Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
19 август 2010
Мислења
4.074
Поени од реакции
10.037
Само да те дополнам играме со играчи сите шо играт во Македонско првенство , без ниту еден шо игра во странство, шо кажва дека имаме сепак јака лига.
Da, dobra e, ama treba da bide i može da bide ušte podobra. Jaka liga, plus jaki evropski utakmici, najbolje za podiganje na forma i kvalitet na igrači.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.162
Поени од реакции
3.987
Досега што одиграа дечкиве е супер. Да, можеа подобро на моменти - посериозно со Гвинеја, со Австрија помотивирано и поцврсто на моменти, ама тоа е. Ниту еден натпревар не заслуживме да го загубиме и не бевме во подредена улога. Со Холандија да имавме нормални судии друга песна ќе се пееше. Браво за борбеноста и играта. Верувам доста работи ќе се поправат со време. Се надевам и Словенија ќе падне во Скопје во март/април, а после тоа и Естонија (гости) и Литванија (дома - на овие треба матер да им се изнаебе со едно 10 разлика минимум). Општо гледано сум задоволен и така да се продолжи (Словенија мора да падне на пролет, за барем трет шешир да си осигураме)
Голема позитива се Кузмановски и Митев на првенствово. Тука би ги додал и Лазаревски, Џонов и Никола Марковски, кој со Катар изигра една солидна офанзивна утакмица, негова најдобра по онаа со Шпанија кога Червар не водеше. Мартин Велковски исто има мрднато од она што го играше прошлата година. Митревски бранеше коректно досега - може и подобро, Кизиќ горе долу го влечи максимумот негов. Пешевски денес играше супер, исто и второ полувреме против Австрија. Костески, кој се врати од повреда, досега изигра супер иако и не добиваше којзнае колку топки. Јагуриновски коректно си изигра, колку може во моментов (иако бил и подобар од ова). Ѓорѓиев го ругав годиниве, ама дечково си одработи досега коректно. Многу подруг е од она ЕП 2022 кога топките му ги земаа од рака од пола терен. Игра брзо, се пробива, пробува варијанти - позитивно изненадување. Разочарување засега ми е Серафимов и ми заличува на Тале 2.0. Иако Серафимов, според мене, е далеку поталентиран, слабо му оди првенството. Никаков скок шут да видиме. А дечково против Питлик играше на кадетсково првенство пред 5 години негде и на данциве 9 гола им стегна. Мора да се опушти и да игра - фалат тие шутеви од 9 метри. Друго разочарување ми е Стојковиќ. Може е уште млад и неискусен, ама се гледа дека формата му е во надолна линија. Петар Атанасијевиќ се труди и според мене може да биде многу добро крило ако барем малку смири во напад. Тогаш и тие контри, шутови од крило ќе бидат голови. Брат му не доби премногу шанса, ама мислам Павле игра добро само треба повеќе шанса да добива.

Една интересна работа е што Митев и браќата Атанасијевиќ не играа на ниту едно кадетско или јуниорско ЕП/СП. Серафимов, Ѓорѓиев, Костески и Кизиќ имаат едно кадетско СП, Кузмановски што има изиграно едино на неколку младински првенства, Велковски и Јагуриновски исто. Допрва доаѓаат уште деца од младинскиве погони, па се надевам ќе имаме ракомет во догледно време. А исто се надевам дека и децава ќе продолжат да играат на младинскиве првенства и ќе се надградуваат од таму и ќе собираат искуство. Штета што јуниорското СП е во Полска, а не кај нас па да грабнеме и медал.
Се согласувам со @shweps дека е ова едина наша репрезентација која ја гледаме на секое првенство, колективно се нервираме, ги сакаме и ги пцуеме и се така во круг, ама и дека се нешто посебно па затоа и толку ги пратиме и ги гледаме. Посебни се!
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.319
Поени од реакции
5.661
Само да не полетаат на страна некаде кај што ќе ги заковаат на клупа.
Оваа репка на сите ни е при срце, дел од нас и го имаме играно спортов во младински категории па и тоа дава голем плус на тоа колку сме врзани за оваа репрезентација. Со срце го чекам јануари.

За мене момциве имаат солидна 7/10 за првенствово со оглед на тоа дека за 8 според мене требаше да се добие Австрија/Унгарија со оглед на резултативе ќе беше доволно да пројдеме натаму. Се исплашивме од победа во два наврати и тоа репрезентации што се поискусни и европски знаат и те како да го искористат. Деконцентрацијата не чинеше многу. Исто и за Холандија кога Стеинс секоја напад клекнуваше никој не му текна да крене раце горе за да не вади 2 мин копилето.

Ама живи здрави, заслужуваат аплауз и преполн Борис на пролет за да ги изгазиме словенците, ваљда видоа сега дека можат.
 
Член од
12 ноември 2020
Мислења
81
Поени од реакции
289
Само да те дополнам играме со играчи сите шо играт во Македонско првенство , без ниту еден шо игра во странство, шо кажва дека имаме сепак јака лига.
Kvalitetot opsto na reprezentaciite na ova SP e dosta padnat, polovina ekipi podmladuvaat i se vo nekoj rascekor. Veke pisav pogore zosto prekinaa so investicii mnogu rakometni centri niz Evropa. Poglednete go padot kaj Egipet koj do lani bese pretendent za finale i mu falea 3-5 minuti na kraj na utakmica nekolku SP nanazad, Katarcite kolku se ostareni i deplasirani, Japonija prethodnoto prvenstvo bese dosta poseriozna ova izdisa brzo, Spanija podmladuva i e nestabilna, Norveska e domakjin i tamu ke se igra finaleto a tie imaat ocajna ekipa i igra, Ungarija vekje ima teski noze poradi starost, Avstrija e bez Bilik sto e kako nie da istrcame bez Kire pred 7-8 godini, Svajcarija e dojdena da sobira iskustvo i e pomlada i od nas, Polska nema ekipa i ispadna uste vo prva faza, Slovencite ne se toa sto bea kvalitetot im e daleku od nekogas, Hrvatska se vide uste pred prvenstvo deka e nivo-dve pod toa sto sme naviknati da ja gledame, Argentina e dosta padnata. Prvenstvovo dade edvaj 5-6 vozbudlivi brzi i kvalitetni utakmici, groto bea samo pokazatel kolku edni ekipi se presilni a drugi preslabi i kolku e zgolemen jazot megju Danska i Francija i ostanatite.
Edinstveno Island i Portugalcite nesto krenaa forma, Italija izigra dobar rakomet ko za prvo SP posle dolgi godini. Opstata slika e deka doaga period na 2-3 preodni prvenstva, na koi ke se igra pomalku kvaliteten rakomet, dur reprezentaciite napravat soodvetni promeni vo rosterite i podmladuvanjeto dobie iskustvo.
Nasata liga e klubski opadnata vo sporedba so periodot pred kovid, ama se sozdadoa 2-3 kluba so sponzori i ima raznolikost, pa lici izednaceno. Vo realnosta, koga ke iskocat ovie ekipi vo Evropa, nie im go gledame kvalitetot. Vardar ispadna so los skor slicno na Alkaloid lani, Pelister ovaa sezona napravi nekoj rezultat sto ne e nisto specijalno za tolku dadeni pari, Alkaloid igra vo Evropa vo natprevaruvanje kade grcki ekipi zemaat tituli, Rade Stojanovic vekje go nema vo Kavadarci i tamu padna kvalitetot za 50%, Alus raboti vo Ohrid no e daleku od ovie 3 ekipi. Ona sto ni godi e sto igracite od ovie tri ekipi + dvete poslabi, igrajki megju sebe tvrdi teski i napnati utakmici, gradat karakter i rastat.
Ako veke mora da navleguvame, Mitev vo skoro sekoj napad ima cekor-dva povekje vo Makedonsko prvenstvo koj ne mu go svirat i go ostavaat. Toa na prvenstvava i vo Evropa ne go dobiva, pa zatoa tamu izgleda posporo i poslabo vo odnos na natprevarite vo domasno. Kolku e jaka ligata pokazuva toa sto reprezentacijata ni pagja redovno vo 24 i 54 minuta na sekoj natprevar kako na tajmer, sto znaci deka kondiciono nivoto na rakomet na koj se naviknati igracite e mnogu poslabo od ona tempo sto se igra na ova nivo. Za deckite bravo sekoja cest, odlicno prvenstvo pisav i pogore ne sakam da lici taka komentarot deka neso gi kritikuvam. Da e tolku jaka ligata rutinski ke zgazevme 20 razlika so Gvineja, vcera ke ja skrsevme u 40ta minuta pa ke bese 15 razlika, ke nemase da slavime dve nereseni.
 
Член од
24 октомври 2023
Мислења
62
Поени од реакции
183
Мора минимум 3 години да игра во македонска лига.
Ете го Халил Јагањац. 26 години, лев бек, Рајн Некар Левен. Играше во Металург. Не знам кое првентсво по ред го изоставаат од Хрватска репрезентација, а играчиште калибар на Фитиљот е
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.319
Поени од реакции
5.661
Ете го Халил Јагањац. 26 години, лев бек, Рајн Некар Левен. Играше во Металург. Не знам кое првентсво по ред го изоставаат од Хрватска репрезентација, а играчиште е
Ни треба десен, ма да не би се жалел и на него
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.736
Поени од реакции
6.096
Ни треба десен, ма да не би се жалел и на него
Ако Лазаров досега не натурализирал, не верувам сега да натурализира.
По секоја цена сака да докажи дека можиме да произведиме Македонски играчи, и докажа.
Иако моја лична желба е да направат се да го натурализираат Босанецот Хаџиќ од Пелистер.
Пола репрезентација на Катар се Босанци, а во Босна ракометот е во надолна линија, ако сме паметни треба да искористиме ситуација.
Но сега најбитно е да ги добиеме 2004 како што ги добивме 2002.
Да го извадиме максимумот од Галевски, Самоил, Карасманакис, Дамјан.
Митревски и Марковски уште 1-2 максимум првенства ако има во нив.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.941
Поени од реакции
19.294
Немаме шанси со Франција, и без замарање ќе не тепаат
Добро првенство изигравме и ова е големо искуство за дечките во иднина.
Штета оти имавме две утакмици каде противникот не беше подобар и не ги искористивме, плус судиите со Холандија.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.859
Поени од реакции
7.497
Мислам дека Кире од секогаш имал цврст став дека е против било какви натурализации, а искрено и јас делам слично мислење и во тоа апсолутно го поддржувам.

Мислам дека тој воз за натурализација помина заедно со златните години на Вардар, тогаш беше шансата, сега веќе е касно.

Кога веќе имаме некој задоволителен успех стварно не гледам причина зошто би трчале по странци што се приближно сличен квалитет како нашите деца.
Оваа репрезентација е една од ретките работи во државата што останаа чисти, наши, Македонски...

Посакувам така да остане и во иднина.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.599
Поени од реакции
6.326

А зошто да има натурализација кај шо сме дефицитарни пример еден играч на десен бек. Дури да чекаме да извадиме десен ќе немаме лев , ќе се пензионираат , па после ќе извадиме десен , па ќе немаме лев и така ќе се вртиме во круг.
Таква грешка правевме и кога немавме лев дури играше Лазаров .
Шо се однесува за Хаџич детето ако има малце среќа ќе биди игралиште , од 16 години живее во Битола шо дела е босанец , ако детето наредни 2 години се развива како треба и го искористи потенцијалот ,ќе напрајме огромна грешка ако не го натурализираме, секако и тој ако сака да игра за нас .
 
Na koja pozicija igra toj Adžič? Ako e stvarno takov talent ko što go opišuvate tuka, i ako e desen bek onda zašto da ne se proba? Ako ne, da se krstime vo Uzunčev da bide nešto povekje od ovie momentalnive.
 
2007 година е детето Алем Хоџиќ игра централен и лев , не е десен за жал.
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
587
Поени од реакции
714
А зошто да има натурализација кај шо сме дефицитарни пример еден играч на десен бек. Дури да чекаме да извадиме десен ќе немаме лев , ќе се пензионираат , па после ќе извадиме десен , па ќе немаме лев и така ќе се вртиме во круг.
Таква грешка правевме и кога немавме лев дури играше Лазаров .
Шо се однесува за Хаџич детето ако има малце среќа ќе биди игралиште , од 16 години живее во Битола шо дела е босанец , ако детето наредни 2 години се развива како треба и го искористи потенцијалот ,ќе напрајме огромна грешка ако не го натурализираме, секако и тој ако сака да игра за нас .
Прво и основно нема од каде да се натурализира. Прво треба да има 3 години играно во Македонија, второ со зголемување на учесници на европското првенство сите што се подобри играат за своите селекции. А да се земе некој просечен не бива, секако нема да направи некоја поголема разлика.
 
Член од
27 јуни 2022
Мислења
215
Поени од реакции
675
@ohrid66 ме интересира дали го пратиш десното бекче од Охрид Шипинкоски мислам се презиваше. Има ли материјал во него? Одамна го неам видено а ми остана ве сеќавање како солиден. И дали има уште некое интересно дете?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom