Расчистување на дилемите за Венко Марковски

Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
IZVORI ZA OSLOBODITELNATA VOJNA I REVOLUCIJA VO MAKEDONIJA
1941-1945

Izdadena od Institutot za Nacionalna Istorija vo Skopje 1970godina

Прегледај го приврзокот 8676
Venko Markovski,bil blizok sorabotnik na Chento.
Прегледај го приврзокот 8677

Pofaluvan od Dobrivoje Radosavljevikj-instruktor na CK na KPJ za spevot "PARTIZANI" od 2000 stihovi, so zborovite "ODLICHNA RABOTA".
Za bugarofilstvo ni zbor.????
Zatoa go prashav ,Zevsusa pa OMOPirin eve sega i tebe, emission- protiv kogo se borel Venko Markovski vo periodot 41-45 godina.

Koga, srbokomunistite lazele i seushte lazat za datumot na vostanieto, shto ostanuva da im se veruva.

Интересно беше соопштението што во македонската Академија го прочита првоборецот Ќамуран Тахир, етнички Турчин, кој своевремено лазовистите го прогласуваат за "македонски националист". Тој извести дека, во седумдесеттите, членовите на Скопскиот партизански одред, кој од Лазо К. бил забранет и да се спомне (бидејќи бил создаден од омразениот му Шарло) се обиделе да организараат некакво чествување. На првите македонски партизани им преседнало да слушаат дека Скопскиот одред не постоел, а самите тие биле негови борци. Да повториме - оваа единица е првата антифашистичка формација во Македонија, а не како што ден-денес се мисли, прилепскиот или кумановскиот одред, чија "прва пушка пукнала" на 11 октомври. "Наидовме на тешки опструкции од страна на власта", кажа Ќамуран Тахир. "А најголем отпор ни даде тогашниот потпретседател на Собранието на Град Скопје, Кочо Битољану!"
Инаку, Влавот Битољану е сметан за еден од главните луѓе на Александар Ранковиќ во Македонија.
 
N

n/a

Гостин
Венко Марковски е:
-Херој на Р.Бугарија
-Херој на социјалистичкиот труд
-Член на БАН (бугарската академија на науките)
-Член на неколку бугарски собранија (по денешен терк парламенти)
-член на бугарското друштво на писатели.

-`човек` за кој што Тодор Живков у замена има положено сериозни гаранции и го има лично измкнато од Македонија
-`човек` кој што до крајот на животот располагал со државна издршка,луксузна вила,службен автомобил,шофер и обезбедување во НР. Бугарија.

Кој нормален може да тврди после овие ФАКТИ дека истиот тој Марковски е македонски патриот и националист ???
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
7
" К'м висините п'тјат с тр'не е покрит,
Голготата се храни с м'ки и риданија,
Лик'т на истината е с л'жи обвит..."

/ Венко Марковски /
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Лик'т на истината е с л'жи обвит..."
Обвиен е ликот на вистината со лаги, секако. Најголемата е оваа:

“...биеха с'рцата на Б'лгарија и неразделно с тјах в тјахната пл'т и кр'в т'ржествуваха Аспаруховите и Куберовите праб'лгари. ...“

Но вистината не може да се скрие:

“...т'рсјат в гроба на Александ'р Македонски прародината на македонските славјани. ...“

И тоа стои во книга нарачана/диктирана од Тодор Живков.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Венко Марковски е:
-Херој на Р.Бугарија
-Херој на социјалистичкиот труд
-Член на БАН (бугарската академија на науките)
-Член на неколку бугарски собранија (по денешен терк парламенти)
-член на бугарското друштво на писатели.

-`човек` за кој што Тодор Живков у замена има положено сериозни гаранции и го има лично измкнато од Македонија
-`човек` кој што до крајот на животот располагал со државна издршка,луксузна вила,службен автомобил,шофер и обезбедување во НР. Бугарија.

Кој нормален може да тврди после овие ФАКТИ дека истиот тој Марковски е македонски патриот и националист ???
Zevsuse, fakti ke prochitash podolu:

Del od ИНТЕРВЈУ: М-Р НИКОЛА ЖЕЖОВ, ИСТОРИЧАР

Која од нив, како историчар, но и како човек, би ја издвоиле?
* Од тој период најсилен впечаток, можеби, ми остави судбината на Венко Марковски. Начинот на кој тој е прогонуван и репресиран е навистина специфичен. Но тука не завршила целата работа, репресијата не завршила само на него, туку се префрлила и на неговите најблиски. Потоа една внатрешна интернација во самата македонска држава, па потоа би го нарекол интелектуалниот терор врз него, со кој му се омаловажувале сите негови напишани дела, бидејќи не се совпаѓале идеолошки со раководството на тогашната македонска држава. Замислете, еден брилијантен ум, писател, поет, кого го сметаат и за еден од основачите на современиот македонски јазик, прогонет и сосема заборавен, во емиграција во Бугарија. Загадочна е, на пример, и смртта на неговиот син, со мистериозна сообраќајна несреќа.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=113144&idg=6&idb=1708&rubrika=Revija
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Венко Марковски е:
-Херој на Р.Бугарија
-Херој на социјалистичкиот труд
-Член на БАН (бугарската академија на науките)
-Член на неколку бугарски собранија (по денешен терк парламенти)
-член на бугарското друштво на писатели.

-`човек` за кој што Тодор Живков у замена има положено сериозни гаранции и го има лично измкнато од Македонија
-`човек` кој што до крајот на животот располагал со државна издршка,луксузна вила,службен автомобил,шофер и обезбедување во НР. Бугарија.

Кој нормален може да тврди после овие ФАКТИ дека истиот тој Марковски е македонски патриот и националист ???
Ovaa podolu e napishano od Milenko Nedelkovski:

"И јас сакам да кажам за Венко МАРКОВСКИ. Големиот Благоја РИСТЕСКИ-ПЛАТНАРОТ, објаснувајќи ја својата драма `Венко` (уште пред да биде прикажана), ми ја раскажа животната приказна на истиот (на телевизија).

Еве оделни точки од истото:

- Венко МАРКОВСКИ бил еднакво значаен со Коста СОЛЕВ РАЦИН во 2. Светска војна.
- Кога се изработувала македонската граматика, тој бил во надлежната комисија.
- Му се припишува знакот `ѕ` како негов придонес во нашата азбука. Нели, никој друг народ нема буква за тој глас. АМА, ЈАС ПОДОЦНА ВИДОВ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ГЛАСОТ `Ѕ` ПОСТОЈАНО ЈА КОРИСТАТ БУКВАТА `Ѕ`. Значи, Венко знаел за тоа.
- По војната, оти РАЦИН веќе е отстранет/убиен, Венко е најславниот жив поет.
- Читал поезија на градскиот стадион во Скопје, ПРЕД 30.000 СЛУШАТЕЛИ. ПРЕД ТРИЕСЕТ ИЛЈАДИ СЛУШАТЕЛИ!!! Кој би го повторил или надминал тоа?
- Два-три пати има добивано највисоки југословенски награди, и бил лично кај Тито, два-три пати. Значи, добивал почести од највисоко рамниште.

КОМУ МОЖЕЛО ДА МУ ПРЕЧИ ТОА?

- Почнале да се шират муабети до него. Гласот од нив дошол и до Белград.
- Венко сфаќал оти го сопкаат. Почнал да се жали за тоа, ама другите биле погласни.
- Бил набеден дека е за другата страна. А внимавајте тоа е времето на раскинот со СССР.
- Кодошот/стрвникот се покажал. Тоа е таткото на Илинка МИТРЕВА - (Димитар?) МИТРЕВ (Подоцна претседател на МАНУ).
- Венко завршува на Голи Оток. Ставен е на најтешки маки. По цел ден бил ставан во кош надвор, за да не може ни да си ја истегне снагата. Забранет бил пристап на други затвореници до него. СЕ` СО ЦЕЛ ДА ПОЛУДИ.
- ДЕЛАТА НА ВЕНКО МАРКОВСКИ СЕ ОДЗЕМАНИ ОД БИБЛИОТЕКИТЕ И СЕ СПАЛУВАНИ.
- Венко издржал. Жив се вратил дома. Но, одземени му биле граѓански права (право на пасош, н.пр.)
- Забрането му било што било да пишува. Сепак, ЃУБРИЊАТА му дозволиле да пишува на лепенки за тегли со мед, во некоја задруга. КОЛКУ ДА ПИШУВА ВООПШТО.
- Венко го губел видот, а спас имало само во Москва. Барал, молел за патна исправа.
- Му дале, знаејќи дека нема да се врати.
- Венко отишол изгледа преку НР Албанија (не е толку важно), дошол во Москва, го излечиле.
- Нему сега му нуделе во НР Бугарија место на `дворски писател` (така да се изразам). АМА СЕПАК ПИСАТЕЛ. А да се врател во татковината, немало да може ништо да пишува, туку само да чека да умре.

ШТО БИ НАПРАВИЛЕ ВИЕ?

ГЛЕДАТЕ ЛИ НА КАКВО ЧУДОВИШНО РАСПЕТИЕ БИЛ ПОСТАВЕН?

- Венко ја одбрал НР Бугарија. Бил писател, поет. Но, морал да го плати тоа, со страотна цена. Морал да го плука, гази, погани сето она што го вградил во македонската држава. И, ГО ПРАВЕЛ ТОА.

- Венко умрел таму. Подоцна, некои (н.пр. Димитар ДИМИТРОВ) се`уште го нарекуваа `салонска проститутка`.

На крајот, ПЛАТНАРОТ праша:

`Кој е предавникот?

Венко или тие кои го истераа од Македонија?

Да не сме можеби сите ние виновни?"
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Сите ние не сме и не можеме да бидеме виновни; виновни можат да бидат само поединци. Жална е судбината на Венко Марковски како и на многумина по војната. А мислам дека се’ уште не е расветлена до крај и неговата смрт (мимо официјалната верзија).

Сепак, останува фактот дека Венко е крајно злоупотребен за потребите на државната пропаганда на Бугарија - како во примерот со книгата нарачана/напишана од Тодор Живков што ја цитирам погоре.

Уште пожално е што речиси ништо од тоа што Венко го напишал не видело бела виделина -- најверојатно е уништено како во тогашна Југославија така и во Бугарија.
 
Член од
9 август 2008
Мислења
781
Поени од реакции
40
Извинјавајте, Г-н Мисирков, но аз Ви смјатах за модератор,
на Кајгана, а не за цензор.

Вие цензурирате всичко, което не Ви изнасја лично,
или може би цензурирате по пор'чка?

што за македонец сте Вие, штом позволјавате човек като "Zevsus"
да се гаври с паметта на Венко Марковски ?

Хаха , Бугарин зборува за цензура. Од држава во која до скоро на 10 % од нивното население беше сменето насилно името и националноста, и каде ДС и БКП колеа и бесеа , и во затвор се одеше затоа што слушаш странска музика , и ти беше забрането да носиш фармерки оти се Американска пропаганда, памет не примаме :) Ја разкажи им на дечките како сите ученици мораа да бидат чавдарчета и пионерчета со вратоврски и кој беше со долга коса му ја стрижеа на врата учителите. Кажи им и за другарот Тодор Живков и за цензурата во медиите од ДС , која и денеска постои. За разлика од Бугарија , Македонија е демократска земја и секој има право на мнение. Ама ти изгледа уште не си го научил урокот по демократија . Смешен си :helou:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Сите ние не сме и не можеме да бидеме виновни; виновни можат да бидат само поединци. Жална е судбината на Венко Марковски како и на многумина по војната. А мислам дека се’ уште не е расветлена до крај и неговата смрт (мимо официјалната верзија).

Сепак, останува фактот дека Венко е крајно злоупотребен за потребите на државната пропаганда на Бугарија - како во примерот со книгата нарачана/напишана од Тодор Живков што ја цитирам погоре.

Уште пожално е што речиси ништо од тоа што Венко го напишал не видело бела виделина -- најверојатно е уништено како во тогашна Југославија така и во Бугарија.
Misirkov, site ke ja nosime vinata se do momentot dodeka gi shtitime vistinskite vinovnici.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Misirkov, site ke ja nosime vinata se do momentot dodeka gi shtitime vistinskite vinovnici.
Сите оние кои штитат виновници за злосторства, треба да сносат вина и да одговараат. Ако си меѓу тие - е да, ќе сносите вина. И не само за Венко, туку за Ченто, Кочо и ред други. Но да се наметнува колективна вина е недопуштиво, впрочем, одговара на менталниот склоп и “филозофјата’’ на критикуваните за злосторствата.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Сите оние кои штитат виновници за злосторства, треба да сносат вина и да одговараат. Ако си меѓу тие - е да, ќе сносите вина. И не само за Венко, туку за Ченто, Кочо и ред други. Но да се наметнува колективна вина е недопуштиво, впрочем, одговара на менталниот склоп и “филозофјата’’ на критикуваните за злосторствата.
Misirkov, tvoja nesrekja e shto vo tvojata samobendisanost i umislenost deka si "borec" za Makedonskata kauza ne ja gledash sushtinata na Platnarovata poraka.
Zatoa ke ti ja "prevedam" porakata na Platnar : se dodeka kako edinki ne storime se da gi izvedeme pred liceto na pravdata zlostornicite ke sme souchesnici vo zlostorot.
ps.od 1998godina pa do deneska osnovna preokupacija za koja pishuvam i rabotam,nadvor od moite profesionalni obvrski se kodoshite, dosieata i nalogodavachite, ama toa ne mi dava za pravo da se izemam od kolektivnata odgovornost koja janosime kako Makedonci-VINOVNICITE SE SEUSHTE NEKAZNETI.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Многу убаво го разбирам концептот на “колективна вина’’ и пред да земеш да “објаснуваш’’ - го отфрлам. “Сите ние’’ не можеме да сносиме вина, тоа е тешка глупост карактеристична за едно друго време каде што умот ти е заробен. Никој кого го познавам нема вина за случајов ниту пак може да има, а ниту пак му бранам на некого да ја истера, напротив.

Меѓутоа, покрај тоа што делуваш како тешка комуњара, некако како да си ја ишкаш мувата од капата. Така ли те учеа кога бегаше во Бугарија? Затоа што не се само “србокомунистите’’ виновни туку и се уште владеечките “бугарокомунисти’’ (па и гркокомунистите во Атина) кои имаа синхронизиран механизам за манипулација и уништување на Македонците со тие во Југославија. Па дигни глас, а не да релативизираш вина, како што се обиде во темата на форум Политика тоа да го сториш за вооружените бугарски војници.
 
Eve neshto od Venko posveteno na tebe i tie kako tebe.
ПАТРИОТ

на Зафира и на Спира
На овој тажен век
сал еден видов кот...
От бубакј е по-мек -
се вика патриот...
За народ душа бере,
а народ вечно дере,
и в гради сал се бие,
и свето лице крие
опретано у крв!
И пости секој пос,
и оди гол и бос,
и нема празник тој
до олтар да не стој...
Со радос свеки пали,
от срце мртви жали
и ропски Бога слуша
низ вера чисти душа
и лази како црв!

За борец мине стар...
На јунак носи крв...
А крепи секој цар
И сегде тој е прв:
и солзи кога рони,
и народ кога гони.
A пушка штом ке пукне,
у црна тој ке шукне
от страв за живот мил.

И станал божјак цел...
И здрав е како дрен...
Oт довлет побелел
и затрал лен и плен.
Тој гори в мака жива
за пара снага свива,
а златни кукји има
и сува пара зима…
И уше кај не бил!..

И е от чесен сој
И скромен мегју свој...
И ведне глава, знам,
до земња oт црн „срам“
A чека клет от пладне
со душа! мрак да падне,
да згрее машки гради
крај фидан жени млади
от ситe тој нај-прв!

Ha овој тажен век
сал еден видов кот...
Oт бубакј е по-мек -
се вика патриот...
Тој носи божја душа,
a тоне в грев до гуша,
и в гради caл ce чука,
и в шеги народ клукa,
и плива цел у крв!..
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Додека во Европа со години функционираат идеите за крајот на историјата, за навлегувањето во пост-историско време, за завршениот од кај нас на Балканскиот тој "процес" на историјата прашање е дали секогаш ќе заврши. Старата Европа толку бргу ја "претрча" Историјата и излезе отаде неа, благодарејќи пред се на производите на својот дух каде Фауст, со Хамлет и Дон Кихот завземаат највисоко место на Европската пирамида на естетските вредности. Гетовиот Фауст ја имаше "моќта да му помогне на европеецот да се објасни самиот себеси" (Елиот), но за нас на Балканот, територијата што се наоѓа на работ на таа голема цивилизација, тешко може да се рече дека тие вредности апсолутно важат и само можат да се пресликаат во нашата душовност.
Претешка е траумата што треба да ја истрпи балканската душа, гледајќи го својот Фауст преку кого треба да си се објасни себеси. Проблематично во Гетовиот Фауст нема. Проблематичен е фаустизмот, стремежот кон апсолутното што како битие го носи Фауст. Судирот на македонизмот, идеологија онтолошки спротивна на фаустизмот и непријателски расположена на секаков обид за премостување на субјективното со апсолутната вистина е неизбежен, а тоа е почеток на драмата.
Продавањето на душата е неизбежно.
Нацизмот и сталинизмот, браќа близнаци на европскиот тоталитаризам, одамна се претворени во архетипи на европската деструкција. Балканското прашање е: Кој и како од близнаците риел во "нашето двориште"? Животот на Венко Марковски во својот несомнен лев ангажман преку целиот негов живот, (значи има некоја доследност и кај него) покажува нешто сосема друго, контраверза и траума за каква поголема не знае нашата понова историја и култура.
Овој текст нема воопшто цел да рехабилитира и брани, уште помалку да осудува, а најмалку да прекопува туѓи коски и да ги закопува на наши гробишта. Венко Марковски нека почива како што почива. Ова е обид со помош на Гете и ние да излеземе во историјата и да влеземе во Постисторијата, во Естетиката, со театар, со постмодерно размислување и есеизирање на сопствените колективни трауми...

...ова е само дел од едно нешто што се вика Македонски Фауст.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom