Работи кои нѐ научи пандемијата (досега)

D

dARK_ElementaL

Гостин
- Дека можело да се пие кафе на раат на тераса во сончев ден без никој да писка на улица.
- Дека можело и работниците да добијат викенд одмор, да одморат како што треба.
- Дека можат и газдите малку да се спуштат на земја (иако за жал на некои уште не им доаѓа памет).
- Дека можело да се сфати дека боговите те гледаат и дома кога се молиш, а не само во храмовите.
- Дека флората и фауната може да се обноват кога човекот ќе престане да аздисува.
- Дека и лавовите во Африка почнаа да одмараат од човекот легнати по патиштата
- Дека можело да се јадат и манџи на кои претходно сме биле "алергични"
- Дека на животните во зоолошките кои се затворени цел живот не им е лесно
-Дека сум можел и јас без инстаграм да издржам
 
Последно уредено од модератор:

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
deka moze sekoj da zamesi leb doma
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.757
Поени од реакции
9.558
Дека би одбрала корона да ме фати, да ризикувам и да ја прележам, отолку да седам дома со недели, месеци..убиство...ебате живот на социјална дистанца и со маски на лице.....како ли младиве ке одат по клубчиња, како ке се прават свадби, слави, забави, игротеки....подобро е ние да тргнеме у напад него од корона да бегаме.:duel:јбг
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.808
Дека би одбрала корона да ме фати, да ризикувам и да ја прележам, отолку да седам дома со недели, месеци..убиство...ебате живот на социјална дистанца и со маски на лице.....како ли младиве ке одат по клубчиња, како ке се прават свадби, слави, забави, игротеки....подобро е ние да тргнеме у напад него од корона да бегаме.:duel:јбг
....за да не фати сите ќе не фати, ама колку покасно толку поарно, полесно и подобро, а можна е и вакцина... тоа како Титаник кој тонел во смрзнатата вода на океанот, последните на врвот на бродот до последно остале на „суво“ и имале повеќе шанса за преживување за разлика од тие што побрзо паднале во смрзнатата вода!
...ме научи некако пандемијава, дека има некако донации, ама некако ги снема!:toe:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.757
Поени од реакции
9.558
....за да не фати сите ќе не фати, ама колку покасно толку поарно,
Топлата нема нерви за чекање, неизвесноста ме убива, секоја година да тресам клинци...аа, не ..фала душо...батали ја таа теорија.:)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.941
Топлата нема нерви за чекање, неизвесноста ме убива, секоја година да тресам клинци...аа, не ..фала душо...батали ја таа теорија.:)
Секој со својот памет.
Има луѓе кои излегуваат на тераса и се соблекуваат, други пукаат со оружје, трети се самоубиваат, четврти плаќаат 2000 евра за да можат да излезат и да играат оро...
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Ме научи на тоа дека ние интровертите и оние со инклинации и инаку за дистанца кон луѓето, можеме одлично да функционираме и вака.

Дека оваа принудна изолација, си повлекува многу слободно време, кое може одлично да се искористи за заостанатата работа, како и пополнување на дупките во едукацијата и дека форумов конечно, како што и му доликува, убаво „заживеа“ со најразлични интересни теми и мислења.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Што научивме од пандемијата (досега) - дел 2:

➡ Не го напуштајте домот во никој случај. Освен во случаите кога мора да го напуштите. Не излегувајте после 21 часот, затоа што тогаш се шири вирусот. Или после 16. Или цел ден. Или после 19. Или 3 дена, затоа што е празник.

➡ Не одете во планина, ни на сонце, ниту на воздух, затоа што така го спречуваме ширењето. Но, слободно чекајте на ред во банка и маркет. Или причестувајте се со исто лажиче. Ама носетете маска додека го правите тоа.

➡ Сите продавници се затворени. Освен оние кои се отворени. И сите продавници мора да останат затворени, освен оние кои мора да останат отворени.

➡ Вирусов е смртоносен. Ама не се плашете - убива само луѓе кои се ранливи и луѓе кои не се ранливи. Или дебели. И слаби. Ама најчесто оние со нарушен имунитет. Освен, во некои исклучоци, кога не се со нарушен имунитет.

➡ Во самоизолација се седи 14 дена. Или 7. Или 10. Или 7 дена од последен контакт со заразен. Или колку сметате дека треба. Освен ако не добиете желба да излезете надвор, на бербер или да се повозите со мотор.

➡ Треба да бидеме во „локдаун“ за да го сопреме ширењето на вирусот. Но, вирусот ќе престане да се шири само кога доволен број од нас ќе се инфицираат, односно, кога ќе изградиме имунитет. Затоа, многу е битно да создадете имунутет, но исто така - многу е битно да не се инфицирате.

➡ Владата ќе ви помогне финансиски. Освен, во случаи кога не ги исполнувате условите - тогаш не ви следува помош. Освен ако не сте религиозна организација. Тогаш ви следува помош иако не плаќате данок. Помошта е најчесто за оние кои работеле лошо и имале загуба. Зашто оние кои работеле добро и го полнеле буџетот не им треба помош. Ќе се снајдат.

➡ Следните 2 недели се клучни. Или тие после нив. Или следниот месец. Или после пикот. Или следните 30 вонредни дена.

➡ Кризата чини пари, па затоа мора да се штеди. И донациите од приватниот сектор се битни. Кој реално не добива помош од државата.

➡ Солидарноста е битна, па затоа мора да се одложат кредитите за 6 месеци. Но, затоа ќе ви ги наплатиме дупло ратите за тие 6 месеци. Затоа е што немате пари, но ќе имате, затоа што не плаќате рати.

➡ Исто така, нема потреба да се намалат платите на администрација, затоа што администрацијата е битна. Иако, не одат на работа. Исто така, затоа што секој денар е битен, битно е ФИТР да спрчка што повеќе пари на „дигитални решенија за справување со коронавирусот“ кои никој нема ни да ги види.

➡ Не треба да одите на лекар или во болница освен ако не мора стварно да одите. Или, кога сте премногу болни за да отидете во болница.

➡ Битно е да се тестирате. Иако, за закажано тестирање се чека по неколку недели. Значи не е битно. Битно е да сме здрави и живи.

➡ Вирусот не е опасен за деца. Освен за оние деца за кои е опасен.

➡ Вирусот останува активен на различни површини 2 часа. Или 4 часа. Или 7 часа. Но, во повеќето случаи останува со денови, а не часови, му треба топла атмосфера. Или ладна атмосфера која е топла и сува. Во воздухот. Освен ако воздухот не е направен од пластика.

➡ Училиштата се затворени. Па, мора да ги едуцирате децата сами дома. Освен, во случаите кога не сте дома. Или може да ги едуцирате онлајн. Освен кога имате 2 или повеќе деца. Или тапа интернет. Или само еден компјутер. Или истовремено работите од дома.

➡ Маските се бескорисни во заштита од вирусот. Но, сепак мора да ги носите. Или да носите шал. Кој исто така е бескорисен. Ама, штити колку-толку. Затоа што може да спасите нечиј живот. И да се чувствувате како херој. Дури и кога не сте. Носењето на маски во некои случаи е задолжително. Или нема потреба да биде. Освен ако е на во јавен простор, Или во автомобил. Ако сте од Тетово, маските воопшто не се потребни, затоа што тетовчани не кашлаат.

➡ Не треба да одите на работа. Освен во случаи кога останете без работа, па ќе најдете друга работа која можете да ја работите. Пример, од некој бизнис кој има дозвола за работа. Како во фабрика. Или на скеле.

➡ Останете дома. Бидете херој. Не знам колку уште видеа со познати личности треба да ви кажат дека така спасувате животи. И дека е добро да се излезе надвор, затоа што тоа помага во одржување на имунитетот и менталното здравје.

➡ Животните не можат да се заразат. Освен тигрите. И по некое куче. Или мачето од Белгија.

➡ Лајв стримови и пресови мора да има секој ден. Така се одржува популарноста. И Lide Lide конечно ќе си најде дечко.

➡ Бројот на инфицирани, закрепнати и умрени ќе ги објавуваме дневно. Но, не знаеме колку точно се инфицирани затоа што ги тестираме само тие кои се речиси мртви, за да утврдиме дали умреле од коронавирус. Исто така, 26 од 28 излекувани се „лекувани“ во домашни услови. Гледате, здравството функционира исто како вас. Од дома.

✔ И секако, фала ви на сите PR експерти што ја држите ситуацијата под контрола. Епидемиолозите се најмалку битни во приказнава. Се гледаме на врвот!

Првиот дел: https://kajgana.com/30-raboti-koi-nje-nauchi-pandemijata-dosega
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Што научивме од пандемијата досега:

Од кога се појави Коронава сите други болести исчезнаа.
Еве дури и Боки 13 не се жалит веќе од желудникот.
И Катица Јанева не се жалит за нејзиното „вложено“ здравје...
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
pandemijava ne nauci deka neshto i nekoj sto pred nea beshe evtino i bezvredno vo nea vredi i ti treba kako najvredno
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
334
Поени од реакции
246
Naucivme deka ne treba celo vreme da sme ovci i treba da izlezeme na protest, ne sme marioneti edna posrana vlada da ne manipulira, ama odi zakazi sobir...
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
deka treba da go pomnime minatoto i zivotot vo nego i mudrostite na starite ne samo napred ,a dojde vreme da se vratime za nekoi raboti 100 g nazad
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Научивме дека цените на многу работи се вештачки дупло покачени... Како на пример на сто процентниот алкохол и на антибактерискиот гел, лимоните...

Литар од Сто процентниот алкохол пред тоа беше 210 денари, а сега е некаде 440 - 450 денари... Антибактерискиот гел и тој дупло се покачи... Прекупците Лимоните од Турска ги набавуваа по цена од 30 денари, а пред три недели кај нас ги продаваа за 190-210 денари...

Не мора со стопроцентен алкохол да се дезинфицираат рацете може и со домашна ракија со 57-60% алкохол...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom