Сите се плашат што после Киро и оваа генерација. Искрено мислам дека ќе имаме далеку подобра екипа од оваа денес, ако децата кои не се Титови пионери продолжат да се развиваат и ѓи послужи здравјето. Премногу играчи, најдобрите од оваа Кирова генерација не се комплетни играчи, или играат напад или одбрана (Киро, Наумче, Филп.Л - ни за напад не го бива, Ванчо,Гоце, до скоро и Столе само напад), (Велко,Ацо само одбрана). Со еден играч кој игра напад/одбрана на добро ниво Филип Миркуловски, толку од оваа генерација. Сите посериозни репрезентации не добиваа во 15мин игра баш заради ова, ќе запнат 15мин. ќе не збришат.
На многу што може да му се замери на Червар за неговата филозофија за ракометната игра, но за една работа многу го поштувам. Не те пуштам да играш ракомет бе ако незнаеш да одиграш во одбрана.
Така да ни доаѓаат деца кои ќе знаат да изиграат и напад и одбрана. Тука би можело да се размислува и за напуштање на оваа мртва игра, уби го противникот со бавен напад кој некогаш дава резултати некогаш не. Затоа и резултатите се половични, недовршени.
Најмногу од се се невирам за нелуцидноста на оваа генерација, што ја носат сиве години и тие последни 15мин. од секој натпревар. Единствен меч кој го имаат изиграно од прва до последна минута со полна концентрација и внимание беше мечот со Тунис на светското во Катар.
Со смена на генерацијава би посакал само федерацијава да донесе некој докажан шпанец за селектор, ќе има многу што да ѓи научи децата што доаѓаат.
Ивица направи колку што можеше со овие ракометари кои ѓи имаше на располагање (додуша некои од нив верувам дека никогаш не би ѓи повикал да одлучувал сам, но тоа е што е). Што да прави Ивица со Јоноски за она исклучување при изведување фаул на 9м
, или Наумче
, или она на Борко додавање . Нема оправање за нив, у пензија ке ојдат такви ке останат.
Ситуацијата пред крај на полувреме со Србија, на 10 секунди пред полувреме, наместо ситен прекршок да измине времето, тие ги пуштаат да организираат напад и да изнудат седмерец. Ивица во вакви ситуации нетреба и немора да кажува на 35 годишни играчи што би било најдобро да направат.
Респект за сите нив кои бранеа национален дрес, тоа беше поголем дел од најдоброто што го имаме, мене најмногу ми е криво што не осетија никој од нив што значи медал.