Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Крусер, 11 октомври 2008.

  1. Chronysync

    Chronysync

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    681
    Допаѓања:
    1.335
    Бев против натурализирањето на Прибак и Вугринец пред неколку години, против сум и сега. На краток рок сигурно ќе се одрази позитивно, но на долг рок може да нанесе само штета.
     
    На PELISTER 321, MacedoniaTimeless и k0k014 им се допаѓа ова.
  2. Vardarecc

    Vardarecc

    Член од:
    17 август 2014
    Мислења:
    1.527
    Допаѓања:
    958
    Ako sakame neshto pojke od prosecna reprezentacija toa e receptot.
    Da sme Slovenija pa da izvavame po 10 talenti sekoja godina okej, na desen bek cekavme 20 godini, 20 gidni ejj za da se pojavi nekoj ko Serafimov koj mozhi da e samo dostojna zamena za Lazarov.
    Na golmanska pozicija e ista prikazna, pa porano ko nemashe vakvi uslovi izvavavme rakometari kako Mojso, Mirkulovski, Angelovski, Lazarov, sega so site nishani i uslovi koj gi imame zhalno e da imame tolku slaba konkurencija vo reprezentacija.
     
    На Македонија 1932 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mr.White

    Mr.White

    Член од:
    20 јануари 2009
    Мислења:
    3.145
    Допаѓања:
    363
    Ќе има ли карти за дуелот со Турција во Битола на 25ти онлајн?
    Има ли некој информации?
     
  4. k0k014

    k0k014

    Член од:
    10 септември 2016
    Мислења:
    2.822
    Допаѓања:
    3.696
    И Кире Лазаров да не добивал шанса како млад да се носеле некои странци можеби немало да биде сега играч од овој калибар.Не велам сега дека Серафимов некогаш ќе направи и половина од успехот на Кире ама мора да им се дава шанса на младите.Па баш преку репрезентацијата треба да извадиме играчи кои ќе играат во нашите клубови.Нашиот проблем е што сакаме само успеси а не сме реални.Типичен пример е кошарката.Народот се запали како ние сме велесила а уствари успехот се случи со склоп на среќни околности.Перо Гечевски и Станко беа во најдобрите сезони Илиевски исто така но клучен фактор беше Лестер Бо Мекелеб.Го освоивме тоа четврто место кое реално е и успех за држава како нас ама народов овде брзо се пали(за непотребни работи) за на следното првенство со истата екипа да завршиме 21 место ако не лажам.Гледај сега каде е кошарката.Што се случува со Металург и Вардар.Играат 90% странци и нема место за наши.Ок Вардар стана европски првак тоа е за секоја почит но колку македонски играчи извади таа шампионска екипа.Ниеден.Гледај како работат на пример Хрватите со Загреб.Може не се европски првак ама играат со нивни млади играчи и немаат грижи за репрезентацијата.Кај нас кога го нема Кире нема кој да шутне.Ние одиме да направиме успех(а реално освен она 5 место досега и го нема) не се подмладува репрезентацијата и кога ќе си одат Жути,Борко,Кире,Столе,Гоце,Манасков ќе бидеме топовско месо.
    Наместо Вугринец и Прибак кои според мене беше тотално непотребно да ги повикаат можеа да играат наши играчи.Истото го мислам и за Вуко.Подобро е да се пуштат наши млади деца во оган едно првенство па ако треба и последни да завршиме или да не пропуштиме некое првенство ама да се извадат играчи.
    ПС:Кире Лазаров на 14 години во осмо одделение играл прва лига за Борец од Велес.Сега на 14 години и да има некој талент за репрезентација прва постава ќе заигра на 25.
     
    Последно уредено: 11 октомври 2018
  5. Vardarecc

    Vardarecc

    Член од:
    17 август 2014
    Мислења:
    1.527
    Допаѓања:
    958
    Problemot e sho 99% od "talentive" so izlegvat go nemaat "Mindsetot" koj go ima Lazarov (isklucok Taleski) begash so vreme stranstvo i ne si zrtva na Skopski zivot, tipichen primer momentalno e Kuzmanovski koj stagnirat so negoviot napredok radi finansiski pricini (zema 5000 evra mesecot vo Eurofarm), ps Vuko ako dojt vo reprezentacija ne e Mcaleb da izigra edna sezona i toa e toa, ima samo 24 godini racunaj na leva bekovska pozicija sme pokrieni minimum 10-12 godini.
    Ako preme muabet za Zagreb i nivnata rabota so mladi igrachi mozhi slobodno da gi sporedime so Metalurg, razlikata e sho Zagreb ima mnogu pokvaliteten "materijal" vo sporedba so Metalurg.
    Na sekoj 1 kvaliteten igrach sho go ima izvadeno Metalurg, Zagreb vo megjuvreme izvadil 10, ke recite mala zemja i se tie raboti, i Slovenija ima 2m populacija pa partali praat vo skolite.
    Muabetot mi e definitivno e problemot vo nas, i od vreme na vreme koga ke ni se pruzhi sansha ko vo slucajov so Borozan ili Mekejleb mora da ja zgrapcime pa iskombinirame so toj redok talent so go imame vo zemjava za da imame neshto pojke od prosecen uspeh.
     
    Последно уредено: 11 октомври 2018
    На Curva_sud му/ѝ се допаѓа ова.
  6. k0k014

    k0k014

    Член од:
    10 септември 2016
    Мислења:
    2.822
    Допаѓања:
    3.696
    Кој ти гарантира дека нема да се откаже или врати пак во Црна Гора?
     
  7. shweps

    shweps

    Член од:
    28 јануари 2018
    Мислења:
    720
    Допаѓања:
    946
    Кај нас проблемот е во лигата,во Хрватска види од кај се играчите искочени,Циндриќ од Карловац,Јагањац од Козале(2 лига),Мамич од Мославина итн.
    Кај нас освен Металург,друг никој не вади било какви играчи,треба во лигата да ни играат младите по 18 19 години не да се мотаат Срби,Хрвати и слично.
    Единствено Струга сега го прави тоа,ќе видиме дали ќе успеат нешто да направат.
    А и најбитно според мене е градбата на играчот мора да вежба во теретана уште од 15 години,да биде спремен.
    Еве видете го Јагањац каква градба има и видете ги нашите пример Велковски,Шилегов,Јагуриновски итн,а исто годиште,e сега што нашите не тренираат тоа е друг проблем.
    Да имаме уште 2-3 клуба како Металург ќе биде друго по 2-3 играча да извади секој макар како Талески,Кузмановски и Велковски ќе биде по друго во Репрезентација.
    Вака ако не неутрализираме некој сттанец готови сме после пензија на Кире,Жути и компанија.
    Незнам што викате шанса да им се дадело на нашите па колку шанса треба Талески 3 години е прв лев бек во репка и пак неможе по 2-3 гола да даде.
    Велковски да не збориме колку шанса има во Металург,и Сеха и Лш игра и еден основен скок шут нема изградено.:tapp:
     
    На MacedoniaTimeless и Vardarecc им се допаѓа ова.
  8. k0k014

    k0k014

    Член од:
    10 септември 2016
    Мислења:
    2.822
    Допаѓања:
    3.696
    Епа нели сме ракометна нација?
     
  9. shweps

    shweps

    Член од:
    28 јануари 2018
    Мислења:
    720
    Допаѓања:
    946
    Kако не сме, ако сме ракометна нација треба некој да уложи сите бизнисмени спијат,општините даваат некој минимале буџет да собере тимот неколку души од улица.
     
    На k0k014 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    7.754
    Допаѓања:
    2.185
    Јас пре би Борозан да игра него Лазаров.
    Лазаров има лош карактер, сака секогаш да е над тренерот. Понекогаш во минатото се случуваше и да го надвикува и тој да се става во позиција на тренер (во случајот со Шундо).
     
  11. Xsago

    Xsago

    Член од:
    5 април 2013
    Мислења:
    2.675
    Допаѓања:
    4.021
    Поглуп потег во моментов од натурализација на Борозан здравје.

    Ај што нашиве репрезентативци се доста осетливи на натурализации и многу веројатно таков потег негативно ќе влијае на хемијата во составот, туку и објективно Борозан игра на најнепотребната можна позиција за иднината на нашиот ракомет.

    Кога ги имаш едни Талески, Кузмановски, Танкоски, а има и уште неколку други интересни деца од генерациите 96/98/00 и особено од 2002 на позиција лев бек, ти да натурализираш играч кој би играл пред сите нив е тотално да не се има никаква визија за иднината на македонскиот ракомет.

    Ако некако можеби и ќе помине натурализација на десен бек или голман од калибарот на Борозан (какви што нема никакви шанси да се најдат), на лев бек сигурно не. А и генерално мислам дека помина времето за натурализација. Реално и не сме во толку очајна ситуација со млади играчи во каква што бевме до пред 5-6 години кога реално се стравуваше каде одиме и дека не очекува тотален распад по пензијата на Лазаров/Миркуловски/Мојсовски/Ристовски/Темелков/Алушевски/Димовски играчи кои во тој период веќе беа влезени во 30тите и не се знаеше уште колку ќе може да туркаат. Но ете дел од нив постепено се пензионираа и соодветно беа заменети, дел успеаа да го продолжат високото ниво на игра и да ја задржат репрезентацијата во тој круг од 10-15 место во кое помалку или повеќе реално сме цело време оваа измината декада. Останаа уште 3цата најтешко заменливи (Кире, Жути и Борко) но барем мене ми се чини дека доволно свежа крв е постепено излезена за да може да го преземе кормилото по 2020та кога реално очекувам доста пензии на некои од легендите (дали Јануари или Август веројатно ќе зависи од тоа дали ќе успееме некако да дотуркаме на Олимпијада, што е многу малку веројатно по ждрепката за СП2019).

    Малку е пренагласена таа "непромена на генерации" во нашата репрезентација. Само затоа што триото Лазаров/Миркуловски/Ристовски е сеуште тука не значи дека не е постепено направено подмладување и постепено менување на генерациите. Не мора тоа да настане наеднаш како што и ние и некои други репрезентации напавиле во минатото.

    Чисто за споредба составот на Македонија во 2009та на СП во Хрватска кога практично и почна златниот период на макеоднскиот репрезентативен ракомет и денес, 10 години подоцна:

    2009та:
    Ристовски / Ангелов
    Алушевски / Макалоски
    Темелков / Јович
    Ѓоргоновски / Димовски / С.Стоилов
    Ф.Лазаров / (Стојанович)
    К.Лазаров / Митков
    Мојовски / Миркуловски
    В.Маркоски

    2018та:
    Ристовски / Митревски
    Манасков / Ојлески
    Георгиевски / Поповски
    С.Стоилов / Пешевски / Н.Маркоски
    Талески / Ф.Лазаров
    К.Лазаров / Велковски
    Миркуловски / Кузмановски / Прибак
    В.Маркоски

    11 од 17 играчи се променети во овие скоро 10 години. Тоа е далеку од ништо. Освен толку споменуваното трио тука се уште и Столе кој е реално помлад и на тоа првенство ако не грешам ги имаше првите официјални натпревари за репрезентацијата, беше последен играч на клупата и дали 10-15минути одигра цело првенство, В.Маркоски кој иако можеби ни е најдобар дефанзивец сеуште е исто нешто помлад од останатите (и е реално заменлив ако е тоа потребно и сега со релативно мали загуби) и Ф.Лазаров кој е веќе тотален маргиналец во репрезентацијата и не сум сигурен дали воопшто и ќе го повикуваат натаму (прв тест за ова натпреварите со Турција и Грција за 2 недели). Точно е дека и од "новите", Прибак и Митревски не се баш млади, но и тие се релативно заменливи, не се некои клучни играчи и прашање е колку ќе има пад репрезентацијата, ако воопшто и се осети нивното отсуство на резултатски план.

    Најискрено очекувам дека колку толку ќе одржиме континуитет. Проширувањето на 24 репрезентации на ЕП значително ќе го олесни континуитетот на настапи на ЕП. А и за СП се зборува наголемо дека ќе има проширување на 32 што секако ќе го зголеми бројот на европски тимови.

    Отприлика нашиот состав за година и пол во 2020 би изглдал нешто налик на ова (нормално не може да се предвиди точно како ќе се развиваат младите) ова е best guess:

    Митревски / Томовски
    Манасков / Ојлески
    Георгиевски / Поповски
    С.Стоилов / Пешевски / Н.Маркоски
    Талески / Танкоски
    Велковски / Серафимов
    Кузмановски / Петровски
    В.Маркоски

    Лично мислам дека кај доволно од младите играчи ќе видиме доволен напредок за со овој состав да задржиме континуитет па дури и за тоа 10-15то место каде реално бевме досега (иако за ова можеби ќе треба да почекаме 2-3 години, макар што не се знае).

    П.С. Мечевите против Турција дома (која патем доаѓа без двата најјаки играчи и Грција во гости) месецов се одлична шанса да се проба делумно ваквата репрезентација во компетитивен натпревар. Некои од повозрасните играчи реално и нема потреба да ги трошат за овие натпревари (пример ќе се преживее и без повик за овој двомеч да останат Миркуловски, Прибак, Ф.Лазаров, Столе кој лечи повреда, можеби и некои други).
     
    На vlatkobond, Perdika I, MacedoniaTimeless и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Chronysync

    Chronysync

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    681
    Допаѓања:
    1.335
    Од збор до збор се согласувам со постот на Xsago, со една минорна разлика. Ако веќе зборуваме за тој потенцијален состав 2020, нагон за повраќање би добил кога би го видел Ојлески во истиот. Придонесот за репрезентацијата му е една голема нула веќе со години назад. Време е да го видиме Димитриоски како back-up за Деки.
     
    На Riki94, Ilumious и k0k014 им се допаѓа ова.
  13. Waoo

    Waoo

    Член од:
    16 јануари 2014
    Мислења:
    2.341
    Допаѓања:
    1.619
    Ојлески беше добар во дресот на Металург, после распадот на клубот се распадна и тој.
     
    На k0k014 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k0k014

    k0k014

    Член од:
    10 септември 2016
    Мислења:
    2.822
    Допаѓања:
    3.696
    Просечен играч ништо повеќе.
     
  15. KosteM

    KosteM

    Член од:
    4 ноември 2017
    Мислења:
    520
    Допаѓања:
    546
    Јас сум против натурализација на било кој играч. Не па на Вуко Борозан. Нека иде тој да си игра за Катар.
     

Сподели преку: