Не прикажаа ниту еден доказ дека третманот со хемофилтрација е лош и неуспешен. За да се докаже тоа треба сериозна анализа на бројките а не посочување на еден случај и фрлање се на емоција. Фактот е дека секој што беше на мака, ниту го интересираше каков е статусот на хемофилтрацијата туку сите гледаа да пробаат што може да се направи. Често од клиниките ги носеа таму полумртви во Жан Митрев и има некои случаи што ги знам и ги вратија во живот, посебно во ситуациите со високи д-димери и ниска сатурација на кислород.
Мене исто ме интересира зашто не направија емисија за “Ковид центрите” што ги отвараа по другите болници и клиники. Да го видиме вистинскиот хорор каде што имало необучен и неспремен персонал, тешки пациенти се прегледувале само на визита сабајле и цел ден седеле посрани и неисчистени, пациенти умирале поради празни боци кислород што не им биле заменети на време и често давање на двојни дози терапија по грешка или поради неискуство на сестрите и докторите.