Расчистување на дилемите за Венко Марковски

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Според напишаново излегува дека Венко Марковски бил уште една жртва на југословенскиот режим и на некој начин добива азил во Бугарија.

Дали е веќе рехабилитиран и има ли таква постапка?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
7
Според напишаново излегува дека Венко Марковски бил уште една жртва на југословенскиот режим и на некој начин добива азил во Бугарија.

Дали е веќе рехабилитиран и има ли таква постапка?
Тој сам се реабилитира. Намери сила и доблест да го направи приживе.

А кој ке ги реабилитира останалите ?
Оние, кои умреа за Македонија, а са покриени со забвение ?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Тој сам се реабилитира. Намери сила и доблест да го направи приживе.

А кој ке ги реабилитира останалите ?
Оние, кои умреа за Македонија, а са покриени со забвение ?
Најверојатно кога ќе заминат генерациите кои на било кој начин беа поврзани со СФРЈ и кога ќе дојдат комплетно нови генерации кои ќе можат неоптоварени од минатото и идеологијата да ги согледаат работите во вистинска светлина, значи веројатно за 15-20 години под услов сеуште некој да памти.

Трагично.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Според напишаново излегува дека Венко Марковски бил уште една жртва на југословенскиот режим и на некој начин добива азил во Бугарија.

Дали е веќе рехабилитиран и има ли таква постапка?
Rehabilitacija nema da ima dodeka neprofunkcionira zakonot za lustracija.
A nemoze da profunkcionira bidejki direktnite uchesnici-nalogodavachite vo progonot na Makedonci se ushte se zivi i se vo MANU ili nivnite deca-sinovi kerki- zazemaat vitalni funkcii vo drzavata.
Decata na kodoshkiot del od progonot izigruvaat kvazi istorichari po forumive ili vo nekoe vesnihe finansirano od Bihakjka se obiduvaat,proglasuvajki sekogo koj ke im se sprotivstavi za nemakedonec, da go prikrijat sopstveniot zlostor ili zlostorot na svoite roditeli.Koja ironija.!!!!
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Според напишаново излегува дека Венко Марковски бил уште една жртва на југословенскиот режим и на некој начин добива азил во Бугарија.

Дали е веќе рехабилитиран и има ли таква постапка?


Goli Otok: The Island of Death. Venko Markovski. Boulder (Colo.): Eastern European Monographs, 1984, 229 pp

Reviewed by Zbigniew Brzezinski, Foreign Affairs, Summer 1985

Goli Otok is an Adriatic island where many "Cominformists" were incarcerated after Tito's break with Stalin. Markovski is a Macedonian poet who turned against Tito, served a five-year sentence on the island, was released in 1961, and now lives in Bulgaria. There is little reason to doubt his descriptions, written at the time, of the tortures and horrors to which prisoners were subjected. The political commentary is pure Stalinist propaganda, vintage 1949.


http://www.foreignaffairs.org/19850601fabook11490/venko-markovski/goli-otok-the-island-of-death.html
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Во Фокус пишуваше дека неговиот син Миле веќе бил спремен за амбасадор на Бугарија по неговото доаѓање во Софија заедно со мајка му Филимена. Но по едно негово опивање во ресторан треснал на масата со раката и рекол:,,Јас сум Македонец''.По неколку дена Миле ,,случајно'' загинува во сообраќајна несреќа. Е сега се поставува прашањето дали Венко пишувал книги со антимакедонска содржина поради тоа што се продал за функции и пари или се плашел да не биде физички ликвидиран?
 
N

n/a

Гостин
Венко Марковски е:
-Херој на Р.Бугарија
-Херој на социјалистичкиот труд
-Член на БАН (бугарската академија на науките)
-Член на неколку бугарски собранија (по денешен терк парламенти)
-член на бугарското друштво на писатели.

-`човек` за кој што Тодор Живков у замена има положено сериозни гаранции и го има лично измкнато од Македонија
-`човек` кој што до крајот на животот располагал со државна издршка,луксузна вила,службен автомобил,шофер и обезбедување во НР. Бугарија.

Кој нормален може да тврди после овие ФАКТИ дека истиот тој Марковски е македонски патриот и националист ???
...немам што да додадам.
Се гадам од секоја една стока која што овој `примерок` цели и сака да го ревитализира во Македонија.
Венко... е бугарин.
И како таков веројатно е и може да биде добар само за бугарите.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
4
Поени од реакции
1
Бугарската историографија, тоj феномен на човечката ограниченост и тенденциозност, најчесто агресивно попагира нешта коишто се на границата меѓу фалсификат и став/теза на "историчар".

Во времето на Тодор Живков, кога во Бугариjа отворено се прават репресии врз етничките малцинства - Турци, Роми, Власи, итн., а истите се добро документирани, кон Македонците со Македонска национална определба и етничко сознание, Бугарите промовираат став дека:

“Кр'вта вода не става...” е написана оште през 1971 по пор'ка на самија Тодор Живков, којто в интерес на истината имаше относително обективен поглед по т.нар. македонски в'прос.

Значи се говори за "ОБЈЕКТИВЕН ПОГЛЕД ПО МАКЕДОНСКИОТ ВОПРОС" од страна на Тодор Живков,:uvo: што во превод значи дека ГЕНОЦИДОТ спрема Македонците не го коментираат и не го ставаат во контекст на активноста на бугарската влада во тој период против Турците, Ромите, Власите итн., туку “македонскиот вопрос’’ го изолираат од севкупниот амбиент во државата, и репресиjата jа прикажуваат како оправдана и објективна.

Безсрамно напоменувајки дека Тодор Живков во времето на ПОБУГАРЧУВАЊЕТО на сите етноси во Бугарија ја злокористел големината на поетот/писателот Венко Марковски, и му наредил да напише книга со историска тематика во кој ке бидат вметнати трагикомичните тези на БАН и на руската романтичаркса историографија.

Дека “Крвта вода не става’’ нема никаква историска “ниту било каква друга вредност (освем бугарашко-пропагаторска) покажува фактот што иако книгата била порачана и напишана од Тодор Живков, таа сепак не била искористена за нејзината првобитна намена да биде одговор на трите тома на “Историјата на Македонскиот народ’’, печатена во Скопје, 1969 год.

Останува нејасно дали книгата нарачана од Живков не била употребена заради нивото на глупоста на бугарските “аргументи’’ или дошло до промена на стратегијата па подоцна решиле да користат езгаплари като Горги Младенов од Торонто, Методи Димов и слични.

Еве како тоа е укомпонирано -- обратете внимание на болдираното -- им пречи дека потекнуваме од Александар Македонски, а ни наметнуваат дека предците ни биле турко-монголите на Аспарух и Кубер:

“Кр'вта вода не става” е дело на поет, објавен, при това с'всем основателно, за револјуционен. Поет, којто е носител на нај-високата д'ржавна награда на Народна република Б'лгарија – Димитровската (1969 г.), којто е избран за академик от Б'лгарската академија на науките и е удостоен от всемог'штата партија-д'ржава с честта на два п'ти да види издадени свои “Избрани произведенија” – през 1975 г. в два тома (с предговор от акад. Пантелеј Зарев), а през 1985 – в четири обемисти и представителни книги голјам формат с обшт обем над хилјада и петстотин страници. И, в крајна сметка, написаната от так'в тачен от властта автор книга не се срешта с читателја! Оште повече, че “Кр'вта вода не става...” е написана оште през 1971 по пор'ка на самија Тодор Живков, којто в интерес на истината имаше относително обективен поглед по т.нар. македонски в'прос.

Книгата е издадена едва през 1981 г. (!) от издателството на БАН. Какво обаче означава “издадена”, след като фактически тја е само отпечатана без да се појави по книжарниците.

Тодор Живков преку Венко Марковски:

24 25
ПРЕДГОВОР
О, неразумне и јуроде!
Поради что се срамиш
да се наречеш болгарин...
Паисиј Хилендарски,
Банско – Македонија
Фактите са свидетели на миналото. С'дници са. Технијат
с'д е неподкупен. Те са неми и ни карат да м'лчим,
изискват уважение. Фактите са р'цете на историјата, символ'т
на истината. Те могат да б'дат само фалшифицирани.
Онија, които фалшифицират фактите, се наричат
фалшификатори на фактите. Историјата с'што може да б'де
фалшифицирана. Онија, които фалшифицират историјата,
се наричат фалшификатори на историјата.

През 1969 година в Скопие излезе в три тома една книга.
С'чинителите є ја нарекоха “Историjа на македонскиот
народ”. Фалшификацијата като јавление не е непозната
на историјата. Фалшификација обаче от този род историјата
не познава. Понјакога и нај-грубите фалшификатори
пројавјават чувство на срам и отговорност. За с'чинителите
на тази книга тези човешки качества са непознати.
Иска им се да б'дат историци с нова мисија и посланици
на нјакаква неземна vis maior justitiae, с'вест, којато е дошла
на земјата да ос'ди неправдата и да в'зстанови владението на
истината, а в дејствителност нјакои от тјах са специфи чни духовни
недоразуменија. Това са гробари, които в к'сна ношт с фенери и лопати
т'рсјат в гроба на Александ'р Македонски прародината на македонските
славјани. Тези иманјари блуждајат в царството на историјата и дирјат ковчег
с реликви и скрижали на измисленото от тјах.

26
Те себе си надигат срешту себе си, самозаблуждават се, војуват,
искат да не са това, което са. Искат да са това, което
не са, и всички, които не са като тјах, да станат като тјах.
Која е обаче тази сила, којато ште сб'дне мечтите им и
ште прев'рне с'ништата им в дејствителност? В'ображението
ли? В'ображението е изкуство. То е сила в изкуството
и слабост в историјата. Историјата не е в'ображение.
Желанието ли? Желанието е пропаганда. То е сила
в пропагандата и слабост в историјата. Историјата не е
желание. Предпоставката ли? Предпоставката е теорија.
Тја е сила в теоријата и слабост в историјата. Историјата
не е предпоставка. Без ор'жие са. Фалшификациите, които
те разменјат за истини, не са п'т к'м победа. Т'рсјат
светлина да в'зв'рнат радостта на очите си. Тази светлина,
којато може да в'зв'рне радостта на очите им, не
е заблуда. Навсјак'де прис'ства крај тјах. Те не ја виждат.
Сами са. Самотата е опасна. П'тјат е д'л'г и мра-
чен. Светилник'т на призрачното им учение догарја. С
л'жи не се подд'ржа ог'нјат му. Л'жите са безумно јато.
Безумното јато е к'шта неразумна. Л'жите са невјарна
стрјаха. Невјарната стрјаха е огниште без ог'н. Неверие
погубва верността им.

Отгде да вземат тази сила, којато ште в'зв'рне вјарата
им? От народа ли? Но народ'т вежди свива и с'рдито глава
поклашта. Светкавици гневни избиват из очите му.
От земјата ли? Но земјата в м'ка с'хне и неравни теглила
влачи. Проклјатија страшни излизат от г'рдите є.
Или от војската на Самуила? Но тази војска е пл'т от
пл'тта и кр'в от кр'вта на Куберовите праб'лгари.
През 1018 година в Охрид залезе славата на третата
б'лгарска столица.

Но Охрид беше законен наследник на Преслав, т'ј както
Преслав беше законен наследник на Плиска. Самуил беше
законен наследник на Симеона и Петра, т'ј както Симеон
беше законен наследник на Аспаруха и Крума.

27
Три престолнини с нееднаква орисија. Три престолнини
с нееднаква славa. Но и под трите царски наметала
биеха с'рцата на Б'лгарија и неразделно с тјах в тјахната
пл'т и кр'в т'ржествуваха Аспаруховите и Куберовите
праб'лгари.

К'де да намерјат тази сила? В кладата на б'лгарскија богомилец Василиј ли?
Но и тази клада е пл'т от пл'тта и кр'в от кр'вта на Куберовите праб'лгари.
Пет столетија преди Джордано Бруно, през 1111 година, в Цариград на клада
жив изгорја богомилскијат ересиарх Василиј. Обг'рнат от плам'ци, б'лгарин'т
отправјаше слова к'м с'вестта на света: “За истината с'м готов да посрештна
хилјади по-страшни см'рти на хилјади по-страшни клади.”

Еничарите като кастова категорија отдавна са м'ртви. Еничарите обаче от
категоријата на с'чинителите на така наречената “Историjа на македонскиот народ”
са живи и са по-еничари и от нај-еничарите на Османската империја. Те всичко светло,
свјато, ск'по, родно, б'лгарско у б'лгарина безмилостно убиват и ограбват.

Ни жестокијат византиец Василиј II, наречен от историјата
с прозвиштето Б'лгароубиец, не е бил така жесток,
когато е ослепјавал с огнени монети рожбите на Самуила,
ни Алексиј Комнин е бил така жесток, когато жив е изгорил
б'лгарскија богомил Василиј, ни султан'т е бил така
жесток, когато е обесил Апостола на свободата и в к'рви
е потушавал Априлското, Кресненско-Разложкото и Илинденско-
Преображенското в'стание. Ни разпјатија, ни голготи, ни војни,
ни робии, ни јатагани, ни штикове в г'рба не са били така жестоки,
както фалшификаторите от категоријата на с'чинителите на така
наречената “Историjа на македонскиот народ”.

Тежка битка са подхванали. На антиб'лгарска почва
историја да с'творјат. Фанатизм'т е болест на неразвита
в'зраст. В'зрастта е време. Времето е цјар и разстојание.
Нјакои от тези фанатици времето ште излекува. Нјакои от
тјах с в'зрастта си ште наберат разстојанието, което ште им

...
Со тебе Мисирков трудно се води дискусиа оти ти бришеш написаното от другиот и така остава само твоето прашанье.
Така работеха години наред властниците у вас,за да направат от Венко Марковски предател на своjат народ...
Ако книгата "Вода кр'вта не става" е написана по порака на Тодор Живков,как ке обjасниш дека тогава не е могло да си купиш и да прочиташ книгата,а сега при второто издание,мислам 2003 г.на весник "Труд", Софија,е пусната слободно на распродажба и можеш да jа купиш или да прочиташ?:toe:

Во Фокус пишуваше дека неговиот син Миле веќе бил спремен за амбасадор на Бугарија по неговото доаѓање во Софија заедно со мајка му Филимена. Но по едно негово опивање во ресторан треснал на масата со раката и рекол:,,Јас сум Македонец''.По неколку дена Миле ,,случајно'' загинува во сообраќајна несреќа. Е сега се поставува прашањето дали Венко пишувал книги со антимакедонска содржина поради тоа што се продал за функции и пари или се плашел да не биде физички ликвидиран?
Пише уште,че Игор Марковски ке биде новиот президент на РМ:pos2:
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Со тебе Мисирков трудно се води дискусиа оти ти бришеш написаното от другиот и така остава само твоето прашанье.
Така работеха години наред властниците у вас,за да направат от Венко Марковски предател на своjат народ...
Ако книгата "Вода кр'вта не става" е написана по порака на Тодор Живков,как ке обjасниш дека тогава не е могло да си купиш и да прочиташ книгата,а сега при второто издание,мислам 2003 г.на весник "Труд", Софија,е пусната слободно на распродажба и можеш да jа купиш или да прочиташ?:toe:


Пише уште,че Игор Марковски ке биде новиот президент на РМ:pos2:
Номадче паразитско:kez:
 
Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
Мислења
Венко Марковски и неможното
Бошко Нацевски

„Бугарскиот епос“ на Венко Марковски „Преданија заветни“, објавен во 1979 во Софија, е демонстрација на брутално негирање на се' што е македонско
Идејата за рехабилитација на поетот Венко Марковски, ако се суди во опсегот и формата како што беше спакувана и продметната во медиумскиот простор од некои чинители од светот на културата, навистина би било неправда доколку не го добие соодветниот третман, зашто „случајот Венко“ со текот на времето стана мошне волуменозен и повеќеслоен. Провокативен, без малку еднакво - колку за теоретичарите на превирањата во македонската литературна мисла, толку и за аналитичарите на политичкото и историското милје. Факт е дека со последниот фрлен камен на сомнеж, љубопитството на сетилата неодминливо е испровоцирано. Оттаму, за помалку упатените, не е на одмет неговиот човечки и творечки портрет и овој пат да се проектира во вистинската светлина и димензија за дефинитивно да се растера маглата, посебно од пред очите на оние кои, само од ним познати побуди, нештата врзани за овој одродник ги гледаат со значително изместена диоптрија.




Предлогот на неколкутемина македонски творци, меѓу кои челничи актуелниот претседател на МАНУ, академик Ѓорѓи Старделов, „Македонецот Венко постхумно да им се врати на Македонците“, што според нивни мерила би бил потег со историски значајна димензија за македонската литература и демократија, ако се имаат предвид вистинските аспекти и димензии на случајот - е барање на неможното и илузорното. Таквото инсистирање може да се смета или како ординарен лаицизам, потпрен на некаков евтин емотивен набој, изнасилен до степен на класична театралност, или како фалинка во структурата на менталното рацио.

За да се биде докрај објективен, треба да се каже дека Венко Марковски, едноставно, не е можно како Македонец да им се врати на Македонците. Не поради фактот што тој веќе е покоен, туку поради ноторната вистина дека како жив и во време на својот творечки зенит, во бројни дела, интервјуа, јавни трибини и тестаментално ја профилира и утврди својата припадност кон бугарскиот род. На 17 октомври 1979 година за софискиот весник „Труд“, Венко ќе изјави: „Роден сум во Скопје, во бугарско преродбеничко семејство... Во суштината на моето творештво секогаш била Бугарија... Моето постоење е незамисливо без Бугарија“. Со ваквите определби Венко Марковски и не стори бог знае каков грев кон Македонците. Тој, во неговата нова татковина, во Бугарија, само го искористи правото на слободно декларирање на својата национална определба. Неговото помалку предавничко, а повеќе злосторничко дело кон Македонците, на чиј род, според личното декларе, му припаѓаше цели пет децении од животот, се' до заминувањето во Бугарија, е содржано токму во неговото творештво. Според академик Гане Тодоровски, „оваа наша Македонија не смее ни да помисли да му укажува рехабилитациско внимание, или не дај боже аболициско, на Венко Марковски, меѓу другото, затоа што ја состави книгата „Крвта вода не станува“, објавена во Бугарија во 1983 и 2003 година, во која буквално вели: „... Македонската нација не постои, затоа не е факт, затоа што македонската историја, македонската литература, македонскиот јазик не постојат, затоа не се познати во светот и не се признати факти. За науката Македонија е географски термин, а Македонците се Бугари...“



Четири години пред појавата на „Крвта вода не станува“, во 1979 година, во Софија, како прилог кон јубилејната прослава „1.300 години од создавањето на бугарската држава“, од печат излезе „Бугарскиот епос“ на Венко Марковски „Преданија заветни“, што е демонстрација на брутално и бесрамно негирање на се' што е македонско - народ, држава, црква, историја, творештво, јазик, фолклор, култура. Злобата на поетот во фабрикувањето памфлети на адреса од македонското национално битие на 467 страници еволуира до степен на лудило. Во втората песна на Петнаесеттото предание, поетот ќе ги понуди и следниве тези: „Белград ги претвора Бугарите во Македонци. Скопје кова огромни фалсификати. Од еден народ се создаваат два народа. Од еден јазик прави два јазика...“ А по смртта на Венко, истите овие негаторски ставови за потребите на бугарската антимакедонска пропагандна машинерија, во многу пригоди, ги протураше неговата сопруга Филимена Марковска. Антимакедонизмот на Марковска е со посебен акцент во нејзиниот текст објавен во весникот „Македонија“ број 12 од 25 март 1998 година со наслов „Блаже Конески фалсификатор и творец на македонската азбука и јазик“. Нарекувајќи го „фалсификатор од голем маштаб“, таа на бугарските читатели им соопштува „Конески е еден од учесниците во создавањето на ’Историјата на македонскиот народ‘, која била преполна со фалсификати на бугарската историја“. А со тоа што тој при кодизацијата на македонската азбука во 1945 година се изјаснил против настојувањата на Венко Марковски во неа да се внесат темните вокали - ер голем и ер мал, присутни во бугарската азбука, всушност, ја почнал „србизацијата на јазикот на Бугарите во Македонија“.

(Авторот е новинар)


Статијата е прочитана 1339 пати.














Од: posrednik Датум: 21.01.2009 01:02:26 Dobro de, smetal deka e Bugarin i tvrdel deka i Makedoncite se Bugari. Pa sto so toa? No dali si go zrtvuval svojot zivot za Makedonija i Makedonskiot narod koga zaminal vo partizani i koga so svojata rabota i tvrorestvo ZAEDNO SO SOBORCITE gi udiral temelite na ova sto sega si go imame? A bidejki go spomenuvas Gane Todorovski, da te zaprasam dragi Bosko, dali si ja cital negovata poema "O majko Srbijo"? Od kade pak sega na toj borec za Makedonija da pee za Srbija kako za negova Majka.? Zosto ne propeal "O majko Makedonijo"? Se razbirame neli? Ako ne se razbirame ke podostaris i samiot ke razberes!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ми се чини дека трагедијата на Венко не е толку во неговата национална лабилност колку што е во неговата безмерна ароганција (треба во предвид да се земат и карактерните недостатоци на славните историски ликови - тие не биле совршени). Препотентноста на Марковски е посведочена и од повеќе негови современици, луѓе кои не му згрешиле. Се зборува дека Венко очекувал големи почести и висок статус во новата југословенска држава, многу поголеми отколку што добил. По неколку отворени судири со некои новојугословенски елементи човеков паднал во немилост. Интересно е дека до почетокот на „судирот“ меѓу поетот и југословенско - македонската политичка елита македонштината на Марковски не е доведувана во прашање. Откако се нашол на Голи Оток, по многу понижувања и отфрлања од поранешните „другари“, бил со раширени раце прифатен од мајка Бугарија која патем, му ги обезбедила државните почести и статусот што ги очекувал од Македонија, т.е Југославија. Мое мислење е дека Марковски бил донемајкаде понижен од страна на македонските (југословенските) комунисти и како резултат на тоа ја прифатил подадената бугарска рака, која добро ја платила неговата етничка трансформација од обесправен, понижен и отфрлен македонски поет во „освестен, благонадежен блгарски герој“.
Како и да е, неговата понатамошна кариера не му оди во македонски прилог, освен ако се случувало нешто за што ние овде немаме доволно информации.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Трибина во чест на Венко Марковски

Александра Бубевска
09.04.2006 00:00
Венко Марковски
Венко Марковски бил поет кој се залагал за македонската нација, јазик и држава и поради тоа бил прогонуван од режимот во 50-тите години и испратен на Голи Оток.
Бил ослободен и набрзо потоа заминал во Бугарија, каде бил академик и пратеник, но и се приклонил кон бугарската антимакедонска пропаганда, како што беше речено на трибината организирана деновиве за Венко Марковски.
Во Македонија бил заборавен, а неговото име и денес предизвикува контроверзи. Академик Блаже Ристовски, кој лично се познавал со Венко Марковски, вели дека македонската култура не може да се откаже од неговата поезија, зашто така би се откажала од својата историја.
„Венко Марковски навистина има значајно место во нашата литературна и национална историја, незавидно од сите глупости што ги направи потоа по негова и не само по негова вина“, изјави академик Блаже Ристовски.
„Неговата стихозбирка „Народни вигори“ и уште повеќе онаа борбена стихозбирка „Огинот“ од 1938 година, појавени година и пол пред стихозбирката на Кочо Рацин, означија нова епоха во развитокот на македонската поезија“, додаде Ристовски.
Историчарот Славевски животот на Марковски го дели на две фази.
„Венко Марковски се определи за македонското национално движење левицата, но комунистичката левица и тоа сериозно влијаеше врз неговото и политичко определување и литературно определување“, рече Стојан Славевски, историчар.
„Кога почнува антифашистичкиот отпор, Венко пак се придружи на македонската комунистичка левица на антифашистичкото движење зашто тоа беше единственото движење што делуваше во Македонија и што гарантираше да се формира македонска држава“, вели Славевски.
Венко Марковски се залагал за македонска државност и не треба да се заборави значењето на овој поет за македонската култура и литература, беше една од поентите на трибината во чест на Венко Марковски.

Венко Марковски бил „убиен“ како творец, човек и Македонец
Пред смртта, Венко на својата сестра Дока ~ се исповедал: Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее

Ристо Проданов, Ѓорѓи Киселинов, д-р Ѓорѓи Шоптрајанов (стојат лево од таблата, во првиот ред) Васил Иљоски, Крум Тошев, Венко Марковски (во вториот ред) Христо Зографов, Даре Џамбаз, Мирко Павловски, д-р Михајло Петрушевски и (десно од таблата) стенограф​

виктор цветаноски



За трагичната судбина на поетот Венко Марковски помладите генерации знаат малку. Постарите најверојатно се сеќаваат како од учебниците преку ноќ беа извадени неговите патриотски песни, кои никогаш подоцна немаа можност да ги слушнат или да ги прочитаат. Контроверзната тема за големиот македонски поет во последно време се подотвора, но не докрај. Едно е јасно, и покрај сите негирања во времето на социјализмот, тој зазема видна улога во македонската литература и борба.
По сите негирања на неговото творештво, Венко Марковски во годините по војната се нашол во самоизолација. Во 1949 година првпат е уапсен заедно со дваесетина членови на неговото поблиско семејство, а подоцна со целата фамилија бил интерниран во Кичевско. По еден труд во кој го нападнал Тито и тогашното југословенско раководство бил осуден на пет години и упатен на Голи Оток во 1956 година. Партијата сакала и него „општествено да го превоспита“.
Според Виолета Ачкоска и Никола Жежов, Марковски ја имал таа несреќна судбина да биде ставен во арсеналот на идеолошките непријатели на Комунистичката партија како припадник на групата автономисти и сепаратисти, на групата која се спротивставила на недемократските методи на владеење на сопствената партија, на групата која не го прифатила како дефинитивно југословенското решение на македонското прашање. „Тогаш започнува убивањето на Венко Марковски. Најпрво беше убиен како творец, потоа како човек и на крајот како Македонец. Врз него беа извршени три атентати“, пишуваат тие во книгата „Репресијата и репресираните...“, која неодамна ја издаде ИД „Макавеј“.
Некои го негираат Венко Марковски, други го величаат. Академик Блаже Ристевски вели дека неговата поезија од 1933 до 1966 година суверено ~ припаѓа на македонската литературна историја, а поезијата создадена на бугарски јазик не само по јазикот туку и по духот и содржината не можела да ~ припаѓа на македонската национална литература. Едни го опишуваат како нестабилна личност, славољубив, кариерист, предавник, додворлив, а други дека бил талентиран поет, човек со идеали, храбар, вљубеник во слободата на Македонија.
„Правејќи анализа на сето она што го слушнавме и прочитавме за Венко Марковски, ни стана јасно како биле злоупотребени неговите човечки слабости. Еден вдахновен, ранлив, занесен поет бил сурово ставен на интригантското тркало на оние ситни медиокритетски политичарчиња на кои бог им ги скратил музите, но ѓаволот им подарил крила, со децении да бидат на површината и да се снаоѓаат во сите идеолошки кијамети на Титова Југославија“, пишуваат Ачкоска и Жежов.
Тие сметаат дека Марковски бил етикетиран како сепаратист и автономист поради залагањето за интегрално решавање на македонското прашање, односно како припадник на македонското национално крило кое било разочарано од ставот на КПЈ македонското прашање да се реши како југословенско, врз федеративен принцип, но без обединување на Македонија.
Богоја Фотев, кој инаку бил близок пријател со него, сметал дека Венко бил еден од најзаслужните за националното будење на македонскиот народ. „Со јачината на зборот во своите песни тој придонесол во јакнењето на духот на македонските партизани во народноослободителната борба. Бил свесен за своите вредности и бил доста суетен. Сметал дека треба да има главен збор во создавањето на македонската азбука и македонскиот книжевен јазик, но не бил консултиран за тоа. Навреден, дошол во судир со ЦК на КПМ, а како последица на тоа бил изолиран“, вели Фотев.
Поради тоа, во 1946 година Марковски е исклучен од членството на Комунистичката партија, а како причина за исклучувањето се наведува наводното откривање партиски тајни при една средба што ја имал со бугарска делегација во Белград. По исклучувањето од партијата ќе започне хајка врз творештвото на Марковски. С` што ќе напише ќе биде оцрнето од тогашните платени критичари, нешто што најмногу ќе го погоди Маркоски. Во книгата на Димитар Митрев „Повоени македонски поети“ Маркоски воопшто нема да биде спомнат, како и да не постоел.
„Венко беше многу образован и постојано н` подучуваше правилно да зборуваме македонски и да одбегнуваме немакедонски зборови... Ни раскажуваше за Кочо Рацин... Ни кажа како во 1945 година бил кај Тито во врска со македонската азбука... Бев со Венко две години, му бев како син. Таму започна да ја пишува книгата ’Голи Оток, остров на смртта“ на вреќи од цемент, оти немаше хартија и ми ја читаше секој ден... Никогаш не спомнал воопшто за некаква бугарштина... тоа мора да е подметнато подоцна. И од сите други Македонци кои беа таму немаше ниту еден кој бил во контакт со Венко а да слушнал за таква работа, а јас ги познавам сите... Ретко дека постоел така учен човек. По враќањето од Голи Оток отишол кај татко ми во Зелениково за да му пренесе поздрави од мене. Со татко ми Вело се знаел уште од војната“, раскажува Здраве Барутовски, кој тие години втор пат бил испратен на Голи Оток и имал чести контакти со Марковски. Тој контактирал со него и по заминувањето на Венко во Бугарија, за што имал големи непријатности со инспекторите на УДБ-а.
Македонскиот поет во голооточкиот затвор бил до 1961 година. Истовремено, на проколнатиот остров била и неговата сопруга, со која не му било дозволено да се гледа. По враќањето во Скопје Венко го избегнувале сите познајници и бил под постојана присмотра и следен од полицијата, немал работа ниту средства за живеење. Разочаран и отфрлен, започнал да го губи и видот. Тогаш сестрата на народниот херој Борка Талески, Вера, побарала Крсте Црвенковски да помогне Венко да добие пасош за да оди на лекување во Одеса. Марковски добил пасош, иако сите знаеле дека тој повеќе нема да се врати. Тогашното македонско раководство оценило дека е подобро тој да биде прогласен за предавник отколку да остане во Македонија. Тоа и се случило по операцијата во Одеса, Марковски во 1966 година директно заминал во Бугарија, каде што починал во 1988 година. Во Софија му била доделена вила и личен шофер, но, сепак, бил под постојана полициска присмотра. Во Софија трагично загинал и неговиот син единец Миле, кој цело време додека бил во Бугарија изјавувал дека е Македонец.
Иако Венко јавно се декларирал дека е Бугарин, интимно тој се чувствувал како Македонец. Пред да почине, на својата сестра Дока ~ се исповедал: „Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее“. По сопствена желба, Венко е погребан до гробот на својата мајка, како обичен граѓанин, а не во алејата на бугарските великани.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
4
Поени од реакции
1
Мислам дека прво требе да се прочете написаното от Венко Марковски ,па след това да се коментира и да се постават оценки/ама да се прочита на езикот на коj е написано или на современен македонски език ,но со коректен превод от бугарски/...Иначе писачи многу- сите разбираат и от поезиjа,
и от историjа,сите србомани и а наj- многу сакат да плашат со...
...бугарашите...
а зашто требаше да се создава такава голема пропаст мегу поколението на Венко и ...
...новото поколение ,родено во Нова Република Македониjа след 1950 година...
Венко Марковски заслужва да се тачи во Република Македониjа два пати повеке отколкото во Република Бугариjа.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Срцето на Венко во тегла со формалин

По две децении на видело излезе долго чуваната тајна - Венко Марковски почива на софиските гробишта, а неговите мозок и срце во тегли со формалин „почиваат“ на полиците во бугарскиот историски музеј

Мозокот на големиот македонски поет во бугарскиот историски музеј (фото: „24 часа“) Венко Марковски
Срцето и мозокот на основоположникот на современата македонска поезија повеќе од 20 години „почиваат“ во тегли со формалин во Националниот историски музеј (НИМ) во Софија. Двата органа биле извадени од телото на Марковски веднаш по неговата смрт во 1988 година, во согласност со бугарската традиција за зачувување органи на истакнати бугарски личности од политичкиот, општествениот и културниот живот. Оттогаш, срцето и мозокот на овој истакнат поет биле чувани како „револуционерни трофеи“ по разни музејски депоа, но тајната никогаш не била обелоденета во јавноста. Овој потресен и скандалозен податок до денес беше целосно непознат за македонската јавност. Директорот на НИМ, Божидар Димитров, не' уверува дека тој факт бил непознат и за бугарската јавност.

- Знам дека е непријатно. Но стара бугарска традиција била да се чуваат човечки органи од познати личности. Таква личност беше и поетот и академик Венко Марковски. Се разбира, тоа бил варварски обичај и таа традиција е прекината по уривањето на мавзолејот на Георги Димитров во Софија - вели Димитров.Тој навадува и пример со кој во Бугарија и денеска се чува и срцето на цар Борис во Рилскиот манастир. Благодарение на денешната софистицирана техника, утврдено е дека цар Борис не бил отруен, како што долго тврдеше историската наука, туку дека починал од многу силен инфаркт. На прашањето по што тој ќе го памети Венко Марковски - по неговиот книжевен опус или по органите зачувани во формалин, Димитров вели:

- Тоа е провокативно прашање. Јас воопшто не ја познавам поезијата на Венко Марковски, но целосно сум запознат со неговата биографија. Тоа е тажна приказна за еден од многуте луѓе што под притисок на тогашната Комунистичка партија во различни периоди морале да се декларираат вака или онака. Венко прво бил деклариран Македонец, посветен на македонската азбука и јазик, човек што во својата поезија ја воспевал Македонија. Откако се скарал со Скопје, дошол во Бугарија, пишувал бугарски поеми. Но, не е единствен со таква судбина - констатира Димитров.Тој е подготвен да ги отстапи органите на Венко Марковски на неговото семејство, бидејќи е христијански да бидат погребани на местото на кое почива поетот, во една од алеите на Централните софиски гробишта. Внукот на Венко, дипломираниот уметник Игор Марковски прв проговорил за таквата можност.

- Сакам да го погребам срцето на дедо ми в гроб. Одамна се шушкаше дека во музејот се чуваат човечки органи. При мојата последна средба со баба Ванга во Рупите, таа ми рече дека треба да ги погребам неговите органи, за да може тој да најде мир. Категорично сакам да го сторам тоа. Разговарав со професор Димитров од НИМ и тој ми рече дека баба ми само треба да напише молба - изјави Игор за бугарските медиуми. Но, таква молба се' уште не стигнала до НИМ.

- Јас чекам да ми дадат писмено барање. Веднаш ќе го потпишам. Ако не се јават, подготвен сум и самиот да ги побарам. Местото на тие останки не им е во музеј. Најдобро е блиските да си ги приберат и да ги погребаат - вели Димитров. Во 1993 година, кога бил укинат Музејот на револуционерното движење, НИМ наследил околу 2.400 експонати. Меѓу пушките, ордените и автоматите, биле срцето и мозокот на академикот Венко Марковски и срцето на бугарскиот политичар Најчо Цанов, кој во 1905 година бил еден од најголемите противници на режимот на Фердинанд. Додека овие органи биле добро скривани од очите на јавноста, единствениот експонат што бил достапен за посетителите на музејот било вештачкото око на бугарскиот поет Гео Милев.

Вработени во музејот, депото со човечки органи го сметаат за галерија на ужасот.

- Тука се останките на многу поранешни интелектуалци. Се чуваат и коски, копчиња и разни предмети, но тие не се толку страшни за гледање како овие органи во формалин. Ужасно е кога ќе помислиш дека тоа е единственото нешто што останало од некој човек - сведочи Емилија Сиракова, службеничка во музејот.

Денеска НИМ во Софија располага со околу 200.000 експонати.

Патриот
(На Зафира и Спира)

На овои тажен век
сал еден видоф кот...
От бубаќ е помек
Се вика патриот...
За народ душа бере,
А народ вечно дере,
и в гради сал се бие,
и свето лице крие
опретано у крф!

И пости секои пос,
и оди гол и бос,
и нема празник тои
до олтар да не стои...
Со радост свеќи пали,
От срце мртви жали
и ропски Бога слуша,
низ вера чисти душа
и лази како црф!

(Од стихозбирката „Огинот“)

Македонец во Софија
Венко Марковски (Венијамин Миланов Тошев) е роден на 15 март 1915 година во Скопје, каде што завршил основно и средно образование, а славјанска филологија на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Од 1932 до 1934 година е член и еден од основачите на Македонската младинска револуционерна организација. Во 1937 година емигрирал во Софија, каде што една година подоцна на македонски народен јазик ги објавил стихозбирките „Народни бигори“ и „Огинот“. Во текот на Втората светска војна се вратил во Македонија.
Станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, потоа делегат на Второто заседание на АВНОЈ и член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ. По војната дошол во судир со властите, по што бил затворен на Голи Оток. Но и по издржувањето на казната, постојано и бескрупулозно бил малтретиран и сосила туркан кон Бугарија. По дведецениски притисок, во 1967 година емигрирал во Бугарија. Неговата изјава „Од Скопје дојдов како Бугарин, во Софија станав Македонец“, најсликовито ја опишува неговата судбина. Почина во 1988 година во Софија.
Блаже Миневски: Да го вратиме во нашата книжевност
Блаже Миневски, новинар што во неделникот „Фокус“ објавува серијал за начинот и околностите во кои е извршен прогонот на Венко Марковски, е изненаден од сознанието дека органи на поетот се чуваат во музеј во Софија.

„Ако срцето и мозокот навистина се чуваат во формалин во некој музеј во Софија, тогаш барањето на Филимена Марковска за рехабилитација на нејзиниот сопруг Венко во Македонија има не само формална туку и метафорична смисла. Според она што го пишувал од 1938 до 1966 година, неговото срце и мозок се во Македонија. Затоа академик Георги Старделов во предговорот на книгата за основоположниците на современата македонска поезија рече дека „неговата поетска имагинација најнепосредно и најдлабоко е поврзана со земјата македонска“.
Кога не би било така, Венко не би имал потреба уште во 1938 година првите две стихозбирки на современата македонска поезија, „Народни бигори“ и „Огинот“, да ги објави во Софија на македонски јазик. Податокот дека некој сака да го зачува неговото срце и мозок, надвор од неговата поезија, сам по себе зборува за бизарноста на животот во времето кога вистината се чуваше во формалин. Сметам дека срцето и мозокот треба да му се вратат на Венко таму каде што е сега, во скромниот дел на Централните софиски гробишта, далеку од Алејата на заслужните граѓани на Бугарија. Нашата, пак, обврска е многу полесна: ние треба да го вратиме Венко во нашата книжевност со она што го напиша пред да го изгуби или пред да му го одземат „срцето“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom