Пошто сакам рабојќето да ги гледам во најширок можен контекст, а не „на парче„, еве што ми е муабетот:Не мораше на секоја, доволно ќе беше да ми кажеш како според тебе или чие и учење да следиш, се објаснува феноменот статична планета, додека се и сешто околу нејзе се движи, но ај голем празник е денес, па господ со ангелите нека даваат памет и здравје.![]()
- науките имаат окултно потекло, уште од асиро-вавилонската култура,
- науките, во главно се, засновани на идеи, кои со тек од време, се надоргадуваат. Што мислиш, ако идејата е погрешна, каква ќе и‘ биде надградбата?
- науките ги заменија религиите. Науките се нови религии, нивните истакнати ликови (научниците) се новите месии, а сциентистичките поклонци се модерните верници.
- науките ги опсервираат природните феномени како изолирани (феномени) и со тоа се губи целовитоста од сознанијата за/кон самата природа, која е створена за да постои целински, не „на парче„,
- науките не ни дадоа ниту една конечна вистина,
- науките ни ги дваат само нивните делумни вистини,
- науките се водат по своја внатрешна логика, која не признава ништо (т.е. нешто) кое е поинакво или спортивно на веќе прифатените вистини,
- науките во себе ги имаат вградени двете најголеми лаги од “новото време„, а тие се дарвинизмот и марксизмот, кои слободно можеме да ги третираме како една и иста лага,
- науките напредуваат...напредуваат...у п***у м***р напредуваат, а тој напредок е најчесто невидлив за повеќето од луѓето,
- науките ги докажуваат своите вистини, а не видовме ниту еден од тие докази,
- науките стануваат достапни и разбирливи само за тесно ограничен круг од поединци,
- науките се восложнуваат во самите себе до состојба во која развојот на науките станува бесмислица, односно станува цел сама за себе,
- науките се атеистички и во голема мерка Богоборечки,
- научниците сметаат дека се доволни и доволно способни за осознавање на тајните од природата и ним Бог не им е потребен.
- науките се ставени во функција само на крупниот капитал, со цел: максимален профит и максимална контрола врз населението.
И сега, ако го земам горенаведено, зашто (јас) би имал неограничена доверба во науките?...
Што се однесува до статичноста од Земјата, логиката е проста; зашто Земјава би се „вртела„? Која е потребата од „вртење„ кога и без вртење, Земјава може да ја игра улогата која сам Бог и‘ ја дал? А таа улога е-создавање материјална подлога (Земја), поставена средишно (и симболично и фактички!) во створената Вселена, на која ќе битисуваат живите битија (растенија, животни, човек...), кои со тек од време, заедно, топтан, би станале една целина, која како таква би стапила во заедница со Бога Творецот.
Целата Вселена е створена ради човекот (ради Адама...), за да биде Адам господар на створениот материјален Свет, така да секое поинакво (псевдо)научно толкување за нештата во природата, само по себе е бесмиселно...како што е бесмилен инфлаторниот модел на Вселената, која се „дува„ во сите можни насоки, онака, бесцелно и бесмислено....ама се „дува„...
Ако Земјава е само една случајно самосоздадена планета, на која случајно настанал и се развил животот, кој (живот) неизбежно завршува со смрт (!), тоа е само по себе уште еден показател на тоталната бесмислица на таквото „научно„ толкување од Светот и од животот...
Последно уредено: