http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61611111844&id=22&prilog=0&setIzdanie=22306
Лазаров: Германците се први фаворити во Ниш
Германците се први фаворити во нашата група. Шведска е исто така квалитетна селекција,
седмопласирана од последното СП, која игра цврст ракомет, секогаш со големи амбиции. За Чешка доволно е да се каже дека го имаат моментно најкомплетниот ракометар на светот, Филип Јиха. Групата Ц е убедливо најтешка група. Се надевам дека со едни квалитетни и обемни подготовки ќе одиме чекор по чекор напред на ова ЕП, вели капитенот Кирил Лазаров.
Мојсоски: Очекувам две победи
Добивме посакувани противници. Очекувам победа над две селекции и пласман во следната фаза на ЕП. Германија има најсилна лига во Европа, но заедно со Шведска доживеаја пад, па сега постепено настојуваат да ја вратат посакуваната форма. Најтешка е групата Ц, а уште не ја знам формата на руската репрезентација, вели репрезентативецот Наум Мојсоски.