А секуларизмот не е перење на мозоци? Комунизмот да не небеше перење на мозоци? Секуларизмот и Комунизмот се тие кои на народите им забрануваат да бидат припадници на етнички и верски правци, левичарството се слагам со тебе, е со радикална основа и води кон проблеми на кои ти алудираш, национализам, радикализам и ред други појави кои му штетат на развојот на човештвото.
Исламот се наоѓа на средина, претставува баланс, он ја пружа најсовршената слобода, таму секој има право да го следи својот правец и да биде заштитен под закрилата на тој систем, а доказ за тоа се горенаведените цитати од книгата, која проповеда мир, а самиот збор “Ислам“ во превод има такво значење, значи Мир.
Упс навистина незнам од каде да почнам сега да ти објаснувам ...
Секуларизмот не е левичарство, левичарството е веќе политичка идеја/опција. Секуларизмот е нешто друго каде што државата и државните институции и закони се потполно одделени од религиската сфера и каде што индивидуата/граѓанинот ако сака може да си живее религиозно(без разлика на која религија припаѓа) но и не мора доколку несака, значи секуларизмот претставува самиот по себе демократија и право на личен избор а воглавно претставува целосно одделување на државата и религијата/религиите а левичарството си е друга работа тоа е веќе политичка опција/идеја/матрица !
Еве јас не сум левичар(ниту пак десничар) по политичка идеологија но поддржувам секуларизам, истовремено мразам секаков облик на тоталитаризам и едноумие било тоа едноумие да се нарекува Фашизам, Социјализам вотева, но исто така не ги сакам ниту религиите бидејќи сметам дека исто така претставуваат еден вид на едноумие било да е тоа Христијанството или Исламот и.т.н.
Значи не сум Исламофоб само кажувам дека времето на религиите помина и денеска е секуларизам и мора тој облик да се задржи да не се променува, кој сака нека си биде религиозен, никој не му забранува, кој несака несака, но државата и државните институции и закони мора да бидат неутрални односно потполно одделени од религиската сфера на влијание !
Е сега ако сум Исламофоб тогаш по автоматизам сум и Христијанофоб бидејќи како што кажав не сакам религии, а од друга страна пак ги отфрлам и сите тоталитарни идеологии не сум ниту левичар(Социјалист/Комунист) ниту пак сум ултра-десничар и осудувам секаков облик на Национализам, Расизам и сл.
Толку ли е тешко да се сфати што е тоа секуларизам и демократија, па целиов западен свет на овие две нешта се заснова !
Е сега едно прашање до тебе, дали во Исламот постои нешто што се нарекува право на личен избор во смисол сакам живеам на Муслимански начин сакам не на пр. сакам да живеам по западен начин, постои ли нешто во Исламот што се нарекува право на различно мислење, различно гледиште и став, значи да имам индивидуален став кон било кое прашање а притоа тој став да се разликува од онаа утврдена колективна матрица ?![DOUBLEPOST=1406477595][/DOUBLEPOST]
Во случајов ти си тој кој ме убедува да не живеам онака како што мислам дека треба! Па нели ти си многу Либерален и оставаш секој да си го живее својот живот? Па зашто тогаш ми продаваш тука по Форум пуфки како не требало да живеам како што сакам?
Иако ова твое цитирање се однесува за друг член(Ипсисимус) еве јас ќе ти одговорам никој на тебе не ти забранува да бидеш Муслиман и да веруваш во Исламот и да живееш на тој начин, баш никој, тука само правиме муабет и укажуваме на тоа дека твојата религија/идеологија вотева е тоталитарна и насилно се наметнува, мислам ок е ако некој сака доброволно да стане Муслиман тоа си е ок право на личен избор, но зашто насилно да се наметнува ?!
Зашто да летаат глави на некои што несакаат да прифатат Ислам или пак да лета главата на некој што е Муслиман но сака да го напушти Исламот т.е. да биде нерелигиозен или пак да помине во друга вера вотева !
Јас ко прво доволен ми е фактот дека ќе останам без пола од кожата на пенисот и да фатам штрафта од Исламот а да не збориме за сите останати работи кои ги налага таа религија клањањето во џамија, постењето 30 дена(Рамазан), правење на цели фудбалски екипи по дома(Х деца) и.т.н. и.т.н. јас на пр. овие работи не ги прифаќам и мислам дека се погрешни т.е. кој сака да ги прави ок право на личен избор но кој несака да ги прави зашто да ги прави ако му се спротивни од својата воља ![DOUBLEPOST=1406477861][/DOUBLEPOST]
Точно ... и јас се прашувам зашто Муслиманите кога ќе се разболат наместо во џамија одат право во болница на доктор, нели веруваат во господ(Аллах) зашто не му се молат нему и зашто он не ги излечи туку мора да трчаат по доктори, да бараат терапии и операции ко и сите други НеМуслимани т.е. кафири/каури на планетава !