Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Одлично си изиграа. Имам некое добро претчувство за првенствово.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.709
Поени од реакции
2.036
Талески уште кога ќе го видам како се движи, едноставно се гледа дека како да игра на сила, без мотив, плус 2 години е у РНЛ, па да не научиш ништо, буквално ништо, нема ракометни движења, нема мускулатура, како шпагета и најјакото од се е кога ќе се укопа, не гледа лево, десно, него како слеп за стап гледа само ком голот. Се согласувам со @Tomasino Столе кога е во прашање репрезентацијата, дава 150%, Пешевски греота, уште е "талент". Како и да е, играта во дефанзива радува, само како го испуштаа телето Марсениќ.. Се гледа дека Раул прави супер работа и со репрезентацијата, одличен систем.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Kuzmanovski katastrofa, Raul koga togash ke treba da mu go zapali "FITILJO".
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Играта доста ветува, без разлика шо ова беше пријателски меч и имавме противник кој не се замараше многу, доста слабо Србите, дезорганизирано и нервозно делуваа, сепак меч за уигрување тактики беше.
Но сепак, очигледно е веќе дека Раул полека но сигурно го имплементира системот од Вардар, тактички дисциплинирано до максимум, максимално користење на пикерите и крилата.
Имаме ширина, имаме различен тип на играчи, би требало да личиме на нешто во Загреб.
Мора да се удри јако на Словенците, сеа ни е шансата, нив да ги тепаме и после се е можно, со Црна Гора не се ни сомневам во победата, а Швабите ни се стари борчлии, ни се измолкнаа во Ниш, сеа е време за наплата на побарувањето.
Само мудро,има време.
Сеа е најважно играчите да зачуваат глави, да не се замарараат со притисоци за пласмани, императиви од тичот МОРА, секогаш кога сме играле под притисок сме врвеле лошо, посебно со Словенците.
Не знае Вујо, ама и ние го знаеме него, плус сеа го иаме Раул кој ги знае Словенците,речиси со сите има играно повеќе пати во СЕХА и ЛШ.
Нема тајни.
Не се непобедливи тие, посебно не ако ние сме "вистински".
Мислам дека ќе имаме добар старт,посебно ако играме тимски и користиме повеќе играчи како денес.
Има време, рано е за изведување на заклучоци, но се гледа дека има напредок во играта па реално е да сме оптимисти.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Жарета Пешевског,
До кога бе со тие А ЛА ВАНЧО ДИМОВСКИ УДАРИ?:pos:.
Не играш со Медведи.
Добар голман овај Чупара.:cuc:
Која катастрофа беа коментаторите еј му го сменија презимето на човекот цело време Цупара го викаа или како го најавија Борко со друго презиме трагедија, а ќе треба да коментираат европско:tapp::facepalm:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Играта два на два ни е :aplauz:.
Пикерите партали, Ојлески 500 лопти промаши:pos:, другиот Гоце машина.
Чкрипи шутот од далечина, посебно левите бекови спијат.
Мора да се ослободат 3цата Ф(В)илип(чиња).
Ќе ни требаат "разбудени", посебно против агресивни одбрани какви ќе не чекаат во имињата на Словенија и Дојчланд.
Добро изгледаме.
Да ги уфрли во игра сеа и другите, пред се ме интересира Прибак во која форма е, да видиме како ќе делува во целата слика.
Во одбрана ок сме, освен прерано длабоко узлегување на бековите и се прави огромна дупка на линија.
Се изнаигра Марсениќ.
Аха да, Митрески МАЧОР.
(кој рефлекс го има другарот,мора да добива поголема минутажа).
Младиот Николче Митревски такозвани МАЧОР.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.712
Поени од реакции
15.583
http://ekipa.mk/za-borozan-ne-bila-problem-povredata-tuku-pritisokot-od-makedonija/

не е само притисок од клубот, туку самиот Борозан малку ако размисли ќе види дека ако игра незаздравен може многу да изгуби, а не гледам богзнај што би добила репката на Црна Гора ... минималниот пораз од Хрватска не е никакво мерило, на ревијалната утакмица хрватите играа со пола снага...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Солидно издание на нашите против Србија. Мене лично самиот резултат не ме интересира толку многу и иако победа на гости кај Србија е доста добар резултат (кога последно сме победиле репрезентација од ваков калибарво гости???), повеќе се фокусирав на она што го играа екипите, поставите, ротацијата и сл.

Неколку коментари за она што ми остави впечаток:

Србија:
- Недостатокот на вистински среден бек разигрувач е очигледен
- Дупката во дефанзивната линија уште поочигледна (Абутовиќ на Србите им е поважен од еден Петар Ненадиќ)
- Со ваква игра Србите се меѓу главните кандидати за фенерот на првенството
- Да не беше голманот кој беше одличен денес ќе доживееја многу потежок пораз

Македонија:
- Србите добија огромна помош од судиите, но тоа воопшто не ги поремети нашите. 7 наспроти 2 исклучувања, 5 наспроти 1 пенал... Бројките сами зборуваат. Србите ќе доживееја катастрофа на беа голманот и судиите.
- Рутинирана победа на нашите во гости против доста сериозен противник. Тоа е знак дека се ментално на правилно место моментално, што е многу значајно за нашата репрезентација
- Во напад позитивно е што се играа главно логични "no-nonsense" акции и постави. Ако сакаме резултат Талески и Кузмановски ќе мора да играат многу и да играат добро на левата бековска позиција (повремено и на среден бек иако со Миркуловски и Прибак претпоставувам дека главно на лев ќе игра Кузмановски). Без нивен придонес нема да има резултати. Талески беше доста солиден вчера, Кузмановски не баш но ми делува дека и двајцата веќе се доволно ослободени и искусни за младоста да не е особен проблем.
- Еден од најголемите потајни стравови за овој шампионат ми е Кире Лазаров. Ретко кој го зборува тоа, но реално Кире ја има можеби најслабата полусезона во последните 10тина години. Малку игра, не е во Нант централна фигура во напад каква што беше во сите екипи во кои претходно играше. Имаше и повреда во еден период. Кога ќе се додаде и возраста, тоа се многу опасни фактори. И затоа внимателно ја следев неговата игра. Шутот не му одеше баш и е по малку загрижувачки, но затоа комбинаториката и интелигенцијата во играта која ја бара и форсира Раул целосно беше изразена и Кире реално доминираше на утакмицата и без нешто особено да шутира.
- Ојлески, тапа во напад. Среќа Манасков е колку што сфатив полесно повреден.
- Георгиевски делува доста добро, што е многу битно бидејќи лани на СП беше во многу слаба форма.
- Се забележува многу побрза игра, продолжен напад, па дури и брз центар. За ова лично апсолутно сум за. Мислам дека имаме и играчи и искуство за тоа квалитетно да го одиграме, нема зошто да се влечиме по теренот.
- Исто очигледно беше дека многу се форсира игра на крило и особено на пикер. Во овие аспекти со текот на годините реално ни се подобрувала играта и ми се чини дека сега е моментот да се достигне максимумот. Реално имаме одлични офанзивни пикери во Стоилов и Пешевски и сосема солидни крила во Манасков и Георгиевски така што нема зошто да не ги користиме.
- Во дефанзива морам да признам дека сум повеќе од загрижен отколку среќен. Се на се одбраната беше солидна но начинот на кој беше солидна ме загрижува. Некако не видов некој конкретен дефанзивен план, освен идејата да се оди 5-1 со истурен Георгиевски кога нема да се замени Кире по дијагонала. Кога ќе кажам не видов конкретен план, пред се мислам на ротациите и измените. Имам впечаток дека имаше премногу измени одбрана-напад. Понекогаш дури и по 3. Наместо нив да ги минимизираме, испаѓа дека ги зголемуваме. Супер изгледа одбраната кога ќе ги видиш Кузмановски/Талески/Јоновски/В.Маркоски/Н.Маркоски во ситуација кога сме со играч помалку (или некои нивни варијации кога сме во нормален 6на6 состав) но реално за да стигнеш до таква постава треба да направиш еден куп измени. Против Србија главно функционираа бидејќи србите не знаеја кај тераат во напад и реално не ни пробаа нешто особено да го искористат ова. Против Словенија и Германија нема шанси да биде така.
- Голманите солидни, особено позитивно изненади Митревски, кој и онака очекував да го победи Даскаловски во битката за второто голманско место, но со вакво издание само си ја запечати визата. Ако сакаме резултат во Хрватска придонес од голманите ќе ни биде очајно потребен - а не сме го имале ми се чини уште од ЕП во Србија.
- Пешевски веќе година-година и пол игра во одлична форма. Мислам дека ќе мора да добива реална минутажа и да одмара Столе, особено во полувремињата кога е полесно да го замениш Кире во одбрана. Видовме и моменти со два пикери при игра 6на6. Ништо чудно ова да го видиме и на првенството.

Натпреварот таман за да не загрее за првенството. Одвај чекам!!
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
@Xsago
Пешевски во јака форма ? o_O
Во Металург е траги комедија, не велам дека нема предиспозиции да игра добро, ама никој не го научил позиционирање, тоа го кочи дибекот.
Инаку под водство на Раул може да одигра добро првенство.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
@Xsago
Пешевски во јака форма ? o_O
Во Металург е траги комедија, не велам дека нема предиспозиции да игра добро, ама никој не го научил позиционирање, тоа го кочи дибекот.
Инаку под водство на Раул може да одигра добро првенство.
Pa vcera ne bese los..sekako prv izbor ke e Stole a mislam deka Peshevski e podobar od Nikola Markovski..edino ako go planira za odbrana Nikola e podobar sigurno.
Cudno vcera da Stole igrase odbrana i da pokriva koga Kiro se menuva..neznam dali planira taka da igra i na prvenstvovo Raul samo protiv Slovenija i drugi reprezentacii so brz pivot ke imame problemi sigurno iako odbranava dosta podobro izgleda sega so Raul.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
@Xsago
Пешевски во јака форма ? o_O
Во Металург е траги комедија, не велам дека нема предиспозиции да игра добро, ама никој не го научил позиционирање, тоа го кочи дибекот.
Инаку под водство на Раул може да одигра добро првенство.
Искрено, не се согласувам. Нормално дека има простор да биде уште подобар, но реално игра доста солидно последниве година до година и пол. Да беше муабетот за пред 2-3 сезони целосно ќе се согласев катастрофа беше и воопшто не знаеше да си го искористи потенцијалот, но последно време многу напредуваше и моментално е можеби најконстантен играч на Металург. Има одлична реализација цела сезона и во ЛШ и во СЕХА, многу подобро се поставува отколку во минатото, изнудува и многу пенали.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Искрено, не се согласувам. Нормално дека има простор да биде уште подобар, но реално игра доста солидно последниве година до година и пол. Да беше муабетот за пред 2-3 сезони целосно ќе се согласев катастрофа беше и воопшто не знаеше да си го искористи потенцијалот, но последно време многу напредуваше и моментално е можеби најконстантен играч на Металург. Има одлична реализација цела сезона и во ЛШ и во СЕХА, многу подобро се поставува отколку во минатото, изнудува и многу пенали.
Металург е тиња оваа сезона, но како што кажа, Пешевски бележеше добри изданија, во Металург главните додавања ги имаше од факинг Велковски, во репкава имаме играчи кои што можат да транспортираат топка до него, тоа се одрази и на средбата против Србија кај што одигра одлично.
Има капацитет дибекот, со оваа градба треба да биде како тенк, мислам дека Раул може да извади максимум од него на првенството.
Најголема придобивка за репкава е што го имаме Раул, го имаме најдобриот тренер во светот кој клубовите од елитниот ранг во ЛШ ги плеска како сака и со колку сака.
Имаме играчи за ротација, имаме доста искусни играчи и имаме млади кои треба сега да одиграат најдобро, тоа се Талески и Кузмановски.
Прибак игра солидна сезона во Бешикташ, играше активно во ЛШ и беше еден од носителите на играта, така да би бил од многу голема корист како резерва за Миркуловски, играчи кои играат добри натпревари во текот на сезоната се злато вредни.
Киро? Не е како што беше, годините веќе го јадат, неможе да очекуваме да блеска како некогаш, неговата улога овде ќе биде како ментор, да потегне кога најмногу треба, очекувам да одигра првенство со стил, со важна менторска улога.
Главно шансата треба да се гледа да се искористат максимално крилата и пикерите, да проработи тимската игра на ниво, за таква игра и се залагаше Раул на контролните која му даде резултат, ќе видиме дали ќе бидне и на ЕП.
И секако за да протуркаме далеку треба Талески и Кузмановски да одиграат ѕверски, што би рекле нашиве, да докажат дека вредат, сега им е моментот.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Абе нема нишо поочигледно од зортот и нервозата која србите ја презентираат кога губат од Македонија. Абе ако од некого не можат да замислат дека можат да изгубат и тоа ги убива у поим тоа е Македонија. Ја поголем идиот од спортски коментатор од оној кој ја коментираше утакмицава неам чуено. Ај тоа што константно лупаше грешни имиња и презимиња на земја која му е најблизок сосед и има скоро иста кирилица како во неговата земја, туку и ги изговараше имињата и презимињата као да е некој кинески коментатор ( па се кладам дека и тие подобро ќе ги изговаараа). Да не праам муабет што постојано потенцираше као Србија игра со 50 од силите ( као ние се исполупавме од земја и дадовме се од себе) и на секаков начин се обидуваше да ја минимизира нашата победа. Ја потврдуваше секоја одлука на судиите као одлука на место ( секако во корист на србија) иако во пар наврати имаше во најмала рака подарок за домаќинот. Но, небитно ова некако ми влезе у очи бидејки денес повторно го гледав натпреварот на Youtube ( секако со фантастичниот српски коментатор).
Што се однесува до натпреварот, од авион се приметува драстичната разлика од кога е Раул на чело. Конечно почнуваме да играме тимски, го чекаме вистинскиот момент за реализација, секој превзема обрска да заврши акција кога е потребно ( тука ќе споменам дека многу повеќе очекувам од Кузмановски), ми се допаѓа разигрувањето на крилата и пикерите, и само тоа е вистинскиот начин на кој можеме да парираме на секоја репрезентација. Ја се радувам што конечно можам да видам како КИре има "епизодна" улога во репрезентацијата, епизодна секако во голгетерска смисла. Но тоа отвара една нова страна во играта на нашата репка. Кире свесно привлекуваше по неколку дефанзивци на себе и во вистински момент делеше асистенции, а како резултат на тоа видовме колку чисти позиции имаше за крилата, посебно за Гоце кој беше маестрален вчера. Само така можеме да ги разбиваме противниците, со разноврсност и неочекувани акции. Со таа игра подај му на Кире и свиркај си има да го јадеме на трите натпревари. По подолго време се гледа дека нашите играат со памет, имаат однапред смислени акции, дефанзивата е доста поподвижна и има многу поголема меѓусебна соработка на тоа поле, и тоа се елементи кои ветуваат доста на ова првенство. На страна тоа што ова беше само пријателски меч, меѓутоа минатите години баш на ваквите пријателски пред првенство само им бевме спаринг на србите и им овозможувавме со висока победа и добра атмосфера да заминат на некое големо натпреварување. Се надевам дека друга песна ќе се пее со Раул, и дај боже тоа да го докажеме уште на првиот натпревар против СловенцО.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Браво е премалку друго не знам што да напишам ама секоја чет за Гонзале човекот е доктор за ракомет.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Темава ќе седи заклучена додека трае првенството, има цел подфорум.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom