Рамна Земја?

Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Дали според тебе е логично дека ако повратните летови се за исто време дека земјата не се врти?
Брзината на вртењето на земjата е ништо во споредба со брзината на летовите и затоа дури и да има некоjа разлика во овоj случаj, тоа може да се измери како дел од секунда и на практика статистиката нема никаква вредност да има.

Да, сепак се врти. ;)
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.208
Поени од реакции
9.933

Како можеш тоа да го докажеш? Како е можно да се знае прецизно брзината на "вртењето на земјата" сосе атмосферата а да не може да се измери односно спореди со брзината на летовите на авионите?
статистиката нема никаква вредност да има.
Како тоа нема да има никаква вредност кога тоа е исто така поврзано и со физичко "закривување на земјата" кое во реалноста не ни постои.
Да, сепак се врти.
Тоа никогаш не е докажано се уште чекаме на докази.
Автоматски споено мислење:

Да, сепак се врти.
Ако се врти ко што си сигурен тогаш како е можно авионот воопшто да полета од една дестинација за да слета на точна дестинација? Со вртење на земјата се губи правецот и точната рута на летот. Нема никаква смисла земјата ако се врти а уште помалку дека е округла. Летовите на авионите во еден правец а и оние повратните се со исто времетраење затоа што летаат над стационарна и рамна земја.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Како можеш тоа да го докажеш? Како е можно да се знае прецизно брзината на "вртењето на земјата" сосе атмосферата а да не може да се измери односно спореди со брзината на летовите на авионите?
Моето прашање што ти го поставив е 100% доказ дека земjата не е рамна...нема што повеќе друго да се докажува.

Уште од тинеjџер имам хоби поврзано со сателитската телевизиjа и многу добро знам дека ако земjата не се движи, нема да може да лоцира и задржи избран сателит (обjекти што се движат се додека не преќинат да работат).
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.208
Поени од реакции
9.933
Како е можно падобранецот додека лета за да се спушти на земја да го управува падобранот каде ќе слета ако земјата се врти сосе атмосферата?
Автоматски споено мислење:

Моето прашање што ти го поставив е 100% доказ дека земjата не е рамна...нема што повеќе друго да се докажува.

Уште од тинеjџер имам хоби поврзано со сателитската телевизиjа и многу добро знам дека ако земjата не се движи, нема да може да лоцира и задржи избран сателит (обjекти што се движат се додека не преќинат да работат).
Каде имаш видено вистински сателит? 99% од телефонска и интернет комуникација се пренесува со прекуокеански кабли а не преку некакви "сателити". Можеби попрво преку земјени базни станици тоа е реалноста затоа што "сателити" на небо како што си ги замислуваш не постојат.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Ако се врти ко што си сигурен тогаш како е можно авионот воопшто да полета од една дестинација за да слета на точна дестинација? Со вртење на земјата се губи правецот и точната рута на летот. Нема никаква смисла земјата ако се врти а уште помалку дека е округла. Летовите на авионите во еден правец а и оние повратните се со исто времетраење затоа што летаат над стационарна и рамна земја.
Одговорот е многу прост: GPS. Целата технологиjа е направена на базата на вртењето на земjата и координатите.

За сè има одговор што е поврзан на оваа тема, останува само дали сакаш да го прифатиш или не.

Каде имаш видено вистински сателит?
Добро, веќе отиде во нелогични прашања за кои ќе те оставам сам да си ги наjдеш одговорите.

99% од телефонска и интернет комуникација се пренесува со прекуокеански кабли а не преку некакви "сателити". Можеби попрво преку земјени базни станици тоа е реалноста затоа што "сателити" на небо како што си ги замислуваш не постојат.
Тука ептен отиде...нема што повеќе да ти се обjаснува.

Можеш да jа развиеш и теориjата дека земjата е рамна и jа држат три кита...сигурно си jа читал. ;)
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.208
Поени од реакции
9.933
Одговорот е многу прост: GPS. Целата технологиjа е направена на базата на вртењето на земjата и координатите.

За сè има одговор што е поврзан на оваа тема, останува само дали сакаш да го прифатиш или не.

Добро, веќе отиде во нелогични прашања за кои ќе те оставам сам да си ги наjдеш одговорите.
Во ред ти си знаеш јас не се трудам веќе да ти објаснувам и те оставам да си веруваш во она што сакаш да веруваш.
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

#Truth about "Satellites and GPS"
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.337
Поени од реакции
5.626
Брзината на вртењето на земjата е ништо во споредба со брзината на летовите и затоа дури и да има некоjа разлика во овоj случаj, тоа може да се измери како дел од секунда и на практика статистиката нема никаква вредност да има.

Да, сепак се врти. ;)
Брзината на „вртење„ на Земјата е ништо во однос на брзината на тахионите...
Ти, што велиш?...
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.208
Поени од реакции
9.933
Брзината на „вртење„ на Земјата е ништо во однос на брзината на тахионите...
Ти, што велиш?...
Додека размислува како да ти одговори на прашањето тој се движи со околу 500 метри во секунда без да ги чувствува па ти сега види...
Автоматски споено мислење:

Фризби еве уште една интересна дестинација за размислување:
Screenshot_2022-12-12-16-35-23-62_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Screenshot_2022-12-12-16-45-50-07_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Додека размислува како да ти одговори на прашањето тој се движи со околу 500 метри во секунда без да ги чувствува па ти сега види...
Ништо не сум размислувал, туку не висам во форумот по цел ден за да одговарам експресно на сите ваши прашањa.

Иначе, jас поставив едно логично прашање кое е воедно и чист доказ против вашата "рамна" теориjа.
Кажувам во множина, бидеjќи гледам дека уште еден рамноземjаш се уклучил.

Интересно како немате никаков адекватен одговор на моето прашање и ми одговарате со многу прашања како некои типични секташи.

Човек треба стварно да му фали даска за да верува во глупостите за рамна земjа, а богами на вас ви фали една голема даска на коjашто можете да jа поставите таа рамна земjа. :D

На овие глупости за рамна земjа и кокошките ви се смеат, а овие видеа што ги публикувате се една колекциjа од чист нискобуџетен материjал за лабилни личности што веруваат во сè и сешто.

Наjсмешното ми беше кога прочитав дека сателити не постоеле, туку било "интернет комуникација што се пренесува со прекуокеански кабли". :ROFLMAO:

Значи jас кога jа свртувам "несателитската" антена нагоре во небото (ако постои небо за вас), фаќам некои прекуокеански кабели...што знам, а можеби и некои летечки слонови (како Дамбо на пример) да фатам...не се знае...

Прелистав неколку страници во оваа тема чисто за забава...и мора да кажам: сум бил во многу земjи, сум видел секакви глупости на овоj свет, ама еве, сеуште има што да се види и да се смее човек.

Уживаjте во вашата теориjа и продолжуваjте да верувате. (y)

П.С.
Eppur si muove
 
Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Не ни кажа дали правиш разлика помеѓу поврзувачки лет и директен лет?
Хахаха човече...тука не се работи за тоа дали е поврзувачки и директен лет...тоа не е важно во случаjот.
Ако во вашата теориjа имаше некаква логика, дистанциjата од Сан Франциско-Мелбурн треба да биде мнооогу поголема (едниот краj до другиот краj на картата) од Сан Франциско-Скопjе...погледни го на картата тоа...ако сакаш гледаj го и на карта со рамна земjа. :D

Аjде, сепак да ти одговорам: правам разлика многу добро и знам што зборувам. Од Сан Франциско до Мелбурн имаш директен лет, а од Сан Франциско до Скопjе е невозможно да има заради дистанциjата, а тоа е баш против вашата рамна теориjа...помисли малку, не биди дудук.
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.208
Поени од реакции
9.933
Хахаха човече...тука не се работи за тоа дали е поврзувачки и директен лет...тоа не е важно во случаjот.
Ако во вашата теориjа имаше некаква логика, дистанциjата од Сан Франциско-Мелбурн треба да биде мнооогу поголема (едниот краj до другиот краj на картата) од Сан Франциско-Скопjе...погледни го на картата тоа...ако сакаш гледаj го и на карта со рамна земjа. :D
Screenshot_2022-12-12-18-19-23-58_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg Screenshot_2022-12-12-18-18-27-13_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
Screenshot_2022-12-12-18-24-09-69_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Хахахах, ако беше точна таа рамноземjашка карта, тогаш немаше да има проблем да има директен лет до Скопjе или Софиjа например. Тоа ти е еден голем доказ дека вашата теориjа е една голема глупост и ништо друго.
 
Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.208
Поени од реакции
9.933
Хахахах, ако беше точна таа рамноземjашка карта, тогаш немаше да има проблем да има директен лет до Скопjе или Софиjа например. Тоа ти е еден голем доказ дека вашата теориjа е една голема глупост и ништо друго.
Screenshot_2022-12-12-18-37-03-85_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
По твојата логика треба да има летови и преку Антарктик ама не постојат такви летови... Затоа што земјата не е "летечка водена топка" која не знае на каде лета и Антарктикот не е континент. Која е логиката од САД да има директен лет за Мелбурн а да нема од Скопје или Софија до Мелбурн како поблиски дестинации?
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2020
Мислења
896
Поени од реакции
2.095
Со овие скриншотови сам си jа закопуваш твоjата теориjа.
Уште еднаш ќе ти напишам:

Од Сан Франциско - Мелбурн може да има директна линиjа заради тоа што дистанциjата е многу помала во споредба со Сан Франциско - Скопjе/Софиjа. Ако беше точна вашата карта, дистанциjата би била скоро иста и не би имало никаков проблем да има директна линиjа од Сан Франциско - Скопjе/Софиjа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom