- Член од
- 4 јуни 2015
- Мислења
- 239
- Поени од реакции
- 221
Еве како го дупат министерот http://www.gol.mk/rakomet/borko-i-barsa-ne-se-semokjni-poglednete-go-najmajstorskiot-penal-vo-asobal
Во ситуација кога најголемите надежи ни се леви бекови натурализација на ист таков не делува на баш добра одлука, без разлика на неговиот квалитет.Реално овој е квалитетот,најверојатно истите од европско ќе бидат.
Само една замерка имам треба Давор Палевски да се викне,добро изигра детето оваа сезона нека биде боље замена он за Деки,отколку Ојлевски очаен е овој последниве настапи не памтам од кога нема гол дадено.
Може е време и Томовски да го пробаат,ќе видиме.
Мислам дека овој состав ќе биде уште година до две,па после пензија на Кире и Жути ќе видиме што ќе праиме.
Иначе Борозан немало више да игра за Црна Гора,може да го собереме кај нас.
Треба 2 години да не играл за никоја Репка,и да е исто толку време во таа држава што ќе игра
Што значи некаде средина на 2019 нема да има никаква пречка да го земеме.
Само све ми изгледа дека за Катар ќе игра
Рутински се квалификуваме на следно ЕП ама мене ми е мило што се паднавмр со нашиве соседи кои не не признаваат дека постоиме. до крај треба.Македонија
Исланд
Турција
Грција
честито пласман на уште едно ЕП
Sto posto ke ima nesto...Na utakmica so grcija bez nacionalni obelezhja treba da igrame, da ne gi isprovocirame.
Па горе доле и ова и е најдобрата наша репрезентација,само ако се додадат Жути,Столе и Кире.Подобра група во однос на пласман на ЕП2020 здравје. Реално може има некоја смисла да се одмараат "постарите" и да се фрлат во оган "помладите". Нешто слично како на пријателскат со Русија. И само со нив не би требало да има проблеми за топ 2 пласман. Е за со Исланд ќе ни треба фул состав за прво место во групата кое апсолутно треба да биде императив. Исланд и онака не се замара во квалификациите многу, а пласманот на 1во место може и тоа како да влијае на ждрепката на ЕП2020.
Здравје боже ако се квалификуваме за СП2019, на есенскиот двомеч може да се оди со целосен состав (чисто заради уигрување пред СП), но по првенството, особено на завршните 2 натпревари во Јуни 2019та против Турција на гости и Грција дома јас лично би одел со млада екипа (можеби и слична на онаа што ќе ја пратиме на медитеранските игри), пример:
Томовски / Ѓорѓески
Манасков / Палевски
Поповски / Јагуриновски
Пешевски / Н.Маркоски / Петров (или Арсеновски)
Талески / Танкоски / Дрогришки (или Димитриевски)
Кузмановски / Крстевски
Велковски / Серафимов
И со еден ваков состав оптимист сум дека со сериозен пристап и игра можеме да ги добиеме Турција и Грција. Едино голманската позиција може да чкрипи, пред се заради неискуство.
Лазаров, Миркуловски, Стоилов, Ристовски, Георгиевски може слободно да одмараат на 2-4 од 6те квалификациски дуели во овој циклус. А Филипче и Прибак претпоставувам (се надевам?) се веќе пензионирани од репрезентативните обврски.
П.С. Ова е повеќе или помалку идната репрезентација по 2020та. Што порано се уиграат толку подобро. Се надевам со горе долу овој состав (минус Манасков) ќе одат и на медитеранските игри летово како старт на тоа уигрување.