Расчистување на дилемите за Венко Марковски

N

n/a

Гостин
Му го извадиле мозокот и срцето бе... :tapp:
Аууу, заебано племе у.п.м.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Pogorniov tekst "Срцето на Венко во тегла со формалин" odi so ovoj "tolkovnik":

УВОДНИК

Мали тегли за големи луѓе

Венко и дваесет години по смртта ни држи час. Сака да ни каже да престанеме да произведуваме нови предавници, бугарофили, србофили, југоносталгичари, антички Македонци, Словени... Дали гледате каде завршуваат делбите на патриоти и предавници? Во мали тегли за големи луѓе. Во 40 отсто воден раствор на формалдехид

Големиот поет Венко Марковски немаше среќа ни жив ни мртов. Овде му ја извадиле душата додека бил жив, а кога починал Бугарите му ги извадиле срцето и мозокот. Почива поделен на три дела, меѓу зафрлена алеја на софиските гробишта и правлива полица во депо на бугарскиот историски музеј. Страшна е таа морничава симболика на Венковата судбина, која во суштинскиот код е речиси идентична со историското минато на поделби на Македонија. Се прашувам, што ли мисли извесната чистачка Е.М. со плата од 228 лева, со основно образование, со љубов кон фолк-музиката и со целосно отсуство на интерес за поезија, кога еднаш неделно по службена должност ги разместува двете тегли со човечки органи за да го избрише од нив музејскиот прав? Се прашала ли некогаш чие е тоа срце и зошто се наоѓа во мракот на депото? Дали некогаш и' се затресла раката затоа што ја знаела тајната на музејот? А можеби и не знаела ништо. Можеби на двете тегли со човечки органи не било напишано името на човекот чие срце некој го извадил за потребите на бугарската историска колекција. Можеби на теглите стоел само архивски број, нешто во стилот „срце број 2/88“?
Драги Македонци, големи, средни и мали патриоти, функционери, бивши и сегашни политкомесари, лидери, историчари, дилери на национална свест, политиканти, книжевни критичари, рецензенти, спин-доктори, поети и академици..., ви ја раскажувам оваа тешка и тегобна приказна вам, бидејќи и денес во вашата „дејност“ се' уште давате максимален придонес да продолжи тоа што морало да биде запрено уште пред половина век, а не било сторено. Дали гледате каде завршуваат делбите на патриоти и предавници? Во мали тегли за големи луѓе. Во 40 отсто воден раствор на формалдехид. Дали тој стаклен сад е достојно „место“ за каков било спомен или за нечија историја?
Извесната музејска чистачка Е.М. со плата од 228 лева и со лабав однос кон домашната кујна, во такви тегли чува слатко од карнобатско грозје, мармалад од старозагорски тикви, две дози домашен ликер „ораховка“ и ситни пари што и' ги враќаат како кусур во маалската продавница. Само ние подготвуваме човечки судбини за во тегли. Ги препарираме луѓето додека се живи, им го замешуваме формалинот, им ја вадиме душата, им лепиме етикети, им отвораме живи рани, им буричкаме во дамарите, во уста им ставаме зборови што никогаш не ги изговориле и така „ребрендирани“ ги испраќаме во неврат. Тогаш не треба да не' чуди што на други им останува уште да им го извадат срцето, тогаш кога и физички ќе умрат.
Срцето на Венко не може да и' служи на ничија историја. Може да служи само за поука на оние што уште не сфатиле дека неговото срце остана во неговата поезија. Тоа што се чува во музејот е само материјална рефлексија на неговите стихови, ставови, размислувања... Поезијата не се откорнува со скалпел, ниту се чува во раствор, иако македонските книжевни кругови со години се обидуваа поезијата на Венко да ја удават во формалин.
Венко и дваесет години по смртта ни држи час. Се обидува да ни каже да престанеме да произведуваме нови предавници, бугарофили, србофили, југоносталгичари, антички Македонци и Словени, оти по толку поделби нема да остане ни еден Македонец во земјава. Сите ли ќе ги протераме? Колкава е „предавничката квота“ што треба да ја исполниме, за конечно да заврши нашата вековна диференцијација и самоуништување?
Денес никој нема морално право да ги обвинува луѓето што земале бугарски или друг пасош. Прашајте се зошто го направиле тоа? Што друго им останало ако им ги зеле душата, правото на работа, правото на парче леб, правото на достоинствен живот.
Власта и опозицијата најмалку имаат право да обвинуваат, да ги пребројуваат луѓето и да прогласуваат подобни или „чистокрвни“ Македонци. Тие се најодговорни што по и 17 години самостојност единствена фабрика што работи турбо и во време на светска криза е онаа што произведува адитиви за нагласување на националниот идентитет. Таа фарса мора да престане.
„Патриоти“ од сите партии, баталете ги спомениците, кавгите и делбите, отворете погони и обезбедете работа за граѓаните на земјава. Само така ќе се намали бројот на туѓите пасоши, само така куќите ќе се наполнат со деца, училиштата со ученици, селата со луѓе, теглите со зимница, а Македонија со Македонци.
Тогаш ќе се види кој е патриот.
Катерина Блажевска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6ED5C97C5BAFBD41B87E251E05893755
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Но стара бугарска традиција била да се чуваат човечки органи од познати личности.
Диво татарско племе.Од ген нема бегање.:tapp:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Vo Utrinski zapochna feljton za Venko.

Фељтон
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (1)

Зошто големиот Македонец стана Бугарин
Виктор Цветаноски

Венко Марковски, еве, неколку месеци ја бранува македонската јавност. Oдново се на преиспитување делото и животот на човекот чии стихови во годините на Втората светска војна и по неа го јакнеа македонското национално чувство и патриотизам и го зацврстуваа борбениот дух на борците во антифашистичката борба. Но, истовремено се поставуваат прашања зошто овој познат Македонец во шеесеттите години од минатиот век пребега во Бугарија и таму стана голем Бугарин.

Претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов побара „Македонецот Венко да им се врати на Македонците“, подвлекувајќи притоа дека е направена „литературно-историска грешка што долго се провлекувала во нашата историја на литературата“. Според него, основоположник на современата македонска литература не е Кочо Рацин, туку Венко Марковски. „Несоборлив е историско - книжевниот факт дека ’Народни бигори’, и веднаш по неа ’Огинот’, се првите современи збирки-песни објавени воопшто на македонски јазик и дека, според тоа, во почетокот на сите почетоци на современата македонска поезија треба да стои името токму на Венко Марковски. Нему му принадлежи епитетот на прв поет меѓу основоположниците на современата македонска поезија. Тој факт во нашата литературна историја беше затемнет и подолго време не се земаше предвид, при што обично се имплицираа главно политички причини“, пишува академик Старделов во книгата за основоположниците на современата македонска литература.


Венко Марковски на Голи Оток помина пет години

Кој е Венко Марковски? По што остана запаметен и со што ја задолжи Македонија и македонската нација? Како дојде до неговото одродување? Околу неговото име и дело постојат повеќе контроверзии и поделени мислења. За едни е голем поет и основоположник на поновата македонска литература, вљубеник во слободата на Македонија, Македонец кој бил присилен од тогашниот комунистички режим да пребегне во Софија. За други, кои не му го оспоруваат неговиот придонес во литературата и македонската национална борба, тој бил нестабилна личност, славољубив, кариерист, додворлив и предавник на македонската кауза, човек кој згазнал врз своето национално достоинство, определувајќи се како Бугарин, негирајќи ја притоа македонската нација и јазик за што жестоко се борел во годините пред тоа.

Венко Марковски е роден во Скопје во 1915 година. Неговото вистинско име и презиме е Велјан (Венимијанин) Тошев, а псевдонимот Венко го зел како гимназијалец кога имал 13-14 години. Во 1937 година, во времето на суровиот режим на Србите во Кралска Југославија, пребегал во Бугарија, каде што завршил Филолошки факултет. Таму другарувал со познати македонски револуционери кои отворено се спротивставувале на големобугарските аспирации спрема Македонија, како што се Ангел Динев, Крсто Гермов -Шакир, Христо Калајџиевски, Митко Зафировски и други. Подоцна станал член на Македонскиот литературен кружок формиран од Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов, Ѓорѓи Абаџиев, Михаил Сматракалев, Димитар Митрев и други.

Бунтовната поезија на Веко Марковски нема да остане незабележана од тогашната профашистичка власт на Бугарија. Неговата „Бие дванаесет“ од полицијата ќе биде протолкувана како повик за уривање на постојното државно уредување. Затоа ќе биде затворен и интерниран во концентрациониот логор за комунисти „Гонда Вода“, а оттаму во новоформираниот концлогор „Ени Ќок“, каде што ќе остане речиси две години. Од заточеништво ќе го спаси познатиот штипјанец Тодор Павлов, голем авторитет во комунистичка Бугарија, кој за цело време ќе го поддржува и ќе пишува во суперлативи за неговата поезија, споредувајќи го со познатиот бугарски поет Христо Ботев и нарекувајќи го ’нов Пушкин’.



Павлов, кој едно време ќе биде во затвор заедно со Венко, откако ќе дознае дека неговиот пријател е болен, ќе испрати писмо до тогашното Министерство за внатрешни работи на Бугарија во кое ќе го предупреди министерот оти ќе сноси голема одговорност ако дозволи во концлогорот да умре од ТБЦ така голем поет каков што е Венко Марковски. Таквото предупредување ќе даде резултат и Венко ќе биде префрлен во еден санаториум крај Софија и по шестмесечно лекување пуштен на слобода.

Во Софија нема да остане долго. Заедно со сопругата Филимена и четиригодишниот син Миле ќе се врати во Македонија и двајцата ќе им се приклучат на партизаните. Според некои тврдења, Венко станал член на Главниот штаб и учествувал во пишувањето на Манифестот. Тогаш ги напишал и познатите песни „Марш на паднатите„, „Орлите над Македонија“, „Заветот на Караорман“ и други песни со кои го јакнел борбениот дух на борците.

Венко Марковски вршел и повеќе политички функции. Бил во првиот состав на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ формиран во ноември 1943 година. Како делегат учествувал и на Првото заседание во „Св. Прохор Пчињски“ и бил избран за член на Президиумот, а бил и член на АВНОЈ.

Меѓутоа, тој набргу станал црна овца и бил непожелен за тогашните први луѓе на власта. Корените за судирот со тогашната комунистичка елита и неговата елиминација од политичката сцена до која ќе дојде подоцна можеби треба да се бараат уште во деновите кога бил во партизани. Есента 1943 година за време на првото ослободување на Кичево биле заробени Германци. Тогаш дошло до преговори за нивна размена. Бидејќи Германците немале заробени партизани, било решено да се бара ослободување на некои македонски борци кои биле во бугарските затвори. Во дискусијата кој да биде побаран за размена дошло до жесток судир меѓу Венко Марковски и Светозар Вукмановиќ – Темпо. Венко инсистирал за Германците да биде разменет Павел Шатев, а Темпо, Лазар Колишевски. До размена не дошло, но последиците од таа караница ќе ги почувствува Венко подоцна.

До нови судири ќе дојде и за време на создавањето на македонската азбука и кодификација на македонскиот литературен јазик, кога Венко нема да се согласи со некои решенија. Набргу потоа првите луѓе на власта ќе му дадат на знаење дека не е пожелен повеќе во политиката. Дури ќе го исклучат и од партијата во 1946 година. Кобна за него ќе биде една средба во Белград кога заедно со Павел Шатев и Димитар Влахов се сретнале со В’лко Червењаков и Тодор Павлов, бугарски делегати кои учествувале на Сесловенскиот конгрес. Ќе биде обвинет дека пред нив изнесувал невистини за македонското раководство. Тогаш и Павел Шатев ќе биде сменет од прв потпретседател на Президиумот на АСНОМ.

Напоредно со политичката дисквалификација ќе започне и кампања против неговото творештво. Критиките за неговите книжевни дела ќе бидат се' понегативни, а суетниот Венко, кој дотогаш бил величан како најголем македонски поет, врз чии текстови биле компонирани партизанските маршеви, не ќе може да се помири со тоа и ќе се најде во немилост.

За време на Информбирото ќе му биде зададен последниот удар. Ќе биде затворен како „предавник на македонскиот народ“. Прво ќе биде суден во 1950 година и ослободен, но затоа пак во 1955 година нема да му простат, ќе биде испратен пет години на озлогласениот Голи Оток каде што со невидена репресија беа „превоспитувани“ сите оние комунисти кои се нашле на страната на Сталин во судирот со Тито. Во пресметката со него ќе страда и неговото семејство и сите роднини и пријатели. Тогаш околу дваесетина лица биле затворени, а семејството интернирано во Кичевско.



По враќањето од Голи Оток, и натаму продолжило систематското уништување на Венко како човек и како творец. Неколку години не ги уживал ни основните граѓански права, а она што било најболно никој не сакал да ги печати неговите творби. Тие години видот се' повеќе почнал да му слабее, а македонската комунистичка власт на изненадување на многумина му издала пасош за да се лекува во странство. По операцијата, во 1966 година од Одеса директно заминал во Бугарија, каде што почина во 1988 година.

Бугарите ќе го пречекаат со раширени раце и ќе му ги дадат сите привилегии што може да му се дадат на еден човек. А тој за возврат од голем Македонец ќе се претвори во голем Бугарин. Бугарската пропаганда мошне успешно ќе го искористи во антимакедонската кампања. Тој ќе напише повеќе книги во кои ќе ја негира македонската нација и јазик. По неколку години, во Софија ќе му се приклучат и неговата сопруга Филимена и синот Миле, кој под неразјаснети околности загина во сообраќајна несреќа.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CE90E44AFEE334B957953A89505C280
 
N

n/a

Гостин
Интересно :) .
(или глупоста нема крај,поинаку кажано).
Не,јас стварно сакам да дискутирам.
И да увидам,разберам како сакате да рехабилитирате и помакедончите човек кој што Е :
Венко Марковски е:
-Херој на Р.Бугарија
-Херој на социјалистичкиот труд
-Член на БАН (бугарската академија на науките)
-Член на неколку бугарски собранија (по денешен терк парламенти)
-член на бугарското друштво на писатели.

-`човек` за кој што Тодор Живков у замена има положено сериозни гаранции и го има лично измкнато од Македонија
-`човек` кој што до крајот на животот располагал со државна издршка,луксузна вила,службен автомобил,шофер и обезбедување во НР. Бугарија.

:toe:
Ви звучи...
ОСТВАРЛИВО,РЕАЛНО ?
Венко Марковски... `македонецот` :nesvest: .
Доообро,браво. :pos2:
А Димитар Талев онда?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Зевсе знам дека од омразата што ја имаш во себе тешко ти е да сватиш дека Венко може да биде и на Бугарите и на Македонците.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
N

n/a

Гостин
Зевсе знам дека од омразата што ја имаш во себе тешко ти е да сватиш дека Венко може да биде и на Бугарите и на Македонците.
???
Добро бе... со што се дрогирате вие по партиски штаб на дпбне?
И јас сакам вакво,жими се.
:toe:
И како бе тоа Народен Херој на Бугарија,член на БАН,член на бугарскиот парламент итн, може да биде заеднички?
На сила му местеа ордени...
не разбирам,појасни.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
???
Добро бе... со што се дрогирате вие по партиски штаб на дпбне?
И јас сакам вакво,жими се.
:toe:
И како бе тоа Народен Херој на Бугарија,член на БАН,член на бугарскиот парламент итн, може да биде заеднички?
На сила му местеа ордени...
не разбирам,појасни.
Македонија му е во срцето, тоа истото кое комуњарите на чело со Лазо Колишевски и КПМ, денешно СДСМ му го раскинаа.
Сакаш слика од срце распукано да ти најдам ?
 
N

n/a

Гостин
Македонија му е во срцето, тоа истото кое комуњарите на чело со Лазо Колишевски и КПМ, денешно СДСМ му го раскинаа.
Сакаш слика од срце распукано да ти најдам ?
Аха.
Поезија е интересна `гранка`. Поштуем :).
Али у животот работите се конкретни.
:toe:

Јас сеуште чекам одговор за само една заслуга на Венко кон Македонија.
Внимавајте.
Лично ме интересирале и он и Талев...
и знам се !
Апсолутно се.
Ајде баба... ти почни од пред II Светска војна и неговото членство у КПБ.
Објаснувај.
Пеј.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ова поделбиве на Македонците добро ви одат.
Ај тој од кој се клонирата, Бранко Црвенковски чие дете беше ?
 
N

n/a

Гостин
Ова поделбиве на Македонците добро ви одат.
Ај тој од кој се клонирата, Бранко Црвенковски чие дете беше ?
Јас сеуште чекам одговор за само една заслуга на Венко кон Македонија.
САМО ЕДНА !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom