Расчистување на дилемите за Венко Марковски

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
На 17 октомври 1979 година за софискиот весник „Труд“, Венко ќе изјави: „Роден сум во Скопје, во бугарско преродбеничко семејство... Во суштината на моето творештво секогаш била Бугарија... Моето постоење е незамисливо без Бугарија“. Со ваквите определби Венко Марковски и не стори бог знае каков грев кон Македонците. Тој, во неговата нова татковина, во Бугарија, само го искористи правото на слободно декларирање на својата национална определба. Неговото помалку предавничко, а повеќе злосторничко дело кон Македонците, на чиј род, според личното декларе, му припаѓаше цели пет децении од животот, се' до заминувањето во Бугарија, е содржано токму во неговото творештво. Според академик Гане Тодоровски, „оваа наша Македонија не смее ни да помисли да му укажува рехабилитациско внимание, или не дај боже аболициско, на Венко Марковски, меѓу другото, затоа што ја состави книгата „Крвта вода не станува“, објавена во Бугарија во 1983 и 2003 година, во која буквално вели: „... Македонската нација не постои, затоа не е факт, затоа што македонската историја, македонската литература, македонскиот јазик не постојат, затоа не се познати во светот и не се признати факти. За науката Македонија е географски термин, а Македонците се Бугари...“
Ја не ја разбирам (односно ја разбирам) ПОТРЕБАТА на оваа власт за вметнување на благо речени контроверзни личности во историјата во време на ПОЛИТИЧКО ЕКОНОМСКИ ТУРБУЛЕНЦИИ.

Венко можеби почнал како Македонец, но КОС се потрудила млекото мајчино да му го загорчи, по што пребегал во Бугарија која го прифатила и удомила БУГАРИЗИРАЈКИ ГО по негова слободна воља.

ПА ДА ГО ЕБАМ ЈА ВЕНКО ОДРОДОТ ако една КОС и еден ОТОК биле доволни за да плукне на се МАКЕДОНСКО...


ЧЕНТО УМРЕ за оваа земја и помина полошо од Венко, токму од таа КОС...па не избега и не СЕ одрече од овој народ и земја

да им се плукнам и на овие денес кој ФОРСИРААТ И ФИНАНСИРААТ БУГАРСКИ РЕХАБИЛИТИРАЊА , па дури и награди за бугарштина делат.


---------------


СО ИСТА ВАКВА ПАРАЛЕЛА плукам на Ванчев, кој прогонот од КОС и вдомувањето во удобната Канада беше доволен да го доближи до Бугарите...
 

daryll

борец за справедливост
Член од
18 декември 2008
Мислења
231
Поени од реакции
3
Со цел памет...
еден ешалон `историчари` се трудат да ме прават будала и сакаат да ми `објаснат` дека тута-бугарот Венко (херој на Р.Бугарија) е борец за Македонија. :nesvest: :pos2:
Слична ваква расправа пред некое време имав и околу Тодор Александров.И таму истите фаци `ми објаснуваа`.
Знаете што?
Да ви ебам матер у пичка предавничка јас на вас,племето бугарско да ви се затре.
И да прекинете да го мавтосуете народов со споменици на Александар,дрн-дрн...
до еден сте тута-бугари.
Обичниот вам бугарски народ има една многу кратка песна:

Наj ми е рахат да резна ср'бски врат,
уж роден брат, а е нај-мр'сна гад!
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
А бе не заебаваш ? :pos2:
Ај ќе ти пишам утре уште малку повеќе за да отвориш очи и да го погледнеш светот онаков каков што е.
Te mislev popameten ama ti si bil cudo od izrod, ajde site sto bile clemovi na BKP da gi proglasime za predavnici samo ovie na KPJ se heroi, a sto pravime so nekoj sto bile clenovi i na Vmro, posle na BKP i na kraj KPJ, edem od niv e Dimitar Vlahov ( samo za primer) denes naroden heroj vo MK.
 
N

n/a

Гостин
Кај виде ти дека плукнал на се Македонско?
:pos2:
Прати го текстот.
Знаеш ли зошто?
Затоа што со крв е платена таа Битола бе Тута...
дур твојте пиеле ракија со бугарите.

И не ја давам.

Обичниот вам бугарски народ има една многу кратка песна:

Наj ??? ми е рахат да резна ср'бски врат,
уж роден брат, а е нај-мр'сна ???? гад!
Знаеш што ми е едино јасно ко бел ден од овој текст?
Дека си уште една Протоѓеровска,Каракачановска,Марковска,Талевска ако сакаш...
свиња од Македонија.
Што се прави на бугар.

Научи да пишуеш по бугарски... :wink:

Еј мори моме...
како да речам...
за Стамбола,за Солуна...
неа не давам.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (4)

Венко е наш, ама ние не сме негови
Виктор Цветаноски

Венко Марковски e уникатен образец на национален родоотстапник и дисидент-еретик, одречувач на се' што е македонско, вели академик Гане Тодоровски

„Не само што не ги споделувам, туку и категорички ги отфрлам заложбите за некакваси (апстрактна по суштина) рехабилитација на дводомниот македонски и бугарски писател Венко Марковски. Ова го чинам од проста причина што сум наполно свесен дека располагам со право на свое мислeње како литературен историчар, кој професионално веќе повеќе од половина век се занимава со проучување на подалечното и поблиското македонско културно-политичко минато.

Сите оние што умеат и сакаат да го растолкуваат правилно значењето на зборот рехабилитација ќе се сетат дека станува збор за воспоставување, т.е. враќање на изгубените права, односно враќање во поранешна состојба и враќање на добриот глас, т.е. честа! Ништо од сето ова не би можело да се оствари доколку се врзува за името на писателот Венко Марковски, кој е мошне уникатен пример и образец на национален отпадник, одметник, родоотстапник и дисидент-еретик, одречувач на се' што е македонско: национална самобитност, јазик, култура и историја, денешнина и утрешнина“, вели академик Гане Тодоровски.

Според него, не се во право сите оние што во име на некакво божемно слободоумие, наспроти коравото и фанатично едноумие на бранителите на македонската идеја, се залагаат за враќање на невиноста на предавникот Венко Марковски. „Јалови се нивните заложби и разгласи со повишен тон. Не настојувам да препознаам никакви отклони од безусловната припадност на сите веќе пројавени дискутанти и стихијни учесници во јавната дебата за Венко Марковски кај нас. Немам намера ни да им ги спомнувам имињата, иако е потребно тоа, но бездруго уште ќе се расправа кај нас за овој контроверзен автор, со чие дело (македонскиот опус) ќе треба понашироко да се запознае јавноста. Впрочем, и досега, барем во годините на речиси дведецениската самостојност и независност, за Венко Марковски се зборувало и пишувало“, подвлекува македонскиот академик.

Гане Тодоровски смета дека ова е добар повод токму сега, кога кулминира зафатот да се говори за Венко Марковски посестрано, да се каже дека е пожелно македонската денешнина да ги елаборира, особено во домените на литературната наука, дилемите и недоумиците на одделните творечки личности, кај кои процесите на двојбата биле поекстремно изразити и изразени. Животот и делото на Венко Марковски се мошне погодна илустрација за таквите примери. Венко живее и работи во две блиски и историски преплетени и културно обединети национално-етнички средини, пишува на два јазика (македонски и бугарски), па со самиот тој свој статус на билингвален автор е жив пример на дводомен писател.

„Овој термин во поново време е мошне чест во науката за литературата и подотвора врати на поразумна толеранција на многуте и честите двојства што ги имаме во европскиот и особено во словенскиот и балканскиот круг народи. Меѓутоа, за жал, Венко Марковски, како дводомник е посебно и уникатно поглавје во историјата на литературите на народите што подзадоцниле да се појават на историската сцена. Таков е поради своите неконтролирани и политички и морално и секако неприфатливи груби и невкусни негации на сопственото потекло. Таквата автодисквалификација не ни дава никакво право да му подариме прошка“, оценува академик Гане Тодоровски.

Притоа, тој потсетува дека во текот на 1981 година (првото издание) и во текот на 2003 година (второто издание) се појавила од печат Венковата антимакедонска книга „Крвта вода не бидува“, на четиристотини страници.

„Тоа е книга во која Венко Марковски го кажува или го потпишува она што други му го напишале, кое гласи: ’...Македонската нација не постои, затоа не е факт, бидејќи македонската историја, македонската литература, македонскиот јазик не постојат, затоа не се ни извесни и признаени факти во светот. За науката Македонија е географски термин, а Македонците се Бугари‘.



Не апелирам ниту, пак, ги повикувам Венковите лобисти во Република Македонија да ја почитуваат оваа книга претрупана со гневни и груби негации на македонството. Меѓутоа, должен сум да предупредам дека незнаењето не оправдува никого. Оттука, заложниците за рехабилитација на родоотстапникот Венко Марковски нека се подзамислат дали е ред да ги убедуваме своите потомци да ги слават антихероите?“, предупредува нашиот познат историчар на македонската литература.

Академик Гане Тодоровски животната врвица на Венко Марковски ја нарекува душогубица, според името на кичевското село Душогубица. „Душогубица е збор што го нема во Речникот на македонскиот јазик; тој е име на село во западна Македонија, во регионот на Кичевско, над селото Извор, токму на свиокот на патот што води накај Ехловец, низ Јама и излегува на Бошков Мост пред Дебар. Значи, Душогубица е топоним. Легендата го објаснува овој збор (раритетен и сликовит) како асоцијација за изнемоштеност, премаленост и алипност, буквално: губење на силата при искачување по стрмнините накај селото забегано кон непристапните височини. Во контекст на Венковата судбина овој топоним станува синоним на забеганост кон височини и како патека по која се губат душата и силата“, заклучува академик Тодоровски.

Истото мислење на академик Гане Тодоровски го дели и Бошко Нацевски, кој како постојан дописник на „Нова Македонија“ од Софија во осумдесеттите години на минатиот век имаше можност да ги следи антимакедонските ставови на Венко Марковски. Тој вели дека е потребно за недоволно упатените човечкиот и творечки портрет на поетот да се претстават во вистинската светлина и димензија за дефинитивно да се растера маглата, посебно од пред очите на оние кои нештата ги гледаат со значително изместена диоптрија.

„Предлогот на неколкутемина македонски творци, меѓу кои челничи актуелниот претседател на МАНУ, академик Ѓорѓи Старделов, ’Македонецот Венко постхумно да им се врати на Македонците’, што според нивни мерила би бил потег со историски значајна димензија за македонската литература и демократија, ако се имаат предвид вистинските аспекти и димензии на случајот - е барање на неможното и илузорното. Таквото инсистирање може да се смета или како ординарен лаицизам, потпрен на некаков евтин емотивен набој, изнасилен до степен на класична театралност, или како фалинка во структурата на менталното рацио“, подвлекува Нацевски во колумната за „Утрински весник“.



Според него, Венко Марковски, едноставно, не е можно како Македонец да им се врати на Македонците. Не поради фактот што тој веќе е покоен, туку поради ноторната вистина дека како жив и во време на својот творечки зенит во бројни дела, интервјуа, јавни трибини и тестаментално ја профилирал и утврдил својата припадност кон бугарскиот род. „На 17 октомври 1979 година за софискиот весник ’Труд‘ Венко изјави: ’Роден сум во Скопје, во бугарско преродбеничко семејство... Во суштината на моето творештво секогаш била Бугарија... Моето постоење е незамисливо без Бугарија‘. Со ваквите определби Венко Марковски и не стори бог знае каков грев кон Македонците. Тој во својата нова татковина, во Бугарија, само го искористи правото на слободно декларирање на својата национална определба. Неговото помалку предавничко, а повеќе злосторничко дело кон Македонците, на чиј род, според личното декларе, му припаѓаше цели пет децении од животот, се' до заминувањето во Бугарија, е содржано токму во неговото творештво“, нагласува Нацевски.

Тој вели дека четири години пред појавата на „Крвта вода не станува“, во 1979 година во Софија, како прилог кон јубилејната прослава 1.300 години од создавањето на бугарската држава, од печат излегол „Бугарскиот епос“ на Венко Марковски „Преданија заветни“, што е, според Нацевски, демонстрација на брутално и бесрамно негирање на се' што е македонско - народ, држава, црква, историја, творештво, јазик, фолклор, култура. „Злобата на поетот во фабрикувањето памфлети на адреса од македонското национално битие на 467 страници еволуира до степен на лудило. Во втората песна на Петнаесеттото предание, поетот ги нуди и следниве тези: ’Белград ги претвора Бугарите во Македонци. Скопје кова огромни фалсификати. Од еден народ се создаваат два народа. Од еден јазик прави два јазика...‘ А по смртта на Венко, истите овие негаторски ставови за потребите на бугарската антимакедонска пропагандна машинерија, во многу пригоди, ги протураше неговата сопруга Филимена Марковска“, подвлекува Нацевски.

utrinski.com.mk
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Кај виде ти дека плукнал на се Македонско?

во цитатот погоре, цитатот подоле,ако не во него во сведочењето на омопирин...од секаде

слепа желба или намера на рехабилитација на се бугарско ... мода или болест во последно време

Роден сум во Скопје, во бугарско преродбеничко семејство... Во суштината на моето творештво секогаш била Бугарија... Моето постоење е незамисливо без Бугарија‘.


ПУ...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
слепа желба или намера на рехабилитација на се бугарско
Нит е моја лична желба, ниту пак намера да се рехабилитира Венко Марковски.

Само не можам да поминам покрај некои работи, да викам „не е време“ ниту пак да ги премижувам и да викам „не пипај таму“ како што 50 години викаа српските вазали тука во Македонија.

Старделов, сегашниот претседател на МАНУ му беше најдобар пријател на Венко Марковски.

Синот на Венко Марковски го убија затоа што се декларираше Македонец.

Венко пишуваше поезија во која ги величеше Тито и Југославија.

Венко е борец на НОБ. И пофален па и награден за тоа.

Венко е и еден од авторите на азбуката на која пишуваме моментално.

КПМ по конституирањето на ФНРЈ, крстила улица во Битола по Венко Марковски, за по некое време да ја преименува.

Секој објект и субјект има црна и бела страна. За да се решиме веќе еднаш, мора да се најдеме во сивата зона!

Гоце Делчев е апостол на Македонската револуционерна борба, а бил учител во бугарско училиште...

Ѓорче Петров, другар на Гоце, заедно го пишувале уставот на Организацијата - бил министер за внатрешни работи на Бугарија.

Христо Татарчев пак му бил најдобар пријател на Ванчо Михајлов...


И НИВ ЛИ ЌЕ ГИ НАРЕЧЕШ БУГАРИ!?

Престанете веќе со делбите! Мора да се направи целосна и темелна анализа и веќе еднаш конечно да се дефинира текот на Македонската борба за национална слобода! Од Антика до денес!

Мене додуша не ме ни интересира кој какви врски со кого имал, мене ме интересира денеска што се прави, а денеска страшно се манипулира сегашноста со сегменти од минатото. И ќе се манипулира и понатака додека не се расчисти со минатото!
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Ја не ја разбирам (односно ја разбирам) ПОТРЕБАТА на оваа власт за вметнување на благо речени контроверзни личности во историјата во време на ПОЛИТИЧКО ЕКОНОМСКИ ТУРБУЛЕНЦИИ.

Венко можеби почнал како Македонец, но КОС се потрудила млекото мајчино да му го загорчи, по што пребегал во Бугарија која го прифатила и удомила БУГАРИЗИРАЈКИ ГО по негова слободна воља.

ПА ДА ГО ЕБАМ ЈА ВЕНКО ОДРОДОТ ако една КОС и еден ОТОК биле доволни за да плукне на се МАКЕДОНСКО...


ЧЕНТО УМРЕ за оваа земја и помина полошо од Венко, токму од таа КОС...па не избега и не СЕ одрече од овој народ и земја

да им се плукнам и на овие денес кој ФОРСИРААТ И ФИНАНСИРААТ БУГАРСКИ РЕХАБИЛИТИРАЊА , па дури и награди за бугарштина делат.
Treba da prochitash malku poveke i da se obidesh da razmislish, se razbira ako mozesh. Ako eden Akademik, predsedatel na MANU Gorgi Stardelov, poetot Branko Cvetkovski, narodniot heroj Zabzanoski-Ruski, teatrologot Risto Stefanovski (chii sekjavanja mozesh da gi prochitash), Prof.dr. Pavle Mitevski i dr se predavnici i se poneupateni od tebe i akademik Gane Todorovski sekoja "chest". No neshto ili neznaesh ili i ti kako Gane zaboravash, Ganevata zaljubenost vo "Majka Srbija" koja ja opea vo pesna.




Прегледај го приврзокот 10292 Прегледај го приврзокот 10293

Прегледај го приврзокот 10294 Прегледај го приврзокот 10295

Прегледај го приврзокот 10296



СО ИСТА ВАКВА ПАРАЛЕЛА плукам на Ванчев, кој прогонот од КОС и вдомувањето во удобната Канада беше доволен да го доближи до Бугарите...
Za ovaa tvoja izjava baram dokaz.
 
N

n/a

Гостин
^
Bullshit.

Венко искочил од тогашна Југославија после преќутна дозвола и тоа од највисоко ниво,а по барање на Тодор Живков.
Сите други `фатаморгани` као демек го пуштиле на лекување пошто тоа магаре било демек тешко болно па он ги поебал службите и пази молим те место на лекување отишол у Софија се конструкции на истата таа ДБ за полесно објаснување пред народот зашто уствари он е... помилуен.

Исто како што онаа лисица од Бај Тошо (Тодор Живков) му има издејствувано долговечност и издршка и на Иван Ванче Михајлов,иначе по примерот на многу други народни непријатели и дисиденти Ванче би добил секира у тил.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Вистините и контроверзиите за Венко Марковски (5)

Бил против српски букви во македонската азбука
Венко протестирал поради тоа што не била прифатена азбуката на првата Комисија составена од најдобрите познавачи на македонскиот јазик
Виктор Цветаноски



Првиот повидлив судир на Венко Марковски со тогашните пројугословенски партиски кадри бил за време на создавањето на македонскиот литературен јазик и азбука. За време на расправите во Првата комисија за кодификација на македонскиот јазик, тој заедно со д-р Ѓорѓи Шоптрајанов, Ѓорѓи Киселинов, Ристо Проданов и други ќе се залага јазикот на македонското централно подрачје на кој пееле тој, Кочо Рацин и Коле Неделковски да биде земен за основа на македонскиот литературен јазик и бил против обидите во азбуката да се земат некои српски букви. Комисијата дефинитивно ја утврдила азбуката, а на седницата на Президиумот на АСНОМ, Венко Марковски дал пошироко објаснување околу расправата и дилемите што ги имале.

Меѓутоа, Президиумот ја одложил конечната одлука за прифаќање на азбуката. Страхил Гигов предложил Президиумот да не зазема конечно решение за, како што објаснил, да не се отвора во јавноста широка дискусија која можела да биде штетна за македонската држава. За да се даде поголем научен авторитет на целата таа работа, предложил да се повикаат од Москва светски познатите стручњаци за славјанска филологија и најдобрите познавачи на јазиците на балкански народи: Берштејн и Державин.

Очигледно е дека тоа не бил вистинскиот мотив за одлагање на конечното решение за прифаќање на утврдената азбука, што може да се заклучи и од тоа како се одвивале настаните подоцна. Тоа најдобро може да се види и од писмото на ЦК КПМ испратено до ЦК КПЈ, потпишано од Лазар Колишевски во кое состојбата е претставена подраматично отколку што ја образложил Гигов. Во писмото навистина се бара ЦК КПЈ да помогне да дојдат советските стручњаци, но наведените причините се други.

Се тврди дека Македонија со сопствени сили не е во состојба да го реши тоа прашање како што треба и дека се појавиле разни тенденции што можеле лошо да се одразат врз политичкиот живот на македонскиот народ. „Разни елементи, кои уште не сраснале со Федеративна Југославија, би го искористиле и се обидуваат да го искористат прашањето на нашата азбука за да внесат раздвојување на нашиот народ и да го оддалечат од Федеративна Југославија“, стои во писмото. Промакедонските кадри биле тие елементи кои не сакале да биде прифатена српската азбука, меѓу кои бил и Венко.

Тогаш работата во свои раце ја зел Агитпроп на ЦК КПМ и во расправите што се воделе учествувале и партиски раководители. Во знак на протест д-р Ѓорѓи Шоптрајанов одбил да работи во Втората комисија, а Венко Марковски, иако не се согласувал со нејзиното формирање, сепак, останал да работи во неа. Како што истакнува д-р Стојан Ристески, тој категорично бил против употребата на српските букви Ѓ и Ќ и побарал неговото мислење да се издвои, но на тоа се спротивставила Лилјана Чаловска, барајќи од него по секоја цена да го брани заедничкиот став и да се покорува на дисциплината.



Втората комисија ја освоила српската кирилица плус буквата Ѕ, што наишло на реакција кај голем број интелектуалци и раководни луѓе во Македонија. Гласовите за тоа стасале и до ушите на првите луѓе на ЦК КПЈ, кои побарале веднаш во Белград да дојдат Веселинка Малинска, Блаже Конески и Венко Марковски за дефинитивно да се средело прашањето со македонската азбука. Таму ги примил Милован Ѓилас, кој според д-р Виолета Ачкоска, инсистирал на српската варијанта, на што реагирал Венко, сметајќи дека со тоа Македонците од Вардарска Македонија се оддалечуваат од оние во Егејскиот и Пиринскиот дел. Според Конески , Ѓилас оставил сами Македонците да си го решат тоа прашање. Самиот Ѓилас писмено му одговори на д-р Ристевски дека од групата што била кај него се сеќава само на Блаже Конески, дека групата дошла со готови ставови и „сите, буквално сите, ставови на Конески се прифатени“.

Подоцна била формирана трета Комисија, во која бил и Венко Марковски и која, всушност, ја утврдила денешната азбука. Д-р Стојан Ристевски, кој подолго време истражуваше како е создаден македонскиот литературен јазик, смета дека првата јазична Комисија била најквалификувана, зашто во неа од 11 члена - осуммина биле филолози со подолго работно искуство, еден поет и само еден политичар, кој бил и добар познавач на македонскиот јазик. Втората комисија била партиска. Во третата Комисија од 10 члена само тројца биле филолози, без ниеден доктор на наука, еден незавршен студент- филолог, еден поет, двајца публицисти, двајца новинари и едно воено лице. „Првата комисија се' понесла професионално, давајќи ги своите ставови во дефинитивна форма. Досега неправилно и неправедно е оцрнувана таа, препишувајќи и' го нејзе ставот на Президиумот на ЦК КПМ за барање руска помош“, смета тој.



Д-р Ристески при прибирањето изворна граѓа за создавањето на македонската азбука сакал да дојде до сите веродостојни документи и слушнал дека во тоа може да му помогне Лазар Колишевски. „Моите пријатели ме убедуваа да не одам кај Колишевски зашто знаеја што ќе му изнесам. Сепак, му се обратив со писмо, со молба, ако има некој писмен документ, освен оние со коишто јас располагам, да ми овозможи увид во него или ако знае нешто досега ненапишано во врска со тоа да ми каже. Колишевски на разговор ме повика во октомври 1985 година. На средбата беа присутни и Ристо Лазаров и Методија Петровски. Ми рече дека други документи во врска со азбуката од оние што ги имам јас нема, дури побара еден документ што го нема да му го дадам да го фотокопира. Но, усно ми го изнесе следното:

’Во врска со дефинитивното оформување на македонската азбука баравме помош, мислења од врвните лингвисти на СССР, Бугарија и Србија. Сакавме да консултираме и некои француски слависти, но тогаш тешко можевме да воспоставиме врска со нив. Со писмо се обративме до ЦК КПЈ за Берштејн и Державин, мојата сопруга Лилјана Чаловска ја пуштив во Софија кај Кирил Мирчев, кој и' беше вујко, брат на мајка и', а јас контактирав со Александар Белиќ... Со Белиќ се сретнав во Белиот двор. Разговаравме за азбуката. Тој на еден лист ми ги нацрта буквите на Крсте Мисирков. Еве ви, што има да барате други, ми рече... Како што беше голем занесот за југословенството, се појави и мислење да се земе латиницата кај нас и во Србија, па да се добие едно, југословенско писмо‘, ми рече Колишевски.

Јас му се обратив: Другар Лазо (тогаш така беше) во документацијата при зафатите во врска со македонската азбука среќавам две дијаметрално спротивни гледишта. Од 11-члената комисија деветмина цврсто стојат дека македонскиот јазик е посебен од соседните јазици, па треба да си има посебни знаци за неговите карактеристични гласови. Главен претставник на оваа мнозинска група е Венко Марковски. Блаже Конески, пак, се застапува да се земе српската азбука и како македонска, образложувајќи: ’За оваја наша работа постои големо интересуење, има многу други луѓе што се интересуват за овоа питање. И сметам, оти кај нив има мнозина кои не се сложуат со досегашните мнениа. Да се измислуат нови букви не е проста и лека работа и затова не треба да се упуштаме во това пред добро да размислиме. За да измислуваме нови букви, треба да најдеме јаки и здрави разлози оти старите букви не чинат. А старото е проверено со пракса. Ако имаме извесна навика со употребата на една азбука, а да измислуваме нови букви само за това да се нашата азбука разликуват од некоја друга азбука, това е многу слаб разлог... Ако ја земеме српската кирилица, пак нашиот јазик ќе си остане македонски... Повеќето македонски народ денеска е писмен со Вуковата азбука и ако не ги земеме тие знаци, мнозина ќе останат неписмени...‘



Вака е запишано во стенографските белешки и во други материјали. Со оглед на денешната состојба, го прашав Колишевски, дали е добро да се објави оваа документација: бидејќи предлогот на Конески не бил прифатен, по третиот ден тој ја напуштил работата во Комисијата. Лазар Колишевски се сврте кон Лазаров и кон Петровски, велејќи: ’Кога се пишува за една личност или за еден настан, треба да се пишува како што било тогаш, а не да се тргнува од денешно гледиште. На времето прва личност во македонската литература, култура и наука беше Венко Марковски, а Блаже Конески тек се појавуваше. Што станало подоцна да се каже кога ќе се пишува за подоцна, а Вие, ми се обрати мене, да ја објавите таа документација‘“, раскажува д-р Ристески

По вака изнесениот став Методија Петровски му рекол дека меѓу интелектуалните кругови постои мислење оти е добро да се објави творештвото на Венко до неговото емигрирање во Бугарија.

На тоа Колишевски рекол: „И треба да се објави, зошто вербално Венко да се напаѓа или да се брани. Неговите дела најдобро зборуваат за него, па самиот читател нека оценува што е вистина“.

Д-р Ристески вели дека луѓето што го одвраќале од средбата со Колишевски биле изненадени кога дознале што му рекол тој. Тоа било пресудно за објавувањето на неговата книга „Создавањето на современиот македонски литературен јазик“ во 1988 година, а во 2000 година и на книгата „Стенографски белешки од Првата јазична комисија“ (факсимилно).

(Продолжува)


utrinski.com.mk
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Treba da prochitash malku poveke i da se obidesh da razmislish, se razbira ako mozesh. Ako eden Akademik, predsedatel na MANU Gorgi Stardelov, poetot Branko Cvetkovski, narodniot heroj Zabzanoski-Ruski, teatrologot Risto Stefanovski (chii sekjavanja mozesh da gi prochitash), Prof.dr. Pavle Mitevski i dr se predavnici i se poneupateni od tebe i akademik Gane Todorovski sekoja "chest". No neshto ili neznaesh ili i ti kako Gane zaboravash, Ganevata zaljubenost vo "Majka Srbija" koja ja opea vo pesna.


Za ovaa tvoja izjava baram dokaz.
1.Погоре во текстовите имаше набројано неколку ПРИМЕРИ на изјави на Венко , значи конкретни примери кој денес се проверливи, демантирај ги.

2.И да не беа посочените примери дали Бугарија би дозволила дејствување и интегрирање во општеството на МАКЕДОНЕЦ после епизодата со Димитров.

1.Можби тука не те знаат доволно, но јас од поодамна ја познавам твојата нескриена љубов и партнерство со Христо Канзуров на ВМацедониа како и форумот на БНД, дај ми име и презиме и ке ти кажам кој си во живо

2.ако не твојот ник кој е кованица од
ВАНЧО Михајлов(потврден) и ТОДОР Александров(се уште котроверзен)кажува многу за твојот ментален склоп.

3.Дезинформации и лажно наведување во неколку постови за настани каде си присуствувал, напад на се што е легитимно македонско движење надвор наспроти подршка и нескриени симпатии за МПО

4.секој втор пост е СРБИ наспроти Бугари, служби наспроти маченици, секогаш ти треба страна на која ке се приклониш, никогаш не размислувајки за самостаојност независност и сила, ниту на твоето битие ниту на твојата земја, секогаш себе си и неа ја гледаш приклонета кон некого.

уште???


 

Kajgana Shop

На врв Bottom