Рандом мистерии

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Не е малку чудно што 7 од настаните се случиле во САД, и 2 во Англија?!
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Пред некој да го бапне во посебна тема...

10. Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре


Човекот-гуштер од мочуриштето Скејп Оре е хуманоиден криптид (суштество за кое се претпоставува дека постои но се уште не е научно докажано) за кое што се зборува дека ги населува мочуришните области во и околу Ли Каунти, Јужна Каролина, САД. Според легендите тој е над два метри висок, оди исправено и е цврсто граден со зелена лушпеста кожа и светкави портокалови очи. Се вели дека има по три прсти на рацете и нозете кои што завршуваат во кружни перничиња на врвовите со помош на кои се лепи на ѕидовите. Ова суштество за прв пат било забележано од Кристофер Дејвис, локален седумнаесетгодишник, кој што изјавил дека налетал на него додека се возел дома од работа во два часот по полноќ на 29. Јуни 1988. Според неговите кажувања, Дејвис застанал на патот крај мочуриштето за да ја смени издишаната гума. Во моментот кога привршувал со менувањето слушнал силен шум зад него, и кога се свртел го забележал чудовиштето како трча кон него. Дејвис раскажал дека суштеството во последен момент се дофатило до автомобилот и се качило на покривот додека тој се обидувал да избега од него, и потоа висело на покривот додека Дејвис правел остри цик-цак движења трудејќи се да го отфрли од автомобилот. Кога се вратил дома, забележал дека страничниот реттровизор бил доста оштетен, а исто така нашол и драсканици по покривот од автомобилот. Но освен тоа, немало други показатели за наводната средба со чудовиштето.

Наредниот месец откако Дејвис го забележал мистериозното суштество, следувале уште известија за големо суштество кое наликувало на гуштер, како и за невообичаени гребаници и отпечатоци на гризнувања врз автомобилите кои биле паркирани во радиус од 5km близу мочуриштето.Две недели по случката со Дејвис шерифот направил гипсени отпечатоци од она што изгледало како стапки од стапала со три прсти- во должина од 360mm, но решиле да не ги праќаат во FBI на понатамошна анализа откако биолозите ги советувале дека тие не мжат да се класифицираат. Потоа видувањата и општата еуфорија по суштеството опаднала, за повторно да биде видено од една жена во октомври 2005, а во февруари 2008 повторно биле забележани чудни траги врз автомобилот на Боб и Дикси Росон, кои што забележале и дека некои нивни мачки се исчезнати. Трагите од крв најдени на автомобилот биле пратени на анализа по што било утврдено дека припаѓаат на куче.

Две декади по првото видување на чудовиштето, луѓето се уште се прашуваат дали тоа е вистина, или пак луѓето кои што наводно го виделе се психички лабилни личности, или пак се работи само за добар рекламен трик за привлекување на туристи. Некои дури сметаат дека според тоа што суштеството оди на задните нозе и има три прсти, би можело да се работи за преживеан вид на диносаурус.
Би сакал да видам слики од колата , би било поуверливо. Но и како во повеќето мистерии физичките докази се ретки.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
10. Ронгоронго



Додека многу луѓе знаат за Моаите, камените фигури на Велигденските острови, не толку многу луѓе слушнале за една друга мистерија поврзана со тој дел од светот. „Ронгоронго“, е хиероглифско писмо на јазикот на поранешните жители на овој регион. Било откриено некаде во осумнаесеттиот век, но набргу потоа било изгубено бидејќи било забрането од колонизаторите Европјани поради неговите врски со паганските корени на островјаните.
9.Изгубениот град Хелике


Во раниот втор век на нашата ера, грчкиот писател Павсанија запишал дека (можеби 4-500 години порано?) една ноќ моќен земјотрес го уништил големиот град Хелике, а веднаш потоа големо цунами го одмило се она што останало од метрополата која што била во цутот на својот развој. Овој град кој што бил главниот град на ахајскиот сојуз бил религиозен центар посветен на древниот бог Посејдон, богот на морето. Во 1861. година археолозите нашле траг кој што можел да води кон откривањето на Хелике- бронзена монета со непогрешливиот приказ на Посејдон. Во 2001. биле лоцирани рушевините на градот под калта на крајбрежјето, и сега се собираат податоците за подемот и ненадејниот пад на тоа што било наречено „вистинската“ Атлантида.
8.Калливите тела


Оваа мистерија би можела да претставува проблем и за легендарните детективи од CSI и на нив сличните. Калливите тела се стотици древни трупови пронајдени закопани во некои мочуришта во Северна Европа. Телата се извонредно сочувани, а некои датираат уште од пред 2000 години. Многу од телата имаат знаци на измачување, според кои што истражувачите дошле до заклучок дека се работи за ритуални жртви.
7. Падот на Минојците


Минојците се најпознати по легендата за Тесеј и Минотаурот, но всушност падот на некогаш моќната цивилизација е тоа што е уште поинтересно. Додека многу од историчарите се посветуваат на изучување на римската империја, пасот на Минојците кои што го населувале островот Крит е голема мистерија. Пред три ипол илјади години островот бил потресен од голема вулканска ерупција од соседниот остров Тера. Археолозите ископале таблички кои што покажале дека Минојците продолжиле да постојат уште пеесет години по катастрофата, пред целосно да исчезнат. Теориите за причината за нивниот конечен пад варираат од тоа дека плодниот остров бил докрајчен со вулканска пепел, па се до тоа дека ослабеното општество го нападнале и уништиле соседите Грци.
6. Камењата во Карнак



Сите слушнале за Стоунхенџ, но колку од вас имаат слушнато за камењата од Карнак. Тоа се 3 000 мегалитски камења наредени во совршени линии и се наоѓаат во северозападна Франција. Една од легендите за овие камења е дека секој камен е војник од римската легија која што волшебникот Мерлин ја претворил во куп камења. Еден од научните обиди за објаснување на овој феномен е дека се работи за елабориран детектор за земјотрес. Идентитетот на неолитскиот народ кој што ги поставил овие камења е непознат.

5. Кој бил Робин Худ


Историската потрага по вистинскиот идентитет на легендарниот крадец Робин Худ шпекулира со голем број на имиња. Еден од кандидатите е јоркширскиот бегалец Роберт Ход од Вејкфилд. Огромниот број на осомничени подоцна бил усложнет и од фактот дека подоцна името Робин Худ станало вообичаено наименување за секој разбојник. Како што литературата почнала да додава нови ликови во приказната, како што се принцот Џон и Ричард Лавовското Срце, трагата станала уште понејасна. До ден денешен се уште никој не знае кој навистина бил овој криминалец.

4. Изгубената римска легија


Откако Партјаните ја поразиле армијата на римскиот генерал Крас, според една легенда дел од таа армија скитале низ пустината за накрај да бидат заробени од ханската војска седумнаесет години подоцна. Кинескиот историчар од првиот век Бан Гу, запишал за судирот со чудна армија од стотина луѓе кои се бореле во „фомација на риба“, карактеристичен за римските воени сили. Еден историчар од Оксфорд кој што ги споредил древните известувања за овој настан тврди дека изгубените римски легионери основале мал град во близина на пустината Гоби, наречен Ликиан, кое што од кинески би се превело со Рим. Биле извршени ДНК анализи со цел да се дојде до одговорот на тоа како некои од денешните жители имаат зелени очи, руса коса, и склоност кон борба со бикови.
3.Ракописот на Војнич


Овој ракопис е документ од средниот век напишан со непознато писмо и на непознат јазик. Веќе повеќе од сто години луѓето се обидуваат да го пробијат кодот на ова писмо но без значаен успех. Од сочуваните листови се добива впечаток дека се работи за фармакопеја, т.е. обработува теми од средновековната или пак раната модерна медицина. Како и да е, загадочните детали и илустрации поттикнале многу теории за потеклото на оваа книга, како и за тоа за каква цел требало истата да послужи. Документот содржи илустрации во својот текст според кои се претпоставува дека книгата била поделена на шест делови: хербален, астрономски, биолошки, космолошки, фармаколошки и дел со рецепти.

2. Мумиите од Тарим


Вчудоневидувачкото откритие на мумии стари 2000 години во долината Тарим во западна Кина било направено во раните деведесетти. Но она што е уште позапрепастувачко е неверојатниот факт дека мумиите се со светла коса и големи носови. Во 1993. Виктор Мајер, универзитетски професор, собрал ДНК материјал од мумиите за неговите испитувања со кои што потврдил дека телата по своите генетски особини се по потекло од Европа. Древните кинески текстови од првиот милениум пр. н.е. и навистина спомнуваат некаков номадски кавказоиден народ кој што тие го нарекуваат Баи, Јеужи и Тохаријци. Но никој сеуште не открил во целост како и зошто тие луѓе се нашле таму.

1. Исчезнувањето на цивилизацијата од долината на Инд


Древниот народ од долината на Инд, најстарата позната индиска цивилизација имала култура која што се протегала од западна Индија до Авганистан, со популација од преку пет милиони жители. Мистеријата околу оваа цивилизација од бронзената ера е еквивалент на падот на цивилизацијата на Маите. Тие биле напредната цивилизација која што развила високо чувство за хигиена и сложен систем за одводнување, како и беспрекорно изградени бањи. Нема никакви податоци за армии, робови, конфликти и други слични белези на древните општества, и никој не знае како завршила оваа цивилизација.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Повеќето од нив воопшто не се ни мистерија Дамјан :) затоа не ги постирав.
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Младиот James доказ дека реинкарнација постои
James Leininger, 11 - годишно момче од Lafayette во Louisiana, во минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација.
Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на сè од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 март 1945 година.

Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна ,бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудоневидени.

Откога го напуштил киндербет, James Leininger ја искажал големата фасцинација за авионите.


Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston.
Кога ја наполнил втората година, детето почнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт.

На своите родители тогаш по прв пат им одјаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила во моторот и дека животот му завршил во морето (деталите за тоа во видеото).

Неговиот татко Bruce, од првин бил скептичен спрема реинкарнацијата, потоа се дал на истражување и го однел синот кај преостанатите живи војници кои служеле на тој брод. И останал без зборови.

Откога малиот James ги видел своите стари воени другари, оние кои ги познавал ги поздравил по име.

Но ,тоа шокантно откритие не е крај на приказната. Родителите на детето ја пронашле и Anna Barron, сестрата на James Huston. Старицата брзо заклучила дека детето - е нејзиниот покоен брат.
„Тоа дете ми раскажа многу разни детали од нашето детство што одма заклучив дека тој навистина е мојот брат. На пример, тој се сети на нашите портрети кои ги нацрта нашата мајка, а за тие слики никој не знаеше освен ние двајцата„ - раскажа старицата.

Приказната за ова дете, неодамна е објавена во книгата „Sole Survivor„, а како што изгледа наскоро ќе заврши и на филмско платно.
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Ми се смачи од Тие Мотика Мистери си измислуват некој работи Тресат Зелени Бидејќи Повеќе Немат Идеја што да стават -.-
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Пророштвото на Борис Кипријанович
Земјата ќе доживее нешто страшно, а првата голема катастрофа што ќе зафати еден од континентите ќе се случи в година. Ова го најавува чудото од момче Борис Кипријанович, пренесува Макфакс. Во 1996 година во рускиот град Жириновск, недалеку од Волгоград, се роди дете по име Борис Кипријанович. Детето уште на две години почнало да зборува за вселената, далечните цивилизации, за планетарните системи. Тврди дека некогаш живеел на Марс и детаљно раскажува за тоа. Тој тврди дека тогаш како пилот повеќепати ја посетил Земјата и убеден е дека неговите информации ќе одиграат значајна улога во иднината на нашата планета. Малиот Борис уште при раѓањето имал поглед на возрасен човек. На две недели ја држел главата исправена, а првиот збор го изговорил на четири месеци.

На неполни две години научил да чита и цртал и боел со боички. Психолозите на неговите цртежи виделе дека тој со мешавина на сина и виолетова боја ја цртал аурата што ја гледа околу луѓето.

Борис на две години првпат седнал во положбата „лотос“ и почнал детаљно да раскажува за вселената и за непознати цивилизации. Ги набројувал имињата на планетите во Сончевиот систем, нивните сателити и галаксиите. Често им се приближувал на непознати, им зборувал за нивните проблеми и ги предупредувал на тешкотии што им претстојат и се' што кажал било точно.

Боришка, како што го викаат нагалено, вели дека конечно дојде времето на Земјата да се родат посебни луѓе како што се индиго-децата. На Земјата нешто ќе и' се случи, тврди Борис и додава дека затоа се тука тие деца за да можат да им помогнат на луѓето.

Земјините полови ќе се заменат и првата катастрофа ќе зафати еден од континентите. Втората, поразорна, ќе биде во 2013 година, вели Борис и додава дека двете катастрофи се поврзани со вода.

Чудото од дете го проучувале научници од разни области и сите сметаат дека момчето не можело да ги измисли сите тие приказни.

Неговата мајка Надја вели:

- Се досадуваше со нас, но не' почитуваше и кон сите нас се однесува љубезно, што е невообичаено за 11-годишно момче. Постојано зборува за војни што предизвикале пропаѓање на цивилизацијата на Марсовците, како тие се обиделе да го претворат Јупитер во второ Сонце, која е целта на нуклеарната енергија. Борис и Надја денес живеат во Москва, каде што тој посетува училиште за талентирани и надарени деца, се вели во написот објавен во рускиот весник „Правда

--- надополнето ---

Италијанскот музичар и компјутерски стручњак Џовани Мариа Пала (45) тврди дека во “Тајната вечера“ од славниот ренесански сликар Леонардо Да Винчи, пронашол вграден музички код.
“Кога ќе се одсвири звучи како реквием... како музика која го нагласува Христовото патење”, рекол Пала. Фреската на Леонардо насликана помеѓу 1494 и 1498 година во миланската црква Santa Maria delle Grazie претставува драматичен момент на шок кој е предизвикан кај апостолите со веста дека Христос ќе умре и дека еден од нив ќе биде издајникот.
Пала започнал со проучување на сликата во 2003 година, по веста дека стручњаци веруваат во постоење на музички код кој се крие во самата слика. Потоа ништо повеќе не слушнал за тоа, но како музичар посакал подлабоко да ја истражи.

Во својата книга “Скриена музика”, која денес е претставена во Италија, Пала објаснува како на сликата издвоил елементи кои имаат одредена симболика во христијанската теологија и ги интерпретирал како музички кључеви. Всушност тој открива дека лебот и држењето на рацете на апостолите претставуваат ноти. Објаснил како тоа одговара на христијанската симболика според која лебот претставува Христово тело, а рацете сретство со кое лебот се благословува. Меѓутоа, ниту откако нацртал “ноти” не успеал да направи музика се додека не ги “прочитал” од десно на лево, што бил посебен стил на пишување на Да Винчи. Во книгата Пала објаснува како ги дешифрира другите музички кључеви кои одредуваат темпо и траење на ноти, а конечен резултат е музика од 40 секунди, “химна божија” која најубаво звучи ако се одсвири на оргуљи.


Alessandro Vezzosi, стручњак за делата на ренесансниот гениј и директор на музејот во неговото родно место Винчи, рекол како сеуште не е запознаен со содржината на книгата, но верува дека теоријата на Пал е можна. Тој потврдил дека стручњаци уште одавна наслутувале дека рацете на апостолите може да претставуваат ноти, меѓутоа, истакнал дека досега никој во дешифрирање не го вклучил лебот. “Секогаш постои опасност да се види нешто што всушност не постои, меѓутоа сигурно е дека просторот на сликата е хармонично поделен. Каде што има хармонија има и музика”, објаснува Vezzosi. Додава како Да Винчи, попознат по своите слики скулптури и изуми, исто така бил познат и како добар музичар. Свирел лира и дизајнирал разни инструменти. Исто така додава дека некои негови дела се напишани од десно на лево.

Интерпретирање на “Тајната вечера” станува особено популарна по објавувањето на книгата од Ден Браун, “Кодот на Да Винчи”. Меѓутоа, Пала нагласува дека неговото откритие не го поврзува Да Винчи со никакви мрачни тајни за христијанството.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Пророштвото на Борис Кипријанович
Земјата ќе доживее нешто страшно, а првата голема катастрофа што ќе зафати еден од континентите ќе се случи в година. Ова го најавува чудото од момче Борис Кипријанович, пренесува Макфакс. Во 1996 година во рускиот град Жириновск, недалеку од Волгоград, се роди дете по име Борис Кипријанович. Детето уште на две години почнало да зборува за вселената, далечните цивилизации, за планетарните системи. Тврди дека некогаш живеел на Марс и детаљно раскажува за тоа. Тој тврди дека тогаш како пилот повеќепати ја посетил Земјата и убеден е дека неговите информации ќе одиграат значајна улога во иднината на нашата планета. Малиот Борис уште при раѓањето имал поглед на возрасен човек. На две недели ја држел главата исправена, а првиот збор го изговорил на четири месеци.

На неполни две години научил да чита и цртал и боел со боички. Психолозите на неговите цртежи виделе дека тој со мешавина на сина и виолетова боја ја цртал аурата што ја гледа околу луѓето.

Борис на две години првпат седнал во положбата „лотос“ и почнал детаљно да раскажува за вселената и за непознати цивилизации. Ги набројувал имињата на планетите во Сончевиот систем, нивните сателити и галаксиите. Често им се приближувал на непознати, им зборувал за нивните проблеми и ги предупредувал на тешкотии што им претстојат и се' што кажал било точно.

Боришка, како што го викаат нагалено, вели дека конечно дојде времето на Земјата да се родат посебни луѓе како што се индиго-децата. На Земјата нешто ќе и' се случи, тврди Борис и додава дека затоа се тука тие деца за да можат да им помогнат на луѓето.

Земјините полови ќе се заменат и првата катастрофа ќе зафати еден од континентите. Втората, поразорна, ќе биде во 2013 година, вели Борис и додава дека двете катастрофи се поврзани со вода.

Чудото од дете го проучувале научници од разни области и сите сметаат дека момчето не можело да ги измисли сите тие приказни.

Неговата мајка Надја вели:

- Се досадуваше со нас, но не' почитуваше и кон сите нас се однесува љубезно, што е невообичаено за 11-годишно момче. Постојано зборува за војни што предизвикале пропаѓање на цивилизацијата на Марсовците, како тие се обиделе да го претворат Јупитер во второ Сонце, која е целта на нуклеарната енергија. Борис и Надја денес живеат во Москва, каде што тој посетува училиште за талентирани и надарени деца, се вели во написот објавен во рускиот весник „Правда

и порано имам во весник читано за ова,звучи фасцинантно но колку е вистинито бидејќи тој катастрофите не ги опишува детално и зошто ако знае за катастрофите тој би чекал да се случат?Зошто досега нема уште еден како него?Ако тој бил марсовец значи би требало да ни каже за нешто во врска со технологијата што сеуште не го знаеме.И да-зошто мора нешто вонземско да биде во САД или Русија:uvo:
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
и порано имам во весник читано за ова,звучи фасцинантно но колку е вистинито бидејќи тој катастрофите не ги опишува детално и зошто ако знае за катастрофите тој би чекал да се случат?Зошто досега нема уште еден како него?Ако тој бил марсовец значи би требало да ни каже за нешто во врска со технологијата што сеуште не го знаеме.И да-зошто мора нешто вонземско да биде во САД или Русија:uvo:
и јас не верувам баш во се ама вредно е за размислуванје
Индиго Деца
Многу од денешните деца се Индиго Деца, исто така познати како ДЕЦАТА НА СОНЦЕТО во индијанската култура и ДЕЦА НА МИЛЕНИУМОТ кај некој истражувачи. Некој Експерти тврдат дека 90% од сите деца под возрас од 9 години и исто така мал процент од возрасните се ИНДИГО.
Овие деца се познаваат по нивните уникатни карактеристики. Индиго децата се многу интелегентни и креативни но исто така бунтовни спрема Авторитетите на системот. Во повеќе случаеви тие се Attention Deficit Disorder (ADD) и можно е да им требаат посебни терапии за да се управува со ова однесување. Најчесто овие деца се многу чувствителни и екстремно емоционални. Индиго Децата можат да доживеаат депресиа на млади години АКО не бидат потсетени зошто се тие тука или да сватат дека тие можат да му помогнат на светот.

Индиго децата имаат мисија на Земјата да помогнат да се возвиши. Многу од овие деца имаат силен психички талент за кој треба помош и подршка за да се развие. Некој Индиго се природни лекари ( имаат исцелувачка моќ) и изгледа природно се усогласуваат со REIKI енергија.

Некои деца кој имаат аутизам и тие што имаат Асперферов Синдром се исто така ИНДИГО деца и се мисли дека со духовно советување и развиени енергетски терапии како што се Reiki, Shamballa i EMF Balancing, дека овие деца можат да излезат од нивните кафези. Индиго децата се крстени така од доминантната боја на индигото. Бојата индиго го преставува третот око CHAKRA, Енергетскиот центар на психички активности, за кој се мисли дека е широко отворен кај повеќето од нив. Индиго децата искусуваат мал оддел помеѓу земјата и светот на духовите и тие имаат пристап до информации што за многумина е невозможно.

Колку повеќе учиме за Индиго децта толку повеќе ќе ни се зголеми способноста да работиме со нив. Исто така подобро ќе ја сватиме новата енергија што доаѓа во земјата, затоа што индиго Децата Ќе донесат нова енергија и ќе ни помогнат на нас да научиме да живееме едни со други во виша хармонија. Тие се тука за да го просветлат светот и да не воздигнат без разлика дали сме подготвени или не. Кој подобро да не воведе во новиот начин на однесување, мислење и чувствување од Индиго децата кој веќе се однесуваат, мислат и чувствуваат поинакво?
Мисла на Едно индиго дете: Ако можам да посакам нешто за овој свет тоа би било сите луѓе да чувстуваат разбирање меѓу себе и љубов за сите души на оваа планета.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
makman не спамирај со стории за кои веќе има теми :) разгледај низ подфорумов :smir:
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Повеќето од нив воопшто не се ни мистерија Дамјан :) затоа не ги постирав.
Знам...мораше нешто да постирам кога никој друг ништо не постира. Жал ми е кога никој не го интересираат мистерииве , како што гледам јас како будала само постирам овде и во Непознати форми на живот. Дај те молам интересно ако најдеш нешто постирај го , монотоно стана нема ни нови теми , ништо нема.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Знам...мораше нешто да постирам кога никој друг ништо не постира. Жал ми е кога никој не го интересираат мистерииве , како што гледам јас како будала само постирам овде и во Непознати форми на живот. Дај те молам интересно ако најдеш нешто постирај го , монотоно стана нема ни нови теми , ништо нема.
Добредојде на летната верзија на форумот :) периодично е ова, ама па затоа врие во Љубов и Секс :wink:
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Што бара астронаутов на рeзба од 1102 година .
Ова е од "Свети Еремија" во шпанскиот град Саламанка.
Ако не лажат овие од мотика.ком :)
Се зезам ..... проверив точно е.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893


Оваа наизглед вообичаена старинска фотографија има еден навистина морничав детал во себе. Била снимена во 1919, и за првпат објавена во 1975 од сер Виктор Годард, пензиониран офицер на кралските воздушни сили. На фотографијата е претставена ескадрилата на Годард, која што служела за време на Првата светска војна, снимена на палубата на бродот HMS Daedalus. Е сега следува морничавиот дел. Зад пилотот во последниот ред, четвртиот од лево, може јасно да се види лицето на уште еден човек. Се вели дека тоа е лицето на Фреди Џексон, механичар кој што случајно бил убиен од авионски пропелер два дена порано. Неговиот погреб се случил ден порано пред да биде снимена фотографијата. Членовите на ескадрилата лесно го препознале лицето на Џексон. Некои сметале дека Џексон, несвесен дека е мртов, одлучил да се појави на групното фотографирање.





Во 2008 година, во Аргентина било снимено некакво морничаво џуџе. Хозе Алварез – кој што го снимал џуџето – изјавил за весникот El Tribuno дека го снимил суштеството додека скитал во родниот град Генерал Гуемес, во провинцијата Салта, Аргентина.Тој рекол: „ Си разговаравме за нашето последно рибарење . Беше еден часот наутро. Започнав да си снимам со мојот мобилен телефон додека другите си разговараа и се шегуваа. Одеднаш нешто слушнавме – чудна врева како некој да фрла камења. Погледнавме на едната страна и видовме дека тревата се движи. На почетокот мислевме дека се работи за куче но кога ја забележавме таа фигура во вид на џуџе како се појавува пред нас навистина се уплашивме“.
И други локални жители исто така забележале такви прилики, и градот оттогаш почнал да живее во страв.




Во февруари 1948, биле примени пораки за помош од повеќе бродови близу Индонезија, кои што ги испраќал холандскиот товарен кораб СС Уранг Медан. Морничавата порака се состоела од следните зборови: „Сите офицери вклучувајќи го и капетанот се мртви, и лежат во кабината и на мостот. Веројатно целиот екипаж е мртов. Оваа порака била проследена со уште една нејасна порака, а потоа следела и кратка порака „јас умирам“. Кога пристигнале првите спасувачки екипи на местото на настанот неколку часа подоцна, никој од коработ не се јавил на нивните повици. Кога се искачиле на палубата ја виделе една од најстрашните глетки кои што биле опишани во приказните за бродови – духови воопшто.
Сиот екипаж и офицерите на Уранг Медан биле мртви, со очите отворени, со лицата свртени кон сонцето и изглед на ужас на нивните лица. Дури и бродското куче било мртво, кое како да умрело лаејќи на некој невидлив непријател. Кога им се приближиле на телата кои што се наоѓале во просторијата со бојлерите, спасувачката екипа почувствувала морници, иако температурата била близу 43 степени. Била донесена одлука коработ да се довлечка до пристаништето, но пред да тргнат, почнал да се појавува чад од него. Спасувачкиот тим набрзина го напуштиле Уранг Медан и едвај имале време да ги пресечат врските пред тој да експлодира и да потоне во морето.
До денешен ден, судбината на Уранг Медан останува мистерија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom