Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440

Првиот дел од мини-интервјуто го читам неколку пати и не можам сеуште да протолкувам што сака(ше) да каже авторот.o_O
"Не не изненадија, дадовме само седум гола во второто полувреме. Навистина не ми е јасно зошто" :vozbud:
Не ги следам многу младинските категории, ама едно не ми е јасно, односно не ми се рационални одлуките на водечките луѓе на РФМ.
Од толку тренери кои продефилираа овие сезони во Супер Лигата, кои имаа успех со скромни екипи, да го поставиш Брестовац како УНИВЕРЗАЛЕН СЕЛЕКТОР на сите селекции од 7 до 77 години е нерационален потег, пред се непрофесионален.
А има и тоа како солидни тренери, кои во најмала рака заслужуваат шанса, посебно би го издвоил Игор Котевски кој направи огромен успех со Бутел, би го споменал и Матлиески од Пролет, зошто да не и Андоновски ( екс тренерот на Охрид ), а сигурно има и други тренери кои добро би се покажале доколку им се даде шанса.
Тренерите на Металург кој е првак во младинска лига, или пак тренери од Охрид, кој има многу солидна ракометна школа во последно време. зошто да не е и некој од Струга, еве во Пелистер со младинските категории работат играчки величини како Кире Поповски, Александар Зарков, Игор Николовски.
И од сите познати и непознати потенцијални селектори и имиња кои ги имаа на лагер при изборот, во РФМ одат со единствено решение за сите селекции, Брестовац:icon_lol:
Шо е ова, СССР 1970 година?:popce:
Не ми е јасно навистина, до вчера Брестовац го водеше Металург ( со никаков успех), а паралелно и сениорската репка, па сеа се тргна од Металург и се отвори простор за уште една дополнителна работа? Демек, готово, ја "среди сениорската репка", па сеа има слободно време во претек. па ајде, да ги води и кадетите..:vozbud:
Не зафркавајте, поставете селектори кои ќе се посветат 24/7 на селекциите, кои нон стоп се на теренот, на мечевите од кадетските, младинските лиги, а не вака со сезонска работа да бараме успеси кои никако да дојдат.
Кога една Аргентина стигна да ни држи лекции, ( со којзнае какви екипи во лига, но сигурно школите им се барем на некое ниво штом успеваат да се носат, а во случајот и да делат лекции со нивни врсници кои имаат подобри услови за развој )што не чека во иднина со селекции кои вложуваат во младинскиот ракомет, од Европскиот континент, ДВОЦИФРЕНИ НЕГАТИВИ, на долг рок.
Победата не доаѓа сама, барем за ова во право е СЕВСЕЛЕНСКИОТ СЕЛЕКТОР БРЕСТОВАЦ:kruna: , за да победиш треба да се избориш на терен, да очекуваш што може да изигра противникот и да најдеш противигра, едноставно треба да го знаеш својот противник во детали, доколку не го сториш тоа ќе ти се случуваат епизоди кога ќе губиш "добиени мечеви".
Не алудирам конкретно на вчерашниот меч, деца се во прашање, имаат право на лош ден, неискусни, паднаа во играта и тое е тоа, поентата е дека за да успееме во ракометот во иднина, како единствен спорт во кој имаме некои шанси за успеси во иднина мора да го промениме кодот на македонскиот ракометен менталитет, и за младинците и за сениорите важи ова, не се победува секогаш на УРААА и со публика.
Сега дојде времето да се победува со тактика, тимска игра, со анализа на противник, во ракометот победува колективот.
Ние сеуште ( во најголемиот дел од мечевите во сите селекции ) одиме со принципот, звездата во тимот мора да земе 20 шута, да даде 6,7 гола, со очаен ефект на реализација и после сме продуцирале играчи?
А, ако не му оди на звездата? Тогаш, што? Ќе менува спонтано тактики на сред меч, без претходен план, па потоа ќе се чудат зошто изгледаат конфузно во играта.
Од авион ќе не прочитаат останатите селекции и нормално, ќе го користат секој момент на слабост.
Истото ни се случува(ше) децении наназад со сениорската репка, се навикнавме.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Полека малку, мислам дека се претерани некои од реакциите а се шират и неточно информации.

1. Брестовац е тренер на оваа генерација уште од формирањето на селекцијата пред 2-3 години. Далеку пред да биде тренер на Металург, а не пак селектор на сениорите. Впрочем од позицијата селектор на кадетите и тргна неговото враќање во Македонија. Обратна е логиката - не се повлече од позиција селектор на 2000та со логика дека треба да се истера циклусот до СП без да се наруши разработената кохезија во екипата. Колку е тоа исправно или не, може да дебатираме, ама не мислам дека е проблем за резултатите што е истиот селектор од сениорите(и еден куп други репрезентации ги имаат своите сениорски селектори во некаков капацитет инволвирани)

2. Неточно е дека не сме играле акции со уфрлање на крило. Па секоја втора акција беше таква. Јас напротив мислам дека претеравме со оглед дека баш и не ни одеше иако факт е дека аргентиците доста агресивно и длабоко ја играа нивната 6-0 зона. Тоа што е факт е дека единствено решение за одбраната на Аргентина (која беше одлична, а имаа и одличен голман) беше Карапалевски како единствен брз и експлозивен бек во екипата. Зошто имаме само еден таков играч е друго прашање (дел можеби е до начин на развивање моторички способности на многу помала возраст, дел неспорно е и генетиката), но да не се залажуваме дека во младинска или кадетска екипа можеме да извадиме по еден куп квалитетни играчи од таков тип. Тоа не ги апсолвира Серафимов и до некаде Младеновиќ. Тие мораше да бидат подобри. Серафимов особено мора да најде начин да ја направи поразноврсна играта кога се знае дека сите ќе играат да го неутрализираат неговиот скок шут и ќе го тераат на игра 1 на 1.

3. Во салата бев, и не можам да се сложам со констатацијата дека не се бореле нашите. Борба и желба за победа имаше. Тоа што немаа е психичка способност да се преживее кога не оди. Факт е дека немаа свој ден, но не успеаа да задржат смиреност и ги изгубија главите во финишот.

4. Мора да прекинеме со екстремите. Ако победиме играчите се херои. Ако изгубиме играчите и тренерот се предавници. Вистината никогаш не е во екстремите. Кој ќе победи а кој ќе изгуби зависи од многу фактори, а во случајот ниту ние сме некаква велесила, ниту пак Аргентина е слаба екипа. Истовремено не е ни лош овој состав, што мислам ќе се види во следните натпревари.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Нека запнат малце во второ,голем срам ќе биде ако Нигерија не ја тепаме.
Нешите бекови тотално изгубени,нема кој да повлече нешто,нема кој да предземе одговорност.
Одбраната исто каша ни е,секој фаул 2 минути,многу лесно не бушат.

Костески:cuc::cuc::cuc:
Ваков талент одамна сме немале,инаку 2001 е роден,по 1 година е помал од другиве,има уште цела година во кадети да игра,само да не го исфорсираат премногу,нема потреба уште сега во сениорска да игра,да не "изгори''.
Многу по зрело игра од останатите,само нека продолжи вака.

Инаку прв пат слушам дека овој Петковски голманот син бил на Зоран Петковски-Зенга.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.183
Полека малку, мислам дека се претерани некои од реакциите а се шират и неточно информации.

1. Брестовац е тренер на оваа генерација уште од формирањето на селекцијата пред 2-3 години. Далеку пред да биде тренер на Металург, а не пак селектор на сениорите. Впрочем од позицијата селектор на кадетите и тргна неговото враќање во Македонија. Обратна е логиката - не се повлече од позиција селектор на 2000та со логика дека треба да се истера циклусот до СП без да се наруши разработената кохезија во екипата. Колку е тоа исправно или не, може да дебатираме, ама не мислам дека е проблем за резултатите што е истиот селектор од сениорите(и еден куп други репрезентации ги имаат своите сениорски селектори во некаков капацитет инволвирани)

2. Неточно е дека не сме играле акции со уфрлање на крило. Па секоја втора акција беше таква. Јас напротив мислам дека претеравме со оглед дека баш и не ни одеше иако факт е дека аргентиците доста агресивно и длабоко ја играа нивната 6-0 зона. Тоа што е факт е дека единствено решение за одбраната на Аргентина (која беше одлична, а имаа и одличен голман) беше Карапалевски како единствен брз и експлозивен бек во екипата. Зошто имаме само еден таков играч е друго прашање (дел можеби е до начин на развивање моторички способности на многу помала возраст, дел неспорно е и генетиката), но да не се залажуваме дека во младинска или кадетска екипа можеме да извадиме по еден куп квалитетни играчи од таков тип. Тоа не ги апсолвира Серафимов и до некаде Младеновиќ. Тие мораше да бидат подобри. Серафимов особено мора да најде начин да ја направи поразноврсна играта кога се знае дека сите ќе играат да го неутрализираат неговиот скок шут и ќе го тераат на игра 1 на 1.

3. Во салата бев, и не можам да се сложам со констатацијата дека не се бореле нашите. Борба и желба за победа имаше. Тоа што немаа е психичка способност да се преживее кога не оди. Факт е дека немаа свој ден, но не успеаа да задржат смиреност и ги изгубија главите во финишот.

4. Мора да прекинеме со екстремите. Ако победиме играчите се херои. Ако изгубиме играчите и тренерот се предавници. Вистината никогаш не е во екстремите. Кој ќе победи а кој ќе изгуби зависи од многу фактори, а во случајот ниту ние сме некаква велесила, ниту пак Аргентина е слаба екипа. Истовремено не е ни лош овој состав, што мислам ќе се види во следните натпревари.
Каде бе друже секоја втора акција била со утрчување од крило?? Кој натпревар си го глеал ти жити се? и не се мисли само на утрчување од крило туку со акција изненадување кога не иде во напад. Нашите напади се сведуваа на тупење, до пасивен и изгубија топката или рокни ја у облаци. Така беше и вчера, а така е и денес со оглед на тоа дека за противник ја имаме Нигерија, или и за нив ќе кажеш дека не се воопшто наивни. Доста више со тоа дека сме екстремни кога само сме реални. Баш дека ја нема таа наша реалност во тие млади категории си умислуваат дека се ѕвезди на нишо! Тотален просек ракометари ги дигаме до небо за ништо. Така беше и во овој случај, не знам каква генерација сме имале, најбоља до сеа, бла бла. И за желбата? Кај виде напаленост и желба за победа вчера?? Зборам за онаква "лудачка" напаленост и глад со победа да се отвори првенството.. Извини ја такво нешо не видов. И на крај само можам да констатирам дека толку ни е силата со оваа генерација. Тоа е единствената реалност. И не, не е хејт, далеку е од хејт и екстремно. Само реално.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.875
Поени од реакции
7.260
Dajte be nekoj link za rakometot

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Подај му на Костески и цел тим свиркај си, ова не е баш некоја тактика што на долг рок ќе носи резултат.
И некако многу голови примивме.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Бреееј, со Нигерија се мачат, од Аргентина изгубија.

:cuc:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Бев во сала против Нигерија, а ќе одам и денес да ги гледам со Бахреин. Она што не ми е јасно е што има тимот огромен потенцијал а играше многу незаинтересирано. Стручниот штаб е исто така сосема солиден и во целокупност сметам дека имаме јак тим. Е сега наше е дали ќе се запне и ќе се победат сите останати екипи или ќе се иде на 4-то место за дуел со Португалија?
Многу релаксирано и без волја играа против Нигеријциве, поготово во одбрана. Голманите нерасположени. Освен Костески кој беше феноменален (мислам дека ни е најдобро десно крило во моментов) и Серафимов кој игра стандардно солидно, другото беше отсутно на терен.
Се надевам ќе се разбудат конечно. Навивам и за Јапонија денес да се има шанса
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Вечер ако не тепаме не би се изненадил ако не поминеме групна фаза
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Овие Бахреин најслаби до сега ми делуваат,некако изгубени како да се...
Серафимов конечно заигра како што очекуваме,Кизич одличен.
Само да не направиме глупост во второ и ја имаме победата.
Брестовац нека игра со Младенович-Карапалевски-Серафимов кога ќе се крши резултатот,нека не се глупира со неботребни ротации,оној Каковски што го стави у игра нема појма што прави,изгубен на терен се плаши во дуел да влезе.

Инаку судијќиве...
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Играа бајаги подобро, ама може уште многу подобро, поготово од левата позиција.

Мислам дека нема повеќе притисок и дека може да се игра многу полетно и подобро, поготово против Данска.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.056
Поени од реакции
4.031
Очајни сме од бековски позиции. Голманов од Данска како од шега ги брани ударите. Посебно играчов со број 21 кај нас, многу лош.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Добро е се држиме некако,одбраната со Кондев во 5-1 добро функционира.
Нападот само да го подобриме,да реализираме зицери и ќе имаме шанса.
Карапалевски,Симоновски,Кондев играат со срце,браво само да имаат сила и за второ вака да држиме.

Оној Младеновиќ незнам зашто го наутрализирале кога врска си нема,3 шута право во голман,еднаш банана изеде,нема потреба да зема место на нашите деца очаен е.

Во второ мора јако да почнеме,на почеток највеќе ќе удрат Данците,ако влеземе во неизвесна завршница мислам дека поголема ни е шансата да ги добиеме,притисокот е на нивна страна сега.
Автоматски споено мислење:

Малце фалеше...Тоа е.
Јас сум задоволен од прикажаното,посебно одбраната беше многу подобра за разлика од другите натпревари.
Грешката ја направивме на 25-27 кога имавме напад,а они исклучен играч,не требаше толку да избрза Серафимов,ама добро е се дешаваат такви работи,млади дечки се,тогаш да дадевме гол друго ќе беше ама ојде возот за жал.
Симоновски пикерот солиден,борбен е битно,дава се од себе,за мене тоа е најбитно.
Кондев исто одличен посебно во одбрана 60 минути ги бркаше Данските бекови.
Серафимов добар беше ама во клучните моменти немаша концентрација,Костески стандард си е добар денес промаши некој шут ама се дешава тоа е спорт.
Карапалевски топло-ладно,се бореше дава максимум ама толку му е силата.
Голманите потфрлија при крајот.

Се на се кога ќе земеме многу подобра игра прикажавме денес,како почнаа лошо со Аргентина денес ова е сосема поинаков пристап и игра.
Да ги победиме Јапонија мислам дека ќе бидеме 2ри,нешто што беше целта пред почетокот на првенството,незнам како ќе биде пошто ако ние ја тепаме Јапонија,а Аргентина ја тепа Нигерија ќе се направи круг од 3 репрезентации по 6 бода,најверојатно гол-разликата ќе решава.

Ако бидеме 2ри ќе играме против вечните противници Исланд или против браќата Срби,каков пекол ќе биде во сала против нив. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom