Вчера влагам во продавница на електроелемент и кога гледам НИНЏА! Жена (веројатно жена пошто само очи се гледаат) ме ѕирка. Грозна слика, неприродна па и ако не се лажам НЕЗАКОНСКА. Дали има некој што може да потврди дали овој закон сеуште важи?
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/FECA4AA6736649348DB04C82D27180A0.pdf
Ај види ти...
ЗАКО Н
ЗА ЗАБРАНА ДА СЕ НОСИ ЗАР И ФЕРЕЏЕ
Член 1
По сеопшто барање на широките народни маси
да се отклони вековниот знак на потчиненосга и кул-
турната заостанатост на жената муслиманка и да и'
чсе обезбеди полна рамноправност и широко учество
гђо општествениот, културниот и стопанскиот живот
на земјата, се забранува носењето на зар и фереџе и
секое покривање на лицето на жените.
Член 2
Се забранува жените да бидат присилувани или
наговараш! да носат зар и фереџе или на друг начин,
да си го покриваат лицето, како и секое дејание што
има за цел да се подржува носењето на зар и фереџе
или да се покрива лицето на жените.
Член 3
Со казна лишение од слобода до три месеца или
со парична казна до 20.000 динари к'е се казнат за
прекршок:
а) жените што ќосат зар или (Дереџе односно
што си го покриваат лицето;
б) оној што од свој домашен бара да носи зар
или фереџе односно да си го покрива лицето.
Член 4
Со казна лишение од слобода со поправителна
работа до две години или со парична казна до 50.000
динари к'е се казни за кривично дело:
а) кој со сила, закана, уцена или на друг сличен
начин ги принудува жените да носат зар или фереџе
односно да си го покриваат' лицето;
б) кој со злоупотреба на в фоките чувства, со
ползување на предрасудите и заостанатоста или на
било кој друг начин, врши пропаганда жените да но-
сат зар или фереџе односно да си го покриваат
лицето. ч I
Член 5
Административно-казнена постапка по прекршок
ците од член 3 на овој Закон во прва степен води из-
вршниот одбор на околискиот односно градскиот
(реонскиот) народен одбор.
Член 6
За постапка по кривичните дела од член 4 на
овој Закон е надлежен околискиот суд.
Член 7
Овој Закон влегува во сила триесеттиот ден од
објавувањето во „Службен весник на Народна Ре-
публика Македонија.
У. Бр. 1,
Скопје, 6 јануари 1951 година ф
Президиум на Народното собрание
на Народна Република Македонија
Секретар,
Филип Брајковски, с. р.
Претседател,
Видое Смилевски, с. р.