Она што ни фали покрај муда во клучни моменти е она што е најважно - КВАЛИТЕТОТ.
Не знам каква била здравствената состојба на играчите, ама да не ја победиш оваа австриска селекција без 3 најважни играчи говори дека си 3 ешалон на екипи.
Џабе оној муабет, млади се, ќе се развиваат допрва. Едноставно немаат квалитет помладите, македонсково првенство ни остава некоја лажна слика.
Од толку дефанзивци што форсираат во Алкалоид, на крај мораме да се потпираме на играш што има 150 години (Н.Маркоски). Карасманакис, Стојковиќ, Младеновски, Омерагиќ, на крај курац, еден не може да одигра одбрана ко што треба на репрезентативно ниво. Ниту еден бек не знае да игра одбрана. Само ние браниме со пикери на главни бекови шутери.
Лазаревски има голем пад во играта, изгледа лани го достигна пикот во кариерата и после една повреда, никако да се врати во форма. Се труди, ама кондициски е 0, а и доста е бавен.
Десните бекови не вреди да се коментираат. Ќе се порадуваме на некој блесок ко додавањата на Велковски, ама севкупно дрва ситс тројца. Овој Серафимов на дербињава во домашно првенство игра мислиш дека е Кире Лазаров, овде на првенствово дно проби. Ми додава назад ко куртон некој, зема некои шутеви, не може до гол да дофрли.
Да ги тргнеме Кузмановски и Митев, ние нема ни Гвинеја да ја тепаме. Сите бекови тешка боранија, за со репрезентации кои се 4-5 ешалон во светот.
Атанасијевиќ се труди, сака да се покаже, ама му фали интелигенција, прави глупи исклучувања, влезовите му се доста праволиниски. Ама и со овие фалинки, заслужи да влезе во игра во второ полувреме...
Немам некои очскувања од сите овие за кои медиумите викаат МЛАДИ СЕ, ЌЕ НАУЧАТ. Прво, не се толку млади, второ јасно се гледа колкави недостатоци имаат. Освен Митев кој се надевам ќе изгради блескава кариера и нема да направи лош избор на клубови, не гледам некој страшен бековски потенцијал.
Мислев на Марко брат му ќе биде исто рака солиден играч, ама никаде го нема сезонава, веројатно ради повреда.
Нас најдобар играч ни е публиката. Фитиљот е играч кој воден од публиката може како Карабатиќ да изигра. Нема ли публика да го носи, знае целосно да потфрли. Гарантирам дека да игравме некаде далеку, немаше да има вакво првенство. Направи вистинска одлука што се врати во Пелистер, добри на самодоверба и игра во врвот на својата кариера. Мисирот Тале да останеше во Вардар, сега ќе можеше барем малку да придонесе за репрезентацијава. Фали бек што ќе покрива во одбрана на центарска позиција и некој бек што ќе разбие со шут. Не дека Фитиљ не разбива на првенствово, ама убаво ќе ни дојдеше и Тале со формата од последната сезона во Вардар.
Одма беше евидентно дека со намалувањето на бројноста на публиката и поддршката, тоталка паднаа и играчите. Се надминаа себеси со Унгарија, не бевме до толку лоши со Холандија и од тогаш труба драгачева.
Сепак, фер е да се каже дека и овие селекции не се нешто којзнае колку јаки. Се направи голем јаз меѓу европските селекции и неевриоските, а исто така и меѓу европските има преголема разлика меѓу Данска, Франција, Шведска, Германија, па и Шпанија и сите останати. Така што бод со Унгарија и тесен пораз со Холандија на практично домашен терен и не е некој резултат за пофалба.