ПСЖ го зеле и Онафриенко(од Мотор)на десен бек,како бек ап на Бараше....
Добар играч,добар изграден удар,солидна замена за Бараше,еден од најдобрите играчи е Бараше,шо брка најмногу работа,а доста невидлив е на терен,страшен дефанзивец,дава 1,2 гола на утакмица па затоа никој не се замара со него,а неговиот учинок е многу голем,ама и тој мора да одмара зошто доста се троши во одбрана....
Покриени се на секоја позиција одлично,добар пазар....
Ако го земат и Нико(а изгледа ќе го земат) ова ти е речиси комплетниот тим на
ЕКСПЕРТИТЕ во мало..(без Онеста и Гигу и Сораиндо)од главните играчи....
Па ќе видиме наредна сезона,дали е до Онеста?Дали е до играчите?
Јас би гласал за втората опција,каде игра Карабатиќ таму се и титулите,машина е дечкото...
Секако и тренерот игра улога,мора да има ред и хиерархија,за ваква екипа треба некое тренериште не Гарден(иако Гарден на времето бил страшен играч,ама не секогаш големите играчи се и добри тренери,доказ Пепи Манасков

кај нас)

Плус старо куче како Нока на клупата,уште отсега би типувал на ПСЖ за сигурен влез во Ф4(на сметка на еден од германските тимови или на Полските)...
Барса и да замини Нико,сигурно ќе земат некој екстра лев бек(а како и не би зеле со 2 милиони евра оштета)

..
Најверојатно Илиќ,страшен беше овие две сезони во Веспрем,многу потценет играч..
Во Кил не го користеа доволно,претежно во одбрана и за пенали,ама во Веспрем експлодира тотално во офанзива...
Каква страшна линија би биле со Кире....
И најверојатно ќе го шутнат и Рутенка(време му е)

,( во Мешков ќе оди,за Вардар не ми се верува се обезбеди Вардар на лев бек),па ќе се отвори опција за уште еден лев бек....
Жалуз е сеуште млад за да понеси товар,иако нема да ме чуди и да го фрлат во оган сезонава како втора опција и да не носат нови играчи,не земаат тие за џабе ништо,сигурно имаат планови со него....
Интересна сезона не очекува..
За брзо би требало да се пополнат ростерите,најверојатно ќе се чека уште една недела,да поминат репрезентациите,па после ќе ги видиме како ќе одат тие големи трансфери...
Има доста интересни играчи на пазарот на трудот...
