Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 мај 2010
Мислења
6.307
Поени од реакции
5.621
Стандард, после Унгарија херои сега сме дрва неделкани.
Единствено проблем што јас лично го имам е тоа што нерешеново се слави како победа, ма да и тоа не знаеме може Митев повреден, Митревски грип, Јагуриновски грип па влаедела негативна атмосфера во кампот и ова им е светла точка.

Против Унгарија се виде дека имаат желба за играње и после поразот немаше еден на кој не му беше криво, мислам дека данските гомна ја убија оваа репрезентација психички. Едноставно немаа искусено вакви лакрдии до сега и не се носеле со слични ситуации. Јас пак идам по тоа дека ќе учиме и ќе напредуваме како екипа.

Можеби за европски стандарди треба да сме во зенит, полетни од 20 до 24 години. Фактот е дека наши играчи созреваат покасно најголемите резултати ги имавме кога сите беа 25+.

Океј е, можевме многу подобро ама да не заборавиме дека последни 3-4 првенства бевме дудуци, на ништо не личевме. Ова и не е толку лошо.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.028
Поени од реакции
74.423
Како што кажав и во претходниот коментар, толку голем јаз се направи меѓу европските селекции, што источноевропскиве и некои понадежни западноевропски ко Исланд, Швајцарија и Холандија, се поблиску до квалитет со неевропскиве селекции, отколку од Франција, Данска, Шведска, Германија и Шпанија (осоообено првиве две).

Франција скоро двоцифрена предност има со Унгарија, која ние ја направивме дека е Данска.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.390
Поени од реакции
7.029
Не е лошо, ама не е ни добро. Така некако може да се опише мечот. Пак медиумите направија штета, многу потценувачки јавноста го зеде овој натпревар, ама во суштина Австрија беше благ фаворит дури и во овој состав (не мора да ме прашувате мене, видете ги кладилниците).

Офанзивно, мислам дека одигравме релативно добро иако на прв поглед можеби и не беше тоа очигледно. 63% успешност на нападите, за нас неверојатни само 5 технички грешки (треба да прочепкам по статистики ама којзнае колку одамна треба да барам за меч кога сме имале толку малку). Се на се, генерално беше доволно добар нападот(овој беше побавен меч од претходните па нормално беше да има помалку голови). Проблемот како што и сите лесно заклучија беше во одбраната против 7-6. Дека не се спремале не е точно, знаеја што ќе игра Австрија, но не беше доволно добро. Мора да се признае и дека Австрија одигра феноменални 7-6, официјалната статистика вели дека немале ниту една техничка грешка на 7-6 (на една без голман се сеќавам ама можно е да беше кога имаа исклучен играч).

аттацк тѕпес аут.png


Навистина неверојатен перформанс 7-6, ако вака играат и со другите можат и тоа како да им направат проблеми на Унгарија и особено Холандија. Додека беше 6-6 бевме далеку подобри и направивме разлика во првите 15тина минути, штом свртија австријците на 7-6 тргна надолу работата и од тој аспект веројатно можеме да бидеме задоволни со бод.

Можеа да бидат подобри и голманите, ама со оглед дека Митревски играше болен, се чини тоа е максимумот (и Кузмановски личеше дека е болен, нека ме поправат ако грешам).

Одиме натаму, со КАтар исто ќе биде интересен меч, креваат форма Катарците, штета што не ја добија Холандија ги имаа...
Автоматски споено мислење:

Како што кажав и во претходниот коментар, толку голем јаз се направи меѓу европските селекции, што источноевропскиве и некои понадежни западноевропски ко Исланд, Швајцарија и Холандија, се поблиску до квалитет со неевропскиве селекции, отколку од Франција, Данска, Шведска, Германија и Шпанија (осоообено првиве две).

Франција скоро двоцифрена предност има со Унгарија, која ние ја направивме дека е Данска.
Само Данска и Франција. Особено Данска. Кај останатите нема толку голема разлика 3-15то место, може да се играат тесни натпревари ако ти тргне. Египет е можеби најблиску до Данска и Франција, ама имаат многу повреди на ова СП.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.704
Поени од реакции
4.124
Мислам дека од Франција ќе имаме двоцифрена загуба
Ќе си победат Французиве на наредниве 2 утакмици и последната ништо чудно полабаво против нас да ја изиграат
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.454
Поени од реакции
16.661
Ќе си победат Французиве на наредниве 2 утакмици и последната ништо чудно полабаво против нас да ја изиграат
како мачката што ги учи мачињата со мали глувчиња, така со нас резервите ќе играат....но и со нив нема лесно да биде, тие сакаат да се докажат
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.738
Евидентно е дека има некој напредок и треба да се остави Кире да продолжи. Ама нас ни фали добар голман. Некој што ќе има просек околу 10-15 одбрани по натпревар и нема да прима 7-8 гола по ред без одбрана како денес.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.595
Поени од реакции
6.303
Најголем проблем ни е одбраната , многу сме слаби дефанзивно.
Холанѓаните ни се шетаа како во јавна куќа , затоа имавме еден тон исклучувања и милијарда пенали против нас.
Денес 7 на 6 немаме никаков одговор, тука е проблем шо играчите ни се еднодимензионални.
Фитиљ го става на 6 таму да не се троши во напад , Костовски не игра одбрана , Велковски е тапа назад , Митев не игра одбрана , Серафимов исто така е труба , Јагуронивски е тапа назад , Мечка е паднат во форма ги бушат како сакат , Слон(Пешевски) не игра одбрана , Петар Анастасијевиќ можи да игра посебно на 5 1 , па и Павле можи да игра ама не е ништо посебно .
Н.Марковски можи да игра со играчи како од типот на Маџарите, толку е од него.
Е сега се крстиме на голманите , и реално сме 3 ешалон репрезентација на кај втор моментално , ама и тука има напредок оти на прошлото бевме четврт ешалон.

Е сега јас незнам со овие играчи што реално колку толку сме ок напред освен десен бек кај шо сме тапа , како можи да напредниме одбрана .

Според мене голема е грешка шо ме се зеде Аларов за назад да играт централно назад со Мечка ако ништо друго играт заедно , па плус и некој момент таму би додал во петка централно да поигра и Фитиљот барем на 10 мин , па да се одмори напред и слично.
Инаку и црепот Тале да не е со земен по крило реално има место и да него посебно во одбрана .

Е сега знаеме Тале нема да заигра поќе дури е Лазаров исто и Аларов не ми се верува да се вика , незнам Самуил и Карасманакис и двата се пикери пак не решаваме ништо , ми треба десен бек и барем идно крило шо можи да игра 6-0 одбрана .

Како и да е досега е океј првенството како се надевав, само Франција да не ни ја дупни глата +15 разлика да изгубиме , без разлика шо нема да му треба , тие шо ќе играт за нив ќе бидат уште помотивирани за место во прв тим , а нашите издишани , последно коло од групата.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.857
Поени од реакции
7.466
И нас преку ноќ ни се креваат амбициите до небо и си враќаме стари желби што ги сонувавме со онаа претходна генерација, кои за жал никогаш не ги доживеавме.
Да имавме уште некоја победа на првенството пак ќе почневме калкулации за полуфинале, медал, Олимписки игри...

Едноставно кај нас ракометот е единствен спорт во кој сме виделе некој константен успех и покрај еден куп порази и неправди кои сме ги доживеале како нација низ годиниве сме ги залечувале на ракометни натпревари, без разлика дали се работи за репрезентација, Вардар, Металург или Пелистер.
Јас ракометот би го нарекол и единствен извор на среќа за Македонецот.
Си има некое посебно место во срцата на секој од нас и потајно сите си се надеваме на повторување на некои успеси и радости од минатото, затоа и после секоја победа само си ги актуелизираме тие желби и ги доживуваме овие првенства толку емотивно.

Се тоа си е убаво, треба само да се стрпиме и сигурен сум дека за некоја година ќе имаме далеку посериозни резултати од овие, има оваа генерација уште многу што да каже, има и помлади играчи што за брзо ќе затропаат на репрезентативната врата.
Брзо забораваме дека пред две години од истава Холандија бевме прегазни со десет разлика, иста приказна беа и сите останати натпревари во претходите неколку години.
Натпреварот со Фарски во Скопје, тој лани со Швајцарија и овој со Унгарија се озбилен чекор напред и показател дека имаме напредок.

Се надевам на победа со Катар, а здравје на наредните првенства ќе одиме појјако.

И може ќе звучам лузерски ама мене најбитно ми е да учествуваме на вакви првенства и резултатски да сме во игра на натпреварите.
Не можам со зборови да опишам колку емотивно ги доживувам и ги сакам овие натпревари, цела таа еуфорија што се прави кај нас и константното зборење за ракомет на секој чекор.
Мислам дека никогаш во животот нема да имам по драга репрезентација од ракометната, си ги обожавам со сите предности и недостатоци што ги имаат.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.508
Поени од реакции
9.324
Јас ќе одам надвор од анализиве и може во друга насока.
Едно големо БРАВО на ФАЛАНГАТА која реши да нe присуствува повеќе на "светсково" првенство, не сакаа навивачи нека гледаат татар, ти ебам ИХФ, ЕФХ, кој и да е.
 
Член од
2 август 2017
Мислења
289
Поени од реакции
433
И нас преку ноќ ни се креваат амбициите до небо и си враќаме стари желби што ги сонувавме со онаа претходна генерација, кои за жал никогаш не ги доживеавме.
Да имавме уште некоја победа на првенството пак ќе почневме калкулации за полуфинале, медал, Олимписки игри...

Едноставно кај нас ракометот е единствен спорт во кој сме виделе некој константен успех и покрај еден куп порази и неправди кои сме ги доживеале како нација низ годиниве сме ги залечувале на ракометни натпревари, без разлика дали се работи за репрезентација, Вардар, Металург или Пелистер.
Јас ракометот би го нарекол и единствен извор на среќа за Македонецот.
Си има некое посебно место во срцата на секој од нас и потајно сите си се надеваме на повторување на некои успеси и радости од минатото, затоа и после секоја победа само си ги актуелизираме тие желби и ги доживуваме овие првенства толку емотивно.

Се тоа си е убаво, треба само да се стрпиме и сигурен сум дека за некоја година ќе имаме далеку посериозни резултати од овие, има оваа генерација уште многу што да каже, има и помлади играчи што за брзо ќе затропаат на репрезентативната врата.
Брзо забораваме дека пред две години од истава Холандија бевме прегазни со десет разлика, иста приказна беа и сите останати натпревари во претходите неколку години.
Натпреварот со Фарски во Скопје, тој лани со Швајцарија и овој со Унгарија се озбилен чекор напред и показател дека имаме напредок.

Се надевам на победа со Катар, а здравје на наредните првенства ќе одиме појјако.

И може ќе звучам лузерски ама мене најбитно ми е да учествуваме на вакви првенства и резултатски да сме во игра на натпреварите.
Не можам со зборови да опишам колку емотивно ги доживувам и ги сакам овие натпревари, цела таа еуфорија што се прави кај нас и константното зборење за ракомет на секој чекор.
Мислам дека никогаш во животот нема да имам по драга репрезентација од ракометната, си ги обожавам со сите предности и недостатоци што ги имаат.
Браво за коментарот :cuc: . Конечно да прочитам нешто паметно:aplauz:.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
99
Поени од реакции
75
Катар одигра одлично против Холандија,ќе се измачиме против нив.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
994
Поени од реакции
2.425
Се уште не го покажале најдоброто оваа генерација. На првенството гледам како на СП 2009 што беше за претходната генерација, така да очекувам блесок некаде 2026, 2027 на СП/ЕП.
И да, добри 50% од вас овде што дробите нон-стоп, пред почетокот убедени бевте дека единствена победа ќе ни е против Гвинеја, со останатите немало што да бараме, а сега паѓате во несвест овде и плукате по се живо, дегенерици едни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom