Слатката вода во Мумбаи
Случајот од 2006 г. со „слатката“морска вода во Мумбаи е феномен за време на кој што жителите на Мумбаи тврделе дека водата од каналот Махим, еден од најзагадените канали во Индија во кој што секојдневно се слеваат илјадници тони на човечки и индустриски отпад, одеднаш станала слатка. По неколку часа жителите на Гуџарат тврделе дека морската вода крај плажата Титхал исто така станала слатка. Властите во страв од можната појава на различни болести ги предупредувале луѓето да не пијат од водата, но и покрај тоа луѓето полнеле од неа, без разлика каков отпад да пловел по истата. До четиринаесет часот следниот ден луѓето почнале да тврдат дека водата повторно станала солена.
Јунската епидемија „бубачка“ во САД
Во 1962 се појавила чудна болест во еден оддел на една фабрика за текстил во САД. Се појавиле симптоми како мачнина и повраќање. Гласините за некаква бубачка во фабриката се рашириле многу бргу и наскоро кај шеесет и двајца вработени се јавиле симптомите на таа мистериозна болест, а неколку од нив биле одведени и во болница. За ова известувале и американските медиуми. По истрагата спроведена од луѓе од здравството, бил донесен заклучок дека болеста е случај на масовна хистерија, веројатно причинета од анксиозност, иако експертите сепак верувале дека некои од работниците можеби и навистина биле каснати од мистериозната бубачка, чие што каснување предизвикувало симптоми слични на грип.
Паника на мал пенис
Се работи за масовна хистерија во која што машките членови на населението одеднаш почнуват да веруваат дека нивните гениталии се смалуваат и дека полека исчезнуваат. Вакви случаи на паника се појавувале ширум светот, најчесто во Африка и Азија. Според локалните верувања, ваквите телесни промени често завршуваат фатално. Овие напади на паника се јавуваат многу почесто отколку што се мисли. Некои мажи завршиле и во болница како последица на тоа што употребувале игли, куки, јадици и сл. да го спречат вовлекувањето и исчезнувањето на нивниот интимен орган. Од вистинска епидемија на оваа хистерија бил погоден Сингапур во 1967, каде што биле забележани илјадници такви случаи. Владата и лекарите организирале кампања во која што ги уверувале луѓето дека е анатомски невозможно да им се случи такво нешто.
Хистерија на сапунска опера
Morangos com Açúcar (Јагоди со шеќер) е португалска ТВ серија за млади која што била многу популарна во Португалија, особено помеѓу помалите деца и тинејџерите, во која што се прикажувале авантурите на португалската младина. Во мај 2006 се појавил „вирусот Morangos com Açúcar“ низ португалскит училишта. Повеќе од триста ученици од вкупно четиринаесет училишта се пожалиле на симптоми слични на тие кои што ги имале ликовите од популарната ТВ серија во последната епизода, имено: црвенило, потешкотии со дишењето, мачнина и сл. поради што некои училишта биле и затворени. Од португалскиот национален институт за итна медицина било утврдено дека се работи за случај на масовна хистерија. Овој случај предизвикал загриженост кај некои од родителите, кои биле вчудоневидени од тоа како може да влијаат медиумите врз младите луѓе.
Танцувачката чума
Танцувачката чума во 1518 било случај на танцувачка манија која што се појавила во Стразбур, Франција во јули 1518. Голем број на луѓе танцувале со денови без никаков одмор. Се започнало кога една жена, Фрау Трофеа, започнала страсно да танцува низ улиците на Стразбур. Тоа траело неколкуу денови. Во текот на една недела и се придружиле и 34 други луѓе, а за еден месец бројот пораснал на 400 танцувачи. Повеќето од овие луѓе на крајот и починале како резултат на срцев удар или пак премореност. Според историски извори, како белешки на лекарите, локалните и регионалните весници, белешки на градскиот совет и сл, сите тие луѓе биле зафатени од танцувачката манија. Никогаш не било разјаснето зошто тие луѓе танцувале до смрт, ниту пак е јасно дали танцувањето било доброволно.