Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Македонија има покана за ВИП друштво
Шундовски: Мораме да го задржиме единството и континуитетот. За репрезентацијата да има успеси потребно е сите да работиме во нејзин интерес
Македонија полека почнува да се привикнува на новата улога која ја има во европскиот ракомет. Не дека досега не бевме почитувани, главно минативе петнаесет години важевме за тим кој е незгоден, посебно на домашен терен, но и за екипа која не е "средена" и каде може да "пукне" нешто во секој момент и тоа да се одрази на резултатите. Така не гледаа од Европа, не почитуваа колку што заслужувавме, но никогаш не сме биле во улога на фаворити, а пораз од Македонија за сите посебно за посилните тимови бил незамислив.

па шундо и сега важиме за таква репрезентација, кој вели дека е нешто сменето во последниот период? ти треба барем најубо да знајш!!!

ај изостави ги од списокот златко мојсоски-престап и филип лазаров-батето за наредново СП и на нивно место повикај ги георгиески и кукуоски, па ќе видиш тогаш како пука репрезентацијава!

од изјавата ти вреди само ова дека треба сите да се ставиме во интерес на репрезентацијата, а не во интерес на личните потреби!
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
ЕХФ ја призна силата на Македонија: ракометарите во вториот барабан за СП!

Македонската ракометна репрезентација е во вториот барабан во ждрепката за групите за Светското првенство во Шпанија, што ќе се одржи во јануари идната година. ЕХФ го објави изгледот на барабаните, а Македонија е во вториот заедно со селекциите на Хрватска, Словенија и Германија, земји со кои не може да се паднеме во иста група на ждрепката која ќе се одржи во Мадрид на 19 јули.


Со малку среќа, ракометарите можат далеку да стигнат на СП во Шпанија
Според изгледот на барабаните, Македонија би можело да има неверојатно лесна група, ако има среќе и се падне со Србија, Полска, Алжир, Белорусија и Саудиска Арабија. Но, секако, со рангирањето во вториот барабан за ждрепката, Македонија секако ќе има далеку полесна група отколку што имаше на последното СП на кое учествуваше – Хрватска во 2009 година.
Прв барабан: Франција, Данска, Шпанија, Србија;
Втор барабан: Македонија, Хрватска, Словенија, Германија;
Трет барабан: Унгарија, Полска, Исланд, Панамерика 1;
Четврти барабан: Кореја, Тунис, Алжир, Катар;
Петти барабан: Црна Гора, Русија, Белорусија, Египет;
Шести барабан: Панамерика 2, Панамерика 3, Саудиска Арабија, Австралија.

(y)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Да ни се падне група со Србија, Панамеркиа 1, Катар, Египет и Австралија... тоа ќе биде феноменално :D
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.011
Поени од реакции
9.792
Decki, a dali iminjata na gradovite vo koi ke se igraat grupite se poznati... Pretpostavuvam Madrid, Barcelona... Dali nekoj znae za nekoj drug grad koj bi bil domakin??
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.738
Поени од реакции
9.491
Да ни се падне група со Србија, Панамеркиа 1, Катар, Египет и Австралија... тоа ќе биде феноменално :D
Абе Данска само...да видиш како ќе се мотивирани нашиве :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ама Србија во прв, Хрватска во втор како ја сјебале. Супер е за нас тоа, како ми се плескаат Србите, да видат дека и без пуштање сме појаки. Конечно трудот се исплати, сега сме сила бре.:D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Е ова е тоа за што е потребен континуитетот и среќа што го фативме светсково во спротивно пак ќе падневме... Сега имаме шанси за одлична група со малку среќа, како и да е сите што се надвор од Европа мора да се добијат со оглед на тоа да првите три одат понатаму и останатите три испаѓаат.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Да ни се падне група со Србија, Панамеркиа 1, Катар, Египет и Австралија... тоа ќе биде феноменално :D
третиот барабан е гаден, ако ја имаме таа среќа да ни се падни панамерика 1 одлично е! а инаку можиме и со полска да се носиме!!!
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 13:01 ---
Ама Србија во прв, Хрватска во втор како ја сјебале. Супер е за нас тоа, како ми се плескаат Србите, да видат дека и без пуштање сме појаки. Конечно трудот се исплати, сега сме сила бре.:D
да сега сме сила, а со уште еден до два салам потези од шундо, во кој би биле вклучени раде, гоце георгиески и кукуоски би биле ВЕЛЕСИЛА!!! :vozbud:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.243
Decki, a dali iminjata na gradovite vo koi ke se igraat grupite se poznati... Pretpostavuvam Madrid, Barcelona... Dali nekoj znae za nekoj drug grad koj bi bil domakin??
Барселона, Мадрид, Сарагоса, Ваљадолид, Грањолерс, Севиља, Малага, Суидат Реал.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Ја сум само песимист ако ни се паднат Франција и Шпанија,доста силни репрезентации а за другите исто ми се фаќа.Имаме силен тим и не треба да се плашиме од никого како што направивме и во Србија.Инаку од првиот барабан Србија далеку најслаба според мене.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Сечија и ничија репрезентација

Како преку ноќ спласна интересот за ракометарите по еуфоријата во Ниш, во Белград и во Гетеборг
Роберт Димитриевски
Чија е ракометната репрезентација на Македонија? На репрезентативците и на Стручниот штаб? На Ракометната федерација? На клубовите? На медиумите? На навивачите?

Судејќи според баражот со Австрија за Светското првенство 2013 во Шпанија, на двете последни категории најмалку. Ако не излезеше РФМ со понуда во минута до дванаесет за бесплатен превоз до Виена и назад со комби, на реваншот со Австријците ќе присуствуваше цел еден новинар од Македонија, и тоа од политичката редакција на една приватна телевизија, кој со семејството намина во Виена на пропатување за Прага?! Неговите снимки направени со приватната камера од салата „Алберт Шулц“ се единственото автентично сведоштво од македонски електронски медиум за избореното трето учество на машките ракометни мундијали.

Кога и државната радиотелевизија не почувствувала потреба да испрати известувач(и) на настап на државна селекција, што да се очекува од другите? Директниот пренос одеше на Собранискиот канал, бидејќи првиот програмски сервис е резервиран за Европското првенство во фудбал. Натпреварувањето во кое Македонија не учествува и прашање е кога и дали некогаш воопшто ќе се пласира, доби предност пред едно од ретките каде што таа е значаен фактор во секаква смисла на зборот.

Навивачите, пак, се посебен феномен. На првата средба со Австријците салата „Борис Трајковски“ зјаеше полупразна, а во Виена на прсти можеа да се избројат тие што се „потегнаа“ од Македонија за да ги бодрат ракометарите. Секоја чест за околу илјада иселеници од Австрија, од Германија, од Швајцарија, па дури и од Полска, кои дојдоа да навиваат за своите миленици, со што го спасија и образот на „фалангата“.


Богами, чудесен пресврт само неколку месеци по еуфоријата во Србија, кога на мечевите во Ниш имаше по пет илјади македонски фанови, во вториот круг во Белград и по осум до десет илјади, а добар дел од нив беа дел и од априлските олимписки квалификации во Гетеборг. Каде ли исчезна таа армија што ја освои Европа со својата бројност и со приврзаноста кон националниот тим? Како во земја да пропадна.

Не е, белки, влезницата од двесте денари причината за празните столчиња во „Борис Трајковски“? Или за тоа што речиси никој не замина одовде за Виена е виновна Агенцијата за млади и спорт поради тоа што овој пат не организира бесплатни навивачки карвани како на Европското првенство во Србија, на турнирот во Шведска од квалифициите за ОИ и лани на Евробаскетот во Литванија? Па, австриската престолнина не е преку свет, и тоа во време на нискобуџетни авиокомпании...

Не само поради петтото место во Европа, Лазаров, Мојсоски, Ристовски, Алушовски, Темелков, Миркуловски и соиграчите заслужуваат многу подобар третман од тој на повремени миленици на нацијата. Таа за тоа ќе стане свесна кога, поради возраста, тие наскоро еден по еден ќе почнат да се повлекуваат од националниот тим, со што, сосем извесно, пласманите на големите натпреварувања ќе проретчат, а можеби и ќе секнат за догледно време. Тогаш ќе биде доцна.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D279B90E3A22FC4D82F3A6C912D65E00

 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
А зошто Утрински немал известувач од лице место кога толку се заинтересирани за репрезентацијата...
Овие нормални ли се, на квалификациски меч со Австрија очекуваат од Македонија да тргнат 2.000 навивачи да ги бодрат... Нека најдат една ракометна репрезентација која на квалификациски меч во странство имале поддршка од 1.000 души публика и нека пишат пак глупости во весник... До тогаш нека молчат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom