Јас мислам, ни малку не е лесна групата, туку е доста заебана....
Со сите противници мислам ќе имаме мака, имам такво чуство уште од сега....
Единствено добра шанса е шо играме во Виена, а не на Скандинавија. Ама пак во Виена ја добивма домашната селекција Австрија, доста незгоден противник, плус домаќини, со овие мислам крв ќе падни, последно (трето) коло играме со нив, ако ни зависи утакмицата за влез, а сигурно ќе ни зависи има држ-не дај да биди работата со овие.
Од друга страна, подобро во група со Австрија во Виена отколку во група со некој од Хрватска, Шпанија, Шведска, Данска или Франција !
И пак ќе нагласам доста незгоден противник !
Од прв шешир го добивме најпосакуваниот, Чешка иако низ минатото сите добро ги памтиме утакмиците со нив, иако таа Чешка со оваа сега има доста разлика, ама на неутрален терен е се можно ! Доста се ослабени од тогаш и ако си дозволиме повторно да не полнат и газат Здрахала кој со едната нога е во пензија и крилото Хрстка, тогаш повеќе не заслужуваме да одиме на големите собири !
Од последниот шешир мислам дека можиме да играме со сите, ама ако пред ждрепката некој ме прашал кој сакаме да го избегниме, со сигурност би рекол Украина. Доста незгоден противник, високи играчи, добри шутери, ќе има борба и со овие
Било кој друг да ни паднеше мислам ќе беше подобро, ама то е то помина, бавен ракомет и тие како нас, добро е шо играме прво коло со нив одма на старт, па ќе биди да се биди или не ! Немаме право на грешки....
Не ме чуди ништо од нашата репрезентација, не ме чуди и сите 3 утакмици да ги изгубиме и помочани да си одиме дома, а исто така можно е и сите три да ги тепаме и пак помочани да сме од среќа.