Ракометни трансфери

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Рајн Некар мислам дека го имаа потпишано Апелгрен(има подолга коса,Швеѓанин) уште на сред сезона,голманот на Мелсунген.Првата полусезона беше феноменален,после падна малце во формата.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Рајн Некар мислам дека го имаа потпишано Апелгрен(има подолга коса,Швеѓанин) уште на сред сезона,голманот на Мелсунген.Првата полусезона беше феноменален,после падна малце во формата.
Да,да сеа ми текна,уште зимата беше овој транфер,а во Мелсунген потпиша голманот на Кил Стјорстранд....
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Јиха има финансиски проблеми (не верувам али ајде) и ЦЕО-то на Кил потврдува дека има шанси да го пуштат дека апла саглам пари му понудиле од Барса. Барса исто го сака и Дувњак ама Кил рекле ако Јиха има шанси, за овој не доаѓа ни збор да го напушти Кил.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
http://sportmedia.mk/rakomet/liga-na-shampioni/rajn-nekar-i-kjelce-najzasileni-site-transferi-na-protivnicite-na-vardar
Горе долу сите екипи се на ланското ниво...
Можеби најголеми винер се Вардар и РНЛ....со оглед дека ги затворија дупките(или би требало да е така)....
РАЈН НЕКАР-изгубија двајца врвни играчи,едниот во дефанзива(Ландин,пола екипа им беше),другиот во напад,пикерот Мирхол..
Донесоа солидни играчи,го задржаа костурот на тимот,сито како Вардар...
Ако не се лажам овај Хендрик Пекелар е тој голманот шо го посакуваше Жаре за во Металург(демек ако Чокрев го земел него ќе стигнеле сигурно на Ф4):pos:
Иначе добар голман е,го иам гледано многу пати,не е класа на Ландин,ама има голем потенцијал,ќе бидат добри партнери со шмркачот..:D
Од овие другите најверојатно се лев бек и пикер...
Би требало да се добра екипа РНЛ сезонава..
Колдинг ќе бидат ослабени,иако овие шо заминаа звучат познато,но сепак беа старци,остана уште Бо Спелеберг како лидер на тимот(како младич е пустиот,двеста години напрај не се дава),плус Јоаким Болдсен...
Добра екипа се,сеа со Игропуло во тимот,но сепак не ми се верува да бидат нешто посебно,слична приказна како лани...Ладно-Толпо-Ладно...
Кристианстад. би можеле да бидат тврд орев на домашен терен,глеам зеле некој играчи од Бундес Лига,плус Жамали на лев,можно е да скинат некој бод и да не бидат само статисти...
Пик Сегед-Ја задржаа цела екипа,само Вадкерти ја заврши кариерата,се друго е исто,Тиагус Петрус од Ла Риоја за одбрана,Чурувија шо беше во Мателруг на времето,е сеа слични играчи се со Калман,ама и така ќе нема минутажа многу,со оглед дека Калман игра во двата правци речиси цел меч...
Треба да се доста добри и сезонава Пик Сегед...ништо чудно пак да изненадат...
Киелце,некако како ослабени ми делуваат,изгубија два клучни дефанзивци Грабарчик и Муса,плус и Росински левиот бек....
Јурчевиќ е големо засилување и ќе бидат добар тандем со Биелецки и Јурецки,полека полека ја собраа цела репрезентација...
И десен бек им фали,онај тикварот Бунтиќ не е замена за Лијевски,а како тргна со повредите Лијевски нека се надеваат да е здрав....
Овие другите се анонимуси,но штом Талант ги зел сигурно не се некои дибеци,:icon_mrgr:сепак ја задржаа цела прва постава од лани и треба пак да се јаки...
Монпеље,треба да се посилни од лани,ја задржаа цела прва екипа,плус го зедоа можеби најдобриот голман во домашната лига,Жерар од Данкерк..
Овај Тоуми мислам дека игра во одбрана,касап невиден...
Барса,класа си се овие,изгледа со Илиќ ништо не бидна па сеа ќе го земат Јиха,иако според мене моментално Илиќ е далеку подобар од Јиха..
Можеби на времето беше обратно,ама последните две сезони Илиќ растура во Веспрем,а Јиха кога игра кога не игра во Кил,дефинитивно не е како на времето...
Можеби Барса требаше да оди со некој помлад играч со време,можат гадно да се заебат со двајца играчи кои се склони на повреди Јиха и тикварот Рутенка.
Сепак тука е Жалуз кој би требало да добие поголема минутажа...
Како и да е,сеа со Копљар и Шипршак добија уште поголема висина и густина во одбраната,а нападот,не вреди да се коментира...:ojeaa:
Иако отсуството на коцкарот е речиси ненадоместливо,сепак би требало пак Барса да гази во групата...
За РНЛ и Киелце ја обратното го мислам. :D

Швабите изгубија многу со Шмидт. Иако можеби не е сјаен индивидуалец, добро им ја диригираше играта. Плус губењето на Мирхол нема да биде лесно да го надополнат, многу ги влечеше. Ландин можеби ќе го замени асално Станиќ ако ја врати формата од Металург. Мислам дека нема да го надминат ланското ниво, кое и не беше импресивно.

Киелце пак ми се први фаворити за освојување сезонава. Талант и не го обожаваше баш многу Муса, мислам дека и по негова воља е заминувањето на касапот. Јуркевич ќе шиба, имаат ем гранитна ем брза екипа за транзиција.

Иначе, за Барса, све ми се чини дека годинава ќе разочараат, за нивни стандарди. То ест барем еден од нив сигурно. Барса со Јиха нема теорија да го надополни отсуството на Карабатиќ, пошто коцкарот огромен дел од времето го минуваше на среден бек. Не дека со Сармиенто и Ентрериос на среден се слаби, ама мислам дека подобро ќе им беше да земат некој поподвижен од Јиха. Кире ќе мора сега да биде првата виолина во напад, ќе видиме како ќе се снајде. Плус, знак прашалник ми е Шариќ, дали ќе ја продолжи лудата форма од лани. Особено ќе бидат ранливи во првите натпревари, што е шанса за Вардар.

Кил добија конечно јак голман, некако ми се непредвидливи за што се способни, ама сепак се швабска машинерија и тие полека ќе треба да влагаат у форма.
 
Чекај сега малце се збуни сеа ти...
Андре(Енди) Шмит е средиот бек на кој мислиш,тој останува...
Другиот Шмит го шитнаа,Давид,тој послабиот од Шмит-овите...:icon_mrgr:

http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2014-15/player/548637/David Schmidt
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
Чекај сега малце се збуни сеа ти...
Андре(Енди) Шмит е средиот бек на кој мислиш,тој останува...
Другиот Шмит го шитнаа,Давид,тој послабиот од Шмит-овите...:icon_mrgr:

http://www.eurohandball.com/ec/cl/men/2014-15/player/548637/David Schmidt
Нормално дека на него мислев, за овој а бил а не бил исто се фаќа. :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.956
Поени од реакции
37.078
Овој Енди Шмит го избраа за играч на сезоната, сега веќе втора сезона по ред го добива истото признание. Страшен плејмејкер ако не и моментално најдобар.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
http://alfa.mk/News.aspx?id=97480#.VcMgp_nYgdt
Охооо добар пазар на Фленсбург....:zloo::vozbud:
Расмус Лауге како замена за Могенсен...
Џорџиќ на лев бек,покрај Кауфман и Ненадиќ,Тофт Хансен(помладиот):icon_mrgr:на пикер,плус Јакоб Хајнл солидна двојка пикери,е сеа овај Кентин Мер не знам шо позиција е:eek:..
Како и да е,ако се опорави како треба Гландорф со овие играчи Фленсбург треба да е далеку посилен наредна сезона....
На сите позиции се топ...:drk:
И гледајте шо е екипа бе,уште август не почнат,5000 сезонски карти се шитнати...
И тоа Фленсбург е мало градче на крајниот север на Германија,одма до границата со Данска...
А кај нас овде,се чека 5до12 да дојди Барса за да наполнат сала....:icon_mrgr:
П.С.
Кил некако ми се енигма,го изгубија Палмарсон,ете и Лауге,Јиха е на излезна врата....
Средни бекови за лек ќе немаат,ќе треба Кањелас да го пуштат како бек ап на Дувњак....
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.549
Поени од реакции
17.971
Најверојатно Мамелунд ќе биде замената за Јиха:eek:(n),ок ќе си правам пари против Кил,позз.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да, договорено е се` со Мамелунд. До толку да не можат да се скрпат со нешто поарно Кил...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.971
Поени од реакции
57.779
Секако во прв план ќе го фрлат Дисинџер* и ќе се надеваат дека ќе биде здрав и ќе го оправда потенцијалот што го ветуваше.

Имаше изјава и од Гисласон во која вели дека и пред да биде ова со Јиха барал млад лев бек до 25 години, ама сите од подостапните имале лоши повреди ради јакото темпо (па затоа „барал“ да се намали бундеслигата од 18 на 16 екипи) и на крај го одбрал овој.

*Се сеќавате на него, требаше демек да дојде у Вардар ама поврза неколку повреди, никој не го прибираше па лани играше за некој од послабиве бундес екипи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom