Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.308
Shout out за тој што пиша дека ептен сум негативен кога велам дека Македонија ќе влезе во серија на неиграње на големиве настпи

"Ete brat4e, nemavme srekja inace.."
Автоматски споено мислење:

Германија, Словенија, Шведска....све ова матер ќе ни ебат...


But hey, ако е утеха, Франција никогаш не изгледала вака лошо :D

Ипак ќе се соочиме со екипа што има пораз од Португалија два пати во последните две години :D
Се што треба е да ги гледаме како играле португалците и.. :D :D
Автоматски споено мислење:

Имаме шанси со Вајлд карта? :icon_mrgr:
Рандом иначе чисто го цитирам постов да пишам претходни репрезентации што добиле вајлд карта на последниве првенства:

Кореа (двете заедно во една репрезентација)

Норвешка

Исланд и Саудијска Арабија

Шо знам..


Оваа година се пласираше Јужна Кореа...
Саудијска Арабија се посрами и нема ваљда да добијат, би било ептен глупо

Вака од ова што гледам речиси и да нема квалитетна не-европска екипа што би добила вајлд карта..
Значи, по некоја логика треба европска екипа да добие

А кои ќе бидат од европскиве екипи...ќе видиме од квалификациите..

Да се надеваме дека добитникот на вајлд карта ќе биде Франција :D :D :D :D :D
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
абе нема да има ни олимпиада ни светско поради Корона..
Ќе трчаат ракометарите со маски :cool:
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.669
Апсолутно е во право,во помладиве не се гледа играч со пола квалитет како Кире.
Пред некој ден имаше објавено видео како Кире играл на 18 години,11 гола даде за Пелистер,сега децава на 18 години уште играат во јуниорски екипи.
Не е толку проблем квалитетот колку што е проблем желбата и упорнаста на младиве,не мислам за Талески и Кузмановски само туку општо и за генерацииве 1998,2000 итн.
Можеби Миркуловски,Мојсовски,Столе итн немаа некој талент ниту беа нешто повеќе од денешниве,само за разлика од нив старава гарда кога ќе искочеше на терен даваше се од себе,срце на терен оставаа,кога ќе изгубат барем се гледаше дека се исцедиле и дале максимум.
Јоноски и Марковски чист пример за младинава треба да бидат,немаа никаков квалитет за во напад,затоа во одбрана беа касапи,спремни беа за ќотек против секого.

Во денешниве деца би рекол дури дека има повеќе талент само фали работа,упорност,желба...Кога ќе им се даде шанса наместо да се изборат за место,да го покажат најдоброто што го знаат,нив тогаш ќе им паѓа топката од раце,ќе се влечат по терен,ќе прават аматерски грешки итн.

Ги пратам доста младиве категории и не сум баш оптимист,најверојатно после баражот со Франција(на кој ќе доживееме дебакл) Кире ќе се пензионира,а со тоа нашата работа на големи натпреварувања е завршена,за жал.
Мислам дека дури тогаш,кога ќе паузираме со години од светски и европски првенства на 'младиве" ќе им стане јасно каква шанса добивале.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Во денешниве деца би рекол дури дека има повеќе талент само фали работа,упорност,желба...Кога ќе им се даде шанса наместо да се изборат за место,да го покажат најдоброто што го знаат,нив тогаш ќе им паѓа топката од раце,ќе се влечат по терен,ќе прават аматерски грешки итн.

Ги пратам доста младиве категории и не сум баш оптимист,најверојатно после баражот со Франција(на кој ќе доживееме дебакл) Кире ќе се пензионира,а со тоа нашата работа на големи натпреварувања е завршена,за жал.
Мислам дека дури тогаш,кога ќе паузираме со години од светски и европски првенства на 'младиве" ќе им стане јасно каква шанса добивале.
Во право си дека има талент (а има добра база и школи, па и интерес - што е поголемо за разлика од пред 15 или 20 години) и дека фали таа желба. Борба фали. Па еве и женската репрезентација од пред 20 години, една Платон и една Чупиќ држеа и тепаа во одбрана, Вале штипаше, Кисељева имаше осет кога другиве ќе изгубат топка и сама е во контра.

Јас сум оптимист дека има доста играчи на доста позиции во кои може да се ротира, да се добие на свежина и дека ќе има солидна репрезентација (тука е и РФМ која е најдобра наша структура, а веројатно и најдобра ракометна структура во регионот и пошироко). Е сега кој колку ќе вложува во себе и ќе работи е друга приказна и тука може само да нагаѓаме.
За СП не се знае уште дали и ќе има бараж. Се наговестува дека може и да нема, а веројатно и Македонија би добила директно место како претходен учесник на доста СП, и ЕП, и последното ЕП на кое беа 15-ти (може тоа да биде како вајлд карта или слично). Франција кажа пак дека нема намера да ги праќа ракометарите на утакмица во наредниве месеци...
А не верувам дека ќе скокнат Европско, со оглед дека се 24 земји во игра, плус може минимум втор, а може и прв шешир да бидеме за квалификациите (на последните два циклуси бевме први во група и 7-ма најдобра екипа во квалификациите).
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Значи сепак со вајлд-карта шанса ќе се оди на СП, а веројатно е дека ќе ја добиеме. Само што пишав дека не се знае дали ќе има бараж и ете одлуката донесена да нема баражи. Добро, мислам дека сме во добра позиција да добиеме вајлд-карта. Норвешка, Германија, Исланд претходно добивале, не гледам зошто Македонија не би кога е константна на првенствата од 2012 наваму.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Реално повеќе шанси имаме со вајлд-карта него да ја поминеме Франција. Така што, дај да почекаме да видиме. Ама со оглед дека има една валјд-карта, некако не ми се верува дека нас ќе ни ја дадат.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Реално повеќе шанси имаме со вајлд-карта него да ја поминеме Франција. Така што, дај да почекаме да видиме. Ама со оглед дека има една валјд-карта, некако не ми се верува дека нас ќе ни ја дадат.
Има две вајлд-карти. Едната веројатно е дека ќе оди во Азија, а другата Европа.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Има две вајлд-карти. Едната веројатно е дека ќе оди во Азија, а другата Европа.
Иницијалниот план беше една на САД да оди (под претпоставка дека ќе изгубат од Куба на севрноамериканскиот шампионат), а втората за европска екипа, ама сега со пандемијата којзнае се е можно.

Дополнително има уште две недефинирани места (победникот од северноамериканскиот турнир + победникот од дополнителниот турнир на Латинска Америка, кој е да не речам направен за Чиле да може да се пласнира), но повторно со хаосот, којзнае можеби се можни промени и овде и некое од овие да биде конвертирано во дополнителна вајлд карта.

Заради начинот на кој беше поништен баражот, не би ме изненадило 2 репрезентации од Европа на еден или друг начин да добијат вајлд карта. Е сега прашање е колку ќе бидат важни резултатите (одлични шанси за нас), големината на пазарот (значително намалени шанси) или можеби ќе им се умилкуваат на најоштетените т.е. оние кои имаа најголеми шанси во баражот (сите останати - реално ние имавме убедливо најмали шанси да го поминеме баражот).

Ќе видиме дали е попаметно тивкото "умилкување" кое го правиме на пример ние, или јавниот голем бунт (кој го тераат на пример Полска, Русија, Србија...)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom