Сите биле некогаш "глобусари" пред да откријат за рамна земја или ако се обидеш да ја побиеш "теоријата" за рамна земја и самиот стануваш рамноземјаш. Засега само
@Bafra се посомнева дека нешто во "хелиоцентризмот" не штима но тоа е сосема доволно за да ја преиспита својата верба. Најсилниот доказ во врска со "теоријата" т.е законот за рамна земја е дека практично не постои физичко закривување на водата или земјата како кај теоријата на хелиоцентризмот или глобусот туку само формула за пресметка на хартија која нема врска со реалноста. Најсилниот доказ против хелиоцентризмот е дека не постои закривување на водата и земјата во природата и од тоа бегање нема.
Хелиоцентризмот, како што е познато, е заснован на идеја, која непрекидно се „крпи„ со „најнови„ сознанија и дополнувања, буквално на ист начин како што се крпат и мноштво други теории, кои, според нивните поддржувачи, треба да станат научни вистини-еден убав ден.
Школски пример за такво „крпење„ е и теоријата на еволуцијата, која и покрај сите воочени недостатоци, кои не можат да се „пополнат„ на ниту еден начин, освен со бујна фантазија и произволно, погрешно и целисходно толкување на материјалните наоди, се‘ уште ни се наметнува како безалтернативна вистина. Ако таа теорија биде официјално напуштена, напросто, на сите оние кои по Светов веруваат во таа заблуда, нема да им остане друга можност, освен враќањето на теолошкото толкување на Светот и на животот.