Рамна Земја?

Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.736
On a sphere, the sum of the angles of a triangle is not equal to 180°
https://en.wikipedia.org/wiki/Spherical_geometry

на СФЕРА!
точно така, земјата е сфера.
браво, не си до толку глупав и неписмен миленко да ми те лаже.

сега гаси интернето и мрш на работа! нивата нема сама да се ора село едно весело :pos:
Ако се гледа некој триаголник со релативно мала големина тогаш површината на Земјата е рамна, НЕ е Сфера...
Е сега друго е ако се страниците на 3-аголникот по 50-100км.. Но има и трета работа, Земјата не е ниту идеална сфера туку има неправилности...
Затоа има и ОТСТАПУВАЊА при споредба на карти од други држави а има грешки и во далекуметното нишанење и слетувањата ( ако нема корекции...)
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Земјата е рамна ? ЈОК !!!

пророкот Исаија 40 глава ,22 стих :-
22. Он е Оној, КОЈ СЕДИ НАД КРУГОТ НА ЗЕМЈАТА, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Он ги распослал небесата како танко платно и ги распнал како шатор за живеење.

Ете земјата е тркалезна постоело уште пред да создаде Адам и Ева , а сепак во мрачниот век европјаните мислеле дека земјата е рамна и врз три китови, Индија -рамна земја врз џиновска желка, старите Гејци Атлас богот на земјата што држи врз рамена. А сега кое е вистина .

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Член од
21 март 2017
Мислења
142
Поени од реакции
89
Не ги прочитав претходните постови , а и ме мрзи... ке дадам само мало објаснување и мое видување околу ова. Нели нашата европа како континент се наоѓа на Северната Хемисфера, е сега во случај дека земјата е рамна плоча тогаш како би го објасниле фактот што ние од оваа северна хемисфера гледаме други соѕвездија за разлика од оние кои се јужната полутопка, нели тие гледаат други соѕвездија, итн. што значи дека планетата земја е сфера, е сега некој ке рече дека голема улога игра и далечината на тие соѕвездија, како што погоре во коментарите објаснувате со сонцето (ден и ноќ) т.е. колку се подалеку тие соѕвездија не се гледаат од сите точки на земјата, но тешко веројатно е ова да го прифатиме. И ајде реално ставете прст на чело ,и помислете која е веројатноста и логиката во еден сончев систем сите тела да се сфери а баш нашата планета да е рамна површина? :D хмм .. тешко веријатно е
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
https://www.youtube.com/watch?v=lk9qFLHdPDs&t=3483s

Не дека ја подржувам или оспорувам теоријава за земјата е рамна, но во видеово нешто што го видов ме подзамисли.. Вели, авионот на 7км висина го гледаме малечок како точка, а сателитите на 160км навечер светат како големи точки.. Вели дека тоа не било возможно, јер сателитот е дупло помал од авионот а далечината е многу поголема.. Па, искрено сакам да знам зошто навечер светат сателитите (нормално не природните сателити) а се толку далеку и се помали од авион... Односно, знам зошто светат навечер али прашањето ми е зошто ние ги гледаме со голо око?
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Затоа што имаат соларни панели од кои се одбива светлина.
Знам дека свети, али зашто ние да го гледаме тоа не ми е јасно.. Значи во видеото се вели гледаме авион еве да речеме максимум 10км и се гледа како мала точка, ама сателит дупло помал од авион на 160км и да се рефлектира неговата светлина и да се гледа со голо око??
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403

Сериозен си со прашањава или? Каде го гледаш авионот како мала точка, денски? Кој сателит ти го гледаш денски жити се?

Стави му на тој ист авион од соларните панели што ги има на сателитите, ќе светат исто навечер на иста далечина.
Или стави му на сателитот од светлата на авионот дали ќе го гледаш навечер. Споредуваш светла на авион со одбивање на сончева светлина од перфектно дизајнирани соларни панели.

Толку едноставен одговор, а толку глупо прашање.

Не ми се верува, 242 страни за оваква тема ццццц
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
Земјата е рамна ? ЈОК !!!

пророкот Исаија 40 глава ,22 стих :-
22. Он е Оној, КОЈ СЕДИ НАД КРУГОТ НА ЗЕМЈАТА, а оние, што живеат на неа, се како скакулци пред Него; Он ги распослал небесата како танко платно и ги распнал како шатор за живеење.

Ете земјата е тркалезна постоело уште пред да создаде Адам и Ева ....
Всушност они тврдат дека земјата е кружна плоча, баш како на грбот на ООН.[DOUBLEPOST=1518779831][/DOUBLEPOST]
Не ги прочитав претходните постови , а и ме мрзи... ке дадам само мало објаснување и мое видување околу ова. Нели нашата европа како континент се наоѓа на Северната Хемисфера, е сега во случај дека земјата е рамна плоча тогаш како би го објасниле фактот што ние од оваа северна хемисфера гледаме други соѕвездија за разлика од оние кои се јужната полутопка, нели тие гледаат други соѕвездија, итн. што значи дека планетата земја е сфера, е сега некој ке рече дека голема улога игра и далечината на тие соѕвездија, како што погоре во коментарите објаснувате со сонцето (ден и ноќ) т.е. колку се подалеку тие соѕвездија не се гледаат од сите точки на земјата, но тешко веројатно е ова да го прифатиме. И ајде реално ставете прст на чело ,и помислете која е веројатноста и логиката во еден сончев систем сите тела да се сфери а баш нашата планета да е рамна површина? :D хмм .. тешко веријатно е
Холограми, воспоставени од истите сили кои чуваат со војска да не може да се дојде до Јужен Пол.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Сериозен си со прашањава или? Каде го гледаш авионот како мала точка, денски? Кој сателит ти го гледаш денски жити се?

Стави му на тој ист авион од соларните панели што ги има на сателитите, ќе светат исто навечер на иста далечина.
Или стави му на сателитот од светлата на авионот дали ќе го гледаш навечер. Споредуваш светла на авион со одбивање на сончева светлина од перфектно дизајнирани соларни панели.

Толку едноставен одговор, а толку глупо прашање.

Не ми се верува, 242 страни за оваква тема ццццц
Абе види што сакам да кажам воедно и да прашам... Навечер ете ќе ги видиш светлата на авионот ама тој е на максимум 10км одалеченост.. Сателитите се околу 160км висина.. Тоа се 150км разлика, како тоа навечер можам да ја видам на толкава одалеченост рефлектираната светлина на сателитот (кој патем е 2-3 пати помал од авионот) на толкава одалеченост?
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
....Најпознатиот експеримент кој за цел има да докаже дека Земјата е рамна плоча, е направен на каналот Олд Бедфорд, во текот на крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Олд Бедфорд каналот

Се протега на должина од 20 милји, од кои 5 во рамна линија, и како таков бил идеален за експеримент кој вклучувал веслачи кои се оддалечувале кон крајната точка, поточно 6 милји од почетната точка на набљудување. Прв, едноставен експеримент го направил англискиот изумител Самуел Роботам. На чамецот прикачил знаме, така да биде точно 5 стапки над нивото на водата. Тој велгол во водата и држејќи телескоп 20 сантиметри над површината, го следел чамецот како се оддалечува.

Под претпоставка дека Земјата е сферична, на оддалеченост од 25 илјади милји, пресметал дека телескопот кој бил на висина од 20 сантиметри од површината на водата, веќе по една милја, како тангента на видното поле треба да го допира врвот на сферата, по таа точка, и знаменцето треба да „потоне“ под видното поле. Сепак, многумина го гледаат чамецот и по цели 6 милји, и на темел на тоа, заклучиле дека закривување нема, и дека земјата мора да биде рамна.

По овој експеримент се спроведел уште еден сличен обид, поставувајќи во каналот 6 знаменциња на стапови со еднаква висина, кои ги зацврстил на подлогата и оставил простор меѓу нив од една милја. Потоа телескопот го поставил во совршена линија, и ниту едно од нив не „потонало“ надоле, како што очекувале заговорниците на сферичната Земја, што недвосмислено морало да се случи, ако површината на Земјата била заоблена.

На трага на истражувањето на Самуел, Лејди Блоунт во 1904 година, спровела уште еден експеримент на Олд Бедфорд каналот. Најмила професионален фотограф кој во денешно време го има псоледниот збор на техниката, фото-телескоп камера, за да на оддалеченост од истите тие 6 милји, го сликне белото знаменце на површина од 15 чекорни стапки, со црни краеви од кои, долниот дел бил на ниво на водата.

Фотката го покажала знаменцето во целосна големина, потврдувајќи го со тоа заклучкот од експериментот на Самуел Роуботам, дека водата во каналот, низ целата таа должина не е заоблена, туку рамна, и поради тоа земјата не е заоблена – туку рамна плоча.

Земајќи ги во предвид денешните технологии, не вклучувајќи го Фотошопот, фотките предизвикаа бурна расправа на тема за тоа дека Земјата е рамна плоча! Рамноземјашите, тврдат дека нашата планета изгледа како чинија, изненадувачки слична како логотипот на ОН. Дали лидерот на момците кои го креирале тој логотип, американскиот архитект Доналд МекЛаугхлик, бил исто така заговорник на идејата дека Земјата е рамна плоча?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.303
Поени од реакции
78.991
.... Дали лидерот на момците кои го креирале тој логотип, американскиот архитект Доналд МекЛаугхлик, бил исто така заговорник на идејата дека Земјата е рамна плоча?
Не. Он е дел од заверата.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Абе види што сакам да кажам воедно и да прашам... Навечер ете ќе ги видиш светлата на авионот ама тој е на максимум 10км одалеченост.. Сателитите се околу 160км висина.. Тоа се 150км разлика, како тоа навечер можам да ја видам на толкава одалеченост рефлектираната светлина на сателитот (кој патем е 2-3 пати помал од авионот) на толкава одалеченост?
Нема врска колкав е сателитот, на мравка закачи и ги истите соларни панели, исто ќе биде.

Не знам што ти е чудно, станува збор за рефлектирана сончева светлина од големи соларни панели. И сето ова под одлични услови за гледање од наша перспектива - без облаци, да нема големо светлосно „загадување“ од градовите и тн. Со среќа гледање на сателитот со голо око од центарот на Њујорк.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom