Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Атмосферата денес беше многу јака и со тоа што беше во сала. Се изнавикавме доста!! :icon_lol: Браво за борбата и волјата на дечките. Можеа Данска да ја победат, затоа што Данциве не се којзнае што. Фалеше добар голман денес и тука се изгуби натпреварот. И тој Младеновиќ да распали малку. Некако многу изгледа како странец ама и изгубен. Мора и сам да олади глава и да се вметне во тимот, инаку има капацитет да шутира од далеку.
Искрено, не мора да се замараат со Јапонија. Повеќе би сакал да играат со Португалија отколку Германија/Исланд. А Данска секако ќе игра или со Србија или со Тунис. Мислам дека Португалците можеме да ги добиеме. Од Германците имаме комплекс на пониска вредност, а Исланд би сакал да го избегнеме ако може. Оваа генерација им е доста солидна.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Португалциве распалуваат, овој вика со португалија да се паднеме.. Ќе ни го рашират шупчето бе, ќути таму, нека ги тепаат Јапан со 4+ гола и нека обезбедат 2 место..
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.241
Младеновиќ повлече на крајот во последните 2-3 напади и покажа дека може, како да ги изненади Данците у одбрана кога беа они чекаа стандард топка на десен бек, пикер или пробив по центар и он им влета 2-3 пати скроз се пореметија. На момциве им фали психолошко спремање ништо друго. Брестовац сосема солидно ја води репката у споредба со тоа што го гледав у Металург, или па таму децата едноставно не беа спремни за играше ЛШ и Сеха. Е сеа на кого и да налетаме тоа е више, Португалија вади страшни генерации и за две-три години ги очекувам од сенка на некое сениорско првенство да влетаат како ние на европското во Србија. Србите највише би ни одговарале мое мислење, Исланд е гаден противник ама имаме традиција против нив (барем сениорите) во Борис, како проклетство некое да ги прати од тој бараж за СП во Хрватска па наваму. За Германија исто заебано, Германци се тоа кога треба ке запнат ке паднеме психички оди врати се после. Како и да е мислам дека заслужуваат момците да се поднаполни салата у 1/8 финале, друго е кога има атмосфера тоа го приметивме и вчера кога им се напраи бука на Данците ги извадивме малце од такт они научиле театар ракоплескање ко нивните доле у партер шо седеа.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Немавме голман вчера, особено во второ инаку печени беа за пораз данците. Се изгубија на 5-1, реално релативно слабо изиграа. 3/14 одбрани од 9 метри нашите голмани, 8/13 данските. Тука е разликата. Еден куп голови низ нозе прими Кизиќ. 50% бранат јаки голмани и екипи пд 9,ние сме далеку од тоа. И со сениорите иста мака е вообичаено а очигледно и децава ист терк тераат.

Позитивно е што Серафимов се разигра. Ни треба квалитетна негова игра за повисок пласман.

Инаку најголемо разочарување се Џигероски и Младеновиќ. Уплашени, изгубени, особено Младеновиќ мора да го разбудиме за осминафиналето без разлика со кој ќе играме.

Инаку за осминафинале нема некоја разлика меѓу Португалија, Германија и Исланд сите се јаки. Ќе ни треба одличен ден за да ги добиеме. Ама тоа не значи дека треба да тактизираме со Јапонија. Секоја победа е плус. Сами да не се ризикуваат повреди.

П. С. Младеновиќ не е натурализиран баш. По татко/дедо е од Куманово.
 
Член од
26 октомври 2018
Мислења
16
Поени од реакции
5
Како прво, како бе не ви е срам? Па да не беа тие голмани ке сонувавме осминафинале,за победата над Бахраин најзаслужни беа голманите Кизиќ 12 одбрани и 2 пенала, Петковски 3 одбрани и 2 пенала. Второ, моментално оваа селекција на МК и селекцијата на Данска квалитативно се неспоредливи, таа навидум изедначеност или шанса за победа сто ја спомнуваш во најголем дел е резултат на судиската двојка од Србија која во ниту еден момент не дозволуваше Данска резултатски да се одлепи.МК има едно исклучуванје наспроти 6 на Данска,ниеден пенал за Данска наспроти 4 за Македонија, да незборам за прекинати акции. Не сум хејтер но дајте реално да ги согледаме работите и да имаме реални очекувања, без лепенње етикети сепак зборуваме за КАДЕТИ. Целта која ја имаа најавено ете ја остварија и се понатаму е бонус.
 
Полека малку другарче, прво никој не ги напаѓа голманите. Пишуваме секој што како гледа после секој натпревар. Со Данска реалноста е дека не беа добри. Или можеби лага е дека данецот Ruhgave беше подобар? Тиа не значи дека не биле добри со Бахреин.

Второ, јас сум прв што сум против лепење етикети и прв против воспевање и плукање. На секој треба да му се даде шанса. Но тоа не значи да не ја кажуваме објективно реалноста.

Трета работа, еве ако сакаш за цело првенство досега генерална оценка, Кизиќ е прв голман од кој добиваме некаков бенефит на овие кадетски и јуниорски првенства изминатите 5-6 години. На сите изминати првенства бевме очигледно послаби од скоро сите противници на голман и многу од натпреварите тука ги губевме. Сега не е така и генерално немам страв од голманите. Ама тоа не значи ни дека сме топ и да се филмаме дека имаме јаки голмани. Види ги паровите на Данска и Унгарија, ќе видиш што значи голман да те води кон триумфи против јаки екипи. Ќе ги освојат групите пред се заради голманите.

Досега нашите не го достигнале тоа ниво и константност. Што не значи дека не ги поддржуваме и немаме доверба во нив. Дај боже од осминафиналето натаму да го достигнат.

П. С. И да не се лажеме дека целта е осминафинале. Со оглед дека сме домаќини и си ја биравме групата осминафинале е реалност, минимум но не цел. Целта ни е четвртфинале. Дали ќе успееме не се знае. Но пораз во осминафинале, особено ако сме 4ти во групата сигурно не би оквалификувал за успех. Со оглед на тоа колку се вложи во оваа генерација се под 10 место вкупно тешко може да се оквалификува како успех.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Па ќе имаат повеќе исклучувања и пенали ко играа грубо, додека нашиве во одбрана беа балерини. И факт е дека вчерашната утакмица ја игравме без голман, две чисти не фати.
П.С. туку ти ја гледаше утакмицава или само статистики вадиш?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Португалциве распалуваат, овој вика со португалија да се паднеме.. Ќе ни го рашират шупчето бе, ќути таму, нека ги тепаат Јапан со 4+ гола и нека обезбедат 2 место..
Изиграа јако првата утакмица, а со Србија беа готови да изгубат. Не е тоа репрезентација на некој голем ранг и иако имаат некои солидни генерации што ги вадат (имаа уште една што играше квалификации за светско со нашите млади и заврши нерешено, па на гол разлика ги пројдовме) мислам дека можеме ние стоп да им кажеме и таа серија од 5 победи да застане токму во 1/8-финалето.
Ама па кога гледам дека ако би биле втори и играме со Исланд и ги добиеме, би можеле со Египет да играме 1/4-финале, а тоа е подобро отколку Португалија па Франција. Само Исланд дојде од прв шешир... ај ќе видиме како ќе биде.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Каков очај е ова! :tapp:
Еее испаѓа дека ние реалните сме ги плукале и не сме им давале поддршка на децава:) А реалноста е очај! Па не сме имале ден на голманите, па биле укочени, па биле вакви, па биле онакви:)) Како бе Хрватска гази се по 20 разлика а? Има играчишта, има срце, има школа, има тренери, има се! Франција, Шведска, Данска, итн.. Тоа е кремот, и се додека се залажуваме со некакви Талевски, Серафимови и остали никад нема да не биде. Со два квалитетни ракометари у генерација не си капацитет за нишо. Не знам зашо праат такви причи пред првенство? Од Аргентина пораз, факинг Нигерија и Бахреин едвај, Данска цел натпревар води по 6 разлика си лади кур, лаганица не доби. Денес самураиве ( еј Јапан чоече) си игра курташак цело прво полувреме со нас. Ебате првенството домаќини сме сите ни водат по 5-6 разлика на полувреме. Па за шо збориме ние ракометна земја бла бла. Никаква ракометна земја. Само претерано дигање у облаци и ништо повеќе.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Ова им беше најлошата партија досега. Не разбирам, како да не е овој тим кој играше во Бугојно против Србија, Германија, Словенија, Швајцарија или тој дома со Унгарија, Србија, Полска... Серафимов денес премногу статичен, незаинтересиран. 11ката куп пробивања и лоши додавања, тој Младеновиќ никако со малку жар и пристап и храброст да потегне. Со оглед дека со брзиве не ни оди никако, можеби и подобро Португалија отколку Исланд. Ама и да ја добиеме Португалија, ни следи или Франција или Шпанија. Со овој пристап ни на селско првенство не се проаѓа а камо ли некоја од европскиве земји.
Срамота беше ова денес со Јапонија.
 
Член од
26 октомври 2018
Мислења
16
Поени од реакции
5
Еее испаѓа дека ние реалните сме ги плукале и не сме им давале поддршка на децава:) А реалноста е очај! Па не сме имале ден на голманите, па биле укочени, па биле вакви, па биле онакви:)) Како бе Хрватска гази се по 20 разлика а? Има играчишта, има срце, има школа, има тренери, има се! Франција, Шведска, Данска, итн.. Тоа е кремот, и се додека се залажуваме со некакви Талевски, Серафимови и остали никад нема да не биде. Со два квалитетни ракометари у генерација не си капацитет за нишо. Не знам зашо праат такви причи пред првенство? Од Аргентина пораз, факинг Нигерија и Бахреин едвај, Данска цел натпревар води по 6 разлика си лади кур, лаганица не доби. Денес самураиве ( еј Јапан чоече) си игра курташак цело прво полувреме со нас. Ебате првенството домаќини сме сите ни водат по 5-6 разлика на полувреме. Па за шо збориме ние ракометна земја бла бла. Никаква ракометна земја. Само претерано дигање у облаци и ништо повеќе.
Само не те разбирам во кој контекст го ставаш Талески во целава приказна???Ако зборуваме за генерција 96/98, овие не им се ни до коленици.Пак ке кажам за оваа генерација ова е реалност, кој колку и што очекувал сепак е личен став и не би навлагал во тоа. Надежта секогаш е позитивната страна, но сепак треба да се има основ врз што ја градиш.
Искрено, ако можат? би било убо да се надминат самите себеси во натпреварот со Португалија.
Автоматски споено мислење:

Па ќе имаат повеќе исклучувања и пенали ко играа грубо, додека нашиве во одбрана беа балерини. И факт е дека вчерашната утакмица ја игравме без голман, две чисти не фати.
П.С. туку ти ја гледаше утакмицава или само статистики вадиш?
Самиот си контрадикторен, како очекуваш одбрани од голмани кога Ти викаш дека одбраната ни е составена од балерини???А кога сме веќе кај статистиката(која е прв и најважен фактор за било кој спорт, нормално не е ни и одлучувачка но само во ретки ситуации) треба да ја погледнеш статистички и ефикасноста на нашата бековска линија па верувам нештата би требало да ти бидат појасни. И,не очекувај победа без силна одбрана!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom