Па и не е баш работата дека се за во романска лига, ете првиот трансфер од оваа генерација е во Рајн Некар, колку ќе се снајде таму Талески е друг муабет. Има уште неколку играчи од оваа генерација кои можат да направат сличен трансфер, доволно за да кажеме дека имаме сосема солидна генерација.Воопшто не ми вредат и десет трофеи во младинска конкуренција ако од тие генерации не излезе ниту еден просечен европски играч.
Јас поентата на ваквите младински натпреварувања ја гледам во можноста да увидиме како ни функционираат младинските школи и дали има потреба од тоа нешто да се менува. Ваквиот наместен успех само ни дава лажна слика дека работата со младите генерации е добра и дека треба да продолжи по истиот терк.
Произведуваме играчи за во романска лига, а се лажеме дека младите ни се дел од некаков европски крем. Ај да не биде дека мрчам, ќе дојде алжир ќе ја видиме реалната слика.
Инаку, јес да денеска и вчера со Португалија имавме судиска помош, меѓутоа со Полска (која беше и најмеродавна утакмица за нашиот квалитет) убедливата победа си беше чиста како солза. За дуелот со Португалија мислам дека големо влијание имаше нашиот менталитет и некои други работи кои ги спомена и Xsago во врска со скаутингот, кои никако да ги промениме.
За тоа како функционираат младинските школи јасно е и пред турниров. Единствен заслужен за овој каков/таков успех на младинскиот ракомет во последните години е Металург, практично клуб - репрезентација. Со еден клуб кој правилно работи со младите, толку е. Се надевам дека во скоро време и другите клубови ќе почнат да придонесуваат во формирањето на квалитетни млади играчи, ма да искрено не верувам во тоа. Ова посебно важи за Вардар, кој ги има сите услови за да креира млади играчи, и се надевам дека сите тие турнири и лиги кои ги организираме во младинска конкуренција не се само маска за тоа како демек еве и ние нешто работиме.