Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
25 декември 2019
Мислења
1.865
Поени од реакции
2.845
Водиме на полувреме против Полска 15-14. :)
Автоматски споено мислење:

Ги плеснавме рутински, голема штета што не сме меѓу осумте најдобри.
 
Последно уредено:
Член од
13 август 2023
Мислења
927
Поени од реакции
2.276
Кој моронски систем е овој, без пораз сме, на крај играме за пласман до 9 место.
И кој беше критериумот за Исланд и Германија да влезат во главна рунда како втори, а останатите не?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
И кој беше критериумот за Исланд и Германија да влезат во главна рунда како втори, а останатите не?
Најдобра второпласирана екипа од првите 3 групи (Германија)
Најдобра од второпласираните екипи од вторите 3 групи (Исланд)
 
Член од
17 април 2024
Мислења
593
Поени од реакции
1.381
Ептен забеган систем, голема штета за момците ретко кога квалитетна генерација. Што е најако, може и да не изгубат до крај и пак ќе биде за џабе, каква иронија...
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Уште 5 минути дечки и сме во топ 8 - Бранче Ангеловски за време на тајмаут против Хрватска
Прво скокни, после кажи оп..
Не го спомнувај крелето, таман оладив од ремито со Австрија. Нека си го чува Пелистер да им биде тренер, далеку ќе стигнат.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.366
Поени од реакции
6.864
Стварно е прелош системот, не знам како успеаа вакво нешто да смислат. Гол разлика решава, а таа се постигнува против сосема различни екипи - Исланд на пример имаше среќа да се падне во група со Украина (која е убедливо најслаба екипа на првенството) и ќе си игра четвртфинале. Ние сме пенализирани практично што во прво коло бевме со Црна Гора и тогаш енергетски калкукиравме и штедевме сили за Хрватска, наместо да форсираме и ги наполниме...

Се знае како е логично со 24 екипи, 4 групи по 6 екипи, првите 2 од група во четвртфинале, вторите 2 9-16, последните 17-24то... Вкупно 8 натпревари по екипа исто како и сега. Или оди со 6 групи по 4 екипи, 12 екипи во нови групи (првите 2 од секоја) за 1-12, другите за 13-24то. После тоа од новите групи се оди на полуфинале и финале (ист систем како во сениори) - вака се по 9 натпревари, ама само за полуфиналистите, другите може и со 7-8 да поминат...

Во секој случај, да не се лажеме некаде меѓу 5-12 место ни е реалноста. Борба за медал мислам дека не е баш реалност. Така беше и минатото лето, така е ова. Шпанија е убедливо најдобра во оваа генерација. Данска, Шведска, Норвешка се во некоја следна група што ќе се борат за медал. Нас ни е реално местото во следната група со Германија, Португалија, Хрватска, Франција, Австрија, Унгарија, Исланд...

Камо да ни беа сите генерации вакви ќе имавме поголем избор на играчи. За жал повеќето се на пониско ниво од ова повеќето некаде меѓу 14то и 20 место во Европа....

Инаку да се вратам на натпреварите - Со Хрватска и Австрија малку среќа ни фалеше, реално мислам дека бевме за нијанса подобри и од едните и од другите (исклучувањето за приговор на Бранче со примените голови на празна мрежа ни го зедоа топ 8). Ама денес според мене бевме под ниво, можеше и мораше подобро со Полска, не се којзнае што полјаците во оваа генерација...

Сега мора да се атакува на 9то место, Франција, Хрватска и Унгарија се главните противници за тоа... Добри, квалитетни екипи, таман за натамошно искуство и надигрување...
 
Член од
14 јули 2024
Мислења
105
Поени од реакции
177
Дали генерацијава на овие млади има подобар потенцијал од генерацијата на Лазаров,Борко,Миркуловски да прошират ниво подобро? Прашувам за информација зошто не ги следам
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Требаше како сениорите да направат, првите две да одат во наредна фаза, па да се формираат две групи по 6 екипи (исто и за тие третопласираните и четвртопласираните екипи). Ние пропуштивме шанса за главната фаза. А со Шпанија сигурно немаше да биде како Австријциве денес.
Ако победиме со Романија би биле во топ12, а со тоа би биле втор шешир на следното СП (штета што се откажа Македонија од организација на истото, мислам дека на домашен терен би можеле за медал да се бориме) и тоа е чекор плус.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
593
Поени од реакции
1.381

Kajgana Shop

На врв Bottom