Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Крусер, 11 октомври 2008.

  1. Xsago

    Xsago

    Член од:
    5 април 2013
    Мислења:
    2.576
    Допаѓања:
    3.759
    Засега солидно им оди на кадетите. Навистина интересна екипа која покажува карактер и самодоверба, победува и кога не им оди на начини на кои не сме навикнале од наши екипи. Единствено ме загрижува до кога ќе вадат вакви тесни победи - среќата евентуално ќе им го сврти грбот.

    За играчите, Костески засега одличен се развива веќе во убиствено крило иако е многу млад. Серафимов топло ладно но генерално добро се носи со улогата на лидер. Кизиќ почна слабо но се подобрува од натпревар во натпревар. Симоноски солиден во двата правци, доста пргав, борбен и подвижен пикер. Џигероски многу неконвенционален интелигентен, стварно чуден стил на играч, баш ме интересира како ќе се развива. Од останатите Ѓоргиев и Каковски си имаат своја улога и важни моменти иако лев бек ни е генерално слаба позиција. На лево крило сме катастрофа тука многу фали Гајиќ - по малку и чудно левата страна која е најлесна за пополнување во ракомет нас ни е убедливо најслаба. Василевски имаше свои моменти на голот. Не ми е најјасно зошто толку малку игра Митиќ, но факт е дека Симоноски сосема коректно си ја врши задачата засега. Карапалески слабо засега, влезовите му се главно безопасни.

    Факт е дека делумно и заради повреди помала ротација има овој состав во однос на јуниорскиот и ќе видиме дали со 10 играчи ќе може да се издржи турнирот до крај.

    Следи Естонија, меч на кој треба да се уигруваат сите. Јас би ги пуштил оние 5-6 играчи кои малку играа да играат барем 20тина минути.

    Потоа доаѓа вистинскиот тест. Белорусија, Италија од Б групата заедно со Македонија, Швајцарија и Луксембург од А се најјаките екипи на шампионатот и тие ќе разигруваат во полуфиналето (освен Луксембург кој иако имаше можеби најдобар тим, доста неискусно ги изгуби клучните натпревари). Белорусија и Италија се сериозни екипи и ќе ни требаат изданија најмалку како против Луксембург ако сакаме титула.
     
    На Chronysync му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chronysync

    Chronysync

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    560
    Допаѓања:
    1.056
    Која е всушност причината што фали Гајиќ? Мене Кондев ми се допаѓа како играч, али пак затоа Божиновски воопшто не ме импресионира.
    --- Споено дупло мислење, 16 август 2018 ---
    Македонија - Естонија (26 - 22)

    Василевски (11 одбрани, 3 седмерци и 1 гол), Симоноски 7, Џигерсоки 4, Костески 4, Ќосевски 2, Ѓоргиев 2, Серафимов 1, Каковски 1, Тодевски 1, Божиновски 1, Витанов 1, Митиќ 1
     
    Последно уредено: 16 август 2018
  3. Xsago

    Xsago

    Член од:
    5 април 2013
    Мислења:
    2.576
    Допаѓања:
    3.759
    Гајиќ го оперираше коленото колку што прочитав. Тој и Мелоски - исто повреда на колено, фалат од очекуваниот состав.

    За Кондев, дефанзивно имаше моменти ама во напад е слаба карика - барем засега.
     
  4. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    34.132
    Допаѓања:
    66.698
    Утре во 1/2 финалето играме против Белорусија. Во 17:45 ќе се игра мечот, подоцна од вообичаениве мечеви.

    Во групната фаза Белорусија имаше 2 порази ( и тоа богами не беа ептен тесни) против Италија и против домаќинот Грузија.
     
  5. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    34.132
    Допаѓања:
    66.698
    Толку од првенствово :(

    Цело првенство добро се држат...и на крај лагано изгубија од Белорусија.

    То е.

    30-32 победа за Белорусија, очајно прво полувреме и до крај цело време се бркаше резултат...
     
  6. Chronysync

    Chronysync

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    560
    Допаѓања:
    1.056
    Македонија - Белорусија (30 - 32)

    Кизиќ (10 одбрани), Серафимов 15, Симоноски 4, Ѓорѓиев 3, Костески 3, Џигероски 2, Митиќ 2, Карапалевски 1

    Нека ги тестираат Белорусиве цел тим за допинг после мечов, машини! :D
    Шала на страна, заслужена победа на Белорусија, не ги имав гледано до сега но ако играат вака и на финалето ќе го освојат турниров. Имавме неколку шанси да фатиме резултатски приклучок, особено блиску бевме во последните три минути, но не бевме доволно концентрирани во тие моменти. Серафимов од петни жили се трудеше да го износи на грб тимот, но не беше доволно. Реално, ротацијата е она што е главниот проблем на оваа генерација, немаме доволно долга клупа. Истата постава игра мање-више цело првенство. Здравје.
     
    На vlatkobond и SBEPMKD им се допаѓа ова.
  7. Chronysync

    Chronysync

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    560
    Допаѓања:
    1.056
    Пораз и од Швајцарија за крај, завршивме како 4-ти. Според некои можеби не, меѓутоа според мене исходот е мошне реален. Најголемата слабост ни беше ограничениот ростер, одигравме 7 мечеви во период од 9 денови, а располагавме со мал број на играчи. Односно, квалитетот на играчите кои требаше да претставуваат замена за првотимците се мошне слаби. Со исклучок (можеби?) на пикерската позиција, каде што Митиќ во тие моменти кога влегуваше солидно си ја вршеше работата како замена за Симоноски (барем во офанзивниот дел), сите други позиции ни беа лошо покриено. Тука особено мислам на позициите лев бек и лево крило.

    Мартин Серафимов - Често зборуван на форумов, апсолутен лидер на оваа генерација. Бројките му се навистина импресивни, има постигнато 54 голови на 7 мечеви, односно има просек од 7.7 голови по меч. Особено импресионираше на мечот со Белорусија каде постигна 15 голови, кои не крајот не беа доволни да се победи. За жал, статиските на сајтот на натпреварувањево се навистина оскудни (читај не постојат), па така освен бројот на голови нема каде да се најде останатиот дел од статистиката за да се изгради комплетна слика за играчите. Како и да е, навистина отскокнува од останатите, се тргнува и завршува со него, изведува пенали, шутира од дистанца, асистира, Кирил Лазаров на оваа генерација. Рано е да се каже како ќе се одвива неговиот развој во иднина, млад е, но ако нешто е сигурно тоа е дека има голем потенцијал. Се надевам дека ќе порасне уште некој сантим, ќе качи некое кило и дополнително ќе напредне на техничко-тактички план. Ако неговиот развој не затаи некаде во иднина, тогаш можеби и веќе сме го решиле проблемот со десен бек по повлекувањето на Кире од репрезентацијата. И да не биде така, му предвидувам многу поуспешна кариера од Мартин Велковски.

    Ненад Костески - Ако нешто ме радува, е тоа што искочија неколку десни крила во последниве неколку години со потенцијал еден ден да станат дел од сениорската селекција. Костески е дел од тие играчи. За оние кои не знаат станува збор за помалиот брат на Никола Костески, поранешниот играч на Металург и повремениот македонски репрезентативец. Втор најдобар стрелец во репрезентацијата после Серафимов со 42 голови и просек од 6 голови по натпревар. Брз, широк репертоар на удари, не му треба многу простор за да влезе (што е исклучително важно за крилни играчи) и добра реализација. Играта во одбрана му е исто така добра. Конкуренцијата на таа позиција е навистина голема, ги имаме: Поповски, Шилегов, и Јагуриновски, па ќе видиме како во иднина ќе му се движат напредокот и кариерата и дали би можел еден ден да стане сениор.

    Кристијан Симоноски - Трет најдобар стрелец во Грузија со 33 голови и просек од 4.7 по меч. Многу пргав, подвижен, борбен, игра во два правци, заедно со Ѓорѓиев на позициите 3 и 4 го сочинуваа тој централен дефанзивен блок. Му фали работа во сегментот на примање на топка, што е и за очекување. Пикерската позиција си "бара" многу, но ако продолжи да работи и да созрева, ќе успее, талентот го има. Заедно со Арсеновски веројатно најголемите кандидати за во иднина да го облечат сениорскиот дрес.

    Дејан Џигероски - 29 голови и просек од 4.1 по меч. Прв пат имав прилика да го следам сега и ми остави позитивен впечаток. Мошне интелегентен, знае каде да се постави на терен во даден момент, кого треба да проигра и кога треба да шутне. Има доста солиден шут од место, но знае и да потроши по некоја топка во моменти кога нема потреба за такво нешто. Нејсе, ако поработи на шутот и на дуел играта има перспектива да направи нешто повеќе.

    Игор Ѓорѓиев - 15 голови и просек од 2.1 по меч. Ѓорѓиев располага со солиден шут од дистанца, силен е, добро игра во одбрана, но тука му завршуваат квалитетите. Кога ќе земеме во предвид дека тука се Талески, Кузмановски и Танкоски (чие што време треба допрва да дојде) не му предвидувам некоја сјајна иднина. Иако, мора да се каже дека станува збор за играч кој има едвај 18 години и тек допрва треба да ги направи посериозните чекори во својата кариера. Главната причина поради која го ставив на "листава'' е да покажам колку уствари левата бековска позиција ни беше катастрофа. Каковски бетер и од Ѓорѓиев, со само една добра партија против Швајцарија и навистина не видов ништо во него што ми покажа дека во себе крие некаков потенцијал.

    Марко Кизиќ - Почна млитаво, меѓутоа се подобруваше со секој натпревар. Добар физикус, околу 187-188 cm висок, долги раце и нозе, има осет за поставување и за влегување во шут, со тоа што одбраните од крило му се слаби и треба да работи на тој сегмент од својата игра. Но, со оглед на тоа што има само 17 години, а игра на исклучително важна и осетлива позиција треба да се има трпение и разбирање. Василевски со значително помала минутажа од Кизиќ, но и он имаше свои моменти.

    Другите играчи кои беа дел од ова натпреварување, имаа многу слабо минутажа, а и таа минутажа што ја имаа немаа речиси никаков придонес. На лево крило бевме особено тапа, со Кондев и Божиновски. Кондев постабилен од двајцата, меѓутоа далеку од потребното ниво за едно вакво натпреварување. Карапалески лош, има некое движење со тело меѓутоа освен за да го смени Џигероски на некоја минута, тешко дека ќе направи нешто повеќе. Витанов го видов само против Естонија, реално тешко е да се избори покрај Серафимов. Истото важи и за Ќосевски кој се бореше со Костески.

    Не треба да заборавиме дека ова се навистина млади играчи од кои може и апсолутно ништо да не излезе во иднина, како и тоа дека станува збор "Б" класа на натпреварување. Паралелно со ова натпреварување се одвиваше и "A" натпреварувањето во Хрватска, кога ќе ги видиме тие репки ќе видиме дека сме далеку од тој квалитет. Но, ако споредиме со тоа како изгледавме пред само неколку години, ќе видиме дека постои значителен напредок и се надевам дека добрата работа ќе продолжи.
     
    На vlatkobond, Tomasino, DracevoTheCity и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Xsago

    Xsago

    Член од:
    5 април 2013
    Мислења:
    2.576
    Допаѓања:
    3.759
    Ајде мал осврт за кадетите и од мене.

    Генерално репрезентацијата покажа солидни познавања на ракометната игра. Би рекол дека од тактички дел бевме веројатно најдобра репрезентација на турнирот. Таму каде што заостанувавме беше на суров физички талент (висина, атлетост, подвижност, снага). Имавме релативно разноврсни акции, мој впечаток е дека игравме покомплексен ракомет, повеќе на интелигенција во однос на противниците. Ама за поголем резултат треба уште. Треба да се пополнат огромнте дупки на левата страна, како на лево крило, така и на лев бек шутер кој може да се крене на шут од 10 метри и да игра во два правци. Како што "стареат" така поизводливо ќе биде некоја од тие дупки да се пополни и со помлади играчи (од 2002-2003та генерацијата) - ќе видиме дали е можно. Некако ова ни се повторува постојано - репрезентациите ни се подобри во однос на конкуренцијата како јуниори отколку како кадети заради разно-разни "дупки". Немаме доволно избор/ротација додека се помлади. Исто беше и со 94та и со 96та и со 98ма. Некако имам впечаток дека истото ќе биде и со оваа - 2000та. За жал нема да има каде да го покажат бидејќи како јуниори нема да играат ни на европско ни на светско. Ќе мора да се борат само за престиж на ЕХФ шампионат.

    Пласманот е релативно објективен, макар што се на се земено мислам дека сме подобри од Швајцарците. Имавме најдобра десна страна но најслаба лева страна од полуфиналистите. Италијаните се заслужено шампиони, навистина добра генерација ако не се некое има Италијаните во ракометот. Браќата Мењон се многу сериозни таленти, не случајно се во Монпелје, а и имаа солиден состав и околу нив. Белорусите имаа еден фантастичен играч - Чижик (дечкото е феномен, шутираше и со десна и со лева река зависно од ситуацијата). Буквално сам не победи во полуфиналето (макар што и немавме среќа на тој натпревар, не би рекол дека Белорусите не надиграа).

    Што се однесува до играчите:

    голманите...

    Кизиќ: Почна слабо но беше се подобар како што одминуваше времето на турнирот. Се работи за одличен талент, долги раце/нозе, мислам е и преку 190, ќе видиме како ќе се развива. За голман многу многу работа допрва го очекува.
    Василевски: Генерално си ја искористи солидно својата минутажа. Има потенцијал и кај него за да биде добар голман.

    ѕвездите...

    Серафимов: Имаше подеми и падови на почетокот на турнирот, но до крајот го докажа својот раскошен талент. Вистински лидер на тимот. На моменти целосно несопрлив за противниците и тоа против најјаките екипи (фластери, агресивни одбрани... што се не пробаа единствено решение кое повремено функционираше, беше висок централен блок - какви што сигурно ќе гледа како сениор). Скок шут, додавања, контрола на играта. Неверојатно е колку многу потсеќа во играта и во движењата на Лазаров (освен што е понизок и што се разбира еден е Лазаров и невозможна е било каква споредба). Неочекувано разочара со седмерците, но сигурен сум дека ќе се подобри во овој аспект. Висината е најголем проблем. Ќе мора да го извади максимумот од себеси во секој аспект. Најголема надеж на десен бек за во иднина, а очајно ни треба десен бек. Пристоен беше и во одбрана, макар што често го "штедеа". Сосема заслужено во олстар тимот - објективно беше меѓу најдобрите 3-4 играчи на турнирот. Само ме плаши минутажата која ќе ја има во Металург. Сите 3 таленти на десен бек кои ги имаме се во ист тим сезонава и не сум убеден дека ќе има минутажа за сите. Но ако некој вреди да се исфорсира тоа е Серафимов.
    Костески: Најтивкиот голем талент во нашиот ракомет. До пред неколку месеци ретко кој го знаеше, а сега сосема заслужено во олстар тимот на ЕХФ шампионатот. По слободна проценка (бидејќи не знам дали некаде има статистика) имаше преку 80% реализација на шутевите. Имаше разновиден репертоар на шутеви од крило, а одличен беше и во транзиција и контра. Солиден и во одбрана, иако направи неколку непотребни пенал/исклучување фаули на крило. Одличен потег е што отиде во Струга сезонава. Иако е многу млад со ваков напредок ништо чудно за некоја година да го видиме и во сениорите - на десно крило има кандидати, ама ниту еден не е ни приближно талент како Костески.
    Џигероски: Многу неконвенционален играч. Движење, потези, шутеви, додавања - се беше на интелигенција. По малку потсеќа на Миркуловски, но Жути е повеќе "со срце", а Џигероски е повеќе со "размислување на играта". Барем така изгледа неговата игра од страна. Атлетоста и висината се голем проблем (мора да проба да го извади максимумот тука и да ја подобри експлозивноста), но за интелигентни средни бекови има место во ракометната игра и баш ме интересира каде ќе му се движи кариерата натаму.
    Симоноски: Доста нетипичен пикер. Повеќе личеше на бек отколку на пикер, така и се движеше искрено, но се покажа доста борбен, снаодлив, добар и во одбрана, интелигентен играч. Веројатно беше и најдобар пикер на турнирот, но со оглед дека бевме само 4ти немаше смисла и 3 играч во олстарот да добиеме. На долг рок не знам што да очекувам, но живо сум заинтересиран како ќе се развива.

    Она што не ми е јасно за Џигероски и Симоноски е каде планираат да играат во сениорска конкуренција. Не смеат да си го пропуштат талентот, мора итно да играат во суперлигата.

    ротацијата...

    Ѓоргиев: Искрено немав никакви очекувања па испадна меѓу поголемите изненадувања на турнирот за мене. Не дека одигра којзнае што но беше најдобра од потпросечните опции на лев бек во напад, а играше и во два правци, заедно со Симоноски беа нашите главни дефанзивци. Ќе видиме можеби може да излезе пристоен играч од него.
    Кондев: Солиден, борбен во одбрана, катастрофа во напад. Не видов никаква крилна техника во офанзивните задачи - пред се шут од крило.
    Каковски: Имаше повремени добри моменти но генерално потпросечен настап. Очекував повеќе од него искрено, тој најмногу личеше на шутер од левата страна во екипата, но не си ја искористи баш шансата. Му треба очајно минутажа, Еурофарм Работник е погрешен клуб за него во моментов.
    Карапалевски: Најголемо разочарување на турнирот. Многу форсиран како млад, но тотална катастрофа на турнирот. Има некое брзо "финта" движење, но тоа е се што има. Не знаеше кога да го употреби, премногу солираше, изгуби милион топки, не играше одбрана.
    Митиќ: Одигра многу помалку отколку што очекував. Беше коректен, но ми се чини дека има уште за учење на ракометната игра пред него. Има потенцијал, му треба работа и минутажа.

    резервистите...

    Божиновски: Просто кажано - слабо во секој поглед. Има многу работа пред него ако сака да се изделка во нешто.
    Ќосевски и Витанов играа премалку за да се донесе било каков заклучок (тоа е кога пред нив во ротацијата беа најјаките). Витанов има солиден шут од тоа што го имам гледано, ама има многу работа во останатиот дел од играта. Анѓелковски играше само во одбрана - ништо посебно не покажа. Тодески, официјално е заведен како 2002, ако е така, се работи за сериозен талент. Физички има градба баш за ракометар, и остави солиден впечаток во тие 15тина минути што ги доби со Естонија. Ќе видиме дали може нешто од него да се изделка.

    Се на се има потенцијал кај генерацијата, но има и уште за надградување. Бидејќи ги пратев и претходните 2 генерации на нивна возраст, можам слободно да кажам дека иако завршија исто 4ти, се подобри од што беа 98ма како кадети. Во однос на 96та техничко-тактички се сигурно подобри во однос на нив кога беа кадети, но физички се многу инфериорни, па се на се можеби би биле малку послаби.

    И ајде сега време е за клупски ракомет и сениорска репрезентација! Сезоната може да почне!
     
    На DracevoTheCity, Dovahkin, dragonsky и уште 9 други им се допаѓа ова.
  9. Vardarecc

    Vardarecc

    Член од:
    17 август 2014
    Мислења:
    1.411
    Допаѓања:
    787
    Vuko Borozan povtorno ne e povikan za Crna Gora, se sushka deka od vgodina ke mozhi da igra za Makedonija, nekoj info okolu toa?
     
  10. shweps

    shweps

    Член од:
    28 јануари 2018
    Мислења:
    257
    Допаѓања:
    242
    Јас и претходно имам пишано за Борозан,мислам дека за репрезентацијата е најдобро решение сега дали ќе сака да игра е друга работа.
    По мене најважно е што мислат репрезентативците за тоа,лошо ќе бидне ако се против,а ние упорно да го убедуваме, така само ќе се наруши хемијата меѓу играчите и нема ништо да добиеме.
    Ама искрено не верувам дека ќе заигра некогаш за Македонија,сигурно ако игра за друга репрезентација тоа ќе биде Катар.
     
    На MacedoniaTimeless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vardarecc

    Vardarecc

    Член од:
    17 август 2014
    Мислења:
    1.411
    Допаѓања:
    787
    Vekje imame doneseno dva stranci, edniot seushte igra (Pribak) drugiot igrashe 1 prvenstvo (Vugrinec), Lazarov ushte 2 sezoni max ako igra, Borozan ako dojt ke e edin igrach koj ke go zameni Lazarov po liderstvo i kvalitet, drug takov igrach nemame vo reprezentacijava, samo ke tonime, mora da ja iskoristat shansava.
     
    На k0k014 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k0k014

    k0k014

    Член од:
    10 септември 2016
    Мислења:
    2.339
    Допаѓања:
    2.817
    Ок си е тоа ама треба наши деца да играат а не да бараме утеха со странци.Вуко може ќе игра година две и ќе искрсне нешто ќе престане да игра после што правиме.
     
  13. Chronysync

    Chronysync

    Член од:
    4 март 2017
    Мислења:
    560
    Допаѓања:
    1.056
    Бев против натурализирањето на Прибак и Вугринец пред неколку години, против сум и сега. На краток рок сигурно ќе се одрази позитивно, но на долг рок може да нанесе само штета.
     
    На PELISTER 321, MacedoniaTimeless и k0k014 им се допаѓа ова.
  14. Vardarecc

    Vardarecc

    Член од:
    17 август 2014
    Мислења:
    1.411
    Допаѓања:
    787
    Ako sakame neshto pojke od prosecna reprezentacija toa e receptot.
    Da sme Slovenija pa da izvavame po 10 talenti sekoja godina okej, na desen bek cekavme 20 godini, 20 gidni ejj za da se pojavi nekoj ko Serafimov koj mozhi da e samo dostojna zamena za Lazarov.
    Na golmanska pozicija e ista prikazna, pa porano ko nemashe vakvi uslovi izvavavme rakometari kako Mojso, Mirkulovski, Angelovski, Lazarov, sega so site nishani i uslovi koj gi imame zhalno e da imame tolku slaba konkurencija vo reprezentacija.
     
    На Македонија 1932 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr.White

    Mr.White

    Член од:
    20 јануари 2009
    Мислења:
    3.140
    Допаѓања:
    359
    Ќе има ли карти за дуелот со Турција во Битола на 25ти онлајн?
    Има ли некој информации?
     

Сподели преку: