Ти мислиш дека развиваш економска реторика, а уствари само изливи на небулозна нервоза прајш. Не можи ти твоите хипотетички сценарија да ми ги претставуваш тука како факт, како прво теоријата ја засноваш на имагинативни концепти.
Пробваш да ме убедиш дека парите кои нема да бидат потрошени на кафе и цигари ќе се потрошат на туризам во странство, и после сакаш за економија да збораме. Законот нема никаква врска со економија, нема да се одрази на економијата, единствено ќе се одрази на твојата нервоза и на мојот комфорт. Ако ти со овој закон ќе уживаш помалку и следствено ќе трошиш помалку, јас ќе уживам појќе и затоа што не ми смета чадот ќе останам на уште една пијачка. И сеа земајќи во предвид дека соодносот е 50/50 на за и против, балансот ќе се одржи. И во случај луѓето да заштедат пари кои би ги потрошиле на алкохол, кафе и цигари, сигурно истите нема да се одлијат од опшеството, следствено опшеството финансиски ќе остане недопрено.
Тебе лично ти смета законот, кажи си слободно не ми измислувај сега апокалиптични сценарија за економијата.
Ех што ме нервира вака кога некој се мава од земја,а не се разбира од полемиката.Ај по стоти пат да ти го објаснам процесот кој не е имагинација,туку реалност,најпросто што можам,можеби ќе сфатиш.
Има кафани,кафиќи,ресторани,слаткари,хотели,мотели,дискотеки во кој досега се пушело.Тие имале промет и вработувале лица за кој плаќале придонеси,а од профитот плаќале даноци на државата.Сега стартува закон со кој се забранува пушење,каде досега се пушело.Бројот на пушачи е голем.Додека досега седевме на две пијачки,од сега ќе седиме на една,јас ти тој...Додека пиевме во кафана по 7 сааати и правевме цех од над 6000 денари,сега јас ти и тој ќе седнеме да апнеме со една пијачка и магла надвор.Јас ти и тој ги имаме истите пари,оти не работиме како келнери и газди на угостителство.Затоа ни останале пари за чоколадце и даваме во други сектори.Но!Кафаната досега имала промет од 1000 евра,имала 10 вработени,кога јас ти и тој нема да пиеме толку,таа ќе има промет од 600 евра.Сега таа ќе ги намали трошоците и ќе избрка двајца келнери кои се вишок.Газдата на кафаната нема да тера луксуз со што ќе купува чоколада од Витаминка,туку ќе ги стега тие намалени пари.Келнерите што се избркани нема да одат на кафе и нема да имаат во џеб 10 000 денари,туку ќе седат дома.Државата ги губи придонесите,а данокот на добивка го преполовува од кафаните.Цел сектор не вади пари колку што вадел,не произведува како поинаку да ти го објаснам ова незнам освен да нацртам.Значи јас ти и тој остануваме со исти пари,оние намалуваат со пари.Кога оние намалуваат вклучувајќи го и Охрид,намалува и делот во буџетот од туризам и угостителство.Јас ти и тој не сме моќни да префрлиме толку пари во други сектори,бидејќи оваа е цела гранка која не произведува доволно пари.Кога јас ти и тој ќе заштедиме пари од неодење во кафани,(кафана и чоколадо нема иста цена) ќе ги дадеме да прошетаме до Рим, Виена бидејќи доста ни е од Охрид.Или ако ти не одиш јас и тој ќе одиме надвор со тие пари.
Ова се вика проекција на текови,има и цел систем на показатели кои се мерат и се стасува до план.Од планот се прават приходи и расходи за понатаму.Ова е економија,не е политика.Не го кажувам од стојалиште на пушач,баш ќе ми заштеди некој денар законов.
Ме разбираш ли сега или да цртам?