Ракопис

  • Креатор на темата Креатор на темата НеоН
  • Време на започнување Време на започнување
Од 0 до 5 ракописот ми е за 3, а ако пишувам подолго од 5-6 минути е тогаш исто ко со нога да пишувам.
 
Ракописот не ми е ништо посебно.
на секој тест мора(ше) да преведувам уште од мал. никој не ми го разбира освен самиот јас и тоа некогаш има исклучок кога ни јас не знам што пишува.
инаку за ова деснак, левучар мислам дека нема ама баш никаква врска со ракописот.
имам другар левучар па 100 пати има подобар ракопис од мене, што дека сум деснак.
 
Имам ногопис...Сам неможам да се разберам...Гад блес тестатура!!!
 
Левак со најлошиот ракопис. Се лактам некаде со докторкине коа пишуваат рецепта. Не дека шмрљам али сите букви си ги спојувам во една хомогена маса и испаѓа нешто како арапско писмо. Битно пак писмените ми беа 5ки. Ме сакаа. <3
 
Мислев дека сум једини шо неможе да си го прочита тоа шо го напишал -.-
Деснак, со, поприлично ужасен ракопис.
 
Пишувам брзо а убаво, а сепак сите можат да ме читаат. Ракописот ми наликува на техничко писмо, поради навиката у средно и решавањето на крстозбори со технички букви. Си го сакам ракописот мој.
Во последно време повеќе пишувам на тастатура и може да си го расипам ракописот само на овој начин.
 
Со десна рака пишувам но како со лева нога:nesvest:

Но имам некаде прочитано дека луѓето со лош ракопис имаат натпросечна интелегенција(вистина или лага дилема е сега)
Пф, натпросечна интелигенција. Вака се тешат и левучарите, и луѓето со големо чело, и оние со крив нос... и уште многу други групи на луѓенца.
 
Пф, натпросечна интелигенција. Вака се тешат и левучарите, и луѓето со големо чело, и оние со крив нос... и уште многу други групи на луѓенца.


Сакаш да кажеш дека на нас Левучарите ни фали нешто?
 
Сакаш да кажеш дека на нас Левучарите ни фали нешто?
Не. Натпросечно интелигентни сте. Да не бидам цитирана од деснучар, и деснучарите се натпросечно интелигентни.
Сега сме сите среќни.
 
Од 0 до 5 ракописот ми е за 3, а ако пишувам подолго од 5-6 минути е тогаш исто ко со нога да пишувам.
Истото, на почеток имам краснопис за потоа истото да премине во кратенки (ако брзам) и во апсолутни хиероглифи понатаму инаку - деснак т.е присилно одвикнат левак :)
 
Не ми се верува, ке летаат банови за тема за ракопис. :)


Ајде да не бидам офсајд и да бидам ванаби модератор - клајте слики од вашите ракописи.
 
Не. Натпросечно интелигентни сте. Да не бидам цитирана од деснучар, и деснучарите се натпросечно интелигентни.
Сега сме сите среќни.


Не реков дека сме натпросечно интелегентни...страшно ме занима шо ни фали...пукај?
 
Имам ногопис...Сам неможам да се разберам...Гад блес тестатура!!!

Си ја згрешил темата!

Инаку бев надежен левучар, кој во помалите години под родителски притисок мораше да се откаже од левото пишување, со исто такво десно. Така денеска сум левак, за се, освен деснак во пишување...за ракописот можам да се пофалам дека ми е супер... така барем другите велат, а јас морам да им верувам. А и зошто да не, ако некој на времето сакаше на девојката да и прати шифрирано писмо, доаѓаше кај мене...многу добро цртав срциња со стрела...
 
Сите ми викаат дека сум имал женски ракопис упм.:) Додуша ретко пишувам текстови, поминаа времињата на писмените по македонски фала богу. Сега цепам само формули, теореми, задачи...

А да не има некој да може да пишува со двете раце? Јас со лева не знам ни да се потпишам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom