Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Е неможе референдум овој народ е глуп и за него ке одлучува Гвујо и компанија,кој го прашува народот каки референдум каки бакрачи шо е ова швицарска ајде молимте
е сеа и ти претеруваш... шо кур е крив грујо да прашам не ми е јасно.. на гласање искочи? гласаше? ти заокружи кој сакаш да биде премиер нели.. мносинството одлучија за него така да му праваат право да носи законо е сеа дали им се свиѓаат отпосле или не е друга работа.. не мешај некои работи... и ај сеа за секој закон ке има референдум за се и сешто референдум.. :tapp:
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.363
Поени од реакции
8.464
Претпоставката ти е од чиста нервоза зошто ти смета законот. Не е можно опшеството да губи кога пари НЕМА да се одливаат. Ако ете јас испушам една пакета цигари помалку и испијам 2 кафиња помалку ова недела не значи дека тие 200 денари се одливат од економијата, истите се преливаат евентуално во друг сектор.

Мислам дека нема потреба да ти објаснувам понатаму, да не ти вреѓам интелегенција сега со инфантилни хипотетички сценарија (како јас си купувам чокалатце место цигари и како витаминка ги вработва тутунарите пошто им се зголеми производството).

Опшеството не губи во никој случај, а мене искрено ми е жал шо верваш во ваква ефтина политичка реторика.

П.С. Ај да ми објасни некој во кој дел од законот има ДИСКРИМИНАЦИЈА, пошто гледам во претенциозната анкета стои. Дискриминација е кога некоја група на луѓе е третирана различно, шо не е случај, законот важи подеднакво за сите никој не е дискриминиран.
Никој не тетера да не си купуваш чоколадце амам ете приме ние не јадиме и сега што треба да се дондеси закон оти чоколадото ги расипува забите да не се јадат чоколада
Опшеството и тоа како ќе губи мислам на приливот на финансии од кафаните и другите локали па ако сакаш и од туризамот за тоа потоа кога ќе се видат знаците односно резултатите од законот
пц.сега за дискриминацијата брате ете сите сакате еврпоа така е сега таму му се дозволуваат бракови на геј популацијата така па партии на педофили па нацистички партии па јавни куќи па да му се одземи живото на некој болен да не страда па не знам уште се не какви лајненици имаа во таа толку посакувана европа се дозволуваат карајно бизарни работи а не се дозволува да се пуши на отворено освен ако си носиш пепељара за што многу се загадува воздухот од цигарите па нели има еден куп фабрики и возила кои прават такви загадувања што никогаш неможат да го постигнат цигарите или можеби од филтерот на цигарата ќе се загади околината а се знае дека ќе се распадне остпушокот од цигарата во земјата ќе искалира нема да остои а имаме еден куп најлончина за кои се потербни милениуми однсно е невозмозно тие да се распаднат и само уништат во природата
кој има право и со кое право мене ќе ми забрани да не се трујам односно ете уништувам својот живот тое е мое лично право со полнолетство секој си одговара за својот живот и што сакак ќе прави со него па и ќе пуши цигари ако му причинува задовлство
ове закони единствено можно е да имаат нешто со новиот свески поредок дали не му се во шемата агендата на култаште па решиле да ја уништат оваа индустрија инаку не гледам некоја посебна причина и стварно не знам зошто не ни дозволуваат да пушиме цигари да е секираат за нашето здравје нема шанси оти ако се грижеја немаше да прават вештачки вируси за да не намалат на земјата има некоја друга причина за ова ама што е со текот на времето ќе се дознае :salut:
е да стварно можеби претерав со ова со новиот светски поредок ама вистина е чудно што толку му смета да не се труеме :wink:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Која глупост.
Ајде сите да станеме конзументи на тутунот за да ја придвижиме македонската економија напред :tapp:
Немој да бидеш патетичен.Муабетот е за пад на економија во делот на туризам и угостителство,а не за тутунска индустрија за која и дадов претходно објаснување,дека ништо и никој неможе да ја помести од место.

Претпоставката ти е од чиста нервоза зошто ти смета законот. Не е можно опшеството да губи кога пари НЕМА да се одливаат. Ако ете јас испушам една пакета цигари помалку и испијам 2 кафиња помалку ова недела не значи дека тие 200 денари се одливат од економијата, истите се преливаат евентуално во друг сектор.

Мислам дека нема потреба да ти објаснувам понатаму, да не ти вреѓам интелегенција сега со инфантилни хипотетички сценарија (како јас си купувам чокалатце место цигари и како витаминка ги вработва тутунарите пошто им се зголеми производството).

Опшеството не губи во никој случај, а мене искрено ми е жал шо верваш во ваква ефтина политичка реторика.

П.С. Ај да ми објасни некој во кој дел од законот има ДИСКРИМИНАЦИЈА, пошто гледам во претенциозната анкета стои. Дискриминација е кога некоја група на луѓе е третирана различно, шо не е случај, законот важи подеднакво за сите никој не е дискриминиран.

Падот ќе се случи во претходно споменатиот сектор.Тоа не значи некој катастрофален пад со банкрот,но значи намалување на приходи и отпуштање онаму каде има вишок.Со намалување на прометот автоматски се намалуваат и приходите на државата,а со отпуштањата се намалуваат и придонесите.Оние што ќе се најдат на улица,ќе немаат пари да си купат чоколатце од витаминка,ме разбираш ли:)Кога реалниот сектор не произведува,не се создаваат приходи,тука е падот.Значи тие 200 денари ќе ги нема,нема да се создадат,за да се прелијат.А преливот на средства од државата,ќе се случи во туризмот.Зошто би одела во Охрид да се стегам за цигара,кога можам настрана да си поминам како што јас сакам.
Значи прелив од еден сектор во друг нема,туку има намалување на пари во економијата,бидејќи стагнира една гранка.Нема овој сектор да произведува онолку колку што досега беше,значи и ќе нема пари пари што ќе се одливаат во други сектори.Пластично-газдата наместо сега да си купи милка-ќе ја изостави,вработениот кој досега оставал пари во други кафани,купувал леб-ќе ги нема тие пари и ќе седи дома.

И ова не е некој огромен пад да напоменам,не е црна металургија.Но во земја како нашата каде секој денар е битен и тој сектор е важен.Муабетот е дека пад како пад сепак ќе се случи,а ние сме веќе под 1,8,нема да ни е проблем и нема да се сети.Ќе се земе кредит4е со 10% камата и така:)
Можам за економскиот дел да разглабам,за дискриминација нека објасни правник:smir:

Во врска со пушењето...засегната сум,оти сум зависник од цигари.Но несакам да ги трујам останатите околу мене.Нека има место за нас и за нив,така ќе можеме самите да се труеме,а да не ги загадуваме нив.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.801
Поени од реакции
12.289
Ајде сите да станеме конзументи на тутунот за да ја придвижиме македонската економија напред
Во однос на ова имаше некои проценки за загубите. Инаку како пример за можеби добри пари во сето ова...во хрватските весници летоска одеше напис за проблемите на нивната економија со забраната за пушење и забраната за работа на угостителските објекти после полноќ. Едноставно туристите (и месното население) од Дубровник одеа во Црна Гора каде ги трошеа своите пари (каде немаше вакви ригорозни мерки).
Не е добро суво препишување (превод) на еу законите (кои патем не се во сите ЕУ земји подеднакво препишани и третирани, секогаш има отстапки по држави, за скоро секоја одлука или закон).
А партиите баталете ги. Било која ќе ги препише тие закони и имплементира, нема врска партија со закони, пушење или загадување.

Да додадам, еден од ретките сектори каде имаме суфицит во извозот е токму секторот пијалаци и тутун, а земјоделство, лов и шумарство е како сектор трет по значење за формирање на БДП.

За значењето од економски аспект на земјоделецот (да не одиме во детали за ситнолисен тутун со висококвалитетни состојки...во овој регион).
Very few countries devote more than 1 percent of their agricultural land to tobacco leaf production. These countries are Malawi, Korea, Macedonia, Moldova, and Lebanon.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
На страна личните интереси (од една страна - да се осетело парфемчето:pos2:, од друга - право на цигарче со кафето),законов може да се гледа од најмалку 4-5 гледни точки, ама од сите е едно големо ПРОМАШУВАЊЕ. Пред да праша некој - да страсен ПУШАЧ сум, пробувам да најдам барем една позитивна работа во законов (ваков каков што е), ама едноставно - НЕМА. Да се разбереме, сум за Закон за пушењето, ама тој што срочил ваков текст каков што е сега си ја промашил професијата.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

- Баш убаво што го спомна парфемчето.......
...хехехе....многумина од тие што изиграваат чистунци да знаат што се замешуваат во тие миришљави водички никогаш не би ги ставиле директно на кожа:vozbud::pos2:

- цигарче и кафе...кафето е последно нешто ако и воопшто го нарачам во кафанче...така да ради кафе и не влегувам во некој локал...обично газдите тоа го частат после којзнае колку нарачани тури:kesa:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Падот ќе се случи во претходно споменатиот сектор.Тоа не значи некој катастрофален пад со банкрот,но значи намалување на приходи и отпуштање онаму каде има вишок.Со намалување на прометот автоматски се намалуваат и приходите на државата,а со отпуштањата се намалуваат и придонесите.Оние што ќе се најдат на улица,ќе немаат пари да си купат чоколатце од витаминка,ме разбираш ли:)Кога реалниот сектор не произведува,не се создаваат приходи,тука е падот.Значи тие 200 денари ќе ги нема,нема да се создадат,за да се прелијат.А преливот на средства од државата,ќе се случи во туризмот.Зошто би одела во Охрид да се стегам за цигара,кога можам настрана да си поминам како што јас сакам.
Значи прелив од еден сектор во друг нема,туку има намалување на пари во економијата,бидејќи стагнира една гранка.Нема овој сектор да произведува онолку колку што досега беше,значи и ќе нема пари пари што ќе се одливаат во други сектори.Пластично-газдата наместо сега да си купи милка-ќе ја изостави,вработениот кој досега оставал пари во други кафани,купувал леб-ќе ги нема тие пари и ќе седи дома.

И ова не е некој огромен пад да напоменам,не е црна металургија.Но во земја како нашата каде секој денар е битен и тој сектор е важен.Муабетот е дека пад како пад сепак ќе се случи,а ние сме веќе под 1,8,нема да ни е проблем и нема да се сети.Ќе се земе кредит4е со 10% камата и така:)
Можам за економскиот дел да разглабам,за дискриминација нека објасни правник:smir:

Во врска со пушењето...засегната сум,оти сум зависник од цигари.Но несакам да ги трујам останатите околу мене.Нека има место за нас и за нив,така ќе можеме самите да се труеме,а да не ги загадуваме нив.
Ништо ич остај сега да не се ебаваме на здрав ум со вакви хипотези од ракав извадени. Знам кај те боли забот тебе и разбирам зошто си спремна и ваква провидна политичка реторика да прифатиш само за да истуркаш некоја поента. Не ти одговара тебе лично законот, ама то не значи дека треба со вакви радикални и смешни сценарија да се срамиш.

Нема потреба мислам сега со хипотетички сценарија да спамираме, ќе помини време ќе видиме како ќе се одвиват работите.

Јас лично мислам дека не постои толку голем инаетчија шо ќе се затвори дома и нема да социјализира само поради законот. А тој шо е зависен од цигари во секој момент можи да го напушти локалот на една цигара.

Ти сакаш да ми кажиш дека после законот ти ќе се затвориш дома?
 
Знаеш пофино е да речеш,грешам одколку да се бламираш и спушташ ниво.
Нема хипотетичка ситуација,економијата има елементи од кој е создадена.Не сум мало дете па тука приказни да пишувам.

Ах,да и темава во економија е преместена,само како за информација.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Слушав во едно место кај шо одам... :

Еден муштерија се бунеше, седеше на исто место со газдата и еден вработен, велеше : „Абеее, како да не, кој ќе ме казни мене никој нема да го почитува законо итн.“ и газдата му вели : „Јас од Нова Година овде забранвам пушење, ако ти се пуши носи си 5 000 евра да ја платиш казната за двата“ и му вели на вработениот „Од Нова Година овде абсолутно е забрането да се пуши“.

Значи почнуват да ја земат сериозно работата.
 
S

smart ass

Гостин
Тутунскиот сектор секако ќе опадне(можеби како и секогаш ќе извеземе најквалитетното во шведска),но има и друга страна,може на долг рок ќе има одредени земјоделци кои ќе се преориентираат....кон нешто попрофитабилно(П.р фармерско земјоделие-иако скапо но исплатливо. лозје т**...и сл..)...

Еве типичен пример е росоман...тиквешија-Праската буквално ја има насекаде,какво лозје т**и му го...

Процентуално имало периоди кога насадите се зголемувале за дури 50%..
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Синдикат:
Па добро бе човек, на две страни два пати ни споменуваш „политичка реторика„ на тема за цигари, има ли барем една тема каде човек ќе размислува за себе, за државата, па на крај за политиката?
Погоре спомнав, на законов може да се гледа од повеќе аспекти, сакав да го одбегнам политичкиот, ама кога баш си запнал, повели:

1. За да успее еден закон, не е толку важно дали е праведен или не (жално ама вистинито), важно е дали е ПРИМЕНЛИВ. А овој не е, барем не на целата територија и не на подолго време. Време ќе покаже како ќе се справат надлежните во чајџилниците, како ќе се разберат со расположени гости во 00:15 на 1 јануари, како ќе им објаснат на странците дека во аранжманот за Охрид им е вклучено пушење ама само до полноќ,... Ако само на неколку места не успее да се спроведе, законот е за к..ац. Понатаму, ако еден закон може да се прекршува без санкции, зошто не би можел и некој друг (многу поважен)?. Изгледа смешно, ама психологијата на масите е таа.

2. Сите во ЕУ имаат Закон против пушењето, треаб да имаме и ние - точно, ама не мора да е ВАКОВ. Има една добра работа кога си последен во нешто (а каснењето во се и сешто не ни е непознато) - може да научиш на туѓите грешки, помалце боли. Да стартувавме со законите во исто време со другите и да ги имаме истите проблеми можам да разберам некако, ама да усвоиш нешто (и тоа поригорозно) откако другите веќе усвоиле, се за.бале и измениле??? Е тоа ти е батка каснење за ламдатричетвртини и не ми иде во глава.ж
3 и пошто обожаваш политика - за тебе најважно: точно дека нешто под 50% од населението се пушачи, ама кваката е во тоа што 80% од нив се гласачи, а од таа „малку поголема половина„ се многу помалку.
А интересна појава кај нас е што луѓето попрво ќе се групираат на пушачи/непушачи отколку на позиција/опозиција.
Е за овие неколку работи требало да размисли тој што го пишувал законот пред да отиде да им се увлекува во г.з на шефовите. Пак викам, идејата е добра, ама реализацијата катастрофална. И за тоа не кривам ни влади ни политики ни министри, туку пар неспособни советничиња кои направиле копи/паст од неколку туѓи закони и истрчале пред шефовите да се пофалат што „сработиле„:tapp:.

Жално е покрај толку други моменти околу пушењето да се вовлекуваат вакви работи, ама чим инсистирате на политика, бујрум.
 
S

smart ass

Гостин
Не ти одговара тебе лично законот, ама то не значи дека треба со вакви радикални и смешни сценарија да се срамиш.

5000 евра...така

Што мислиш за оваа цифра.

Луѓе сообраќајки правеле па минеле со 2000 евра(ете поправка бла бла)

И низа случаи.

А земи го односот на просечна македонска ПЛАТА и ќе видиш дека е над 10 пати поголем од просечната годишна заработка на мк граѓанин.

Таман е??
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
A be sekoe cudo tri dena, narodot ke si se navikne i na ovoj zakon i zivotot ke tece ponataka, razlikata e toa sto sega koga ke si odis doma od izleguvanje ne ke mora da se soblekuvas uste od nadvor za da ne ja smrdis cela kuka na kiselina, podobar zakon od ovoj i ne mozea da najdat.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Смарт не ми е толку проблем висината на казните (далеку до тоа дека имам да платам:pos2:). Казната по дифолт подразбира претходно сторен прекршок, па лесна математика: 0 прекршоци = 0 денари = 0 евра казна.
Ама затоа многу други работи се проблем. Прво и основно, кој и како ќе го спроведе законот, кога и тие задолжени за тоа појма немаат како се работи на терен. Се собрале во еден медиум претставник на кафанџииве што не смее да писне од страв од инспекции, една ѓоа докторка што се грижи за моето здравје и повремено се убацува во муабетот исклучиво кога не ја очекуваш и за работи кои се се само не нејзина надлежност и „експерт„ кој се гледа дека теоретски ја знае содржината на законот, ама сиромашкиот појма нема како тоа се спроведува во пракса. Чиста патетика, не ми се ни коментира како тоа изгледаше.:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom