Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Раул Гонзалез го објави поширокиот список на ракометари за мундијалскиот бараж против Романија.

Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски“, додека реваншот на 13 јуни ќе се одигра во градот Клуж.


spisok.JPG
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.901
Поени од реакции
84.292
Можев ова и тогаш да го цитирам ама намерно чекав да дојде периодот кога ќе се игра натпреварот за да покажам дека сепак стварно бев јас во право а не сајтот на македонски спорт :D (за сајтот ми е, не те зезам тебе што те цитирам :D )
Срамота бе, ваква информација да не знаеја...
Ако го чита некој ова од нивна редакција...слободен сум :D :D :D
Како бе реваншот на гости? Нели сме во групата на носители? Грешка да не си нешто?
Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски“
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.622
Можев ова и тогаш да го цитирам ама намерно чекав да дојде периодот кога ќе се игра натпреварот за да покажам дека сепак стварно бев јас во право а не сајтот на македонски спорт :D (за сајтот ми е, не те зезам тебе што те цитирам :D )
Срамота бе, ваква информација да не знаеја...
Ако го чита некој ова од нивна редакција...слободен сум :D :D :D
Така е, за жал. Ќе треба добро да се испотат дома првата да направат добра предност.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Скратен списокот за баражот за СП против Романија:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски

Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Скратен списокот за баражот за СП против Романија:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Велко Маркоски

Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски
Dimitar Dimitriovski od Metalurg momentalno za Goceta Ojleski e Dibirov, Genshajmer, Gigu, Eggert i Sigurdson vo eden, znaci 2 prvenstva so red ocajno, bukvalno ocajno gi igra Ojleski, katastrofalna realizacija, zicer nemozeshe da pogodi, neznam zoshto ne probaat so DImkata, a lani so Palevski koga beshe vo dobra forma, sega opadnat nekako toe toj skopski zhivot jbg.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Сите крила ни се очај на последниве неколку првенства. Според мене редно време е и да му се каже благодарам на Прибак за се што има направено за македонскиот дрес и да не се повикува повеќе.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
И мене не ми е јасно што е работава со Ојлески,па последнава сезона за Работник не изигра ништо посебно,и не само Димитриоски, и Палевски е боље од него треба да им се даде шанса.
А и за голманите мора Ѓорѓески или Томовски да бранат некогаш да ги видиме,Ѓорѓески во СЕХА супер бранеше ама никогаш не сме го виделе со посилни екипи треба да се проба некогаш,Томовски само како 4ти голман го викаат,некогаш знае да се разбрани еве со Вардар супер бранеше исто и со Работник 21 одбрана имаше,во ЛШ беше некако во сенка на Арсиќ ама кога ќе добиеше минутажа ја користеше максимално
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Ќе може инфо кога картите ќе бидат пуштени во продажба?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.901
Поени од реакции
84.292
Ќе може инфо кога картите ќе бидат пуштени во продажба?
Па по некоја логика не би требало до крај на неделава да бидат сигурно, претпоставувам негде другата седмица може да се очекува, вообичаено на недела пред утакмица ги пуштаат ако памтам добро
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Интересно, како нема особени коментари за списоков.

Генерално и јас се согласувам дека треба да се оди со млада екипа, без првотимците, нешто близу Б репрезентација, особено за играчи кои надминале младински категории, пред се играчи родени 93-97.

И со 80-85% од списоков мислам дека горе долу сите кои повеќе пратат ракомет ќе се согласат. ама има неколку одлуки кои се стварно несфатливи:

1. Што бара Никола Митревски во составот? На 33 години, со скоро загарантирано 2 место во А тимот со оглед на добрата сезона зад себе, ми се чини дека Митревски ги има "надминато" медитеранските игри - и по возраст и по докажаност. Реално на голман треба да се стави фокусот на Томовски и Ѓорѓевски, да осетат малку репрезентативна атмосфера.

2. Каде е Стефан Дрогришки? Дечкото веќе има настап и за А тимот на СП, а нема место за него во составот на медитеранските игри? Дополнително е почудна оваа одлука со оглед дека се повикани играчи како Чурлевски и Крстевски кои се зад Дрогришки во ротацијата и играат горе долу на истите позиции и се во ист клуб! Не знам за што се работи, колку што знам "Дрогата" не е повреден, и е нелогично да не е повикан во овој состав.

3. Каде е Марио Танкоски? Факт е дека Танкоски е сеуште младинец и ќе има и други младински репрезентативни обврски летово, но е несфатливо како веројатно најголемиот талент од неговата генерација, кој постепено добива се повеќе шанса и во Металург не е повикан во овој состав. Дотолку почудно е што другите таленти од неговата генерација (па и помлади!) се повикани на списокот.

4. Каде е Давор Палевски? Ова е можеби на граница, со оглед дека Палевски и на клупско ниво целосно се изгуби - дали е до тренерите или до него не знам, но со оглед дека беше најголем талент на лево крило од помладите генерации чудно е што не е барем повикан, макар и не се квалификувал за крајниот состав.

5. Има ли потреба од Гоце Ојлески во составот? И Ојлески ми се чини е веќе доволно возрасен, докажан и репрезентативно искусен за да нема што многу да го тестираат но ова сепак не е страшна одлука, ќе треба некој да ја води оваа екипа а факт е дека Ојлески и не добива многу шанса покрај Манасков.

6. Дали реално има потреба од Кукоски во составот? Веќе не е така млад, а има доволно други непроверени опции за "дефанзивец" така што не гледам особена поента во овој повик. Реално помина репрезентативното време на Кукоски (нека повели и нека ме демантира, ама скептик сум).

Другото е горе долу ок, иако за некои од старт се знае дека нема да се најдат на финалниот список ама добро е да им се даде шанса, да знаат дека не се заборавени.

Според мене крајниот список од 18 играчи би требало да изгледа вака (нека има 1-2 резерви и нека се ротираат на самите игри):

Томовски / Ѓорѓевски
Ојлески / Димитриоски
Поповски / Костески
Пешевски / Петров / Арсеновски
Велковски / Јагуриновски
Дрогришки / Димитриевски / Георгиевски
Кузмановски / Крстевски / Танкоски / Андоновски

Но очигледно место Танкоски, Дрогришки и Ѓорѓевски ќе играат Митревски, М.Манасков и Серафимов (кој апсолутно заслужува да биде исфорсиран во репрезентацијата, но со оглед дека тој и онака ќе игра летово квалификации и за јуниорско и за кадетско ЕП, реално можеби и нема потреба да се претера со репрезентативни обврски, подобро на медитеранските игри да се тестираат некои други постари играчи кои инаку не би добиле шанса).

П.С. Не е ова којзнае каков состав, но зависно од тоа со каков состав ќе настапи Египет (Африканците за разлика од Европските екипи често знаат да испратат и нешто налик на А тимот, па затоа не може ова да се прогнозира), но со Србија и Турција мислам дека можеме и би требало да бидеме компетитивни на игрите.

П.П.С. Објективно Кузмановски треба да го покаже својот талент.
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
И јас ги имам горе-доле истите забелешки.

Не ја гледам потребата од Митревски, Ојлески и Кукоски. Изборот мора да падне на Томовски и Ѓорѓески кога станува збор за голманската позиција на условно кажано вакво небитно натпреварување (барем јас го гледам како такво). Дури можеби би можело да се повикаат Кизиќ помалиот и Божиновски од Металург 2 чисто за да осетат атмосфера, иако веројатно тоа би било форсирање со оглед на тоа што и двајцата се сеуште многу млади.

Танкоски МОРА да биде повикан! Не знам кој го правел списоков но навистина не ми е јасно каде е дечкото? Знам дека беше повреден пред некое време, но ја санираше повредата и би бил и тоа како големо засилување. Тоа е најталентираниот деснорак бек кој што се појавил во последниве години. Дури би рекол дека технички е на ниво на Кузмановски иако ја нема неговата висина и физичка сила, а и добро покрива 5-ка во дефанзива.

Дрогришки е единствената точка за која што не се согласувам. Сметам дека дечкото никад нема да биде нешто повеќе од над-просечен играч за у супер лига. Ниту има шут некаков, ниту некакви си движења и сметам дека секоја поголема шанса (репка, ЛШ, СЕХА) што ја добил и што ќе ја добие во иднина - ја оплескал и ќе ја оплеска.

За Палевски не знам што да речам... најверојатно треба да биде повикан, но да бидеме реални кај него се осети страшен пад. Место да оди во нагорна линија, го снемува се повеќе и повеќе. Од муабети вака од луѓе уште пред некоја година кога почна да се слуша за него и кога почна да ги прави првите чекори во првиот тим на Металург и јуниорската репрезентација се збореше дека е мошне недисциплиниран. Можеби на тоа и се должи неговиот пад.

П.С. Баш би сакал да го видам Ласко како еден од 18-те играчи. Веројатно дечкото си се занимава со сосема други работи у животот и нема некои големи амбиции во поглед на спортот, но од увек сум сметал дека може да заигра за посилна екипа од Пролет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom