Редакција - документарен серијал на Истражувачка репортеска лабараторија

Член од
5 март 2018
Мислења
15.145
Поени од реакции
16.658
Не ме интересира и да е тајмингот лош и да е ова сето намерно пуштено факт е дека Жан Митрев најповеќе профитираше за време на пандемијата, уште пред да излези оваа хајка го пцуев до трето колено.
Да наплаќаш по илјадници евра за некоја си метода која не е одобрена и патем во други околности не кошта толку треба да си нечоек, па луѓето кредити кренаја, без покрив на главата истанаа за да одат и да се лечат таму, срам и арам да му е.
Тоа со купените признанија башка, не ми се ни уста отвора.
Убаво рекоја во емисијата, кога ќе отвориш автобиографија за докторот и кога ќе ги видиш тие "признанија" ќе си речиш то е то во најдобри раце е пациентот, башка по интервјуа какви изјави даваше за државното здравство, абе све разработено до најситен детал.
Нетфликс нека не чекаат, нека ги побараат ирл и нека се фатат за работа одма !
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Можеби подобро ќе беше темава да ја отворев во Политика и вести. Темите во документарниов серијал се отприлика тие. Политички некој некого штити за да не дојде до затварање, затвори и слично.

Јас сепа и ова истражување го земам со резерва бидејќи не знам веќе колку години каква што ни е државава не можеш целосно да веруваш секому.
 
Ф

Флеш

Гостин
Кур ме заболе за Жан Митрев и сфе од моментално во Македонија .

Апатија и толеранција владее во ова мртво општество , последни моменти му се бројат како држава .
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
35.235
Се сложувам дека треба да има казни како за Жан Митрев така и за овие по институцииве што знаеле и не превземале ништо во врска со тоа, вклучувајќи ги и Венко Филипче и овој новиов министер.

А и многу веројатно е дека му се намерачиле на овој преварантов, па му дошло времето и на него да си падне. Фрлил око некој друг на таа клиника.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Со самото тоа што се дозволило ова на МТВ, твитер заедницата се пушти на најако, како и еден куп владини портали, се знае дека има позадина.
Само тоа не му го пери гревот на дотичниов.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.080
Поени од реакции
19.913
Школски пример за дефокус на јавно внимание, кампања стартувана во ептен погоден момент, подпомогната од МТВ и сите медиумските сателити на власта. Таман и да се направи простор за работа на Ремедика и Никоб Медикал во пресрет на новите ковид бранови од есен.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Теории на заговор колку сакаш. Ако ja истемпираа емисијава за во 2025, ќе речевте зашо чекале толку кога короната помина пред 2-3 години? Да направат утре нова емисија за Систина, ќе биде дека и на Камчев му се намерачиле. Да направат после тоа и за Ремедика, и на друг му се намерачиле. Никако не може да му се погоди на просечниот македонец.

Како и да е, ниедна болница не е како што треба, ништо не е како што треба во државава. Не е крив само Жан Митрев, криви се сите кои ова го дозволиле. Во нормална држава сѐ што дошло на власт кај нас би лежело доживотна робија за сѐ што му имаат направено на народот, од сите можни аспекти. Здравствени, образовни, инфраструктурни...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Автоматски споено мислење:

 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Како би им правеле простор на Заев и Филипче со Ремедика кога буквално една од поентите на емисијата беше и дека ОЈО треба да отвори предмет против Венко?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не бранам никој, ама мислам дека ќе има и продолжение.

Оваа епизода конкретно беше за хемофилтрацијата, односно прочистувањето на крвта кај пациентите што довело до нивна смрт.

Мислам дека Систина не го правеше ова, туку само Жан Митрев клиниката.

Да не се збунат луѓето, не е ова за катастрофалната ситуација на здравството во Македоника, туку конкретно за хемофилтрацијата која ја правеше само Жан Митрев во светот.

Ако одлучат да прават општо за здравството во државата, претпоставувам ќе бидат опфатени сите болници и ќе им треба некои 20+ саати за да опфатат се.
Баш ме занима дали ќе има продолжение и што ќе биде продолжението.

Според мене многу необјективно се претставија околностите и состојбите. Аголот на сторијава беше, или може ја така го сфатив, дека Жан Митрев да не беше, многу подобро ќе поминевме со короната. Приказнава на ИРЛ беше "еве Жан Митрев експериментирал, не им кажувал на луѓето, затоа умреле, затоа сме имале висока смртност за ковидот" па и уште споредба на статистика за инфективна и жан митрев вадеа... јас знам за примери што на инфективна нејќеле да ги примаат, нормално дека тој што нема да го примат нема да оди на конто на државна болница.

Дали требал да пријави клиничко испитување?
Очигледно да.
Дали згрешил и треба да одговара за тоа?
Очигледно да.

Ама да го претставиш како единствено зло у државава...
Пак ќе кажам, Систина и останатите приватни не е дека не наплаќаат дебело, вклучително и дур беше коронава.

Тоа што исто многу ми смета е што директориве на ЦЈЗ, МАЛМЕД и ДСЗИ и министрите имаа некако споредна улога у целава приказна.
Чекајте малце другари, ја ги плаќам нив за да ме штитат од типови "јас сум Жан Митрев, кур ми е, двор ми е". Носителиве на јавни функции требаше да ја имаат главната улога у филмов, а не Жан Митрев. Ама не, тие од ЦЈЗ ги прашуваат сте имале ли пријави од интрахоспитални инфекции од Жан Митрев во последниве 2 години и она комотно вика не. Ако директоркава на инфективна вика дека не може целосно да се искоренат интрахоспиталните инфекции, ако ЦЈЗ викаат секоја мора да се пријави кај нив, не им паднало малце чудно како тоа Жан Митрев направил светско чудо и 2 години немал интрахоспитална инфекција ?

Жан Митрев колку и да бил фејк, не можел да функционира ако нашиот "систем" функционирал правилно. Тоа е тоа што нервира у приказнава. Еве сеа ќе го тргнат Митрев и? До кога? До следниот Митрев за некоја година?

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
889
Поени од реакции
1.429
venko i osudite kon niv se damage control.


klasicna hajka.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
224
Поени од реакции
522
Лабараторијава за истражување како да работи стории по нарачка.Известени од неколку души за урбан криминал уште кога ја емитуваа емисијата за Чифлиганец, нит се заинтересираа нит кренаа телефон.Пробајте некогаш свртете им на бројот во редакција дали ќе ви кренат.Така да не им верувам многу многу дека се објективни.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.491
Баш ме занима дали ќе има продолжение и што ќе биде продолжението.

Според мене многу необјективно се претставија околностите и состојбите. Аголот на сторијава беше, или може ја така го сфатив, дека Жан Митрев да не беше, многу подобро ќе поминевме со короната. Приказнава на ИРЛ беше "еве Жан Митрев експериментирал, не им кажувал на луѓето, затоа умреле, затоа сме имале висока смртност за ковидот" па и уште споредба на статистика за инфективна и жан митрев вадеа... јас знам за примери што на инфективна нејќеле да ги примаат, нормално дека тој што нема да го примат нема да оди на конто на државна болница.

Дали требал да пријави клиничко испитување?
Очигледно да.
Дали згрешил и треба да одговара за тоа?
Очигледно да.

Ама да го претставиш како единствено зло у државава...
Пак ќе кажам, Систина и останатите приватни не е дека не наплаќаат дебело, вклучително и дур беше коронава.

Тоа што исто многу ми смета е што директориве на ЦЈЗ, МАЛМЕД и ДСЗИ и министрите имаа некако споредна улога у целава приказна.
Чекајте малце другари, ја ги плаќам нив за да ме штитат од типови "јас сум Жан Митрев, кур ми е, двор ми е". Носителиве на јавни функции требаше да ја имаат главната улога у филмов, а не Жан Митрев. Ама не, тие од ЦЈЗ ги прашуваат сте имале ли пријави од интрахоспитални инфекции од Жан Митрев во последниве 2 години и она комотно вика не. Ако директоркава на инфективна вика дека не може целосно да се искоренат интрахоспиталните инфекции, ако ЦЈЗ викаат секоја мора да се пријави кај нив, не им паднало малце чудно како тоа Жан Митрев направил светско чудо и 2 години немал интрахоспитална инфекција ?

Жан Митрев колку и да бил фејк, не можел да функционира ако нашиот "систем" функционирал правилно. Тоа е тоа што нервира у приказнава. Еве сеа ќе го тргнат Митрев и? До кога? До следниот Митрев за некоја година?

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Многу убаво срочено!
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Не ме интересира и да е тајмингот лош и да е ова сето намерно пуштено факт е дека Жан Митрев најповеќе профитираше за време на пандемијата, уште пред да излези оваа хајка го пцуев до трето колено.
Да наплаќаш по илјадници евра за некоја си метода која не е одобрена и патем во други околности не кошта толку треба да си нечоек, па луѓето кредити кренаја, без покрив на главата истанаа за да одат и да се лечат таму, срам и арам да му е.
Тоа со купените признанија башка, не ми се ни уста отвора.
Убаво рекоја во емисијата, кога ќе отвориш автобиографија за докторот и кога ќе ги видиш тие "признанија" ќе си речиш то е то во најдобри раце е пациентот, башка по интервјуа какви изјави даваше за државното здравство, абе све разработено до најситен детал.
Нетфликс нека не чекаат, нека ги побараат ирл и нека се фатат за работа одма !
То е, после каса де папел следува каса де хоспиталес.

А зш го пцуеше до трето колено? На страна од коронава, тимовите од оваа болница спасија илјадници животи со кардио болести.
Со коронава, а и општо, секоја приватна болница и лабораторија се наполнија со кеш, ама тоа си беше со намера, твоите комуњарски пастири ја создадоа главната бизнис клима.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.984
Школски пример за дефокус на јавно внимание, кампања стартувана во ептен погоден момент, подпомогната од МТВ и сите медиумските сателити на власта. Таман и да се направи простор за работа на Ремедика и Никоб Медикал во пресрет на новите ковид бранови од есен.
Дефинитивно обид за дефокусирање.
Се примети таа тенденција деновиве со презастапеност на случајот со директорот на зоолошка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom