Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Македонија - Алжир: 15-9 полувреме

Митревски (5 одбрани), Танкоски 5, Поповски 3, Мишевски 2, Велковски 2, Маџовски 1, Димитриоски 1, Н. Маркоски 1

Солидна игра генерално, без некои поголеми замерки. Очекував повеќе од Алжир, далеку се од некаков сериозен противник, барем во овој состав.
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.897
Поени од реакции
9.494
Алжир на тепање се дојдени не на ракомет од шо погледав малку а и Гебдан во елемент е
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Македонија - Алжир: 25-24 финален резултат

Митревски (8 одбрани), Танкоски 8, Поповски 4, Мишевски 3, Н. Маркоски 3, Велковски 3, Димитриоски 2, Маџовски 1, Костески 1

Лошо второ полувреме. Бидејќи освен Калифа ниту еден друг играч не познавам од Алжир не можам да тврдам со сигурност, но мислам дека за разлика од првото полувреме, во второ влегоа далеку поискусни играчи и одма се виде разликата. Мада, за пријателски меч сметам дека судиите толерираа прегруба игра од нивна страна во одбрана.

Танкоски е машина, доволно е зборувано за него на форумов, прав лидер беше денеска. Штета што не отиде во странство и остана во Металург сезонава каде што одигра само 2 меѓународни натпревари. Мишевски исто така мошне корисен во одбрана, но и во напад каде што игра далеку подисциплинирано него во минатото.

Навистина не знам како спортскиве работници кај нас имаат видено потенцијал кај Јагуриноски за да игра како бек? Дечкото е форсиран веќе неколку сезони на таа позиција и не покажува апсолутно НИШТО! Не само што не покажува, туку сега се поставува прашањето како би изгледала неговата игра како крило кога веќе неколку сезони 99% од времето настапува како бек?
 
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
Брестовац го форсираше како десен бек во металург минатата сезона а еве и во реп исто. Човеков стварно ги гуши некои деца што имаат потенцијал за сметка на некој вакви.
На толку бекови незнам Мишевски како може да игра прва постава напад, дечкото е премногу тромав, нема ни скок ни шут ниту брзина. Не мие јасно ни зашто ги земал Димитриевски и оној Ѓоргиевски. Браќава Марковски катастрофа. Исто и на лево крило можеше да се земе некој помлад.. И се само овие што добија шанса да влезат истиве беа и на минаите првенства и сега ке одат и на европско, незнам како може да се изборат другиве кога се едни исти играат цело време, ако веќе се знае дека 3-4 од овие што се моментално сигурно ке бидат на скратен список тогаш незнам која е потребата истите тие да играат цела утакмица против третокласирсни репрезентации.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
ако веќе се знае дека 3-4 од овие што се моментално сигурно ке бидат на скратен список тогаш незнам која е потребата истите тие да играат цела утакмица против третокласирсни репрезентации.
Поентата е тие да се опуштат (не во лоша смисла) и да знаат да потегнат кога треба и да влезат во некој ритам. Се сложувам дека некои од овие играчи не се ни за втор тим. Димитриевски е малку вон играчка форма, и тука би бил проблемот за лево крило (Маџовски пак ќе кажам ми е успорен за крило) каде освен Манасков како да нема јака друга опција. На десно крило друга е приказната. Дури има и уште двајца кои играле на ниво на таа позиција а не беа ни повикани. Таа позиција е добро покриена. Мене ми е проблем форсирањето на Крстевски. Дечково стварно не го бива и е тром и со малку притисок ќе му ја земат топката, не па друго. Велковски го гледам почнува повеќе да се труди и да гризе. Има работа во него уште доста, ама добро е што малку жар почнува да излегува од него.
Она што ме радува е тоа што одбраната би требало да изгледа супер. Еве не примаме повеќе од 24 гола, па макар и послаби репрезентации биле. Ако на тој дел се поклопат коцките со другите репрезентативци ќе биде супер, затоа што така можеме многу повеќе да добиеме. Голманите ќе ни бидат голем адут на првенствово, засега така ми изгледа.
 
На другиот Димитриевски мислев бек што е. А и околу другиве си во право многу се форсираат некои играчи.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Инаку Чешка денес загуби од Словачка со 3 разлика. Тоа може да радува во каква форма се Чесите.

На другиот Димитриевски мислев бек што е. А и околу другиве си во право многу се форсираат некои играчи.
Тој колку што знам повеќе го бива во одбрана да игра. Утре се игра со Романија. Тоа ќе биде прв посериозен тест за овој тим. Тука ќе си се покаже кој сака, кој може, а кој не.
Замерка ми е што играа со Кувајт. Можеби требаше со некој како Луксембург или Естонија од сам старт за да нема повреди, ама што е тука е.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Митревски каков цепелин му одбрани на Романија (и еден гол им даде плус). Нашите многу зицери промашија прво полувреме. Полувреме Романија води 12-10..
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Митревски и Танкоски ја скинаа Романија. Танкоски дефинитивно е за во А-репрезентација и се осеќа сигурност топката кога е во него. Велковски исто солиден (дали конкуренцијата со Серафимов и Јагуриновски го мотивира да игра појако и поборбено не знам, ама се трудеше доста). Поповски исто солиден, па и Маџовски денес беше добар. Убаво, со втор тим му го собраа турнирот. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Јунакот Никола Митревски меѓу стативите собра 16 одбрани, додека кај играчите најефикасен беше Танкоски со осум гола, пред Маркоски со четири и Поповски со три.
Да ни е жив и здрав Митревски и да се надеваме дека ќе е прв избор на првенството.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.716
Поени од реакции
15.590
Митревски е во страшна форма, би било голема глупост Брестовац да го стави Торко како прв голман на првенството.
Дали котира Митревски на обложувалница за најдобар гочман на Евро ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom