Рандом мистерии

Член од
10 октомври 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Мистериозно суштество на плажа во Њујорк
Фотографираните остатоци од мистериозното суштество на плажа во близина на Њујорк, ги вознемирија онлајн корисниците.

Ова откритие ги разви дискусиите меѓу теоритичарите. Некои сметаат дека станува збор за вонземско суштество, додека други велат дека можеби се работи за остатоци од Јети.

Суштеството наречено Монтаук чудовиште, според градот во Long Island каде е пронајдено, предизвика шпекулации дека можеби станува збор за програма за мутации спроведена од Владата на САД.
a ova videno e nekad zivo
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Чекај додека го видат во религија и му измонитраат некоја... чудотворна песна, најдобар момент во видеото се - "околните жител(ки)"
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.088
Поени од реакции
4.740
Чекај додека го видат во религија и му измонитраат некоја... чудотворна песна, најдобар момент во видеото се - "околните жител(ки)"
:pos:
Хаха, околните жителки...

Инаку во облаците можат да се забележат доста интересни фигури:

Или па ова:

:vozbud:

http://scienceray.com/earth-sciences/meteorology/10-amazing-cloud-shapes/

:pos2::pos2::pos2:
 
Г

Господ

Гостин
некој го видел ова видео?
На повеќето места кај што сум го глеал ова пишува дека тоа е чупакабра:toe:

Иначе

Багдадска Батерија

bat1b.jpg

Знае некој нешто за ова?
Наводно е батерија,се наоѓа во музејот во Багдад и е откриено во 1936 година.
Се верува дека е старо околу 2000-2500 години и мислам дека со денешни експерименти е докажано дека има напон од околу волт.
sar_112.jpg
Воглавном се верува дека се користела како галванизер односно за позлатување сребрени предмети но успеав да најдам и кратки тврдења дека се користела и во магиски ритуали.
Знае некој нешо повеќе за какви ритуали и др?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Слатката вода во Мумбаи

Случајот од 2006 г. со „слатката“морска вода во Мумбаи е феномен за време на кој што жителите на Мумбаи тврделе дека водата од каналот Махим, еден од најзагадените канали во Индија во кој што секојдневно се слеваат илјадници тони на човечки и индустриски отпад, одеднаш станала слатка. По неколку часа жителите на Гуџарат тврделе дека морската вода крај плажата Титхал исто така станала слатка. Властите во страв од можната појава на различни болести ги предупредувале луѓето да не пијат од водата, но и покрај тоа луѓето полнеле од неа, без разлика каков отпад да пловел по истата. До четиринаесет часот следниот ден луѓето почнале да тврдат дека водата повторно станала солена.

Јунската епидемија „бубачка“ во САД

Во 1962 се појавила чудна болест во еден оддел на една фабрика за текстил во САД. Се појавиле симптоми како мачнина и повраќање. Гласините за некаква бубачка во фабриката се рашириле многу бргу и наскоро кај шеесет и двајца вработени се јавиле симптомите на таа мистериозна болест, а неколку од нив биле одведени и во болница. За ова известувале и американските медиуми. По истрагата спроведена од луѓе од здравството, бил донесен заклучок дека болеста е случај на масовна хистерија, веројатно причинета од анксиозност, иако експертите сепак верувале дека некои од работниците можеби и навистина биле каснати од мистериозната бубачка, чие што каснување предизвикувало симптоми слични на грип.

Паника на мал пенис

Се работи за масовна хистерија во која што машките членови на населението одеднаш почнуват да веруваат дека нивните гениталии се смалуваат и дека полека исчезнуваат. Вакви случаи на паника се појавувале ширум светот, најчесто во Африка и Азија. Според локалните верувања, ваквите телесни промени често завршуваат фатално. Овие напади на паника се јавуваат многу почесто отколку што се мисли. Некои мажи завршиле и во болница како последица на тоа што употребувале игли, куки, јадици и сл. да го спречат вовлекувањето и исчезнувањето на нивниот интимен орган. Од вистинска епидемија на оваа хистерија бил погоден Сингапур во 1967, каде што биле забележани илјадници такви случаи. Владата и лекарите организирале кампања во која што ги уверувале луѓето дека е анатомски невозможно да им се случи такво нешто.

Хистерија на сапунска опера

Morangos com Açúcar (Јагоди со шеќер) е португалска ТВ серија за млади која што била многу популарна во Португалија, особено помеѓу помалите деца и тинејџерите, во која што се прикажувале авантурите на португалската младина. Во мај 2006 се појавил „вирусот Morangos com Açúcar“ низ португалскит училишта. Повеќе од триста ученици од вкупно четиринаесет училишта се пожалиле на симптоми слични на тие кои што ги имале ликовите од популарната ТВ серија во последната епизода, имено: црвенило, потешкотии со дишењето, мачнина и сл. поради што некои училишта биле и затворени. Од португалскиот национален институт за итна медицина било утврдено дека се работи за случај на масовна хистерија. Овој случај предизвикал загриженост кај некои од родителите, кои биле вчудоневидени од тоа како може да влијаат медиумите врз младите луѓе.
Танцувачката чума

Танцувачката чума во 1518 било случај на танцувачка манија која што се појавила во Стразбур, Франција во јули 1518. Голем број на луѓе танцувале со денови без никаков одмор. Се започнало кога една жена, Фрау Трофеа, започнала страсно да танцува низ улиците на Стразбур. Тоа траело неколкуу денови. Во текот на една недела и се придружиле и 34 други луѓе, а за еден месец бројот пораснал на 400 танцувачи. Повеќето од овие луѓе на крајот и починале како резултат на срцев удар или пак премореност. Според историски извори, како белешки на лекарите, локалните и регионалните весници, белешки на градскиот совет и сл, сите тие луѓе биле зафатени од танцувачката манија. Никогаш не било разјаснето зошто тие луѓе танцувале до смрт, ниту пак е јасно дали танцувањето било доброволно.
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913

Паника на мал пенис

Се работи за масовна хистерија во која што машките членови на населението одеднаш почнуват да веруваат дека нивните гениталии се смалуваат и дека полека исчезнуваат. Вакви случаи на паника се појавувале ширум светот, најчесто во Африка и Азија. Според локалните верувања, ваквите телесни промени често завршуваат фатално. Овие напади на паника се јавуваат многу почесто отколку што се мисли. Некои мажи завршиле и во болница како последица на тоа што употребувале игли, куки, јадици и сл. да го спречат вовлекувањето и исчезнувањето на нивниот интимен орган. Од вистинска епидемија на оваа хистерија бил погоден Сингапур во 1967, каде што биле забележани илјадници такви случаи. Владата и лекарите организирале кампања во која што ги уверувале луѓето дека е анатомски невозможно да им се случи такво нешто.

Е колку сакаат овие бе??? тоа црнчиштата преку леб погача бараат, 10 метра малце му било ... пссссс:nesum:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ова е интересно... "Зашто духовите не се вистински", текст од абовтопсикрет.

If ghosts or spirits are real why aren't there reported sightings all over NYC after 9/11. Shouldn't the old WTC ruins be completely amassed with ghosts?

Why is it there are places that are haunted in particular when there are death tolls in the thousands in certain places where there does not seem to be any residual or conscious hauntings?

Shouldn't there be ghosts everywhere given the amount of people that have died throughout history on this planet?

Why is it always humans that haunt and not animals? Don't they have the same biological functions.

Some questions that need answers before I can begin to consider the possibility seriously......

Се надевам ќе разберете, на работа сум , не можам да преведувам

*не го поддржувам ова, пошо сум видел дух :)
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
*не го поддржувам ова, пошо сум видел дух :)
???? Ај поткажи малце околу тоа, уште од мал ме интересираат такви работи, и секогаш со друштвото зборуваме дали е вистина или не.... гледам и на нет видеа ама во во целост не им верувам...:smir:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Имам пишувано за тоа, види во натприродни појави мислам, за духот :).
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Гледајте....
Видео: Момче од Јамајка нападнато од дух
Случајот на едно момче од Јамајка чие семејство тврди дека го напаѓа дух го обиколи светот и ретко кој остави рамнодушен.

11-годишното момче на ТВ екипата и раскажа дека повремено го напаѓа духот на пријател кој починал, меѓутоа некои извори тврдат дека се работи за духот на роднина на момчето кој бил убиен од неговата баба за да му го земе делот од имотот кој му припаѓал.

Кој и да е, духот е прилично е насилен спрема момчето.
ТВ екипата забележа две такви сцени на кои се гледа како нешто го влече момчето за рацете и нозете, додека присутните во паника се обидуваат да го ослободат од паранормалните сили.

Многу медиуми предупредуваат дека ваквите случаи често се пријавуваат но дека секогаш се испоставува дека тоа е само обид да се привлече внимание. Дали и сега е така, проценете сами.

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747

Ова не верувам дека е вистина, но ако е стварно е морничаво!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom