Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
5 април 2013
Мислења
3.343
Поени од реакции
6.733
Секоја чест за се што направи во кариерата Диви. Капа долу.

Но факт е дека годините го стигнаа и реално нема за што да се лути на овие циклуси што не е повикан. Мора еднаш засекогаш да научиме дека за репрезентација се игра според моментален квалитет а не по стара слава.

А и искрено воопшто не ми се допадна свикување на прес конференција со вакви изјави на 3 дена пред борба за квалификации. Тоа се прави за вртење на вниманието кон себе а не за доброто на МК ракомет.

П.С. Не би се истрчувал по "капитенот" за спорната изјава (кој очигледно беше на друга порано закажана прес конференција), туку кон фактот дека ниту еден голман не беше присутен во прв ред вечмиот конкурент и одамна познато непријател "министерот".
 
Член од
2 мај 2009
Мислења
276
Поени од реакции
170
За Диви: Фала ти мајсоре за се што направи за нас и нашата Репрезентација.

Реално, Диви не е стандарден голман. Брани топло-ладно. Ако му тргне, ќе ја реши утакмицата (поздрав до Хамбург). Ако не, подобро да седи на клупа.
За жал, од тие што ги имаме на располагање во моментов никој друг, освен Диви, не може квалитетно да го замени Борко, кога не му е ден (ете, и Борко брани топло-ладно). Можеби „не лажи паметот“ за Дупјачанец (какво само лоби има Металург сеуште!), ама едно е да браниш во 3та и 4та група на ЛШ, а друго е во 1ва и 2ра...
Како и да е, на крај пак ќе навиваме со цело срце, па се надевам дека ќе се пласираме на едни ОИ.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А „малиот“ Митревски земен ли е? Мислам дека Диви е 2-3 класи над него и дека можеше барем за олимпијада да е присутен, ако се пласираат. Оти.. од Митревски тешко дека ќе произлезе „голем“ голман.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Без Дупјанчец и Филипче, Митрески и Талески место нив, друго се исто.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.301
Поени од реакции
5.205
Фала курцу со тој Дупјачанец, исто како партал на гол, реков и тогаш дека една сезона не е мерило за одма да е во репка ама ајде го викнаја па видовме дека придонес 0 од него, друго е да браниш против Кадетен, друго е против Франција, Полска и ред други....
Другото си е ок, очекувани се...и аман достате со такви глупи прашања кај бил Пецаковски, Бранче, Манче, се знај раскрстено е со нив од репката, бог да чува прашајте и Раде Стојановиќ зошто не е земен, легендарното прашање околу росторот на секој собир :D
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Некој може да го постира конечниот список на играчи?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Голмани: Борко Ристовски и Никола Митревски.

Лево Крило: Дејан Манасков и Гоце Ојлески.

Десно Крило: Гоце Георгиевски и Никола Костески

Лев Бек: Наумче Мојсовски, Филип Талески и Филип Кузмановски.

Среден Бек: Филип Миркуловски, Немања Прибак

Десен Бек: Кирил Лазаров и Влатко Митков.

Пивот: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

Специјалист за одбрана: Аце Јоноски и Велко Маркоски.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.343
Поени од реакции
6.733
Изборот си е горе долу ок. Претпоставувам дека ќе се стартува со Пешевски и Костески на трибини и тие ќе влетаат на местата на Талески и Кузмановски после Тунис.

Со среќа нека е, историска шанса е ова. Единствено е жалосно што У20 ќе страда и малку веројатно е дека ќе се пласира на младинско ЕП.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.343
Поени од реакции
6.733
Според страната на РФМ, овде ќе има livestream од младиците.

Немаат некави особени шанси без тројцата убедливо најјаки играчи (Кузмановски, Талески и Нелоски) но е шанса да се види колку вредат останатите и дали се наоѓа уште некој кој има шанси за сениорска репрезентација во иднина. Мислам дека на помош има и неколку помлади дечки од У18.

Против Швајцарија во ваков состав немаат шанси но против Фарски Острови и со евентуално долетување на "сениорите" против Црна Гора мислам дека може да играат.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
Во групата на младинците, Црна Гора 25 -25 Фарски Острови. :eek:
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.765
Поени од реакции
20.485
Жимиамишов овај голманов нивни е под 20, прав дедо е во суратон :D
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Добар почеток.Додуша не е почеток,17-та минута е веќе. 4-5 моментално,гипс утакмицава.:icon_mrgr:

Фоторепортерон застанал до нашиот гол и од таму слика.Дали е нормален ? Што сакам некој да го погоди.:icon_lol::icon_lol:[DOUBLEPOST=1460138755][/DOUBLEPOST]Водат 9-7 на полувреме.Судијата педер невиден,им потроши 5 секунди на нашите непотребно.Да водеа со три,топ ќе беше.Голманот одличен.

Танкоски 1/1 , Велковски 3/5,Палевски 2/2 и Крстевски 3/9.
 
Последно уредено:

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.224
Поени од реакции
5.237
Голманче е супер друго катастрофа. Толко да се нема идеја у напад
Клупа на швајцарију напад напад ,одбрана одбрана сами на себе навивачи хаха[DOUBLEPOST=1460140000][/DOUBLEPOST]Пуштив у нада да видам како играме додека да почне утакмицата со Полска гол не можевв да видам цц[DOUBLEPOST=1460141429][/DOUBLEPOST]Кај ни се изгуби таа одбрана што ја имавме у Србија, каша попара сме за овие младиве и да не зборам како да им е запретено по живот играат со стра у коски
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom