

Член од
1 декември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
21
Интересно е шо на темава еден куп цмиздрат како сакаат редовна војска, поарно било итн, ама не се пријавуваат сега кога е доброволно оти не се мора.:) Ако ви се оди - одете бе, никој не ве запира ниту ќе ве врати, освем ако сте неспособни:)

Jas zaminuvam vo januari
 
Kajgana Shop

На врв Bottom