Рандом мистерии

T

Tetro

Гостин
Океанска пена во Кејп Таун

Неверојатен феномен се случил во Кејп Таун.
Океанот исфрлува пена на копното


































**Може темава да се спои со Рандом мистерии :)
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Не е мистерија, само демек од големите бранови, се стварало мн пена... а сеа дали има некоја индустриска зона, околу што испуштаат некои глупости таму па тоа направило пена... останува истражувачите да откријат...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Има некои податоци како настанува оваа пена?
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
ќе да не е феномен-туку последица од некое загадување:toe:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Долината на безглавите луѓе


Во националниот парк Нахани во северозападна Канада се наоѓа реката Нахани. Областа е достапна единствено со помош на чамец или авион и е домот на многу природни чуда, како вртлози, гејзери и водопади двојно поголеми од Нијагараните водопади. Џон Бакен, авторот на „39 стапки“ еднаш кажал за долината: „Тоа е убаво место за кое што сонуваат старомодните луѓе....Некои велат дека долината била полна со злато, а други дека била жешка како во пекол поради топлите извори...Но исто така е и доста озлогласено , бидејќи голем број на луѓе отишле таму и никогаш не се вратиле....Индијанците за тоа место велат дека било домот на злите духови...“
Таа клисура и навистина е озлогласена поради извесниот број на сурови смртни случаи и исчезнувања, заслужувајќи си го така озлогласеното име „Долината на безглавите луѓе“. Сето тоа започнало во 1908 година, кога браќата Меклауд отишле да бараат злато во долината. Ништо не било слушнато за нив ниту пак биле видени цела година се додека не биле откриени нивните обезглавени тела близу една река. Девет години подоцна швајцарскиот трагач по злато бил следниот кој што бил најден исто така без глава. Во 1945 еден рудар од Онтарио бил пронајден во својата вреќа за спиење со неговата глава отсечена од рамениците. Скептиците овие напади ги припишувале на гризли мечките, или пак на непријателски настроените индијанци, но има и други чудни случувања кои што ја зголемуваат мистериозноста на долината. Воинственото племе Наха едноставно исчезнало од долината неколку години пред да се случат првите смртни случаи. Другите индијански племиња од околината ја избегнувале долината со векови бидејќи сметале дека таа била опседната со непознато зло. Голем дел од долината останал неистражен, а исто така има и приказни според кои во долината се наоѓа влезот кон центарот на земјата. Други пак веруваат дека долината е дом на некој изгубен свет, со блескаво зеленило и тропска клима, поради тоа што жешките извори произведуваат топол воздух, а исто така и дека долината е полна со злато, и дека во неа се шетаат голем број на „големи стапала“. Дека тоа е живеалиштето на Бигфут е помалку веројатно, но сепак сигурно е дека нешто чудно се случува во долината Нахани.


Мистериозниот човек од декларацијата на САД


Кога основачите на САД биле длабоко зафатени со критичниот процес на потпишувањето на декларацијата, „предавство“ бил доста слушан збор. Потпишувањето на декларацијата би завршило со сурово измачување од страна на британските колонијалисти. Секој аргумент кој што ќе бил предложен како чекор понапред кон независноста бил проследуван со извикувања: „Предавство! Предавство!“ Тогаш се кренал некој непознат човек, облечен во црна наметка, и го кажал следниов трогателен говор:
„Тие можат да ги истегнат нашите вратови на сите бесилки во земјата, можат да го претворат секој камен во место за погубување, секое дрво во бесилка, секој дом во гроб, и пак зборовите на овој парламент никогаш нема да умрат! Тие можат да ја пролеат нашата крв на илјада губилишта, и сепак секоја капка крв на секирата ќе роди нови борци за слобода! Британскиот крал може да ги помрачи сите Божји ѕвезди на небото, но не може да ги помрачи Божјите зборови напишани на овој пергамент. Делата Божји можеби ќе исчезнат – но Неговите зборови никогаш!
Зборовите од оваа декларација ќе живеат во светот долго откако нашите коски ќе бидат претворени во прав. На работниците во работилниците ќе им зборуваат за надеж, на робовите во рудниците за слобода, но на страшливите кралеви, овие зборови ќе звучат како страшни предупредувања кои што тие не ќе можат а да не ги слушнат...
Потпишете го документот! Потпишете, па дури и во следниот миг јажето на бесилката да ви биде ставено околу вратот! Потпишете, дури и следниот миг оваа сала да биде исполнета со ѕвонење од ударите на секирите кои што паѓаат врз нашите вратови! Потпишете, во име на сите ваши надежи на живот или смрт, како мажи, како сопрузи, како татковци, браќа, ставете ги вашите имиња на документот или бидете проколнати засекогаш! Потпишете, и тоа не само поради вас самите, туку и за сите времиња, бидејќи тоа ќе биде книгата на слободата, библија на човечките права засекогаш.“
Говорот продолжува со се поголема жестина и страсното поддржување за американската слобода од Британците. Татковците основачи тогаш во еуфорија пристапиле кон потпишување на документот, и за неколку минути, Декларацијата била родена! Кога по сето тоа потписниците се свртеле да му честитаат на говорникот, него како да го голтнала земјата. Никој не знаел кој бил тој и каде отишол. Некои верувале дека тоа бил грофот Сен Жермен, или некој непознат розенкројцер. Исто така има известувања и за некој мистериозен професор кој што помогнал да се осмисли првото американско знаме, и кој што бил голем пријател на Џорџ Вашингтон. Во долгиот говор се спомнуваат многу скриени детали за настани кои што подоцна ќе ја обликуваат Америка. Ги спомнал Човечките права, тринаесет години пред истите да бидат напишани. Го спомнал и „Окото кое што гледа“, нешто што подоцна ќе се најде на доларот. Многумина пак веруваат дека се работи за Френсис Бекон. Неговиот трактат „Новата Атлантида“ ја изложува политичката структура и сите неопходности во кои што тој верува дека се потребни за неговата замислена рајска држава, а според некои таа и навистина се пресликала во лицето на новата американска држава. Тој исто така бил и истакнат масон, исто како и Френклин и Вашингтон, и тоа е уште една можна врска со оглед на зашеметувачката иконографија во Вашингтон Д.Ц. Кој и да е непознатиот човек од американската декларација, и кои и да биле неговите мотиви, едно нешто останува како можеби најголемата мистерија: Зошто се одржала таа анонимност за толку значаен момент во светската историја, нешто што до ден денес останало неразјаснето.

--- надополнето ---

Релјефната мапа на Урал



Кога станува збор за мистериите, малку се тие кои што се толку неверојатни и беспорни како таа за релјефната мапа на Урал. Во 1995 година, Александр Чувиров, професор по математика и физика на Башкирскиот државен универзитет во Русија ја истражувал хиппотезата за кинеската имиграција кон Сибир и Урал. За време на истражувањето тој слушнал за едно известие од осумнаесеттиот век за некакви чудни бели плочи испишани со некој чуден јазик. Бидејќи тие наводно се наоѓале во областа каде што го спроведувал своето проучување, далечното село по име Чандар во јужниот дел на Урал, тој помислил дека камењата можеби се со кинеско потекло, и организирал тим и хеликоптер во обид да ги пронајде. По неколку неуспешни обиди и надлетувања на селото и околината со неговиот хеликоптер, тој сепак не успеал да ги најде споменатите плочи. Но тогаш старешината на селото му пристапил и го замолил да ја погледне чудната плоча која што ја нашол во неговиот двор. Плочата кон која што бил одведен била Релјефната мапа на Урал, или наречена и уште „Мапата на Создателот“.
Прикажувајќи го релјефниот облик на целиот јужен Урал, плочата сосема точно ги прикажува трите реки Белја, Уфимка и Сутолка, како и кањонот Уфа. Откако мапата била подетално проучена, се дошло до заклучокот дека на неа бил прикажан огромен систем за наводнување, кој се состоел од два канални системи со широчина од 500 метри, дванаесет брани со по 400 метри широчина, должина од триесет километри и длабочина од три километри. Пресметано е дека 1 квадрилион кубни метри земја биле поместени за да се изградат браните. Откако биле неуспешни првите тестови со кои што требало да се утврди староста на каменот, целта била постигната кога биле пронајдени два вида на предисториска школка вметнати во неговата површина, Navicopsina munitus и Ecculiomphalus Princeps. Првата постоела пред 500 милиони години, додека втората пред 120 илјади години. Геолошките испитувања покажале дека плочата се состоела од три слоеви, од кои што основата е 14cm дебел доломит, вториот е диопсидно стакло досега непознато за науката, а третиот слој е заштитен слој на порцелан. Чувиров кажал: „Треба да се забележи дека релјефот не е направен од некој древен каменорезец. Едноставно е невозможно. Очигледно е дека каменот бил изработен машински. Рентгенските снимања покажале дека бил изработен со прецизни алатки. Најинтересното е тоа што научниците веруваат дека се работи само за мало парче, за дел од релјефот на целиот свет, поради грубоста на краевите на мапата. Испитувањата на почвата покажале дека во областа има 400 вида на почна,и во споредба со тие кои што биле најдени во каменот, на научниците им било овозможено да го стеснат изборот на можните локации на другите парчиња на четири можни области околу селото Чандар. Што претставува релјефната мапа на Урал? Макета на светот? Древна мапа на ресурси? Сега за сега, останува само мистеријата.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Палатата Самервинд


Палатата Самервинд, порано позната и како палатата Ламонт сега е само напуштена рушевина на бреговите Вест Беј Лејк во североисточен Висконсин, САД. Се смета дека е едно од најопседнуваните места во државата. Поради напуштеноста, како и случаите на пожар, останало многу малку од зградата. Самервинд бил изграден во раниот дваесетти век првично како рибарска куќичка. Во 1916 имотот бил купен од Роберт П. Ламонт кој што ги ангажирал архитектите од Чикаго, Талмаџ и Вотсон за да го преуредат местото во палата. Ламонт останал да живее во Самервинд приближно 15 години, за времето на кои слугите го известувале дека куќата е опседнувана од духови, но тој не им верувал. Како и да е, според кажувањата, тој ненадејно го напуштил имотот откако забележал некаква појава на дух во кујната.
Откако некое време стоела празна, куќата ја купиле Арнолд и Џинџер Хиншо кои што се вселиле во неа во раните седумдесети заедно со нивните деца. Од тоа време наваму почнале зачестените известувања за појава на духови во тоа место. Откако се вселиле Хиншоови тврделе дека забележале извесен број на чудни појави, почнувајќи од треперливи сенки кои се движеле по степениците и тивки гласови кои запирале кога тие би влегле во собите од кои што се слушале, па се до разни електрични и механички проблеми како и отварања на прозорците сами од себе. Исто така виделе и дух на некоја жена кој што се појавил неколку пати во близината на собата за обед. Шест месеци по вселувањето Арнолд доживеал нервен слом, а Џинџер се обидела да се самоубие. Арнолд бил пратен на лечење, а Џинџер се преселила кај нејзините родители во Грантон, Висконсин.
Во јуни 1988 Самервинд бил погоден од гром неколку пати кое што предизвикало пожар кој што уништил голем дел од палатата. Чудно, и покрај непосредната близина на високи дрвја до куќата, сепак токму таа била погодена од гром. Денес од неа останале само остатоци од оџаците, темелите и влезот.

Мистеријата Клапам Вуд


Со тоа име се именувани серија на невообичаени збиднувања кои што се поврзани со Клапам Вуд во Западен Сасекс, Англија, кои што станале многу познати во популарната култура. Се известува за разни мистериозни случувања како невообичаени глетки и феномени како и исчезнувања на миленичиња. Исто така, со тоа место се поврзуваат и смртни случаи на луѓе. Почнувајќи од 60-те години на минатиот век разни луѓе тврдат дека таму забележале НЛО објекти, чувствувале тешка необјаснива мачнина или биле турнувани од невидливи сили, или пак забележувале некакви чудни необјасниви маглини како се појавуваат на патеките низ шумата. Други пак имале силно чувство дека некој ги демне и следи. Мерењата со Гајгеров бројач покажале зголемена радиоактивност во областа.
Откако местото станало познато по својата мистериозност се случиле четири смртни случаи било близу или пак внатре во шумите. Првиот се случил во Јуни 1972 кога полицаецот Питер Голдсмит исчезнал додека ловел во областа. Неговото тело било најдено шест месеци подоцна. Второто тело било на Леон Фостер, откриено во Август 1975, кој што бил објавен за исчезнат три недели пред тоа. Третата жртва бил свештеникот Хари Нил Снелинг, поранешниот пастор на Клапам, кој што бил пронајден три години по неговото исчезнување. Во септември 1981 исчезнала шизофреничната бездомничка Џилиан Метјус- Витерс чие што тело било најдено шест недели подоцна, и според вештачењата таа била силувана и задавена.
Во нивната книга од 1987, Демонската врска, Тојн Њутон, Чарлс Вокер и Алан Браун тврдат дека во Клапам Вуд се негувал сатанистичкиот култ наречен „Пријателите на Хеката“, кои што во шумите жртвувале кучиња и други животни. Според кажувањата Чарлс Вокер бил контактиран и вовлечен од некој член на групата кој што му кажал дека во култот учествувале луѓе на важни места. Подоцна култот го напуштил местото поради тоа што печатот многу се заинтересирал за случајот, како и поради тоа што големо невреме, познато како Големата Бура од 1987, уништило голем дел од шумата токму во годината кога книгата била издадена.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Арканзас во библиски проблеми

Нешто ново и навистина интересно...

По информациите за “дожд“ од мртви птици во Арканзас, стигна и вест дека во северозападниот дел од државата е регистриран помор на околу 100.000 риби. Надлежните се уште не се сигурни што ги убило, ниту првите, ниту вторите



Постојат сомнежи дека изгинувањето на рибите во реката Арканзас близу градот Озарк е предизвикано од болест, но нема информации за што поточно се работи. Надлежните посочуваат дека секоја година има изумирање на риби, но не во вака голем број а карактеристично е и тоа што зафатен е само еден вид на риба.

“Ако се работи за загадување, тоа ќе влијаело врз сите риби,“ забележуваат експертите.

За изумирањето на околу 10.000 црни птици со црвени крилја во Арканзас се шпекулира дека се виновни временските неприлики или пак стресот предизвикан од огнометите за време на празниците



Глетката на илјадници мртви птици по улиците и крововите во градот Биб во Арканзас, жителите ја опишуваат како сцена од филм на Хичкок. Градоначалникот Мајк Робертсон изјавил дека кога прв пат ја чул веста за тоа дека птици паѓаат од небото, помислил дека се работи за новогодишна шега.

Местата каде се случил поморот на рибите и изгинувањето на птиците едно од друго се оддалечени околу 200 километри. Иако анализите се во тек, биолозите изјавуваат дека причината за смртта на птиците и рибите не е иста.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Продолжува...

Птици умираат и во Луизијана
Три дена по "дождот" од птици во Арканзас, со иста мистерија се соочуваат и Луизијана и Кентаки, каде се пронајдени над 500 мртви птици од истиот вид. Во исто време околу 100.000 мртви риби преплавиле брег на река во Арканзас.

Додека експертите заклучија дека причина за првиот помор на птици се новогодишните огномети, биолозите од Луизијана се обидуваат да откријат што ги убило стотиците црни птици со црвени крилја, кои паднале на локалниот автопат неколку дена по дочекот на Новата година.

Тамошните научници веќе почнале да вршат испитувања а резултатите ги испраќаат во неколку различни институции. Овој феномен е забележан и во Кентаки, каде една жена пронашла десетици мртви птици во својот двор.

Речиси 100.000 мртви риби завршиле на брегот на реката Арканзас, на 160 километри од градот Биб каде во радиус од околу 2 километри беа забележани 3.000 угинати птици. Експертите велат дека нивната смрт, не е поврзана со поморот на птиците, бидејќи погоден бил само еден вид на риби. Доколку станувало збор за природен феномен, ќе умреле и други видови.



Според последните извештаи за случајот во Арканзас, илјадниците птици или биле преплашени до смрт од огнометите или од страв од експлозиите летале ниско па се удирале во повисоките објекти.

__________________

И пак стрес и огномети??? Кои огномети овој пат после цели 4 дена од 1.1.2011та?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Апо, ова нема да испадне мистерија на крај, осеќам. :(
Најверојатно, ама некако логиката не ми дава некое рационално решение, како може само еден вид птици и риби да умираат?

ако е резултат на експеримент... заебано ќе биде - некој конечно нашол начин како да исчисти некој народ :D (малку наци заговори)
 
T

Tetro

Гостин
Најверојатно, ама некако логиката не ми дава некое рационално решение, како може само еден вид птици и риби да умираат?

ако е резултат на експеримент... заебано ќе биде - некој конечно нашол начин како да исчисти некој народ :D (малку наци заговори)
Има нешто.
Ај да идеме некако на мисла каков е респираторниот систем на птиците и рибите. Ти си повеќе запознаен со таа област од мене, не оти и јас не размислувам на таа страна.
Или да е можно некој да ја труел водата, а со самото тоа дека и птиците се консументи на истата,.....
Ќе размислувам тајно, се повлекувам моментално.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Има нешто.
Ај да идеме некако на мисла каков е респираторниот систем на птиците и рибите. Ти си повеќе запознаен со таа област од мене, не оти и јас не размислувам на таа страна.
Или да е можно некој да ја труел водата, а со самото тоа дека и птиците се консументи на истата,.....
Ќе размислувам тајно, се повлекувам моментално.
Ај да претпоставиме дека пиеле од истата вода, ама тогаш па зошто само еден подвид на риба изумрел, ако водата била контаминирана ќе биде контаминирана за сите риби, нема болест од која умира само еден подвид и несакам да замислам дека некој развил таква болест и какви примени ќе си најде кај луѓето.
 
T

Tetro

Гостин
Ај да претпоставиме дека пиеле од истата вода, ама тогаш па зошто само еден подвид на риба изумрел, ако водата била контаминирана ќе биде контаминирана за сите риби, нема болест од која умира само еден подвид и несакам да замислам дека некој развил таква болест и какви примени ќе си најде кај луѓето.
Дали се знае точно за каков вид на риба станува збор?
Само едно латинско име ми треба :)

Или да оставиме после празниците да се замараме, одам на планина :je:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom