Редакција - документарен серијал на Истражувачка репортеска лабараторија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.527
Поени од реакции
26.015
Кој сака кладба дека 90% од пациентиве се од Косово?
Малце да ве утешам...
Не прави никаква разлика, тоа. На вас два пати десетици луѓе живи ви изгореа, па Македонците повеќе џева кренаа од вас. На исто ниво сте по апатија...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Како побогу заклучи дека тоа сакав да кажам?
Да има пари некој косовар ќе отвори во Косово ваква клиника.
Средена болница, со добар кадар, во НАТО-вска земја, во град со големина од 520.000+ жители, на добра локација VS болница која треба да се гради и да создава систем одново, ист кадар многу потешко да се најде, во неНАТО-вска земја, во град со големина од 160.000+ жители. Плус, моментално, во Македонија, партиите кои ги претставуваат Албанците ја имаат најголемата политичка моќ досега во Македонија, а дополнително, бизнисмени кои се Албанци се доста активни во Скопје, преку градежништво, трговија итн. Па, не знам, може има логика ова што го зборам.
 
Последно уредено:

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
treba da izlezat familiite na site sto zan mitrev gi spasi so hemofiltracija, i so pokazuvanje na filtrite od hemofiltracijata kako toa se zatinjaa poradi toa shto krvta na tie shto podlegnaa na taa intervencija im bese prakticno pasteta.

e tie mozat da go obelat obrazot na zan mitrev, nikoj drug.

-sto ke bide ako zan mitrev izvadi dokumentacija deka ihi bile prijaveni soodvetno vo instituciite?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.447
Кој сака кладба дека 90% од пациентиве се од Косово?
Малце да ве утешам...
Да кажеше дека 100% се од Косово ќе бев пресреќен, вака само со 90% значи дека умреле и некои од други националности. :(
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.572
-sto ke bide ako zan mitrev izvadi dokumentacija deka ihi bile prijaveni soodvetno vo instituciite?
Многу е битно како ги пријавуваат, ако има некој лекар/медицинско лице тука што го знае процесот може да го опише.
Ако е само на телефон, тогаш нема шанса да докаже (не верувам дека снимаат ваква работа), или ако ги праќаат како нормално писмо исто е проблем.
Ако е писмено по курир и имаат втор примерок со приемен печат, или пак препорачано писмо, и ги архивираат овие податоци тогаш нема гајле. Лошото е што голем дел од компаниите чуваат архиви краток период, и често знаат да се неорганизирани поради штедење на ресурси.
Ако е писмено по маил, и ако ги чуваат на сервер, тогаш нема мака.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
денес конечно успеав да најдам време да ја изгледам "нечиста крв".... според мене искрено не вреди ни хајпот ни содржината.. емисијата траеше 58 минути, од кој што 10 минути гледавме како се возат у кола и панорами од Скопје, 38 минути лични напади врз Жан Митрев и само десетина минути тоа што требаше да биде уствари целта на емисијава... да правиш емисија за тоа како Жан Митрев е ратен профитер, без дозвола прави хемофилтрација, наплаќа ненормални суми за македонски услови, не "пријавува" интерхоспитални инфекции, а во емисија гости да не ти бидат двајцата што му го дозволија тоа и него, и на Систина, и на Авицена, и на Биотек туку гостин да ти биде Лубчо е пресмешно, уствари жално... ништо више не е смешно... од толку "докази" собрани со "јавувања" по телефон кај засегнати фамилии (да не си им во кожа на фамилиите шо изгубиле некој близок) они се запнале зошто Жан Митрев има звање академик, како тоа "купувал" дипломи и слично... јас мислам дека баш фамилиите се најмногу разочарани од ова "истражувачко новинарство" од девојкиве...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Па нели ги покажаа анализите што ги објавил Жан Митрев имаше таму проценти за успешност, плус смееле да се користат само во краен случај, додека братов си експерементирал итн итн
Браните нешто пто не е за бранење, одиш на лекар плаќаш дебело и те лечат со нешто што не е одобрено нити наменето за твојата болест епа за ова ако не се лежи не знам за што
Они објавија некои бројки на успешност ама тоа не може да биде мерило ако не се знае квалитетот на податоците. Тоа значи каков вид на пациенти се во едната и во другата болница, нивната состојба каква и слично. Многу од луѓето што беа по Ковид центрите откога ќе им се влошеше состојбата одеа во Систина и Жан Митрев па они често примаа тешки случаи.

Во врска со експерименталниот третман, се во врска со третирањето на Ковид беше експериментално. Протоколи се менуваа секоја недела, на луѓе со благи симптоми им се препишуваа сумамед и панцеф, се даваа лекови за други болести, се препишуваа лекови за животни и слично, па сега хемофилтрацијата испаднала најголемиот проблем.

За тоа пријавувањето на интрахоспиталните инфекции зошто не прашаа дали Инфективна или Систина истите ги пријавувале?

Они тенденциозно индиректно сакаат да прикажат дека хемофилтрацијата довела до зголемен број на смртни случаи а нема ниту еден доказ за тоа кој се базира на соодветна анализа. Единственото нешто што понудија е емотивен случај со муабетот “арен бил ама они го умреа” па и во тој случај без никаков цврст доказ. Од кај знаат дека хемофилтрацијата му ја влошила состојбата? Може му дале лоша комбинација на лекови? И едино што извадија од тоа истражувањето дека пријавиле зголемен број на интрахоспитални бактерии а исто тенденциозно другите делови од истражувањето ги изоставија.

Во целата таа калакурница со Ковид пандемијата они се фокусираа само на него и ги изоставија сите други. Мене ми изгледа тука на нешто повеќе од истражувачко новинарство.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
ИРЛ - медиумските СЈО, новите хероони на "јавноста".

Очекувам и маици со нив да си испринтаат борциве за права од твитосферата. :ljubove:

Низ овие години научивме дека не треба слепо да му се верува на секој новинар, а особено не на новинари школа на А1, каква што се овие лепотици.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
Дополнително да се надоврзам немаат ни валиден доказ дека смртност е поголема кај клиниката на Митрев, 28% беше кај него мислам а 26% општо, никаде нема статистичка поткрепа на ова дека тие 2% не се должат статистичка случајност. Секој што има малку познавање од статистика знае што зборувам.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.849
Поени од реакции
10.444
Они објавија некои бројки на успешност ама тоа не може да биде мерило ако не се знае квалитетот на податоците. Тоа значи каков вид на пациенти се во едната и во другата болница, нивната состојба каква и слично. Многу од луѓето што беа по Ковид центрите откога ќе им се влошеше состојбата одеа во Систина и Жан Митрев па они често примаа тешки случаи.

Во врска со експерименталниот третман, се во врска со третирањето на Ковид беше експериментално. Протоколи се менуваа секоја недела, на луѓе со благи симптоми им се препишуваа сумамед и панцеф, се даваа лекови за други болести, се препишуваа лекови за животни и слично, па сега хемофилтрацијата испаднала најголемиот проблем.

За тоа пријавувањето на интрахоспиталните инфекции зошто не прашаа дали Инфективна или Систина истите ги пријавувале?

Они тенденциозно индиректно сакаат да прикажат дека хемофилтрацијата довела до зголемен број на смртни случаи а нема ниту еден доказ за тоа кој се базира на соодветна анализа. Единственото нешто што понудија е емотивен случај со муабетот “арен бил ама они го умреа” па и во тој случај без никаков цврст доказ. Од кај знаат дека хемофилтрацијата му ја влошила состојбата? Може му дале лоша комбинација на лекови? И едино што извадија од тоа истражувањето дека пријавиле зголемен број на интрахоспитални бактерии а исто тенденциозно другите делови од истражувањето ги изоставија.

Во целата таа калакурница со Ковид пандемијата они се фокусираа само на него и ги изоставија сите други. Мене ми изгледа тука на нешто повеќе од истражувачко новинарство.
Значи според тебе е океј што си правел експерименти само затоа што СЗО мењал протоколи на секои две недели?
Што било експирементално а да не е одобрено тоа да се примени можеш да ми наведеш?
Се вакцинираш со недоволно истражени вакцини ама потпишуваш дека на свој ризик, сепак си известен…
Самиот производител кажува дека не лечат од ковид и да се применуваат само во краен случај и ај може не умреле од тоа ама ипак има доста кривични дела
Заеби ги тие проценти за смртноста него самиот он си извадил проценти за лечењето со хемофилтрација не ми го скокај тој дел упорно
А тоа оправдување и као глумење жртва зашто баш него а не и другите не го прави праведен и не му дава за право да прикрива битни работи како со бактериите и да се прави на три ипол
Се согласувам дека ако се отвори добра истрага ке паднат доста глави кои веројатно зеле убава пара
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Малце слично нешто на фамилијата Марковски серијата што беше. Ме потсети скрос на тоа додека гледав.

Др нешто што ми боди очи:
Мислам дека покажаа кадар каде што во обичниве болници умреле 24% а кај Жан Митрев 28%.
Ако беа овие бројките и информацијата што ја споделиле, тогаш тоа е тешка манипулација.
Замислете си во обичните болници колку пациенти имаше кои што лежеа по 1 недела онака со поблаги симптоми, па си одеа дома по 1-2 недели. Ако стигне до потешко, голем дел од нив одеа во приватниве.
Значи примерок од 100 души во државна болница, со 100 души од тие што стигнале кај ЖМ не е ни приближно иста ситуација.
Од овие во болница што биле макс 30-40% ако биле потешки случаи, додека кај ЖМ 90%+ со сигурност.

бтв не го правдам ЖМ, доколку не пријавувал и не работел по прописи, нека одговара. Само иста таква одговорност барам и од Венко и сите тие што имаа тотална контролоа над здравството, и го дозволиле ова. Само кај нас може да се плука по ЖМ а да се запоставува власта, која е виновна уште повеќе и од ''академиков''
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.598
Кај нас се вели дека ,,кој со ѓаволот сади тикви, од глава му се кршат,,

се знае кај нас кој е ѓаволот(опинокот) и како Жан му помогна за референдуморт за името.

Јас сум малку постар, па добро се сеќавам како Кљусев како министер за одбрана му даде цел спрат во Војнма болница, и како северџаниве од грло го напаѓаа сите овие години

И на крај овој му се фрли во преградката на копитото( за пари).,...и сега го јади немиен од нив

Ич не ми е гајле дали е крив или не....треба да го јади бидејќи го дереше народот во време на криза, а истиот тој обичен народ го предаде
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.517
Во петок утре 20:15 ќе има подкаст на темата Нечиста Крв исто ќе се емитува на МРТ а ќе има премиера и на Јутјуб
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
Се додека самите пациенти не биле свесни дека се под експериментална клиничка студија, ИРЛ се сосема во право!

Да, се беше експериментално во тоа време, ама факт е дека тоа се презентираше во јавноста како успешна метода која со сигурност дава резултати.

Пациентот и семејството треба да се свесни за тоа, без разлика дали експериментот бил пријавуван во институциите или не.

Толку!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.780
Поени од реакции
7.517
Бонус сцена Нечиста крв. Нешто што не беше пуштено во неделата премиерно во епизодата со Жан Митрев.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom