Некако тивко и без очекувања се наближува ова првенство. Што ми се чини дека е и добро, било каква еуфорија може само негативно да се одрази врз ракометарите.
На прв поглед позитивна е логиката за раздвојување на тренинг кампот и пријателските на 2 дела, некои од споредните играчи добија на самодоверба во изминатите 2 недели.
Формата на дел од играчите е загрижувачка. Од толку извикуваната бундеслига некако само лошо излезе за нашата репрезентација. Младите отидоа и дремат на клупа и си ја упропастуваат кариерата. Искусните (читај Миркуловски) прекинаа да играат за репрезентација. Едино Пешевски е во добитна ситуација.
Од мечот со Словенија не би заклучувал премногу од аспект на играта. Очигледно беше дека целта на натпреварот беше повеќе да се провери формата на оние што отсуствуваа во првиот дел од подготовките отколку да се тестираат елементи од планираната игра. И онака практично без тренинг одиграа натпревар.
Можни клучни аспекти во пресрет на ЕП:
- Како да се седне Борко на клупа и да биде втор голман? Митревски е во животна форма. Најдобар голман во СЕХА, одлични изданија и во ЛШ. Многу поконстантен
- Дали ќе најде начин Брестовац да ја распореди минутажата на Талески, Кузмановски и Танкоски на лев и среден бек во два правци на начин на кој ќе се максимизира ефектот на сите тројца (не би претерувал со фамата околу Танкоски ама реално треба да има поголема улога овојпат)
- Како ќе се искомбинираат браќата Маркоски и Мишевски во одбрана во ситуација кога тешко може да се дозволи повеќе од една замена и 2 од 4те ''средни" позиции во одбрана се резервирани за триото лево-средни бекови