Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Шо да омаловажам бе, 8 минути без гол против ваква Словенија, шта речи. Еден куп грешки во напад, единствена светла точка беше голманот денес и одбраната до негде. Ама ако ви е полесно на душата ок, добро изигравме.
Oj гледај Атлетико ај
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
ke ima posebni temi za grupite ili vo vtor krug ??

i Holandija ja vodi Ungarija 5 razlika !!!
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
И Хрватите имаат некои млади играчи, се чини подобра игра од настапот во Египет, но многу несигурни, промашуваат зицери.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Не знам зошто го споменувате воопшто Жути. Си ја одигрува коректно улогата по петнаесетина минути на утакмица, да влези кога е тесно, да ја смири играта, како при крајот во важен момент да изнуди 2 минути од ништо, само штета што немаше кој да искористи. Иако јас би го ставил и на почетокот неколку напади, пред да направат 6-0 серија, да ги смири.

Е сега има и проблем што го нема Киро и нема кој да му отвора простор кој го имаше претходно, па е оставен сам на себе.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Според мене Велковски ја сјеба утакмицата. Ни шут, ни проигрување, ни ништо. Колку топки изгуби не е можно. Имаше и други играчи кои промашија и зицери и некои технички грешки што направија, но изиграа нешто земено севкупно утакмицата, за разлика од Велковски кој беше голема нула цела утакмица.
Немаме друг играч кој игра во два правци, мака ќе мачиме овие години на десен бек, Велковски е таков играч кај шо нема натпревар да не е испод 3-4 технички грешки, се нешто мора топка да испушти од раце, или направи некое аматерско додавање, едноставно просечен ракометар, и толку му се можностите тоа е тоа, лесно е да се плука но мислам дека треба да се воздржиме и да му дадеме дополнителна подршка.

Предност е неговата игра во 2 правци која одговара на новиот систем на игра кој почнавме да го практикуваме, интересно е шо преку истиот во доста моменти ние изгледавме како Словенци во натпреваров, имавме солиден број на постигнати погодоци од брзи полуконтри и во некој делови од мечот дури и ги наттрчавме, кондициски бевме спремни навистина добро, браво.

Позитивен момент за Велковски е тоа што изигра ок во одбрана против бековите на Словенија, да го имавме Лазаров па да мораше да менува цело време со некој од клупа ќе не избушеа Словенците од полуконтри, барем тука тактички бевме добро поставени и резултат беше шо му го загушивме тоа нивно оружје.
Мартин Серафимов колку и да е "талентиран" во моментов не е решение и генерално е полош играч од Велковски (ВО МОМЕНТОВ), најголем проблем е шо не игра одбрана а и физички со тоа тело како некој пионер против гранитни одбрани како таа на Словенците тешко, или народски би се изразил со зборовите на еден голем "македонски државник", мало сутра.

Тука јас гледам решение во иднина да му се дава улога на Павле Атанасијевиќ на десен бек, тврдам дека ќе е поквалитетен од Велковски, знае многу лесно да пробие одбрана или направи вишок + гине во одбрана, ако ништо друго нека ротираат по 15 минути на полувреме со Велковски, Хрватска во доста ситуации играла со 3 десно раки бекови, зошто да не пробаме и ние кога сме свесни за лимитот и ограничувањата на нашите десни бекови?!

Друг проблем ни фали креативен среден бек кој што можи да ги разигрува пикерите и крилата, Митев некако не е таков профил, ќе видиме Ѓоргиев како ќе одговори во иднина на оваа задача, додека Фитиљот неможи сам 60 минути тука, кога веќе го спомнав мора да го пофалам дека изигра машки и беше лидер во цел натпревар, ко ќе се затрча на полуконтра животно е све пробива пред себе :cool:, оружје кое мора да го користи во иднина уште повеќе, едноставно му одговара ваквиот брз систем на игра, шо не беше случај кога го практикувавме античкиот спор ракомет до ланска сезона.

Јас искрено дури сум изненаден како изигравме, не очекував дека можи да му парираме цели 60 минути на Словенциве со читај бековска линија Тале - Фитиљ - Велковски, мислам малку објективно да гледаме од подалеку реално ваква Словенија по квалитет на хартија би требало секој натпревар да не буши по 10 разлика без многу мака.

Десните крила катастрофа денес, Џомба фала за секоја жртва шо ја имаш дадено за репрезентација, ама пополека време му е и него да се повлече, една контра не истрча напред после одбрана на Томовски или генерално одбранет напад од нашата одбрана.
Ама пак и Костески неговата замена, од кога потпиша Павлетиќ во Пелистер последен натпревар кој го има изиграно на високо ниво е со Тиквеш во суперлига ваљда, само мал проблем е шо на европсково бранат голмани од ниво на бундеслига или лига на шампиони.

Имам уште мн поенти за поентирање ама ајде во некој друг статус, битно не се посрамотивме, изгинавме на терен и оставивме добар впечаток на европа со нашата игра, да ги тепаме Црно Гора ќе е многу битно ко шо пишав ради улогата која ќе ја има 3тото место во наредни квалификации за Светско, па со Данска да изгинеме уште еднаш па шо биде нека биде.
 
Член од
10 јануари 2022
Мислења
231
Поени од реакции
436
Падна првата сензација. Холандија ги исшамари маџарите. Ако не го мрзи, нека отвори некој една тема општо за ЕП, да не ја полниме оваа за се.
Автоматски споено мислење:

Падна првата сензација. Холандија ги исшамари маџарите. Ако не го мрзи, нека отвори некој една тема општо за ЕП, да не ја полниме оваа за се.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.767
Падна првата сензација. Холандија ги исшамари маџарите. Ако не го мрзи, нека отвори некој една тема општо за ЕП, да не ја полниме оваа за се.
Автоматски споено мислење:

Падна првата сензација. Холандија ги исшамари маџарите. Ако не го мрзи, нека отвори некој една тема општо за ЕП, да не ја полниме оваа за се.
Заслужена победа,гледав на крајот Шведските судиии се изгубија.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.259
ke ima posebni temi za grupite ili vo vtor krug ??

i Holandija ja vodi Ungarija 5 razlika !!!
Холандија е доказ и промер дека СЕ МОЖЕ АКО СЕ РАБОТИ ПЛАНСКИ.

Значи од држава што не знаеше за ракомет пред 10 години дојдоа да издоминираат во женски ракомет и во машки да ја добијат факинг Унгарија на домашен терен. А ние 20 години се клацкаме со едното исто.

Само у Холандија најдобрите 3% од студентите ги зимаат decision-making позициите. Сите од екс-ју треба да се угледаме на нив и нивниот систем.

Мило ми е за ова како ние да сме тепале.

А за нас ми е криво зашто Словенија не беше ништо подобра и што им рече Кире не добиваат на искоство и евтини финти. Требаше макар нерешено. Тоа е битно играме модерен ракомет КОНЕЧНО!

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Навистина штета. Навистина бевме блиску, тактички мислам ги добивме Словенците, ни недостигаше искуство, па ако сакате и малку среќа. Пречка овде, гол делче од секунда после сирена онде - вакви ситници решаваат натпревари на ЕП.

Некои коментари/мои видувања без особен редослед:

- Конечно на големо натпреварување одигравме стил на ракомет кој им одговара на нашата помлада генерација. Реалноста е дека за оној типичен македонски ракомет, бавен со многу проигрувања на пикер, мајстори беа Кире, Столе и останатата екипа од нивната генерација, но новите генерации сепак се израснати на еден малку поинаков помодорен начин и немаат ни искуство па ни вештини за да го дадат максимумот во такви акции. Вака на дело можевме да ја видиме предноста кога е минимизиран бројот на замени одбрана-напад, кога се ротираат 5-6 бека на по 10-15мин, кога имаш ростер со кој можеш да изиграш високо темпо 60мин. Нормално квалитетот е таков каков што е и резултатот не е онаков каков што посакувавме, но мислам дека барем од играта апсолутно мора да бидиме задоволни

- Без некоја посебна анализа, чисто вака на прва, мислам дека ова е најдобро што сме излгедале на првенство од 2018 (Хрватска) наваму. Малку подзаборавено, бидејќи некако сеуште врзуваме настапи, реално имавме три последователни слаби првенства. Единствените победи во претходните 3 години ни беа против Јапонија, Бахреин, Чиле x2 и Украина. А наредивме еден куп порази, голем дел од нив и убедливи, особено против екипите од светскиот врв како што е Словенија

- Пред се за пофалба според мене беше одбраната. Со години, уште откако се распадна Металург, каде Јоновски и Велко мајсторски се уигруваа и Миркуловски беше во добри години Македонија има доста слаба одбрана, една од најслабите е на секое големо наптреварување во тој аспект од играта. Дупки сме имале и на 3ка и 4ка, и во транзиција заради премногу измени, на пикерите кога ни покривале на 2ка, па дури и во тактичката лимитираност, објективно немавме многу простор да бидеме дефанзивно креативни. Денес, тактички бевме одлично поставени. Кондициски издржавме и враќањето во транзиција беше на солидно ниво (иако има уште простор за напредок тука). Мишевски го одигра можеби најдобриот натпревар на кариерата кога зборуваме за натпревари на ваков ранг, го извади максимумот што беше можен против словенечките средни бекови. Континуирано го пратев, постојано беше правилно поставен пред се против Скубе (кој им беше далеку најдобар играч на Словенија денес). Одлично сработен скаутинг и тактика, но и одлична дисциплина и следење на насоките на Мишевски. Талески исто доста добар во одбрана, па дури би рекол и Велковски изигра изненадувачки доста солидно на таа половина од играта.

- Од друга страна, очекувано, имавме премногу грешки во позицион напад. Токму затоа и мораме да играме брзо инаку ќе не сомеле противникот. Велковски беше главен виновник, но и други грешеа. Нешто од ова ќе се подобри со текот на времето, повеќе искуство, повеќе настапи со ваков стил на игра и со ваков ростер, но дел мора да признаеме е и до квалитетот на играчите. Велковски има лимити кои нема како да се надоместат. Кузмановски едноставно е тој што е, да, има некои феноменални потези, но самиот стил на игра го прави таков да повремени грешки се неминовни колку и да станува поискусен.

- Друг што заслужи пофалби е Кузманоски. Во принцип не направи ништо спектакуларно, но си го одработи она што треба солидно крило да го одработи. Добар процент на реализација на отворени шутеви, ги даде пеналите, не трошеше топки безвезе. Барем на еден ден, отсуството на Манасков воопшто не се забележа. Од друга страна, за жал десната крилна позиција која во пресрет на првенството требаше да е подобра, одигра очајно лошо. Георгиевски е во континуиран пад и веќе не е на репрезентативно ниво. Костески стагнира. Мислам дека нема доволно минутажа, мора да најде начин како да се избори да биде прво крило, но мора и да поработи и на изборот на шутеви.

- Томовски имаше одлично прво полувреме и ок второ. Добивме доволно добра голманска партија за да можеме да победиме. За жал, добар беше и Базник на спротивната страна, и во една таква ситуација тешко е да се победи Словенија, без оглед колку успеавме да ги неутрализираме во напад.

- За крај не можам а да не ги пофалам Кире и струлниот штаб. Без дилеми, делувавме одлично припремени, со јасна визија, имавме логичен тактички план, знаевме што сакаме и главно беа припремени и повлечени правилни потези. За 7 на 6, моментот како изненадување на старт на 2ро полувреме неколку напади имаше некаква смисла, но мислам дека ростерот со кој го одработија мислам не беше добар избор. Многу повеќе логика имаше тоа да се игра со Миркуловски ми се чини. Во секој случај тактички и спремно делувавме како во најдобрите времиња на Раул Гонзалез и Парондо. Да се надеваме не е само за еден натпревар туку така и ќе продолжиме.

Се на се, иако главните желби веќе се тешко достижни, сепак не смее да очајуваме, целта секако е некако да ситгнеме со топ 14, односно ако сме 3ти да бидеме меѓу најдобрите 2 3то пласирани екипи. За тоа ќе ни треба и гол разлика и барем од тој аспект не сме отсега во аут.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Некој гледаше Црна Гора-Данска ? Да каже нешто што да се очекува за наредните натпревари. :D
Мислам дека со Црна Гора лесно ќе победиме, со Данска нормално ќе биде тешко а и нема да ме чуди ако им парираме 60мин како и на Словенија.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Заслужена победа,гледав на крајот Шведските судиии се изгубија.
дали Холандија е силна или Унгарија е слаба ???
патем,ние немавме среќа да влеземе како Исланд или Литва во полесна група
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Некој гледаше Црна Гора-Данска ? Да каже нешто што да се очекува за наредните натпревари. :D
Мислам дека со Црна Гора лесно ќе победиме, со Данска нормално ќе биде тешко а и нема да ме чуди ако им парираме 60мин како и на Словенија.
Данска ја прегази Црна Гора. Ако си ја одработиме успешно Црна Гора, Данска веројатно ќе ни игра со вториот тим:icon_mrgr:.
Сега работите се во наши раце.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Данска ја прегази Црна Гора. Ако си ја одработиме успешно Црна Гора, Данска веројатно ќе ни игра со вториот тим:icon_mrgr:.
Сега работите се во наши раце.
Одлично, мислам дека имаме простор за надеж, и ако не продолжиме понатаму сепак треба да не радува одличната игра и големиот напредок, се надевам дека уште подобро ќе играат на другите натпревари.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Данска ја прегази Црна Гора. Ако си ја одработиме успешно Црна Гора, Данска веројатно ќе ни игра со вториот тим:icon_mrgr:.
Сега работите се во наши раце.
Да, сигурно ќе си дозволи Данска да оди со ниеден бод во следна фаза.
Најбитно ќе е да ја добиеме Црна Гора, колку толку да имаме полесен противник во баражот за СП.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom