Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Е ... за ова... многу бедна тема... иако треба да сме среќни и со ова 11 место и одличната голгетерска серија на ѕверот .. Кире Лазаров... но сепак заслуживме макар победа ако не со Данска .. со Србија... ама се ус*аа на крајот... секое второ полувреме го почнуваа со ... КИКСОВИ:toe:
можевме и понатаму да стигнеме.. иако и ова е доволно добро
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Според мене за да сме уште посилми треба да ги викнеме Стојановиќ, Аце Јоноски и Бранко Ангелковски, од тимот треба да се исфрлат Ф. Лазаров, Митков и Стоилов( не дека е слаб пред се затоа што Ангелковски мислам дека е многу подобар играч од него и доста поискусен а знаеме колку е важно искуството на мечеви против екипи како што се Норвешка, Исланд, Полска....)
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Според мене за да сме уште посилми треба да ги викнеме Стојановиќ, Аце Јоноски и Бранко Ангелковски, од тимот треба да се исфрлат Ф. Лазаров, Митков и Стоилов( не дека е слаб пред се затоа што Ангелковски мислам дека е многу подобар играч од него и доста поискусен а знаеме колку е важно искуството на мечеви против екипи како што се Норвешка, Исланд, Полска....)
Не гледам дека Мите Стоилов е слаб... Баш напротив - во Металург станува сè постандарден и подобар и сметам дека со малку повеќе искуство и настапи ќе стане врвен играч.

Исто така и Митков е далеку од лош играч. Ја има само таа (не?)среќа да игра на позицијата на Кирил Лазаров, па не добива шанса. Инаку не би се сложил дека треба да се исфрли од тимот, зашто во одбраната и тоа како е добар.

За Филип Лазаров не знам што да кажам... Можеби добива повеќе шанси поради брат му, но исто така не можам да кажам дека е лош. Е сега, се покажа дека Стојановиќ е подобар од него, но поради внатрешни кошкања ете Стојановиќ се сака да се истисне. Начелно не се согласувам со тоа, но тренерската одлука е последна, за среќа или несреќа.

Во секој случај, *многу* ми е мило што за ракометот сè повеќе се зборува и работи во Македонија, зашто во овој спорт имаме реални шанси да се бориме за високи пласмани и тоа во светски рамки.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Луѓе, дали некој знае кога е следниот меч на машката ракометна репрезентација на Македонија? Мислам дека е за квалификациите за следното Европско првенство... Знае ли некој повеќе?
 

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Луѓе, дали некој знае кога е следниот меч на машката ракометна репрезентација на Македонија? Мислам дека е за квалификациите за следното Европско првенство... Знае ли некој повеќе?
18 март, 20.15, против Исланд на домашен терен :)

Повеќе :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Дома > Спорт
Ракометарите некомплетни против Исланд и Белгија

МИА
13.03.2009

Машката ракометна селекција на Македонија вчера во некомплетен состав ги почна подготовките за двата натпревара од квалификациите за ЕП 2010 во Австрија.
На селекторот Илија Темелковски му откажаа браќата Наумче и Златко Мојсоски. Наумче Мојсоски ја обнови повредата на пријателските натпревари кои неговиот тим ги играше во Црна Гора и палецот кој го скрши на Светското првенство во Хрватска, па сега му е во лангета, со што и дефинитивно нема да биде во составот со Исланд (вo среда na 18 март во Скопје и за гостувањето во Белгија на 22 март).
Од приватни причини овој собир на репрезентацијата ќе го пропушти и неговиот брат Златко Мојсоски.
Останатите ракометари од Металург и од Вардар Про до сабота ќе тренираат во салата Автокоманда, а од понеделник кога се очекува доаѓање на играчите кои играат во странство (Кирил Лазаров, Ангелов, Темелков, Митков и Јоновски) со тренинзи ќе се продолжи во салата „Борис Трајковски„ каде в среда (20:15) Македонија го пречекува Исланд.
цццц...ослабени ќе бидеме...без наумче :S
многу важни утакмици.....ај и без него идеме на 2 победи
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Играчи кои го заслужуваат националинот дрес

Вака гледам се пишува низ разни теми кои играчи би требало да играат за репрезентација на Македонија а кој не па еве посебна тема тука да си ги искажеме нашите желби или стручни мислења кој би требало да игра а кој не.

Едит:

Мојот состав би изгледал вака

Алушевски/Стојановиќ/Мојсовски/Лазаров/Темелков
Димовски.
Недановски/Јоновски/Кузмановски/Мајнов/Георгиевски
Наумовски
Макаловски/Марковски/Миркуловски/Митков/Јович
Ѓоргоновски

Голмани:
Петар Ангелов
Петар Мисовски
Торко Ристовски.

Селекторт:Пепи Манасков
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Каков Пепи Манасков селекторт, човекот нема способност да биде селектор јасно им е тоа на сите.
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Каков Пепи Манасков селекторт, човекот нема способност да биде селектор јасно им е тоа на сите.
Oд Ико Темелковски е поарен 100 пати али сепак тоа е мое мислење ти не се сложуваш со тоа и крај нико му ништо напиши си ти кој мислиш дека треба да го носат националниот дрес и кој треба да биде нивни предводник.:salut:
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Сите знаеме дека моменталната селекција на играчи не е реална, играчи со помал квалитет се избрани да ги бранат боите на репрезентацијата, а пак од друга страна има изоставено некои очигледно подзаборавени имиња од македонската ракометна јавност.

Првично нас мислам дека ни е потребна смена на селектор, не мора тоа да биде некој странски ракометен стручњак, ни треба пред се човек кој ќе биде добар психилог, и далеку поавторитетен од Ико, тој да го има главниот збор за селекцијата на играчите, не да биде пиун на “виши сили“.
Пепи Манасков би бил супер според мене.

За играчите... за Филип Лазаров џабе ќе зборувам, имам кажано дека тој не заслужува ни постер од репрезентацијата да има у собата, не па да биде стартен лев бек. Прв потег, да се врати Раде Стојановиќ, нема потреба од образложение тука.
Бранко Ангеловски без размислиување би го повикал, бар на поширок список, исто и Јоноски, Лазар Мајнов и можеби најнадежниот ракометар на Македонија, Дејан Пецаковски.
Исто мислам дека и Кузмановски треба да се проба на позиција среден бек.
И да, да започне Диви на местото на индиферентниот Борко Ристовски, се гледа дека Диви е далкеу помотивиран, он е посебна личност, шири позитивна енергија кога е на теренот, а и квалитативно не застанува воопшто зад Борко.

Вака некако би сакал да изгледа првиот состав.

--------------------Ангелов----------------
-------Лазаров--Мојсоски--Стојановиќ------
Темелков-------------------------Алушевски
-------------------Димовски--------------

Со напомена дека Кире и Ванчо ќе играат само напад.

Тоа е набрзина шо имав да кажам.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нема потреба од нова тема за ова. За работи поврзани со репрезентацијата ќе дискутирате во темата наменета за тоа. Така да ја спојувам оваа тема со генералната за репрезентацијата.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Натпреварот Белгија-Македонија нема да се игра утре бидејки нашите ракометари поради снежното време неможеле да отпатуваат во Белгија.
Дополнително ке биде утврден нов термин за натпреварот
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Натпреварот Белгија-Македонија нема да се игра утре бидејки нашите ракометари поради снежното време неможеле да отпатуваат во Белгија.
Дополнително ке биде утврден нов термин за натпреварот
Па и треба да гласаат јас мислам :baeh:
Него со Белгија нема што да се коментира, дуелите со Норвешкасе најбитни, поточно дуелот на гости.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom