Околу ракописот интелигенцијата и предрасудите.
Многу оддамна кога бев во основно, 8 одделение, ни дојде нов психолог во училиштето.
Некаде околу полугодие и текна да ни подели некои тестови не баш за интелигенција него демек да се оцени кој за што го бива (јазик, математика, механика и сл.) и да ни се олесни изборот за средно училиште што да запишеме.
Јас си бев задоволен од тоа што напишав скоро по сите тестови и си бев сигурен во моето знаење.
Откако ги прегледала тестовите психологот, испратила ученик да ме повика на разговор.
Јас примерно мирно дете си викам што е сеа ова ме помешала со некој гарант.
Идам кај неа целиот упрпан и таа, јас уште на врата, ми вика „што ти е проблемот тебе со ракописот“.
Јас пааа... муц... туц... :jaj: незнам што да ви кажам лошо пишувам.
Знеш ли дека додека го прегледував твојот тест си реков „Види го овој неписмен, незнае ни да пишува... сигурно препишувал како не му е срам“.
Се изнервирала и отишла по дневникот и кај класната да ме кодоши... кога го отворила дневникот ОП стој оценките супер. Иде кај класната „Ученикот ... .... какво поведение има бла бла... класната нормално ме фали :kesa: и таа (психологот) целата у прашалници.
Не можеше да ги спои напишаното и начинот на кој што тоа беше нечитко и неубаво напишано односно буквално нашкрабано.
Значи. Факт е дека мојот ракопис не резултат на моето незнаење и неинтелигенција, туку на мојата немарност и мрзеливост да се извежбам поубаво да пишувам. А исто така е факт и дека моето знаење (интелигенција) не треба да се потценат и отфрлат (да се каже дека сум препишувал) само поради тоа што лошо (ама ептен лошо) пишувам.