Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Заслужена победа,гледав на крајот Шведските судиии се изгубија.
Нормално, Холандија со уште неколку репрезентации се во подем. Имаат Исланѓанец селектор кој е таму веќе 3-4 години, воспостави брз систем на игра кој им одговара на миџетите Стеинс и Смитс, летаат по терен.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Јас па имам чувство дека подобро играше на 16 години, отколку сега... едноставно не се развиваше како што треба, не дека не е добар како за наша репрезентација, ама не е дозволиво играч со искуство како него да прави грешка од на пример чекори во контра. Жално е што играчите веќе имаат по 25-26 години, а ние ги рачунаме за млади таленти.
Ама како што кажав и претходно, најбитно е да имаме континуитет на настапи, само така колку-толку ќе го задржиме квалитетот.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.007
Поени од реакции
1.799
Проблем кај него или Кузмановски е што кога ќе се улетаат или ќе влезат у гол со топка или пробивање. Или директно у голман ќе шутнат. Работата е што прават аматерски грешки со грешни додавања или паѓање на топка од раце. Не дека не смее да се случи тоа, ама тука се добива или губи утакмица. 3 напади за нерешено имавме и или зицер промашија или им паѓа топката од раце.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Мора да ја победиме Црна Гора утре. Тоа е единствен натпревар на кој очекував и претходно победа. Тие се разорани, без селектор, стручен штаб, куп играчи и по тоа што го читав има голема нервоза кај нив со тестирањево. Ако навистина имаат позитивни, ќе излезе веројатно уште некој позитивен кај нив пред утакмицата. Не се задоволни дека се во некој посебен хотел далеку од салата и сами отсечени од другите. Бајаги галамат околу тоа. Ќе мора нашите тоа до максимум да го искористат и од сам старт да им набијат разлика. Најголема закана од кај нив ја гледам во голманот Симиќ кој знае да избувне и да се разбрани. Мислам како противник повеќе ни одговараат затоа што играат побавна игра, па нема да биде како со Словенија.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Проблем кај него или Кузмановски е што кога ќе се улетаат или ќе влезат у гол со топка или пробивање. Или директно у голман ќе шутнат. Работата е што прават аматерски грешки со грешни додавања или паѓање на топка од раце. Не дека не смее да се случи тоа, ама тука се добива или губи утакмица. 3 напади за нерешено имавме и или зицер промашија или им паѓа топката од раце.
Па да земам снимката да ја пуштам сега и да бројам, од Талески, Велковски, па тука е и Кузмановски, сигурно едно 15-20 неточни додавања ќе најдам. Под ова мислам додавање во нозе или назад, таму 50 и некоја минута кога Жути беше во налет, не знам кој беше му даде пас далеку зад него и топката заврши во аут. Ова се уште едни од аматерските грешки како чекори, пробивање кои секоја утакмица се повторуваат години наназад.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Талески добива премногу хејт но тоа не значи дека треба да бидеме задоволни со него.
Од играч кој е висок 200 цм очекувам повеќе од 5-6 шута и 3-4 гола на натпревар. Од Талески буквално се очекува само да се крени и да шутира, ништо друго. Со Словенија 10 пати се крена и ја додаде на Велковски коj не е способен ништо да направи.
Со страв не се игра ракомет, мора да биде спремен да јади ќотек.

А дека има напредок во неговата игра, има, мислам дека нема дискусија околу тоа.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Па да земам снимката да ја пуштам сега и да бројам, од Талески, Велковски, па тука е и Кузмановски, сигурно едно 15-20 неточни додавања ќе најдам. Под ова мислам додавање во нозе или назад, таму 50 и некоја минута кога Жути беше во налет, не знам кој беше му даде пас далеку зад него и топката заврши во аут. Ова се уште едни од аматерските грешки како чекори, пробивање кои секоја утакмица се повторуваат години наназад.
Талески имаше 3 технички, Фитиљот и тој 2-3, додека Велковски минимум 6-7 му избројав од рака од ко го гледав по втор пат натпреварот.
Мислам не е за чудење особено кога за противник имаш поквалитетна селекција и пробаш да пробиеш таква гранитна одбрана со реално просечни ракометари, нормално дека ќе грешиш, иако навистина Велковски претерано многу грешеше, нека е алиби дека ова беше прв негов официјален настап каде изигра 50 минути, можда и притисокот и тремата си го направи своето во одредени ситуации, и баш ме интересира како ќе изиграат против Црна Гора после еден ваков натпревар со Словенија, јас би му дал шанса некоја минута да поигра Митев, и онака Крстевски на клупа окапа цели 60 минути.
 
Погоре мислев на неточни додавања кои не се бројат во технички, на пример, Велковски само првото полувреме 5-6 пати ја додаде топката во нозе, едвај ја примија. Второто неколку пати зад играч, со судни маки да ја фатиш да не замине во аут. Тоа се основни работи кои се учат уште на почеток, како се додава топка, дека се прима во трк за да бидеш опасен по гол, а не во место и т.н.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Пред некое време читав една објава од медиумиве каде што Кире кажува дека би играл уште една година ако добие понуда која не се одбива и да има загарантирана кратка минутажа барем, исто кажува дека е физички спремен да игра уште но играњето не му го дава истото задоволство како и претходните години.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ene go onoj Kules od Belorusija, mlad ko Talesko,ista visina, ama gazi belorusinot, dominira so visinata
 
and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
39
Поени од реакции
99
Повисок а и подобар играч е реално
Дополнително, во одбрана практично одмара, брани на крило. Игра со класичен среден бек, не се гуши со уште еден лев.
А да беше наш ќе му ги броевме и грешките па ќе излегоа мин. 3
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Некаде прочитав дека на денешните тестирања имало неколкумина позитивни од кај нас :mad: немаше пишано имиња. Сепак е неофицијално се' уште, да почекаме
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.136
Поени од реакции
10.493
Ништо не успеав да изгледам во четвртокот. Пристојно сме загубиле, иако претпоставувам дека најголем број од грешките се грешки на Филип Талески. Дечкото едноставно не е за ракомет.

Вечер ќе гледам, дефинитивно. Се надевам на победа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom